Не би било лошо да постои списание кое ќе биде направене чисто од животни искуства, совети. Да не биде како и сите останати каде што се следи светскиот тренд. Ако е за мода, да критикува обичниот народ, а не таму некој стилист кој ќе ми каже дека жолта и дреч зелена боја одговараат совршено. Да пишуваат членките на форумот а и читателите животни приказни, да има совети, но да не излегуваат во јавност глупите прашања од типот имав секс со перницата се плашам дека сум трудна, да не се посветуваат 20 од 35 страна само на мода. Совети за шминка, фризура, за здравје......информации за професии, факултети, средни училишта....ЕЕ еден куп работи би набројала сега. Ама ако веќе се работи тоа стварно нека се работа ако треба.
Идејава за Фемина списание гледам дека е од поодамна, повеќе од четири години... А и има голема подршка ... Сигурно би имало многу читатели... Кога не ни се седи на компјутер да ја читаме Фемина, можеме да читаме списание Фемина ...
фан сум на списанија и сл. сигурно би го купувала, мислам сериозно фали квалитетно списание во мк, претпоставувам дека би било неделно списание како теа модерна само што во теа слабо интересни содржини има..Unique гледам ја намалиле цената и пообемно е, но повеќе со слики од модни парчиња ништо посебно.. сигурна сум дека фемина би било одлично освежување!
На сите 3 форуми (без овој де, нормално) кај што сум (била) активна, има(ло) форумски списанија т.е. весници. За принтање би се трошела голема пара бе луѓе, не е тоа ај ќе си правиме списание (не па дека некој сериозно ја зафатил идејата де, just saying), али онлајн весниците се популарни и одлична алтернатива. Не знам кој колку е запознаен, али еве, во еден таков весник има прашалник т.е. некаков вид интервју со 2-3 члена по договор, па модни/фитнес/здравствени совети, па некој ќе напише колумна, некој нешто хумористично, трет DIY проекти, катче за миленичиња, филм, музика, тимот што ќе работи ќе избере најдобри форумски мислења за месецот, итн. Само ако се има интерес...