Ако некогаш се реализира, би било убаво да има колумни, совети, инфо за културните случувања; и да има мааааалку реклами за да не се изгуби смислата на списанието.
Зашто да не може да успее? Не мора по трафики да се продава. Има форуми што си имаат свои електронски списанија. Си има дизајнери и новинари од форумот што си составуваат колумни поврзани со најактуелните теми, интервјуа со некои членови од форумот, спортски страници (во случајов може за мода), за игри, хороскоп, ово оно и секој месец си објавуваат е-магазин. Не е воопшто реализацијата тешка, само да се најдат луѓе што би учевствувале во креирање на истото.
Епа тоа е прашањето Индигрл дали навистина може да се реализира или само напразно си правиме планови.
Вреди да се проба ! Кога би имало Фемина списание ке можат да прочитаат и оние кои немаат интернет ...
леле баш би сакала едно списание..нема да трошам време на нет !! И тоа да излегува еднаш неделно а да има 120-130 страни Спојлер СКРОМНО ЗАР НЕ??
Незнам која ќе биде целта покрај сите денешни феминистички списанија, а и сето погоре наведено веќе го има тука. Мислам дека Фемина треба да си остане бренд и и да ја задржи препознатливоста како сајт. Е сега ако има толкави амбиции... Би успеало евентуално со некоја многу пониска цена од денешниве, да не речам на почеток - за џабе.
Па ако туриме во него сите по една слика од нас, мислам дека ќе се сруши рекордот на продадено списание во РМ
Ако има и ако е интересно,би го купувала.Ама покрај сите овие убавина и здравје и јуник мислам дека нема да се продава многу (освен ако не е поинтересно од другите)
Фемина списани па мислам дека супер би било, но прочитав некаде мислам дека од Lux беше за фемина радио досата примамливо има цела тема за музика можат од таму да се вадат доста песни па тогаш има нашите феминки да си ги слушнат нивните омилени хитчиња, а за програма во живо ухх немам зборови ќе го достигнеме врвот еднаш неделно да има некој програма во живо на пр некоја тема од форумов и да се посветиме повеќе на неа да се вклучуваме во живо мислам дека идеата за фемина радио би била многу по креативна
Супер би било Фемина списание читам списанија, ама и така по цел ден сум на Фемина па... исто ми е списание или веб сајт читам убавина и здравје и уник ама Фемина ми е најинтересно