1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина - Колумна

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од vendiii, 12 јуни 2011.

  1. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Детски години
    Годините во кои ништо не не' спречувало.Тие убави години,кога сме се качувале по дрво,иако било опасно,на нас не ни било важно...важно ни било да стигнеме до врвот на дрвото.Или пак радостите на првите снегови,кога сме истрчувале рано наутро надвор за да му дозволиме на снегот да ги милува нашите обравчиња,иако било ладно.Но тоа не не' спречувало да ѝ се радуваме на снежната покривка и да уживаме во неа.Правејќи го првиот снешко,прво најголемата,па средната и на крај најмалата топка за да го завршиме снешкото.Капата,шалот,метлата,ќумурот и на крај тенџерото.Завршниот дел...делот кој сме го ставале ние,кога нашиот татко или мајка би не' поткренал и ние со среќа во нашите очиња сме го ставиле тенџерето,бидејќи сме знаеле дека нашата цел била постигната.Или пак првиот сладолед.Таа огромна радост,кога во прошетките со мама и тато,ќе сме здогледале сладолед,сеуште непипнат во слаткарницата.Таа радост кога наместо едно,ќе ни купеле две топчиња,па така сме можеле повеќе да уживаме во таа слатка и освежувачка среќа.Подароците за Нова година од Дедо Мраз.Еден од најсреќните мигови во нашите детски години.Миговите кога вашите желби се исполнувале.Кога сте ја добиле вашата Барби со куќичка,или долго поскауваниот розев точак со светчиња на кошничката.Тоа е среќа која што и јас самата не би можела да ја опишам со свои зборови.Но таа среќа само нашите родители моежеле да ја видат во своите деца,бидејќи тие ја предизвикале таа среќа во нивното срце.Деновите кога иако не сме сакале да го јадеме ручекот,повеќе сме ги посакувале вкусните колачиња,кои биле на чинијата во кујната,но кои не смееле да бидат пипнати.Но ние не сме се откажувале од желбата за едно вкусно забрането колаче.Сме се криеле,сме биле току безшумни,што сме успеале да стигнеме до нашата соба,со добро сочуваното колаче во нашата мала нежна рака.И тогаш тоа колаче сме го јаделе со гордост,бидејќи сме знаеле дека сме стигнале до врвот на дрвото. :)

    NewYorker
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  2. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    [СДК] Сакам да кажам...

    1.Преку глава ми е од: НАВОДНИЦИ! А ги употребувам. Е ај сега. Епа ај. Во такво местенце сите ние си живееме. Ако кажеш нешто па макар и глуп виц веднаш си погрешно сфатен. Ако кажеш вака тогаш забегуваш на лево, ако кажеш така тогаш одиш десно. Средина нема! Такво дојде времето. Се да се чита помеѓу редови. И секако во наводници. Иронија и Сарказам? Не бре! Чиста вистина.

    2.Преку глава ми е од: ШОВИНИЗАМ! Толку што ми е преку глава ја прескокнувам точка два. Сите што ќе размислите ќе ви текне. Лесно е. Само мислете.

    3.Преку глава ми е од: АСИСТЕНТИ! Сегде ги има. По ново „асистент на заболекарот“. Уште ме боли шесткава горе десно. На ладно. Асистент на факултет. Чекај асистент реков? Добро моја грешка. Бог мислев. Исус, Алах, Јахве. Како сакаш обрати му се само немој асистент. Не ти е тој тебе асистент. Тој ти е... Како ти да знаеш што ти е ако не асистент, а ни тој самиот не знае што е??? Добро освем Бог, можеш да му се обратиш и со Професоре па да воскликне од радост. А за да стигне до професор треба да јаде фурни леб исто толку колку што јас треба за да дипломирам. Има една разлика. Јас сум студент и си го знам местото. Тој е „асистент“ со тенденции да стане професор, а едвај чека да заземе нечие место. Па кое друго ако не хиерархиски повисокото? Браво за АСИСТЕНТИТЕ кои се исклучоци и од кој чест ми е да учам, да ги слушам. Има едно „правило“: Како ти со мене, така јас со тебе.

    4.Преку глава ми е од ВРЕМЕТО НАДВОР. А и како да не ми е? Баба ми вели: „Не избудали“. Јас се согласувам. Кој е виновен? Ние. Крај на дискусијата.

    5.Преку глава ми е од АВТОБУСИ. Или се расипани или ако возат нема место за седење. Стоиш! Дремиш ко утка. А си платил карта. Монопол. Сите си седат и те гледаат и в ум си размислуваат: „Арно што не сум јас“. Другиот ден, тој што си помислил така, стоел. Третиот ден, трет. И така кругот си се врти, си се врти и си се затвора откако ќе помине 50тото седиште. И потоа, што? Ништо, пак одново. Никој не вели не „А“, па камо ли некој збор.

    6.Преку глава ми е од: ТЕТКАТА ВО СЕНДВИЧАРАТА. Готвено јадење што нема, нема. Се видело, нема време. Мора да се јаде брза храна. Секој ден едно те исто цела недела. Менито на памет научено. Понеделник „топло куче“, вторник тост, среда... И плаќаш на тетката и полека и диктираш ова, ова и ова да НЕМА. Или тетката води инает или не и се работи. Трето нема. Еднаш преќутуваш. Молчиш и јадеш нешто што не ти е по ќеиф, а си платил за својот ќеиф. Втор пат молчиш. Пред тебе е повозрасна личност и од култура – ќутиш. Тетката намерно или не намерно изгледа се зафркава со тебе. Ако е намерно заслужува да „летне“ од работа, ако е ненамерно исто. Па каде е одговорноста? Макар да се работи и за сума од 50 денари. А откако ќе го вратиш јадењето на повторна преработка добиваш поглед како да си убил 5 мина.

    7.Преку глава ми е од: СЕЗНАЈКИ/СЕЗНАЈКОВЦИ. Јас! Јас! Јас! Е добро де ТИ. Само ти постоиш на светов. Ти знаеш се. Ти си секогаш во право. Ај биди. Ако. Безполезно е понатамошна дискусија со ваков/а личност.

    8. Преку глава ми е од ЕКСПЕРТИ. А тие пак исав да се немало. Сегде ги има. Кај да се свртиш, ете ти експерт. Шоферот се мачи да го паркира автобусот, експертот му виси над глава и му кажува како. Демек шоферот не знае??? Некој од политичарите дал ваква или таква изјава. „Не чекаат маслинка“ – вика баба ми. И пак, жената си е сосема во право. Јасно ми е изјавата да ја коментира професор, стручњак кој цел живот работел и градел кариера обработувајќи ја таа тематика. Ама што знае тој??? Даскал. Им кажува приказни на децата и зема пари за бадијала, не работеќи ништо. Токму ова ќе го слушнете прво. Оти експертот е веќе експерт не само за таа проблематика, туку за се. ОПШТО!

    9.Преку глава ми е од: НЕПРИЗНАВАЊЕ. Никогаш никој не може да биде подобар од некого. Супериорност до даска. Ако можеби и Вас ви е преку глава од тоа не се нервирајте. Си има начин за се па и за тоа. Се вика. ФАКТИ. Е пред фактите богами и боговите молчат. Тој/таа тебе: непризнавање. Ти него/неа факт. Тој/таа тебе: непризнавање. Ти него/неа факт. И така неколку пати: би требало во нормална ситуација да сте победници.


    via Faklulteti.mk
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    Погрешното волшебно време

    Пред некое време, блиска колешка од работа, која можам да кажам дека многу добро ме познава, и освен мојата интелектулна страна, ја знае и мојата длабока емотивност, ми ја рече следната реченица - Знаеш, Исабела, јас сум сигурна дека ти еден ден, ќе запознаеш некој кој ќе те вивне до небото и назад, кој ќе ти го покаже светот таков каков што не го познаваш. Се насмеав само, имам маж дома сега и бебенце и искрено не сакам никаде да полетувам и да истражувам.
    Но, во ноќните часови, што обично ги посветувам на себе, со аматерскиот маникир и топлата шолја чај од невен, почна таа нејзина реченица да кружи низ моите мисли ... Некој да ме вивне до небото и назад ... Зарем тоа не беше тоа што јас го посакував пред да се омажам. Како и повеќето од нас жените, сонуваме за голема љубов ко од филмовите, за страствени бакнежи под ајфеловата кула, за неповторливи водења љубов на морскиот песок, за заеднички испиени вина, за прекорувана бучава од хотелска соба. Зарем не сакаме да ја носиме неговата кошула додека се потпираме на тераса, а тој прави кафе и сецка јагоди во кујна? Повеќето од нас да, сонуваат за тоа ... сонуваат, ништо повеќе.

    Еднаш, во едно далечно минато, имав една таква љубов, што толку ме вивна до небото, што кога паднав, не знам како се кренав. Толку беше интензивна и бурна што во тие денови, молев за момент за себеси и мир околу мене. Тој, тогаш, многупати ќе кажеше - „Ние мила сме најнеобичните луѓе на светот. За нас не се тие клише врски и тие вештачки создадени заедници наречени бракови. Ние не сме за мала куќичка со две дечиња и еден златен ретривер во двор. Ние не сме за семејно возило, што два пати во годината оди на одмор. Ние не ручаме во 4 попладне како сите останати. Не сме ние тоа.“ Јас понекогаш ќе прашав, за што сме создадени јас и ти. Тој, уметничка душа како мене, човек препуштен на страниците на руските класици и француските романтичари ќе кажеше: - „Ние сме создадени за љубов, за долгите прошетки покрај Сена, за незаситните ноќи, летни и зимни, за многу испиени шишиња, за целосна релаксација. Ние драга рецитираме поеми од Лорка покрај Вардар, го изведуваме во кревет целиот дијалог на Ромео и Јулија ... ние драга сме единствени.“

    Ете таква беше таа љубов. Љубов без почеток и крај, љубов сама од себе, појавена од никаде. Дали вие мои феминки сте почувствувале таква љубов? Љубов што ве вивнала до небото и назад? Волшебна љубов во волшебно време. Но магијата на сцената ја снемува многу брзо ... Таа волшебност која секогаш зависи од расположението на магионичарите, е присутна, па ја снемува, па пак доаѓа. се додека не сфатите дека, годините поминуваат, а вие се мачите да застанете на земјино тло. Се чувствувате дека премногу сте летале над земјата што сфаќате дека сакате да слетате, да ја помирисате стабилноста. На почеток вашите чекори се кревки, ко да сте заборавиле да одете. Но да, јас сакав да почнам да чекорам пак. Таа желба за стабилно тло, секој ден стануваше се посилна, поинтензивна ... сфатив дека ја сакам таа мала куќа, со прекрасен маж и две дечиња. Сакам златен ретривер да лае во двор, да игра со моите деца. Сакав семејно возило, некое караванче, и долги семејни патувања, до каде што ќе ни текне.

    Желбата на крај, ја надвладеа волшебноста. Се почна да изгледа погрешно. И Тој и времето и местата. Се беше така како што не требаше да биде.

    Заминавме. Слетав, односно паднав на земја. Едвај се кренав, со месеци не можев да чекорам. Но раката на еден случаен странец, кој полека полека ме придржуваше во моите први чекори, ја исполни мојата желба. Желбата за цврсто стебло, младо, но си силни корења, кое ги пуштило во земја, и ниеден ветар, ништо не може да го урне. Стебло кое се развива, кое цути и расцутува. Стебло кое зеленее и жолтее. Но тука е, и зима и лето. И на пролет и на есен. Тука е.

    Секогаш имаме избор. ние бираме. Не времето, не другиот, не местото, не магијата. Ние. Јас одбрав. И да, при таа реченица од мојата колешка се замислив дали одбрав правилно. Но гледајќи во очите на моето семејство, гледајќи кон пупките на ова младо цврсто стебло, јас знам, дека сум го направила правилниот избор.


    А вие? Што вие одбравте?
     
    На dragan4eDR и Elichka им се допаѓа ова.
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    И ТАА ТОА НЕ ГО САКАШЕ...НО МОРАШЕ ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ ТОА

    Беше премногу добра девојка но животот многупати ја фрлаше на земја.Ни таа самата не беше свесна колку е силна личност и што се може да преживее, се додека еден ден не и се случија сите тие не сакани работи.
    Беше таа едно дете на своите родители и затоа тие ја гледаа и чуваа како да е господ, не дозволуваа ни мува да ја полази. Тоа малечко девојче кое што беше некогаш не знаеше што е тоа грип, настинка и болка.
    Немаше никогаш почуствувано што е тоа да бидеш болен.Се дури еден ден не се случи чудо и таа неможеше да стане од креветот.За прв пат во животот беше многу болна, неможеше да диш, постојано се накашлуваше и бидејки тоа и беше прв пат, многу тешко се бореше со тоа.После неколку неуспешни интервенции таа се уште беше изнемоштена и тажно лежеше во креветот.
    Постојано почна да ги менува болниците и да бара лек, иако длабоко во себе знаеше дека мора да се направи хируршка интервенција, но сепак сакаше се да проба пред да отиде и да се предаде на лекарите!
    Дојде денот кога мораше да замине на операциа иако тоа не го сакаше неможеше да се бори против тоа, нејзината желба за добар и здрав живот беше голема па се одличи да замине.
    Кога стигна во болница и докторите ја сместија во собата таа забележа како лежи едно жално девојче на креветот и постјано плаче.Неможеше а да не ја праша девојката како се чувствуа и дали премногу ја боли но девојката не беше во состојба да зборува па така и напиша неколку збора на телефонот :''ДЕВОЈКО МИЛА НЕСАКАМ ДА ТЕ ПЛАШАМ НО АКО ИМАШ ШАНСА ТЕ МОЛАМ ОДИ ОД ТУКА НЕМОЈ ДА ЈА ПРИЖИВЕЕШ ОВАА БОЛКА СО КОЈА ЈАС СЕ МАЧАМ ПРЕМНОГУ Е БОЛНО ШТО НЕМОЖАМ ДА ТИ ОПИШАМ ТЕ МОЛАМ СПАСИ СЕ И НЕ ОДЛУЧУВАЈ СЕ НА ВАКОВ ЧЕКОР ВЕРУВАЈ БОЛИ''
    Очите и се насолзиа и полна да плаче излезе надвори седна на една од клупите и почна да размислува за зборовите на штотуку оперираната девојка.Едвај собра сила да се врати во својот кревет.Додека сите спиеја таа одеше во ходниците и постојано плачеше и само едно си мислеше Дека таа е силна личност и дека тоа ке го преживее.
    Дојде и утрото нејзината мајка уште пред зори стигнала во болницата и пред вратата чекала да си ја види својата керка.Време беше да појде да им се препушти на докторите но никако немаше храброст.
    Додека лежеше на креветот со безброј апарати и за неа нејасни работи само се прашуваше во себе дали ке преживее и дали повторно ке излезе надвор да го почувствува светот бидејки во тој момент свати колку е важен животот.
    Моментот кога веке требаше да падне во кома, кога докторот и ја ставаше маската таа само помисли на него, со надеш да се разбуди и пак да го види.
    Имаше премногу тешка операциа, се разбуди дури неколку часа пооперациата и тогаш започна пеколот, неможеше да дише, неможеше да оди, неможеше да зборува, неможеше да прави ништо што нормален човек би требало.
    Како денот завршуваше таа повеке умираше од болка го колнеше моментот кога се разбудила.На неколку минути само доктори доаѓаа во посета кај неа бидејки знаеа дека ова беше тешка операци и дека нареднетие неколку денови може се и сешто да се случи.
    Како поминуваа деновите се поголеми болки имаше и се повеќе ја влечеше срцето да замине дома, да ја почувстува грижата на родителите бидејки не и беше доволна таа што ја примаше од лекарите.
    Лекарите секако не смееа никако да ја пуштат да си оди дома бидејки постоеше голем ризик,на пат кон дома да го загуби животот.На моменти помислуваше да си го одземе животот бидејки болката беше не издржлива па така да им кажа на лекарите што све е спремна да направи доколку не ја пуштат да си замине дома кај своите родители.Една од лекарките се сожали премногу и со тешко срце ја пушти да оди дома под услов секој ден да се врака во болница на прегледи.
    По еден месец мака и болка конечно почна да и се врака насмевката на лицето а болката полека си заминуваше.Колку таа се насмевнуваше нејзините повеке блескаа бидејки го гледаа своет дете дека конечно се оправува.Помина извесен период се појавиа некои други проблеми и мораше пак да замине на операциа.Заслепена од претходната болка и тага неможеше толку лесно да се одлучи на тоа но го зема во предвид тоа дека после првата операциа после неколку време таа се чувстуваше здрава.
    Отиде го реши и тој проблем кој што не беше толку страшен.
    Една вечер не ни помислувајки на лоши работи имаше сообракајна несреќа со која што се здоби со неколку повреди.Неколку од повредите полека се залечиа но едната можеше и живот да ја кошта.По неколкуте направени анализи беше хитно испратена на операциа.Ја помина и таа болна операциа но за жал таа беше неуспешна и мораше да направи уште една.Ова беше најболното нешто во нејзиниот живот.
    После неколку време отиде на лекар да ги доврши започнатите работи и да си го врати здравјето во нормала но се уште ништо не беше завршено имаше пак некои мали интервенции.КОга се врАти дома
    и кога ја видоа нејзините родители пребледена и модра само ги свртеа погледите на страна иако ги криеа солзите таа успеа да ги виде и секако тоа и беше многу поболно и рече на родителите
    НЕМОЈТЕ ДА ПЛАЧЕТЕ НЕ Е ОВА НИШТО ЗА МЕНЕ,НИШТО НЕ МЕ БОЛИ ( ИАКО ВО СЕБЕ СИ ВЕЛЕШЕ МЕ УБИВА БОЛКАТА НЕМОЖАМ ДА ЈА ИЗДРЖАМ ПОМОГНЕТЕ МИ ) НО СЕТО ТОА ГО КРИЕШЕ БИДЕЈКИ НЕЈИЗИНИТЕ РОДИТЕЛИ МНОГУ ПОВЕКЕ ПАТЕА ШТО ЈА ГЛЕДАТ ТАКВА.
    И самата не беше свесна што се може оваа нежна девојка да преживее во својот живот.Ни самата не знаеше колку беше јака се дури еден ден тоа не и беше единствено нешто да докаже дека може и дека мора !
    Денеска пак отиде на лекар бидејки навистина си го сакаше своето здравје и својот живот и знаешедасе бори за него..
    Но некако како да се премори од тие битки, од тие постојани борби без паузи.
    Денеска само се слушна глас но Докторе неможам повеке ве молам неможам да издржам ме боли !Докторот утешително и рече ТИ СИ СИЛНА ДЕВОЈКА КЕ ГО ПОМИНЕШ И ОВА !
    Таа ја наведна главата пушти една врела солза и си рече во себе
    ЈАС МОРАМ ДА ЖИВЕАМ ПОРАДИ МОИТЕ РОДИТЕЛИ И ПОРАДИ НЕГО БИДЕЈКИ ПРЕМНОГУ ГИ САКАМ.ТИЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ПРЕЖАЛАТ АКО МЕНЕ НЕШТО ЛОШО МИ СЕ СЛУЧИ И РЕШИТЕЛНО ПОЈДЕ ДО ЛЕКАРОТ И РЕЧЕ СПРЕМНА СУМ НА СЕ САМО ДА БИДАМ ВО РЕД КАКО ПОРАНО И СЕ НАДЕВАШЕ ДЕКА Е ОВАЕ ПОСЛЕДНО СО КОЕ СЕ БОРИ БИДЕЈКИ НЕМАШЕ СИЛА ВЕКЕ.
    НО ДЛАБОКО ВО СЕБЕ СО СЕКОЈА СИЛА СЕ БОРЕШЕ ЗА ДА УСПЕЕ ЗА СВОИТЕ НАЈ САКАНИ МОМЧЕТО КОЕ ГО САКАШЕ И НЕЈЗИНИТЕ РОДИТЕЛИ КОИ И ДУШАТА ЈА ДАВАА ЗА НЕА !
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Жените се вистински херои, ние мажите сме биле уствари пички

    Колумнава ја пишувам по цела ноќ мината на гинекологија на клинички во Скопје. Бевме околу 4 мажи, дремевме во чекалната на први кат туфкајќи се што ќе биде како ќе ни се породат жените и дали се ќе помине како што треба, додека целиот спрат ечеше од лелеците на десетици жени кои се пораѓаа цела ноќ. Останатите сопрузи и најблиски ги имаа оставено сопругите на пораѓање и сите дојдоа сабајлето да видат што се случило. На нас неколкумина таа опција ни се виде многу нефер и по малку нелогична и нечуствителна па останавме да бдееме цела ноќ што ќе се случи и до каде е работата. И каква само ноќ беше тоа!

    Ова беше една неверојатно моќна животна лекција. Одсега натаму на сите мајки кои решиле да се породат на природен пат ќе им се клањам како што би им се клањал на Роналдињо или Зидан ако ги сретнам некогаш... Такви лелеци и врисоци ја не сум чул во мојот живот. Толку долго и толку очајно и мачно одекнуваа лелеците што ние неколкумината само немо се гледавме ко мисири и тоневме како човечки битија од минута во минута се чувствуваме по бедни и по лигави кукавици и некорисни волови...

    Се чини треба да родиш или да гледаш одблизу како некој раѓа за да вистински сфатиш што е мајчинство и почнеш сериозно да ја цениш мајка си и да пазиш што и како и збориш. Сите ние си ги сакаме родителите но знаеме понекогаш да одвалиме некоја зелена глупост на нивна сметка но по ѓаволите мене тоа веќе никогаш нема да ми се случи. А викаат тек сега почнува вистинската војна со непреспаните ноќи и енормната енергија која ќе треба да се вложи во одгледувањето деца. Какко ли ќе гледам кон роителите мои кога моите деца ќе имаат 20?! Сигурно ќе почнам да им ги бацувам нозете секогаш кога ќе ги видам.

    Беше многу интересно и облагородувачки да се набљудува како пред тебе почнува животот за толку многу бебуши. Секвенцата одеше како класика: прво гледаш низ матното стакло некои силуети како се прибираат во некоја соба потоа слушап лелеци кои се засилуваат градациски за да ојдат до степен кога жената се дере ко да и ја дерат кожата и на крај имаш малку тишина од 5 секунди и оп, плач на некој бебуш, фраер или фраерка кои за прв пат го виделе надворешниот свет. И се така едно 20 пати цела ноќ. Практично пред тебе се раѓаше Македонија!

    Кога дојде ред за мојта сопруга да се породи јас се осмелив да влезам во боксот и да асистирам т.е да давам морална подршка. Се преценив. Мислев дека ќе можам тоа да го направам достоинствено но по пат кон боксот почнаа да ми се тресат нозете и да бледеам и докторите и акушерките цело време ме прашуваа мене како сум а не жена ми како е што многу ме засрамуваше. Но издржав, сепак сум дете од село, ние имаме малку по ѓон срце. Омилен момент ми беше кога го извадија син ми по тешки маки од кај мајка му, и кога го легнаа на креветчето, престана да плаче и почна да ја разгледува собата љубопитно и тоа го правеше со доза дури на некој критицизам. Помислив ведаш ќе рече- дечки оваа неонка е искривена, мајку вам јебем, па зашо е накривена?! Син на тато бе, само што се родил одма мрчи!



    КОЛКУМНА ОД САШЕ ПОЛИТИКО ИВАНОВСКИ !НАВИСТИНА ДОБРО НАПИШАНО ЕДЕН МАЖ БАРЕМ ДА ПРИЗНАЕ ДЕКА ЖЕНИТЕ СЕ НАЈ СИЛНИ И НАЈ ИЗДРЖЛИВИ СУШТЕСТВА НА СВЕТОТ И АКО НЕ ДРУГО БАРЕМ ТАА ИЗДЖЛИВОСТ ДА СЕ ПРИЗНАЕ !!!!!
     
    На dragan4eDR, Jenniffer, srcekrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Жените се вистински херои, ние мажите сме биле уствари пички

    Човеков не напишал подобар текст во животот!

    p.s. Нека му е живо и здраво синчето, да си расте весело и задоволно!
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Жените се вистински херои, ние мажите сме биле уствари пички

    Да да...Од многуте колумни само оваа му вреди затоа ја споделив тука !
    Нека му е живо и здраво господ нека дава на сите !
    И се надевам ова што го напишал дека и го сватил !
    се надевам и сите мажи ке го сватат ова како и децата
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    РОДИТЕЛИТЕ ПРАВААТ А ДЕЦАТА ПАТАТ !

    Како мала ова многу често го слушав од постари , но незнаев што значи тоа...Не ми беше јасно тоа и често се прашував како тоа децата да патат поради грешките на родителите?
    Но како времето минуваше почнував полека да сваќкам...И ДА !!!
    Сега знам многу добро што значи тоа!

    Ова колумна е посветена за сите ''СОВЕСНИ И СВЕСНИ РОДИТЕЛИ''Кои го упропастија животот на своите деца,на својата иднина.
    Ке почнам од мои блиски роднини.
    Додека гу пушувам овие редови срцето од гради ми се корне , но се надевам некогаш ке го прочитат ова и ке сватат како боли!
    НИЕ ЖИВЕЕМЕ ВО 21 ВЕК ! ДА ! Но некои поединци ова премногу буквално го сватиа,и почнаа да уништуваат се околу себе.
    Некогаш семејството и домот беа нај света работа што некому може да му се случи.Фала му на бога на одреди дуѓе и ден денеска најмногу им значи ова но за жал некои ГАДОВИ ја изгубија ориентацијата во просторот и заборавија на своето семејство !

    Една жена во животот почна да не им е доволна и затоа посегнуваат по туѓото, не велам само за мажите ова се однесува и за мажи и за жени светот полуде од двете страни.

    Посегнаа по туѓото и заборавија на своето!

    Тие беа млади и заљубени но едно им фалеше едно но нај вредно а тоа беше Семејството!
    Додека нивните пријатели добија и по 2 деца и тагуваа барем за едно!
    Секој ден го молеа бога да заплаче дете и во нивниот дом - тоа беше нивната единствена и неостварена желба.
    Бог се смилува на нив им даде прекрасно дете.Го пораснаа и добија и друго.Беа пресреќни и горди родители , се дур тој не посегна по другите Жени,
    Почна се почесто да изостанува од дома и да се гледа со неговите деца,се помалку време поминуваше со нив и со неговата сопруга.Од ден на ден почна и се помалку да им обрнува внимание и да им ги пружа основните и неопходни работи кои им требаа на нив како деца.Но црвеното светло во нивниот дом почна кога нивната мајка секој ден беше тепана бидејки тој скоро секој ден беше пијан и не знаеше што прави.
    Децата полека и не свесно добиваа трауми и стануваа несигурни во себе.
    Тоа траеше долго долго!Нај голема среќа за овие сироти деца беше нивната мајка да не биде тепана и таа вечер и да не плаче бидејки него го нема.
    Беа толку мали , а толку големи кога ке речеа ''МАМО ПА НЕМОЈ ДА ПЛАЧЕШ,НЕ СЕ НЕРВИРАЈ НИЕ СМЕ СО ТЕБЕ НИЕ КЕ ТЕ БРАНИМЕ И ЌЕ ТЕ ЧУВАМЕ''Кога и јас го слушнав ова верувајте срцето не ми беше во градите ;( незнаев што да кажам и како да ги утешам тие деца...
    Поминуваше време и време а мајката трпеше се само за да децата не имаат разделени родители и да не бидат исмејувани и потценувани,
    но и тоа веќе не се издржуваше мајкати стигна до болница и еден месец мораше да прележе таму за да се пооправи малку од оваа бедна ситуација.Децата сами се чуваа и се снајдуваа секој ден од ден на за ден бидејки таткото воопшто не се секираше и не му беше гајле каде се ,со кого се и дали имаат облека и што да јадат!
    Одкако мајкани се врати од болница се раздели со татко ни.Децата почнаа да ги износуваат и послените парчина облека кои ни останаа здрави и неискинати.Болната мајка мораше да најде било каква работа за невредни 7.000 денари само да ги издржува своите деца.
    Додека неговите деца носеа искината облека, и парите собрани од родендени ги чуваа за да имаат секој ден во школо да јадат ужинка тој ,со неговите швалерки-дрољи и нивните деца одеше на шопинг и ги дотеруваше.
    Овие деца секој месец чекаат мајкани да земе плата иако нее многу на нив им е доволно и да отидат скромно да се почастат по едно соче.Им помагам и јас колку можам, но неможам ни јас многу ,но знам дека советот кој ни го давам ке го практикуваат...
    Од ова научив што значи, РОДИТЕЛИТЕ ПРАВАТ А ДЕЦАТА ПАТАТ...
    Едно знам само: ОВИЕ ДЕЦА И МНОГУ ТЕ ВО СВЕОТОТ СО СЛИЧНАВА СОТУАЦИЈА МОЖЕБИ НЕМАТ МНОГУ РАБОТИ ВО ЖИВОТОТ НО ЗНАМ ДЕКА ЕДЕН ДЕН КЕ БИДАТ НАЈДОБРИ РОДИТЕЛИ И ОВИЕ ДЕЦА СТАНУВААТ НАЈ СИЛНИ И НАЈДОБРИ ЛИЧНОСТИ ВО ЖИВОТОТ!
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  9. martinagj

    martinagj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Ваши дела – поезија или проза

    Е па братче, ова ти е Скопје

    Не знам како почнуваат добрите колумни, не сум сигурна ниту дали ова ќе личи на нешто. Би сакала да имам зборови како Кери Бредшо или да бидам во рамниште на Доестоески во пишувањето, но знаете соништата се тема што денес не би сакала да ја чепнам. Барем не сеуште. Колумните би требало да имаат тема, зарем не!? Па, еве мојава нека биде нашево Скопје, љубовта и луѓето... Во суштина, светот се простира на најразлични слики и поими а оваа е онаа слика што јас ја гледам. И доста ми е од сите тие мудрувања и глупости што ги слушам на сите страни. Затоа што луѓе сфатете дека сме далеку од разбирање на светот, сфатете дека Сонцето грее подеднакво за сите и дека не е потребно да глумите некој лик од вашите омилени серии или од опкружувањето за да бидете познати. Тоа е и главниот проблем кој доведува до оваа колумна (да ја наречам колумна...).

    Па да започнам со прашањето на љубовта. Има илјада дефиниции за љубовта, ниту една дефиниција не ја опишува во целост, цел град и цел свет ми се чини во тие свои романтични приказни или си удираат глава во ѕид демек само еднаш во животот се сака. Има и такви кои ќе кажат дека љубовта не постои. Па да започнам со разграничување на поимите. Има разлика помеѓу заљубеност и вљубеност. И да љубовта постои, но секако за тоа потребно е срце и доверба и да не се откажеш затоа што некој или некоја те заебала и повредила до срж и повеќе не сакаш да веруваш. А да , разликата помеѓу вљубеност и заљубеност кои често ги мешаме. Заљубеноста е фаза во љубовта во која човек не може мирно да спие, нечие име се врти постојано низ мислите, апетитот се губи... Познато звучи? Љубовта е поврзаноста што се јавува помеѓу две личности, кога споделувате мисли и време заедно, кога ви е грижа за светот. Не сум го измислила ова јас, научно е докажано. Научниците веројатно ќе имаат повеќе да кажат за оваа тема, за хормоните кои се лачат и слични работи во кои денес не сакам да навлегувам. Љубовта денес е преценета, се меша со тие чувства на опсесија, свиѓање и заљубеност. Половина од младите да ги прашаш ќе ти кажат дека сакаат некој или се повредени сето тоа бла, бла, бла објаснување...
    Зошто е тоа така? Како што споменав погоре, љубовта е преценета. Вистинските врски и вистинската љубов се потиснаа со прашање на пари, добра забава и журки, кариера и не знам уште што. И ете стигнувам до уште еден феномен кој сакам да го разработам. Вистинска љубов!? Дали според ова човек еднаш се заљубува вистински а сето тоа претходно било само дел од некоја приказна, лажна и измислена!? Дали тоа значи дека некои луѓе цел живот ќе го поминат во барање по таа сродна душа и вистинска љубов и некој нема никогаш да го пронајде? Како што вели и Кери Бредшо во некоја моја послободна интерпретација : Дали тоа значи дека за нас кои не сме ја пронашле сродната душа нема спас? Дали тоа значи дека треба цел живот да патуваме низ светот, плашејќи се дека никогаш нема да ја пронајдеме и ќе остареме сами и огорчени?
    Според мене, ова е чиста глупост и бабини деветини. Зошто би сакале само еднаш за животот и сите минати врски и љубов би биле само некоја лажна илузија во светот? Да, сакам да верувам дека таму некаде во светот постои сродна душа која ме чека токму мене, но дали тоа значи дека треба да очајувам ако не ја најдам и да го поминам целиот свој живот во потрага по личност која реално и не знам дали постои. И сигурно тој некој не би ме чекал мене да му се фрлам во прегратка. Зарем ако не си ја пронашол сродната душа значи дека си помалку вреден од оние кои веќе ја пронашле својата и дека тоа уживање во погрешните личности во животот е погрешно и еднакво на грев? И што ако ја пронајдеш „сродната душа“ и не ви успее помеѓу вас? Тоа значи дека за вас завршило правото за љубов и дека повеќе нема никој кој би ве усреќил? Не верувам во ова, едноставно ми личи на приказна за мали деца или некој добар маркетиншки план како што е Свети Валентајн.
    И тука некаде започнува и борбата помеу половите. Кој има право, кој е виновник. статуси на Фејсбук со кој секојдневно се среќаваме. Испаѓа дека сите девојки се повредени и некои си наивни девојчиња или жени кој умеат да сакаат,а машките се најголеми кретени и идиоти. Или од машка гледна точка девојките не знаат што сакаат и наместо да седат дома и да се сожалуваат можат да излезат надвор и да побараат некој вреден, затоа што знаете тие се бубалчиња кои умеат искрено да сакаат. Да наздравам за тоа! Да наздравам за младинава, за сите „поштени девојки“ и сите „романтични момчиња“ кои патат од љубовта. Ма,немој не ме заебавјте. Да се разбереме не велам дека нема поштени девојки и искрени машки кои умеат да сакаат, но според овој Фејсбук сите си градите лажни слики за себе кои можете да им ги пордавате на некој што не ве познава. Да, девојки сите вие умеете да сакате безгранично, ве привлекува карактерот и затоа дедо ви, Упс дечко ви, ви ветува кариера на модел и не знам уште што. Затоа што го сакате, затоа што е позрел од останатите машки, а вие тоа го знаете затоа што имате шеснаесет, седумнаесет години (можеби и помалку!) и затоа што искуството ви го говори тоа. А чекај, па нели бевте наивни девојчиња? :o
    Тука се и машките кои глумат најголеми фраери во маало, демек можат да ја смуваат секоја женска и сите типови на разговор им се во стилот: Таа брат? Ја знам, згодна риба.... Да, братче јак си на зборови покажи се на дело. Сите вие сте фраери, сите можете да имате што сакате, сите знаете што сакате... А уствари ниту еден си нема појма од вас. Пардон, не говорам за сите машки, туку за онаа група што постои. И да не ги заборавам машките кои се удвараат од типот: Јас имам бизнис малечка, автомобил, моите се директори... Е добро де имај си!? Што мислиш сите риби ќе ти се фатат на таа јадица и дека сите ги интересира што ти имаш? Постигни нешто од животот па после фали се, а не со татини и мамини пари, со автомобил на чукин чукин дедо или некој си ваш пријател што ви го дал да го повозите за да фатите некоја јака риба. И уште нешто, половина и повеќе се нафрлаат на тие „поштени девојки“ кој сите ги муваат и после се жалат зошто немаат девојка, зошто сите девојки се по парите, ова па она... Па,ало бе брат кога удираш на такви девојки што сакаш? И ајде запознај ја девојка ти со мајка ти и татко ти уствари да испадне дека спиел со неа минатата вечер?
    Познати ситуации? Па,нормално дека се кога секојдневно се среќаваме со ова. Соочете се, ова е реалноста. Љубовта ја продадовте за пари, ја направивте една пуста комерцијала, сите машки се е*ачи, сите девојки се невини. Е не може така, не оди тоа. Каде замина таа романтика која ви стана клише, а онака тајно си гледате романтични филмови и барате дечко кој ќе ви ги симне ѕвездите.
    После проблемт се високите критеруми. Сите сакате некој згоден дечко од калиброт на Бред Пит, Џерард Батлер или Крис Хемсфорт, сакате да биде романтичен, да биде богат, да ви го симне светот под нозете. Е,па да не го барате принцот Совршен од Пепелашка? А да ги спуштите малку критериумите? Не велам многу, знаете да не барате дечко што не постои туку да ги разгледате фините дечковци кои ве чекаат.
    А и вие машките, барате некоја Анџелина Џоли, Џесика Алба и после се жалите на девојките кои ве сакаат искрено? Не оди тоа така, жалам што ќе ви ги срушам идеалите.
    И уште еден реален проблем што морам да го напоменам. Сега мода е некој си петодделенец да има женска, па после се жалат сите зошто вака, зошто така.... И солзи до бескрај... Јас кога бев на ваша возвраст уште играв жмурка, па ќе измислевме некои нови игри, па ќе плачевме за раскрварени коленици а не за дечковци зошто тој е кретен, зошто онаа е шмизла? Е па драги, ќе ви кажам нешто што знам дека нема да го прифатите затоа што и мене да ми го кажел ова некој ќе сум одмавнела со главата и би рекла: Што знае оваа? Еден ден сето ова ќе ви изгледа смешно, сите проблеми што мислите дека ви се огромни ќе изчезнат со текот на времето и после ќе си кажеш еее кога го гледав светот низ тие розови очила а не бев свесен. Ќе дојде друг или друга што ќе ја сакате искрено, ќе дојде друг или друга што ќе ви го скрши срцето и повреди повторно. И во тоа се крие големината на човекот, колку брзо ќе се издигнеш од пепелта и дали ќе го затвориш своето срце заради неколку лоши искуства или ќе продолжиш да трагаш се додека не ти се насмее среќата (затоа што еден ден и тоа ќе биде).
    И да, можеби немам многу години да делам совети, немам ниту големо искуство, но реално како што гледам како изминуваат деновите дека сите се паметни и писатели и повредени и не знам уште што... Но, ова е реалноста. Сите знаат демек многу, а всушност да ви ја разбијам излузијата никој не знае ништо. Сите се криете под маската која ви е на лицето, па дури и сега, припремате среќни насмевки кога сте тажни, глумите поштени кога не сте (и еј не судам, која сум јас да судам!), глумите некој кој не сте со цел да се прикажете во некое пдобро светло или во она светло кое го прифаќа општеството. Лоши норми имаш општество, те уништи малограѓанштината!
    Е,па драги мои ова ти е светот,ова ти е нашата мала но голема земја со четири милиони лица. Се будиме наутро и си размислуваме која маска ќе соодвествува на денот. Но, тоа е, не уништи „демократијата“ и се уништивме самите себе. Скопје е загадено,но не само од воздухот туку и од сите лаги и лица кои ги покажувате. Е па братче, ова ти е Скопје. Илјада лица и лажни насмевки, илјада пропатени душички, илјада фини дечковци, илјада поштени девојки, илјада статуси кои фрчат на Фејсбук и илјада критики затоа што ја кажувам вистината. Нека биде така, тоа ти е вистината, сакаш прифати ја, сакаш бегај од неа цел живот додека не те тресне во фаца како цигла.
    Тоа е се за сега. Има уште илјадници многу да кажам, уште илјадници катастрофални грешки, уште илјадници прашња што чекаат да бидат одговорени. Можам само да кажам да го чувате оној кој ве сака искрено и не бара ништо повеќе од вас освен љубов и доверба. И секако за тоа да ви се случи, морате и вие да возвратите со иста мерка. Сакајте од срце, љубовта еднаш ќе дојде до вас. И не се откажувајте. Толку од мене...
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Falkutet

    Sto ako ne se odi na falkutet golemo cudo,moze da se najde rabota i bez falkutet.Ima i mnogu sto imaat zavrseno falkutet pa se bez rabota.Ima nekoi roditeli koi svoite deca gi bukvalno gi teraat da odat na falkutet.Dobro covece koga veke sakas tvoeto dete da odi na falkutet barem dozvoli mu na tvoeto dete da odluci na koj falkutet da odi,a ne kako sakas ti.Ili pak ako deteto neke da odi na falkutet,saka da si raboti da si zarabotuva pari,da si stane svoj covek dozvoli mu da si odluci ono za svojata sudbina.Sekoj si ima pravo da si odlucuva sekoj za svojot zivot,a ne nekoj drug da odlucuva za nego.Ostavi go veke deteto da si go zivee svojot zivot kako saka,da si go zivee slobodno,bez pritiskanje,bez pravila od roditelite.Koga deteto ke zavrsi so srednoto obrazovanie negovo e da si odluci sto ke pravi ponataka vo zivotot.
     
  11. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    2.744
    Пол:
    Женски
    Вечна сенка
    Ме следиш ,и кога сум далеку од тебе кога сум во својата соба кога одам по улица.Зошто сеуште ме следиш?Дали и јас сум во мислите на некој како ти што си во моите ?Дали сите имаат по еден таков животен следбеник?Секогаш си замислувам како ја отвараш вратата во мојот дом и влегуваш иако знам тоа нема да се случи.Зошто такви мисли ми го оптеретуваат мозокот?
    Секогаш погрешниот не следи во мислите ,секогаш тој ни ги зема соништата ,но дали има тој нешто?
    Се сеќавам уваво кога ти ги истушив гумите од колата, да тоа беше гнев и бес во тие тинејџерски години кога те видов со друга,сега на тоа се смеам и не се каам .Гледав како една сосема трета девојка беше бесна на тебе ,незнам и сама колку само женски срца скрши ,но се прашувам,дали ти ја пронајде среќата нанесувајќи толку несреќа кај толку девојки.
    Лошо е кога човек ке се заљуби во женкар.Како тинејџерка ме сретна во кавич ,имаше 29 години се запозна со мене ,некако не ни ми падна во очи .После две недели се сретнавме во истиот кафич ме покани да излеземе излегов со него со тешки чекори се вратив со уште потешки,е толку беше од мене тоа беше за мене човек на мојот живот од првото излегување со него .
    Неговиот допир ,неговите очи ,ох господе зошто мораше го доживеам ова чувство на тие години кога ни самата не знаев која сум.Зошто го сретнав тој човек ?зошто неможам да го изговорам неговото име?
    Ако се убиваше сенката ке ги убиев и спомените.
     
  12. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Дијалог со мимика

    Ќе ти кажев толку многу работи кои не можев да ги кажам со зборови, секој пат кога не можам да го кажам тоа што го чувствувам останувам нема, понекогаш е подобро, понекогаш е подобро со еден гест отколку со збор. Понекогаш гестовите се тврдоглави од зборовите, еден може да ти ја затвори устата, но да го исклучите тонот на телото е речиси невозможно, со неколку исклучоци, се разбира. Толку тешко како јас сега, ќе те бакнев само и ќе ти кажам што чувствувам за тебе. Понекогаш гестовите се толку јасни што не оставаат неми, скоро со устата отворена.