1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина готвач - Рецепти и гласање

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Dust, 16 април 2017.

?

Тема: Домашна пица - гласање

Анкетата е затворена на 6 февруари 2020.
  1. Leo_29

    1 глас(а)
    2,3%
  2. angelche16

    2 глас(а)
    4,5%
  3. emkaemka

    4 глас(а)
    9,1%
  4. bella12

    3 глас(а)
    6,8%
  5. Star_dust

    2 глас(а)
    4,5%
  6. mariz

    7 глас(а)
    15,9%
  7. Sexybaby86

    5 глас(а)
    11,4%
  8. eli25

    10 глас(а)
    22,7%
  9. g8lQQk

    2 глас(а)
    4,5%
  10. manako1

    8 глас(а)
    18,2%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Рецепти со бисквити

    Автор: @Arendelle

    IMG_20170817_163626.jpg

    . Состојки: бисквити, млеко, крем шлаг и кокос.
    Изборот на бисквити и крем шлаг е по желба. Се реди бисквити, шлаг, наросуваме кокос, пак бисквити и кокос

    ___________________________

    Aвтор: @Acka22

    20170818_151227.jpg

    314297-299977f793f1fea9d4e0bff9b1ef6c5c.jpg
     
    На Dust, hermosa, Acka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Благ ролат

    Автор: @MamacitaBuena

    [​IMG]
    Верувам дека сите добро го знаете и го правите по дома.Ништо екстравагантно,ама баш е вкусен.

    400 гр. бисквити
    1 чаша млеко
    1 чаша вода
    200 гр. шеќер
    100 гр. чоколадо за готвење
    2 лажици какао
    125 гр. путер
    Млекото и водата се ставаат да зовријат па им се додаваат шеќерот,путерот,чоколадото и какаото.Се меша убаво,се чека малку да олади па се додава во садот во кој претходно сте ги искршиле бисквитите.Кога ќе се добие смеса се формира ролат па се остава во замрзнувач да се стегне.Тоа е тоа :)
     
    На La.loca, galapce и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Брокула

    Автор: @orhideea
    Супа со брокула[​IMG]
    1 пакетче супа
    300 гр брокула
    200 гр печурки
    1 компир исецкан
    1 зеленчукова коцка за супа
    Зачини и маслиново масло
    Се заедно се вари

    ------------------------------
    Автор: @victoria
    Рижото со зеленчук + брокула

    [​IMG]

    Главица кромид ситно сецкан се пропржува до масло , се додаваат ситно сецкани 2 моркови, покрупни коцки тиквица, ориз. Се полева со вода (согласно размер ориз)во која е ставена пилешка коцка супа и се зачинува со сол, вегета, малку кари. Малку пред да биде готово се додаваат свежи шампињони на тенки парчиња и брокулата на четвртини ако се поголеми парчињата или половинки. Крчка на тивко уште 10-15мин. На страна ставив и павлака.

    -------------------
    Автор: @Bridget

    [​IMG]

    Брокула, карфиол и морков се варат 10тина минути во солена вода (може и на пареа). Се додаваат печурки и се потпекува во рерна полеано со јајца, млеко и кашкавал. И малку масло, разбира се.

    -----------
    Автор: @LiliBoz


    [​IMG]

    Зеленчукот прво е варен (компир, морков, брокула) а потоа е пропржен на маслиново (за мм на путер го правам). Додадено е бибер, сол, сусам и пармезан на крај
     
  4. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Штрудла

    Автор: @Arendelle

    IMG_20170914_170731.jpg

    . Се меси тесто со 4 јајца, 1 коцка квасец малку шеќер, 50мл масло, 250-300мл јогурт и брашно по потреба. Се остава тестото да стаса и потоа расукуваме кора и ја мачкаме со претходно направениот фил.

    За фил потребно е 150мл млеко, 250гр афион мелен, 150шеќер и две белки. Се става млекото да се стопли, во него и шеќерот да се растопи, потоа афионот и на крај белките. Се премачкува со жолчка и се наросува сусам.
    Белката и жолчката ги одвоив од јајцата кои ги ставив во тестото.

    ___________________________

    Автор: @LiliBoz

    21740293_1561356267256883_8505777351288791145_n.jpg
    . Околу 700 гр брашно тип 400 (два пати пресеано) , 250 мл овчо кисело млеко, 1 јајце, 1 пециво, лажичка сол, 100 мл масло и млака вода по потреба. Месено еднаш, оставено да отстои 20 мин и уште еднаш. Две правоаголни кори една врз друга, во средина и одозгоре сирење (без јајце) и 1 минута обарен спанаќ. Изролан, премачкан со јајце, сусам и лен и печен на растопен путер.

    _________________________________

    Автор : @Val-Dim

    DSC_0033.jpg

    . Штрудла со мармалад
    2 јајца
    100гр зејтин
    250мл млеко
    1 квасец
    150гр шеќер
    500-600гр брашно
    Се замесува тесто и се остава да стаса. Стасаното тесто се дели на 5-6 топчиња. Од секое топче се расукува кора, не многу тенка. Се премачкува со мармалад и се витка ролат. Ролатите стасуваат во намеастен плек, се премачкуваат со жолчка, се посипува со сусам и се пече.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Таљатели

    Автор: @LiliBoz
    21687674_1567713459954497_8638382748270018547_n.jpg
    . 50 гр путер, 200 мл павлака за готвење, 50 гр рендан пармезан, таљатели, свеж магданос, сол и бибер.
    Се топи путерот и се додава павлаката. Се меша и се чека да зоврие сосот. Се додава пармезан, сол и бибер и се трга на страна. Таљателите се варат согласно инструкциите , по правило да се ал денте. Откако ќе се свари, се цеди убаво и се става во тавчето кадешто го направивме сосот. Убаво промешајте, послужете ја тестенината во чинии додека е уште топла и декорирајте со ситни парчиња свеж магдонос и малку рендан пармезан.

    ____________________________
    Автор: @oblace1
    20170921_114000-01.jpeg
    . Таљателите се варат, па се процедуваат, промиваат со ладна вода и се враќаат во тенџерето. Се додава многу малку маслиново масло, доматен сос и се префрла во тава. Одозгора се дроби сирење, налку бибер и на печење додека да омекне сирењето.

    ____________________

    Автор: @cold baby
    IMAG1903.jpg

    . Ovie se od testeninite so spanak gi ima vo tinex od jamie oliver. Za sosot stavam malku spanak predhodno varen potoa magdonoz i pecurki i malku luk seto toa se przi i na kraj dodavam domasno domatno pire i uste 3-4 min go przam seto zaedno.Prevkusno e

    _________________________

    Автор: @dunika
    IMG_1853.JPG

    . Таљатели Барила,варени 6 мин во баааѓи солена вода.Сосот е црвен кромид,лукче,печурки,тиквичка и малку пиперка,сецкани и пропржени,па прелиени со доматен сос.Се крчка 10тина мин,па се меша со пастата на крај.

    ___________________________

    Автор: @Monella
    15061085951010.jpg

    . Во завриена вода се стават таљателите 3-4 мин.
    Се цедат и се враќат назад кај загреаното маслиново масло и песто.
    Мене ми се повкусни одозгора со рендан пармезан.

    ______________________
    Автор: @Arendelle
    IMG_20170921_171529.jpg

    . Таљателите се варат според упатството, се процедуваат и се стават во омрсено плехче. Настрана правиме прелив со три јајца, 1 чаша млеко или јогурт и околу 150-200гр сирење. Се става врз нив и се пече.
    П. С. Се двоумев дали воопшто да ги ставам не се ни приметуваат таљатели ли се, што ли се.. ама па вкусни се, претежно на ваков начин приготвувам тестенини мм ги сака запечени и крцкави.

    _____________________________

    Автор: @AnaKarenina
    таљатели-гнезда.jpg

    .
    Додека таљателите се варат, се прави прелив од јајца, хопла, ситно сецкан магдонос, шери домати и маслинки. Се зачинува со сол и бибер. Количината на состојките зависи од тоа колку гнезда сакате да направите, ама еве ориентационо јас ставив 2 јајца и околу пола чаша хопла на 6 гнезда. Откако ќе се сварат таљателите се потопуваат во преливот и се ставаат во модли премачкани со масло. Остатокот од смесата рамномерно се става во калапите, а на крај врз гнездата наросуваме пармезан. Јас ги печев на 175 степени, ми се чини околу 15тина минути. Потоа ги вадите од рерна, внимателно со нож ги поминувате модлите по страните и ги вадите гнездата. Мене многу лесно ми се извадија, не беа залепени воопшто. Можете да ги комбинирате со што сакате, мене највкусни ми беа со павлака :) Исто и во смесата можете да ставите што сакате по желба, пример сувомеснато, печурки, или нешто друго по вкус.
     
    На kuc, Victorian, Sesil и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Браунис

    Автор: @Arendelle

    [​IMG]

    Црно па се не види... ама вкусно!
    Да повлечам нога белки ќе има повеќе рецепти.
    200гр путер
    150гр шеќер
    1 ванила
    4 јајца
    75гр какао
    100-120гр брашно
    Го ставаме путерот на пареа да се топи, го додаваме шеќерот и ванилата потоа какаото мешаме па ги додаваме јајцата претходно изматени и на крај брашното тоа се меша да биде хомогена смесата. Печев во плех со обрач околу 30минути.
    П. С. Не е истиот рецепт од весникот, во тој има мандел, се погоди са немам дома а бев решена да правам.

    -----------------------------------------

    Автор: @tace73
    [​IMG]
    1 пакување маргарин или путер (250 гр.) и 100 гр. чоколадо се топат во рерна. Се меша 5 јајца, 2 шољи шеќер, 2 шољи брашно и 1 прашок за пециво. Потоа се додава истопената маса. Се пече на 2000C околу 20'. Кога ќе се испече се остава малку да се излади, да стане млако и се сече на правоаголници или коцки. Во садот каде што се топеше првата маса се става 2/3 маргарин или путер (околу 150-160 гр.), 200 гр. чоколадо, 7-8 лажици шеќер и 12 лажици вода. Се остава да поврие 2-3 минути додека да стане еднаква маса и се трга на страна да се подолади. На млако тесто се става млак фил, се покрива со крпа или послужавник и се остава неколку саати убаво да упие.

    Моето чоколадо беше со кршени лешници. Бидејќи се работи за три чоколади, може да се направи и комбинација млечно - темно чоколадо!

    Пријатно!

    ---------------------------

    Автор: @Ketchup

    Брауни со авокадо
    [​IMG]

    Рецептот ми е од BuzzFeedTasty.

    Потребни состојки:
    - 4 јајца
    - 125 грама какао
    - 200 грама шеќер
    - 200 грама кафеав шеќер (јас ставив 100 грама обичен бел)
    - околу 65 грама брашно
    - две лажчки ванилин екстракт
    - пола лажичка сол
    - две авокада

    Подготовка:
    Авокадото се гмечи со виљушка додека не се направи ко крем, моиве авокада дека беа потврди и не ми успеа тоа, си ги ставив убаво во блендер.
    Потоа во длабок сад се додаваат јајцата и се мешаат додека не се направат ко пена. Се додаваат сите останати состојки вклучувајќи го и изблендираното авокадо и се меша со миксер додека сите состојки не се соединат убаво. Смесата се става во некое не многу големо пред тоа набрашнето тавче(за да не се залепи). На крај додадов одозгора парчиња чоколадо. Се пече на температура од 135 °C, околу еден час(зависи од рерната). Ги правев за првпат и мора да кажам дека се превкусни!
    ---------------

    Автор: @Kitten

    [​IMG]
    Рецептот е од овој сајт, но јас го направив во дупла доза бидејќи првиот пат кога ги правев излезе претенко.
    https://cafedelites.com/best-fudgy-cocoa-brownies/
    За да не се мачите со мерките, јас ги преведов (за дупла доза):
    • 250г стопен путер
    • 2 супени лажици кокосово масло
    • 250г шеќер
    • 4 јајца
    • 2 лажици екстракт од ванила
    • 130г брашно
    • 130г какао
    • 1/2 лажиче сол
    Ја загревме рерната на 180 степени.
    Во сад путерот, маслото и шеќерот ги матиме со жица да се соединат, ги додаваме јајцата и ванилата и миксираме да се добие посветла боја. Додајте ги сувите состојки и повторно изматете но внимавајте да не биде преизматен шеќер зашто нема да се добие крцкава кора.
    Совет: можете и одделно да ги миксирате состојките, а путерот и шеќерот само да ги додадете при крај во целата смеса.
    Се пече на хартија за печење во мало тавче, 15-20 мин на 180, при тоа треба да се проверува внатрешноста со чепкалка, да не биде препечена. Внатрешноста треба да остане полу-течна. Откако ќе се испече оставете го целосно да се олади пред да сечете.
    Една слика екстра:
    Види го прикачениот фајл 347088

    -------------------
    Автор: @LiliBoz

    [​IMG]

    Рецептот е едноставен, само трикот е во белките.

    6 јајца, 400 грама темна чоколада за готвење, цимет
    Чоколадото се топи на пареа. Се трга и се додаваат жолчките. Белките се матат во снег 10тина минути и лажица по лажица се додаваат во претходната смеса од чоколадо и жолчки. Циметот јас го додавам дур го топам чоколадото. Рерната се загрева на 200, а печеме на 180.

    ----------------
    Автор: @Annath

    [​IMG]

    Рецептот ми е основен за сите типови браунис, најдобриот и наједноставниот (според мене).

    150 г несолен путер
    200 г кафеав шеќер
    50г обичен шеќер
    75 г какао
    3 јајца
    Ќесичка ванилин шеќер или екстракт од ванила
    75 г брашно

    На пареа се мешаат шеќерот, путерот и какаото, да се стопи шеќерот. Може да го ставите и ванилиниот шеќер. Ако користите обичен шеќер, ставете ги трите состојки заедно, а ако користите кафеав шеќер, прво него ставете го, после путерот и какаото, во спротивно нема да се измешаат.
    Во оладената смеса се додаваат јајцата и се меша убаво. После тоа се додава просеаното брашно и се меша да нема грутки.

    Претходно се спрема смеса од 200 г путер од кикирики, 100 г шеќер во прав, може и обичен, едно јајце, ванилин шеќер и малку сол. Се матат сите состојки со миксер да се добие изедначена смеса.

    Во правоаголно/коцкасто тавче се става прво кафената смеса, не мора да биде секаде еднакво. Одозгора се става смесата со путер од кикирики, и со стапче за раженчиња се мешаат двете смеси да се добие мраморен изглед ( јас со шпатулата за мешање правев овојпат, па не изгледа баш како мраморен колач). Одозгора се ставаат парчиња чоколадо и се пече во загреана рерна на 160 степени 30-35 минути, зависно од рерната.

    Гратис слика
    [​IMG]

    ----------------

    Автор: @MamacitaBuena

    [​IMG]
    Рецептот ми е модифициран по мој личен вкус,од повеќе видови браунис.
    Потребни состојки:
    4 јајца
    200 гр шеќер
    Екстракт од рум
    1 пециво
    150 гр брашно
    400 гр чоколадо за готвење
    50 гр путер
    Шеќер во прав за декорација

    На пареа се топат 300 гр од чоколадото и путерот.Се тргаат настрана да се олади.Во длабок сад за матење се оработуваат јајцата со шеќерот додека смесата не се триплира,па се додава румот,пецивото и просеаното брашно.Продолжуваме да матиме со лажица или шпатула додека не се соедини убаво.На крај му се додаваат чоколадото и путерот и пак се меша убаво.
    Се пече на 170 степени околу 40 минути.
    За тоа време се топи 100 гр чоколадо со лажица масло и со него се прелива колачот одозгора.
    Се декорира со шеќер во прав (по желба).

    -----------------------
    Автор: @dunika

    [​IMG]
    Денови на висок шеќер а:D.Вака идеме:100 гр путер+400гр темно чоколадо се топат на тивко.Во сад настрана мешаме(со жица) 4 јајца,200гр темен шеќер,пакетче ванилин,пола лажиче пециво и прстофат сол ,и се додава уште 150гр брашно и 200 грама јатки.Јас употребив пекан ореви.На сето ова се додава веќе подоладената смеса од путер и чоколадо,се соединува убаво,се истура во подмачкан плех,и се пече 40тина мин на 180.Вкусни се ептен,јас јадев дур беше топло,и ми падна тешко:smirk:

    ----------------
     
    На LollySky, Ketchup и koritsaki им се допаѓа ова.
  7. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Омилен поjадок


    Автор: @MamacitaBuena
    IMG_20171005_2.jpg
    . Обожавам вафли ама уште немам набавено апарат за нив,па си ги правам овие.
    2 јајца се матат со 5 лажици шеќер,потоа се додава 4 полни лажици гриз,5 лажици масло,прашок за пециво,1 рендана јаболка и мелени ореви по вкус.Се пече во поголема тепсија за да излезе многу тенко,1 цм да биде високо на 170 степени околу 20 минути.
    Кога е готово се вадат форми и се сервира со слатко,овошје,кокос и какао.

    ______________________

    Автор: @Bridget

    PicsArt_10-05-05.51.20.jpg

    .
    Се земa тенџере. Пoгoлемo. Се нaлевa вoдa, 2 литри и 200 милилитри. Се стaвaaт шпaгети 60 грaмa, мaкaрoни 70. Се чекa вoдaтa дa зoврие. Се стaвa сoл и вегетa пa тестенините. Се вaрaт 15 минути. Вo меѓувреме се прoмешувaaт. Нa крaј се цaдaт, се дoдaвa тунa, кaшкaвaл, сoс oд дoмaти, мaгдaнoс зa декoрaцијa aкo ви е зa нaтпревaр. Акo не, мoже и без негo. И без кaшкaвaлoт. Бoн aпетит.

    ________________________

    Aвтор: @LiliBoz

    Screenshot_2017-10-05-18-08-26.png
    . Бурек со сирење и спанаќ
    готови кори
    сирење изгмечено со јајце
    обарен спањак
    филџан вода со две лажици зејтин и сол за попрскување.
    Прво се редат 4 кори, се става од филот (сирење со јајце и спанаќ) па две кори, се попрскува од водата, па фил повторно и пак две кори. три пати ставив фил, на крај ја досипав водата што остана, печено, сликано, изедено.
    Пресек слика јок, зашто оваа ми е најубава и најмегаломанска :)

    _______________________________

    Автор: @Gosh IMG_20171005_181901.jpg

    ______________________

    Aвтор: @JuLleE

    received_1660923380605251 (1).jpeg
    Р'жен домашен хроно леб, домашни чварки/џимиринки и хумус

    _________________________

    Aвтор: @Someonespecial
    PicsArt_07-08-02.png
    . Потребни состојки:

    – едно пакетче кори за пита
    За првиот фил ви се потребни:
    – 3 јајца
    – 6 лажици брашно
    – 300мл млеко или јоурт
    – 150мл масло
    – 1 мала лажица шеќер
    – 1 мала лажица сол
    – 100мл топла вода
    – 1 квасец
    – 1 прашок за пециво
    За вториот фил ви се потребни:
    – 600гр. рендано сирење

    Во малку вода се става шеќер, квасец, 2 лажици брашно и се остава квасецот да стаса. Додека квасецот стасува, изматете ги јајцата, додајте 4 лажици брашно, прашок за пециво, сол и измешајте убаво. Додадете млеко (или јогурт), масло и стасаниот квасец и мешајте се додека смесата не се соедини.
    Секоја кора убаво премачкајте ја со филот, а на почетокот на корите ставете од вториот фил со сирење. Замотајте ја како ролат и формирајте ги баничките. Ставете ги во намрсен плех, и секоја баничка премачкајте ја со остатокот од првиот фил.
    Првите 10-15минути печете на 250 степени, а потоа намалете на 180 степени.

    ________________________

    Автор: @Doozy
    20171006_103450.jpg
    Хроно-појадочеее! Омлет со кромид и маслинка, колбас и потпечено манастирско лепче.

    _____________________________

    Aвтор: @Arendelle IMG_20171006_121626.jpg

    . 500гр брашно ,
    1пециво,1 лажичка сол, 5 лажици масло, една шолја јогурт (250мл повеќе или помалку сами одредуваме, тестото да е меко ), семиња по желба, оригано и ким исто така.
    Се меси тестото, не стасува, брзо се прават, се прават топчиња, се премачкуваат со жолчка, па се валкаат во сусам. Се печат на 200 степени околу 20-25 минути, јас ги печев повеќе, поубави се препечени, крцкави..
    Може да се комбинираат со било што, сувомеснато, сирење, путер.. па и со благо ќе минат.
    Мене со намаз или путер ми се најслатки посебно со путер додека се топли тој се растекува мх, мх..

    _____________________

    Автор: @koritsaki

    jqxXDcY.jpg

    . Штрудла со мармалад (јас ставив од кајсии)

    250мл млеко
    2 јајца - 1 цело и една жолчка (белката е за премачкување)
    Квасец
    50гр шеќер
    100гр маргарин
    Брашно околу 600гр
    Рендана кора од лимон
    Мармалад (по желба)
    По желба ореви , лешници , бадеми

    Стасува квасецот во дел од млакото млеко , се додаваат јајцата, кората од лимон , останатото млеко , шеќерот , растопениот маргарин, брашното и се се меша , се оформува тесто. Стасува 1 час, се расукува се става мармалад, и одозгора оревите , се витка во ролна и се остава да стаса плус 30мин. Се премачкува со белката и се пече.

    __________________________

    Автор: @Ginger^

    IMG_20170807_113146_154.jpg

    Хроно брускети, од тонус леб. Со фета и зеленчук

    ___________________________________

    Автор: @MissDior

    [​IMG]

    . Овесна каша со банана доручкувам сигурно три дена во неделата, а ако сум дома можеби и почесто. Овесот го варам со вода, сооднос 1:2, откако ќе зоврие околу 5 мин на тивко додека испари водата. На дното во чинијата ставам три сецкани урми, од горе ставам додатоци по желба. На сликата имам ставено пола банана, кокос, бадеми, цимет и какао. Обавезно го преливам со една лажица мед.
    Втората омилена овошна варијанта ми е со сецкано јаболко и путер од кикиритки.

    _____________________
    Автор: @Mayyya
    [​IMG]
    Пржен праз со печурки и јајце, тонус, патлиџан и луто пиперче

    _________________________

    Автор: @Oxymoron
    [​IMG]

    Овесна каша со соино млеко со вкус на ванила, една банана (има и внатре), малинки, сецкани бадеми, лешници и црно чоколадо, прелиена со мед :mm: Бонус: посно.

    ______________________

    Автор: @f.girl
    [​IMG]
    Палачинки од банана и јајце со рендано црно чоколадо. Благи и здрави, совршени за врнежливи саботни утра

    _________________________

    Aвтор: @dunika

    [​IMG]
    Потпечени јуфки.Македонска класика,и нешто што никогаш нема да ми здосади.Ги потпекувам во намастен плех,со малку масло одозгора,до зацрвенување,па ги полевам со зовриена вода.А да,ставам во нив и рака тарана:).За 15тина мин,готов оброк!

    __________________________

    Автор: @tincemajmunce

    [​IMG]
    . 500 гр брашно
    250 мл млеко
    1 јајце
    1 лажичка сув квасец
    1 лажичка сол
    1/2 лажичка шеќер
    Масло.

    Кечап
    Оригано
    Кашкавал
    Салама
    Сусам
    Малку масло.


    Од состојките замесуваме тесто,оставаме да кисне 30-ина мин.Го делиме на 2 од секое расуваме кора премачкуваме со претходно спремно (кечап,оригано,малку масло)рендаме кашкавал и салама,виткаме ролат и сечиме со нож дебелина 1-2 см редиме на плех со хартија ставаме сусам и печеме на 180ц 20-30 мин.
    Наздравје

    _______________________

    Автор: @Val-Dim
    [​IMG]

    . Рецептот за кроасаните на Вал-Дим го знае пола форум... Ова е за останатата половина...
    К р о а с а н и
    Тесто
    2 јајца
    2 лажички шекер
    2 мали шољи слатко млеко (ладно)
    2 мали шољи кисело млеко (или јогурт)
    1 свеж квасец
    1 лажичка сол
    800-900гр брашно
    1 маргарин (или по 1/2 маргарин и путер)

    Се замесува тесто кое одма се дели на осум дела. Од секој дел се расукува кора и се мачка со растопен маргарин. Се редат корите една врз друга и од сите се сука една голема кора - колку поголема толку подобро!!! Потоа големата кора се премачкува со остатокот од маргаринот и се сече на четири дела. Секој од нив повторно се сече на седум дела (4 x 7 кроасани). Се обликуваат кроасаните кои што се филуваат со сирење, шунка, кашкавал, мармалад, крем... или се оставаат празни. Се редат во подмачкан плех со маргарин на поголемо растојание за да не се слепат при печење. Оваа доза е доволна за два плеха од шпорет. Кроасаните се оставаат 2 часа да надојдат и се печат!!!
    ПС За мали кроасанчиња големата кора се сече на помали триаголници...

    ____________________

    Автор: @PrettyDramaQueen
    [​IMG]

    . 400гр брашно, малку сол, 1 пециво, 2 јајца, 150гр сирење и 150гр салама
    Се става малку вода и се замесува тестото како за кифли.
    Се рассукува кора и се сечат форми.
    Се пржат во врел зејтин на јако.

    ________________________

    Автор: @orhideea
    [​IMG]

    . 600 гр брашно
    20 гр квасец
    250 мл млеко
    100 млака вода
    3 л масло
    2 јајца од кој 1 жолчка за премачкување
    1 мал лажичка сол

    За фил јас ставив салама, кашкавал,сирење, печурки од тегла и кечап. Направив и само со сирење.

    Се меси тесто и се остава да стаса убаво потоа се расукува во круг и се сечи на триаголници и се става фил по желба, од горе е премачкано со жолчка, маргарин и сусам. Се загрева рерната на 250 потоа за печење се намалува на 200

    ___________________________

    Автор: @An-na [​IMG]

    . Солена торта од стар леб

    Се матат 4 јајца. Се додава 250мл млеко или јогурт, 3л зејтин, сол. Сето ова се меша убаво. На оваа смеса се додава стар леб исечен на коцки и се остава 10-тина минути да омекне лебот. Потоа по желба се додаваат останатите состојки. Јас тука имам ставено шунка, кашкавал и козјо сирење.

    __________________________

    Автор: @Viktorijaaа5

    [​IMG]

    Јајца на око,запржена печеница,фета,краставица и лутенка од цепкани пиперки

    _____________________
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Оброк готов за помалку од 20 минути

    Автор: @dunika
    77480761-C350-4BE6-B5C7-70C62AC4EE16.jpeg

    . На путер пропржувам сечкан кромид и лук(количина во зависност колку сакате да доминира вкусот),и додавам на коцки сецкана тиква.Имав околу 300-400 грама.Неколку минути издинстав заедно,зачинив со лажичка кари,па полеав(да се покрие) со бујон од зеленчук,пола литар ми беше доволно.
    Се вареше 15тина мин,па изблендирав со рачен миксер.
    Две лажици најмасна павлака,се промешува фино,и имате оброк за паметење

    __________________________

    Автор : @MamacitaBuena

    IMG_20171014_1.jpg

    . а една ролна потребна е само една кора.Се матат две јајца со вилушка со 200 мл млеко и прашок за пециво.
    Една кора се дели на половина и се ставаат така една врз друга,па убаво се попрскува со смесата од јајца.На почетокот од кората се става дробено сирење и се витка во ролатче па се сече на две еднакви половини.Врз нив пак се попрскува од смесата со јајца и наросуваме сусам.Се пржат во повеќе масло,убаво загреано.
    *Корите се готови купени.
    Мнооогу крцкави однадвор,внатре меки и вкусни :inlove:

    ____________________________

    Автор: @Mariangel
    20171015_232951.png

    . Recept:
    Vo sad se mati 1 golemo jajce ili 2 pomali, se dodava golema sholja (za chaj) mleko i 1 lazhica zejtin i povtorno se mati ushte malku. Vo drug sad se stava 1 sholja od ista golemina brashno, 1 pecivo, 1 vanila, 2 golemi lazhici sheker, malku sol se zaedno se promeshuva i se dodava technata smesa. Se mati so mikser da nema grutchinja, a po potreba se dodava ili mleko ili brashno. Vazhno e smesata da e malku pogusta od smesa za obichni palachinki. Se zagreva na jaka temperatura tavcheto koe prethodno se machka so namrsena salfetka a potoa se namaluva na sredna temperatura i se istura od smesata vo sredina na tavcheto i palachinkite sami se oformuvaat :) Brzi a prevkusni, obavezno da gi probate!
    Dobar apetit :)
     
    На Kohlensäure, boomsleng, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Пастрмајлии

    Автор: @Bubce38

    [​IMG]

    Тestoto se zamesuva so 300 ml voda 200 ml toplo mleko ,2 kocki kvasec ,100 gr rastopen puter, mala laz Sol I prstofat seker. Brasno po potreba . Se zamesuva na meko.testoto go stasuvam okolu Eden cas.
    Mesoto svinsko( biftek 400 gr I 200 gr svez sv vrat,da ima malku mrsnicko go secam na kocki,go obaruvam samo kolku da zavrie I da izleze penata. Go zacinuvam samo so Sol,biber u crven Piper. Go redam mesoto vrz oformenoto mesto I odozgora vrz mesoto stavam po Edna supena laz svinska mast.Pecam na 270 okolu 20 min. Po pecenjeto so cetka I voda gi zamackuvam okrajkite od testoto.

    --------------------------

    Автор: @An-na
    [​IMG]


    500 гр свинско месо се сече на ситни коцки. Му се додаваат 1 мала лажица црвен пипер, 1 мала лажица буковец, 1 лажица масло, 1мала лажица сол, бибер. Зачините се мешаат со месото и се остава да преноќи во фрижидер.
    За тестото е потребно: 500 гр брашно, 250 мл млака вода, 90 мл масло, 1 мала лажица сол, 1 мала лажица шеќер, 1 квасец
    Се замесува тесто од горенаведените состојки и се остава да стаса. Тестото треба да е помеко замесено. Откако ќе стаса, се дели на 4 дела и секој дел се обликува. Плехот за печење се подгрева кратко во рерна и веднаш се вади. Се намастува и врз него се редат пастрмајлиите. Се оставаат да се одморат 15-тина минути покриени со крпа.
    Откако ќе се одмори тестото, врз него се реди маринираното месо, а врз секое парче се става половина лажица свинска маст (јас намачкав и по краевите на тестото) Се става да се пече 10-тина минути на 250Ц (ова е многу важно, бидејќи ако ги оставите малку подолго, како мене, ќе добиете малку попечени пастрмајлии и тестото нема да биде така меко како што би требало да е)
    Потоа се вадат од рерна и врз секое парче се крши јајце и уште еднаш се премачкуваат со свинска маст. Се враќаат во рерна уште 4-5 минути. Откако ќе се испечат, уште еднаш се премачкуваат со маст и се оставаат покриени уште 10-тина минути пред да се послужат.

    ---------------------

    Автор: @Mari*
    [​IMG]

    1/2 брашно
    1/4квасец
    250мл.вода
    Малку сол и шекер
    Се меси на меко и да стаса од како ке се оформат
    600гр свинско
    300гр сирење
    4 јајца
    Путер
    Се става прво сирење па месото
    На крај по малце путер
    Се печат на 200° дури поруменат

    -------------------------

    Автор: @Mariangel
    [​IMG]

    Za testo:
    1kg brashno
    Polovina mala sholja zejtin
    1 kvasec
    2 lazhici sol
    Prstofat sheker
    Topla voda

    800gr svinsko ili pileshko meso ( od vecher iseckano zachineto so sol, malku vegeta, biber i crven piper se stava da prenokji vo frizhider)
    8 jajca

    Se zamesuva meko testo od gorenavedenite sostojki i se ostava testoto 1h da stasa. Od koga ke stasa se deli na 4 ednakvi topchinja i povtorno se ostavaat malku da stasaat topchinjata. Koga ke bidat gotovi se rastegnuva edno po edno topche, se oformuva pita i od stranite se pravi venec. Se stava malku puter ili margarin po sredinata na pitata, se redi mesoto i na kraj so zejtin se premachkuva celata pita vkluchuvajki go i venecot. Se peche na 220-250 stepeni. Koga ke e pri kraj so pechenje se stavaat po 2 golemi ili 3 mali razmateni jajca vrz mesoto. Koga ke se izvadi pitata od relna povtorno venecot se premachkuva so zejtin dodeka e zheshka :)

    ---------------------

    Автор: @Bridget
    [​IMG]

    Тестo стaндaрд oд брaшнo, млекo, вoдa, киселo млекo, сoл. Килo брaшнo, еден квaсец, другoтo сo oсет. Излегувaaт 4 вaкви пити. Месoтo првпaт гo зaпржив сo зaчини и oтпoсле гo стaвив врз питите, пa пoдoбрa питa -пaстрмaјлијa не сум јaделa

    ----------------------------------

    Автор: @orhideea
    [​IMG]

    400 гр брашно, 20 гр квасец, 5-6 лажици масло, мало лажиче сол и млака вода по потреба.
    Се замесува нелепливо тесто и се остава да стаса.
    Во тепсија со рака се прави формата и краевите ги премачкав со маргарин, прво ставив рендан кашкавал па околу 400 гр свинско месо предходно зачинето со црн пипер, црвен пипер и сол, се пече додека заруменат краевите, изматив 3 јајца ги потурив на месото и оставив да се до печат јајцата. Кога ја извадив од рерна краевите ги премачкав со масло и ставив крпа и кеса најлонска од горе и беше премека.

    --------------------------
    Автор: @Val-Dim
    [​IMG]


    Рецепт за Пастрмајлија - немам... Се правам од око и по осет :tmi:
    Ноо... Правила си се правила :)

    Рецепт (приближни мерки за две големи тави)
    Брашно 1кг
    Вода 500-600мл
    1 коцка квасец
    1 лажичка шеќер
    2 лажички сол
    1-2 лажици зејтин
    Квасецот помешан со шеќерот, стасува во малку млака вода. Се додава на брашното измешано со солта и се замесува тесто со додавање на млака вода. Колку вода е потребно, зависи од видот на брашното (500-600мл). Се додава малку зејтин и се добива фино, мазно, меко тесто. Тестото се распоредува во тава претходно намастена со свинска маст, притоа се прави и „витка“ по краевите...
    Врз тестото се реди ситно сецкано месо (свинско или пилешко) *, издробено сирење и неколку мали парченца свинска маст. Се остава на топло да нарасне и се пече во добро загреана рерна. Кога е печено се вади од рерната, се посипува со 2-3 изматени јајца и се враќа накратко во рерната да се запечат јајцата.
    Добро испечената пастрмајлија се мачка по краевите со мало парченце свинка маст, се сече на парчиња ииии... се ужива 8)

    * За добра и успешна пастрмајлија најважно е месото... Вистинската пастрмајлија се прави со пастрма, по неа го добила и името... Ноо, вкусот на пастрмата е прејак, сушено овчо или козјо месо и ретко кој го сака!

    За пастрмајлија употребувам добро „отстоено“ месо...
    Свинското месо добро насолено и убаво притиснато стои во фрижидер најмаку недела дена пред подготовката. За тоа време вкусот на месото станува... незаборавен!!! Пред подготовка на пастрмајлијата го мијам со топла вода, за да се „одсоли“, го сецкам на ситни парченца и го зачинувам со бибер и малку црвен пипер.
    Пилешкото месо за пастрмајлија го подготвувам ден пред правење на пастрмајлија... Пилешкиот стек го сецкам на ситни коцки, му додавам сол, бибер, малку црвен пипер и зејтин.

    -------------------------
    Автор: @zhap4e
    [​IMG]

    500+грама се' на се' месо (општо), 1кг +/- брашно, 1 свеж квасец, 3 јајца (распоредени на 2 од питите, другите се без, тие за основа имаат кашкавал - по желба на публиката), малку кашкавал, зачини.

    Меко тесто замесено, стасано, направени 4 пити..наместени во намастена тава прекриена со брашно (ради малку рустичен лик и фотогеничност, нали)... 2 од питите полеани со изматени јајца, врз јајцата распордено запржено на масло со зачини (вегета, црвен пипер) свинско месо..одозгора изрендан малку кашкавал.... другите две изрендан кашкавал врз тестото, врз кашкавалот распоредено запржено со веѓета пилешко месо, одозгора изрендано кашкавал. Испечени и спремни за пробување.

    ---------------------------

    Автор: @Deep
    [​IMG]

    1 Kg Brasno
    1/4 Kvasac
    seker i sol razmer 2 sprema 1
    60 ml maslinovo ulje
    1/2 jajce ( pola jajce )

    Mesete ubavo i dozvoli neka stasa, potoa podelete na 4 i istopcete,
    mackajte gi ubavo so zejtin da ne se susi i fati kora .
    Pokrijte gi so najlon i ostavete gi vo frizider da miruvaat najmalku 12 saata .

    Testoto otvorete go so vlecenje i ne upotrebuvajte sukalo i ne go stiskajte testoto so prsti.
    eve vi link kako toa go pravam
    za filuvanje vi trebaat
    600 gr pilesko ili svinsko meso (150 gr za edno testo)
    stavete Sol, vegeta , crn biber , crven piper i zejtin ( izmesajte ubavo)
    200 gr gouda kaskaval

    pecete na 300 stepeni

    pola ispeceno koga pocnuva da dobie blaga boja na kraevite , vadeteja i premackajte gi kraevite so prethodno mateno jajce mesano malku soi voda i vratete ja da se dopece .

    na zdravje

    ---------------------

    Автор: @Monella
    [​IMG]

    За две вакви и една мала за синко ставив 500гр брашно, лажица сол, лажица шеќер, 50мл масло, 1квасец, вода и млеко мешено колку да се добие посакуваното тесто.
    500-600гр свинско месо
    Ги печев 20-25 мин. на 250° со повремено премачкување на краевите со путер.
    Пред да ги извадам им ставив кашкавал и јајца.

    -------------------

    Автор: @dunika
    [​IMG]

    Тесто со кило брашно,1коцка квасец,сол,5лажици масло,малку пециво.Прво стасување 1час,па премесив и уште 20тина мин одново да стаса,па поделив на 4топки и почекав и тие да стасаат.Месо свинско околу 1кг,и 5 јајца.А да,месото од вчера маринирано преноќи во фрижидер
    -------------------
     
    На boomsleng, koritsaki и Mariangel им се допаѓа ова.
  10. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Динстано месо со зеленчук
    Автор: @MamacitaBuena
    IMG_20171026_1.jpg

    . Макароните најпрво се варат во солена вода,па се мијат и се цедат.
    Телешкото месо се сече на парчиња,се мие убаво па се зачинува со зачини кои си ги користите вие.Се сецка и зеленчукот(морков и лук),заедно се става во длабоко тенџере,се додава ловоров лист и лажица сенф,се налева со вода колку да го покрие месото и така на умерен оган со капак одозгора се динста околу 2 часа.По потреба се налева со вода.Кога ќе се свари убаво,се додава малку масло и се запржува од двете страни месото.
    Јас ги размешав заедно месото и макароните ама вие може и одделно да сервирате.
    Наместо макарони може и домашно пире,ама побрз начин ми се макароните.
    На здравје!8)

    __________________________

    Автор: @Bridget
    PicsArt_10-28-10.35.30.jpg

    . Ручекoт нaпрaвен и изеден a немa ни 11. Свинскo сo печурки, зaпржувaш крoмид пa дoдaвaш месo. Кoгa ќе се зaпржи, нaлевaш вoдa, стaвaш кaпaк и нa тивкo еден чaс oтприликa. Нa крaј зaчини, еднa лaжицa дoмaтен сoс, еднa лaжицa брaшнo измешaнo сo мaлку вoдa и уште 15тинa минути крчкaње. Пиретo е дoмaшнo, кoмпир нa кoцки вaрен пoлa чaс oтприликa, зaчини, мaслo, млекo и сo рaчен блендер пaсирaнo.

    __________________________

    Автор: @sanjaeva
    20171028_154732.jpg

    . Месото зачинето само со сол и малку вино го дистав помалку од саат (брзав во ефтина да биде се завршено :) ).
    Одкако водата ќе испари давам зејтин и праз, па го пржам.
    Толку :D

    ___________________________

    Автор: @galapce
    DSC_0532.JPG

    . Пропржувам се ид зеленчук што имам.
    Лук,морков,туквица,модар патлиџан.
    Додавам и месото,кога убаво се пропржува се,додавам зачини,леќата и вида.
    Се динста со капак два саати.
    Компирот го ставам со водата.
    Од зачини,куркума,сол,бибер,ѓумбир.

    ____________________________

    Автор: @zhap4e
    20171029-0012.jpeg

    . За ќофтињата: 500 грама мелено (свинско и телешко), лук, кромид, јајце, презла, зачини. Се замесува смесата и остава да отстои малку во ладилник. 4-5 свежи домати се пасираат и ставаат на загреано масло, да се пропржат малку. Околу 2-3 чаши со вода им се додава за да извријат. При крајот им се додаваат зачини ко вегета, босилек,свеж лук. Ако смесата ви е премногу течна, додадете лажичка до две брашно (разматете го брашното со малку од доматите,без да има грутчиња и сипете го во смесата). Оформете топчиња од месото и додадете ги да се крчкаат во сосот. Пире....компири, путер, млеко зачини. Сварени компири, испасирани, измешани со состојките и тоа.

    _____________________________

    Автор: @Mari*
    DSC_1440.JPG

    . Месото се запржува во малку зејтин,се додава вода и се остава да се вари дури не почне да се дели од коската
    Кога е при крај се става компир,морков,грашок,кромид и малку лук сето тоа да се вари заедно со месото
    На крај зачинувам и додавам доматно пире за да се згусти

    ________________________________

    Автор: @An-na
    20171029_162149.jpg

    . Пилешките џигери се варат. Се сечка кромид (2-3 главици) на кругови и се пржи на масло. Откако ќе омекне му се додава џигерот, се зачинува со бибер, црвен пипер и малку сенф и на крајот се додава чаша и пол бело вино. Се динста околу половина час.

    __________________________________

    Автор: @Mariangel
    20171029_214458.jpg

    . *Deneshen ruchek - Dinstano pileshko vo kari sos:
    Zaprzhuvam kromid i pechurki, dodavam posoleno seckano pileshko meso. Go zaprzhuvam i mu dodavam malku voda da se dinsta. Koga ke e gotovo mesoto na strana go pripremam sosot. Stavam edna lazhica puter da se rastopi. Potoa mu stavam edna lazhica brashno i proprzhuvam. Dodavam 1.5 lazhica kari i zachini po vkus. Promeshuvam i dodavam 250ml mleko. Se mesha dodeka da zgusne.
    Serviram prvo mesoto pa sos i chasha belo vince :smirk:

    __________________________

    Автор: @Val-Dim
    DSC_0019.jpg

    . Потребно е... Свинскомесо од плешка, маринирани печурки, кромид и зачини
    Подготовка... Кромидот се пропржува, се додава месото сецкано на коцки и се пржи да зарумени. Се додаваат сецканите печурки, сол, вегета и бибер. Се полева со вода и се динста на тивко, затворено со капак. Месото треба да стане меко, мускулните влакна треба лесно да се одвојуваат кога ке се „боцне“ со виљушка.
     
    На Dust, boomsleng, sanjaeva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Tема : Ненајавени гости, буџет 400 мкд
    Автор: @MissDior


    [​IMG]
    Мавровска пастрмка со зеленчук и компири
    Околу 1 кг- 1,200 кг мавровска пастрмка (4 парчиња), 300ден/кг, вкупно 360 ден
    пола кило компир 30 дненари, 60 ден кг
    4 моркови и 2 главици кромид се надевам ќе се испазарам за 10 ден да ми ги дадат:D
    Во сецко ги ситнам исчистени морковите и кромидот, и многу кратко ги запржувам на малку масло со сол и бибер. Во загреана рерна на 200 степени ги ставам кромидот и морковот со малку вода и исецкан компир зачинет со рузмарин и црвена пипер и сол. Се печат околу 20-25 мин, потоа ги додавам рибите посолени внатре и надвор, се печат заедно уште 20 минути.
    Оваа јадење е добар избор за гости бидејќи многу малку време треба за подготовка а додека се пече може да го послужиш гостите со кафе:lol:

    ________________________________

    Автор: @danichap
    [​IMG]

    Тиквата беше 99центи. Помина халовин и тоа беше првото што го најдов на попуст утринава па и спонтано ми се наметна денешното мени.
    Месото 2 евра паковање.
    Оризот 50 центи.
    Краставица и кисело млеко околу евро.
    Брашно и мало паковање доматело, исто, околу евро.
    Ако ситничариме |(]:), со остатокот, на парче купени, толку би дошле кромид и лук и едно јајце и квасец, друго немам употребено.
    А сакав и печурки и моркови и чушка и други тракатанци во оризот, околу тиквето коштани....ама паре су скупе :D.

    Тиквата ја исчистив и внатрешноста ја тргнав на страна.
    Лук, кромид, меленото, внатрешноста од тиквата ги запржив.
    Додадов ориз, и него првен малку го потпржив. Потоа дотурив вода и оставив се да се динствува.
    Во меѓувреме, во загрена релна, ја ставив тиквата замотана со фолија.
    Околу 1 час се печеше на 200-220.
    Од време на време проверував да видам до каде е.
    Потоа ја извадив тавата, ја отстранив фолијата, и ја наполив со зајрето од месо и ориз. Остатокот го ставив околу.
    Дотурив жешка вода, за да не биде многу суво и вратив уште околу час на малку намалена релна( се од око )
    Јајцето го ставив при крај.
    Таратурот од една крставица, едно канче кисело млеко и лук( во наша куќа се јаде многу лук и кромид8))
    Пица лебчињата се со најобично тесто. Леб, квасец, вода.
    Само домата и лукче врз нив.
    ________________________

    Автор: @orhideea
    Сеченица со праз и сирење ^_^

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
    800 гр брашно
    200 мл млеко
    2 јајца
    1 квасец
    Сол
    Млака вода по потреба
    За премачкување на корите:
    Јогурт со висок процент на масленост
    Маргарин
    За фил:
    Сирење и еден поголем праз предходно запржен

    Квасецот го растварам во млака вода и замесувам тесто од наведените состојки од кои една жолчка оставам за премачкување одгоре.
    Го делам тестото на 10 топки и оставам да стаса.
    Ги развлекувам топчињата колку големината на тепсијата.
    И постапката оди вака:
    На една кора мачкам маргарин па ставам од горе друга кора па на неа мачкам јогурт сирење и од празот потоа пак ставам друга кора на неа ја мачкам маргарин па друга кора па пак јогурт сирење и праз... И се така додека не се потрошат корите.
    Ја сечам со нож на коцки (затоа се вика сеченица) И ја премачкувам со жолчка и наросувам сусам и додека се загрее релната стасува уште малку и се печи.
    Се надевам убаво ја објаснав постапката :wasntme:
    Иста ваква имам постирано во фемина инстаграм ама таа беше само со сирење.
    Многу е Мека и вкусна кога јадеш сама се дели (fingers)

    Брашно - 99 центи
    Млеко - 99 центи
    Јогурт - 99 центи
    Праз - 1€ 50 центи
    Квасец - 35 центи
    Сирење имам секогаш дома, сол, јајца, зејтин, маргарин.

    4 € 82 центи. :D

    Инаку јас и брашно и квасец дома имам секогаш, без тоа не сум останала никогаш. Залихи колку сакаш :D
    _______________________

    Автор: @Monella

    [​IMG]

    Кај џигерот ставам две глави сецкан кромид, зачини, еден филџан вода и оставам да се динста, на крај го пропржувам.
    Во тенџере ставам зеленчукот да се вари, ја служам како салата со маслиново масло и балсамико.

    Сметка
    Џигери 1кг. 4€
    Брокула0,5кг. 0,50€
    Боранија0,5кг.0,50€
    Компир0,5кг.0,50
    Моркови0,5кг.0,50
    Намаление сум нагазила :D
    Кромидот е гратис ;)
    __________________________________________

    Автор: @Mariangel

    [​IMG]

    Za neplanski gosti ovaa torta mi e najchesto prva na listata, iako ne mi doagjaat mnogu chesto gosti apansas :tmi:

    450gr nutella - 1.99€ (na popuuuust, za tortata treba 400gr ^_^ )
    250gr biskviti - 1€
    500gr mascarpone - 3€
    *za dekoracija neshto za 50 centi :rofl: leshnik,orev mala gramazha.
    *100gr puter ne gi vmetnuvam vo smetkata deka puterot e namirnica koja sekogash ja imam vo frizhider.

    Se melat biskvitite. Se stava vo niv 100gr rastopen puter i 1 lazhica nutela. Se mesha ubavo se zaedno da se soedini, se istura vo kalap i ubavo cvrsto se pritiska da stegne biskvitot.
    Na strana se mati 500gr mascarpone so 380-400gr nutella. Se istura vrz biskvitot i se izramnuva. Se dekorira po zhelba so meleni jatki ili meleni biskviti i se ostava da otstoi vo frizhider da se zacvrsti.
    Dobar apetit ]:) :D
    _________________________________________

    Автор: @Mari*

    [​IMG]

    Потребно:
    1/2пиперки (1.29 на попуст )
    1/2мелено месо(2.79)
    250гр ориз(0.25)
    Главица кромид(0.10)
    Морков(0.10)
    Вода (3:1 од оризот)
    Вкупно: 4.53€ :lol:
    Подготовка
    Се пржи кромид,морков,мелено месо и пиперки (не многу,да не е живо месото само) на крај и оризот се додава и се зачинува по желба
    Се става во тава и се полива со вода
    Се пече на 180°дури да изврие водата
    _____________________________________

    Автор: @♡BuBaLe♡

    Кога би имала ненајавени гости иако скромно би се потрудила да ги почастам со комплетен ручек :)

    BeFunky Collage2.jpg
    Предјадење
    Супа со кнедли
    Кај мене на мени задолжителна е супа. Секогаш имам во шкаф ќесе за инстант супа или коцки за супа. Гриз и јаца се исто така задолжителни намирници :)

    Главно јадење
    Ориз со спанаќ
    Сезона е на спанаќ, ем ефтина ем вкусна комбинација со исто така ефтината и сално застапена во шкаф намирница ориз.
    # пропржувам ориз, зачинувам, додвам спанаќот и налевам вода, динстам на тивко

    Кафе + некакво сезонско овошје кое се најдува низ дома
    ________________________________

    Автор: @LiliBoz
    Овие бомбици сама си ги измислив, а мислам дека и иам некаде рецепт сличен. Има урда, павлака, пржен сусам и ореви , подлога од краставичка свежа и кекс.
    [​IMG]

    Наредно е мини пеперони пицички. Лапни голтни пица работава :lol:
    [​IMG]

    И фамозната есенска туфахија
    [​IMG]

    Кекс-20тина ден
    Урда домашна така да не знам цена али горе доле рачунам 50 ден зошто не оди килограм во ова
    Павлака-70 ден
    Кулен 100 гр употребено-80
    Брашно и квасец-30 ден
    Кашкавал 100 гр- до 100 ден.
    Другото што не е прерачунато (ореви јаболки сусам кечап мајонез ) имам се дома, така да ете и тоа 100че нека оди на нив :wasntme:
    _____________________

    Автор: @sanjaeva

    Супа
    Во зовриена вода се додава кесичка готова супа. Одкако ќе се свари и подолади се додава изматено јајце со 1 лажица кисело млеко (предвидено за салата) (супа 18 ден., 1 јајце 6 ден.= супа 24 ден.)
    [​IMG]
    Печени ребра со сос
    Парче свински ребра, околу 1кг (цена 225 ден.) се ставаат во тенџере со зовриена вода и сол, да се поварат 10 мин. (поентата е да примат сол).
    На страна се меша 2 лажици мед, 1 лажица сенф, 1 лажица кечап, 2 лажици соја сос, сецкан лук (јас не ставив лук од причина што соја сосот ми е со лук), мала чашка вино (по правило бело, јас ставив црно..зошто не ми се отвараше бело).
    Се става месото во тавче во кое имаме посипано зејтин. Месото се засекува како на коцки и се посипува со сосот. Се пече на 200 степени околу 1 час, со повремено полевање со сосот од тавчето.
    - пред печење
    [​IMG]
    - по печење
    [​IMG]
    Прилог печен компир
    Три компири се сечат на кругчиња, се мачкаат со маргарин и се посипуваат со вегета (цена 20 ден. :?:)
    [​IMG]
    Таратур
    4-5 чешниња лук се толчат со сол, се додава сецкана краставица, се посипува со кисело млеко и се промешува. Одозгора се става црн пипер и маслиново масло. (се става и сецкани ореви ама оскудација) (кисело млеко 22 ден. краставица 8 ден.= салата 30 ден.)
    [​IMG]
    Десерт
    Вариме 800 мл.млеко. Настрана ја мешаме содржината од 2 кесички пудинг со 8 лажици шеќер во 200 мл.млеко. ( за 4ца еден пудинг е малку, 2 многу) .Кога ќе се свари млекото ја намалуваме температурата, па ја додаваме измешаната смеса и мешаме. Кога ќе се добие убава густа смеса е готов пудингот (детално пишувам зошто некој сака да знае, @JuLleE :D). Во чашки ставам по 3 плазми (за домаќинката 2, зошто имав 11 вкупно) и ставам пудинг во секоја. Декорацијата е со пола банана и едно мандаринче :D (пудинг 2х15=30 ден., млеко 45 ден., 11 бисквитки 10 ден, овошје 10 ден. = десерт 95 ден.)
    [​IMG]


    Ручек за ненајавени гости= 394 ден.
    _______________________________
     
    На cinderella5, Nigredo Odor, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  12. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Храна за носење
    Автор: @Arendelle
    IMG_20171109_164520.jpg
    . Храна за децата
    Вообичаено каде и да тргнеш со мали деца мора нешто да се носе или пак може како доручек за во градинка. Не е некоја јака декорација но битно да се направи ќефот, секој со своите уметнички способности шта чеш...
    ______________________

    Автор: @joy1
    332752-27e060fd02f14d57d11e99886a79e88a.jpg
    . не се ставени во ланч бокс пошто ми се правени за вечера.Меѓутоа често кога одиме надвор од дома ги правам бидејки се јадат и ладни.

    палачинки полнети со јајца и сирење

    рецепт ништо посебно
    палачинки стандард се печат
    се матат јајца и сирење,се филува и се преклопува како триаголник.Се печат 5-6 мин на 200 степени

    ________________________
    Автор: @LiliBoz
    IMG_20171109_194618.jpg
    . 200 гр стопено темно чоколадо се миксира со 80 гр путер , ванила, пола пециво, 100 гр шеќер, 2 јајца, 1 лажица какао и 200 гр брашно. замотано со најлонска фолија да отстои во фрижидер минимум 3 часа.
    потоа се вадат топчиња кои прво се валкаат во обичен шеќер па потоа во шеќер во прав. (едно без друго не испаѓаат вакви)се пече на 180°

    ____________________
    Автор: @MissDior
    IMG_0370.JPG
    . Рецепт за 6 мали парчиња
    4 Лажици овесни снегулки
    Мелени овесни снегулки додавам по потреба за да се хомогенизира смесата
    Две лажици згмечен корнфлекс ( дава убава крцкавост)
    2 мали лажички ленено семе
    Една рака брусница
    5-6 бадеми сецкани
    1 лажиче цимет
    1 лажиче кокос мелен
    1 лажица кокосово масло стопено
    2-3 лажици мед по вкус зависи од медот
    Се горенаведено заедно се меша додека убаво не се спои, во калап или мал сад се става стреч фолија и врз неа се става лажица по лажица смесата притискајќи ја со лажицата за да се добие подобра густина. Од горе се прелева со 4 коцки стопено црно чоколадо и малку кокосово масло. Се мрзне 4-5 часа за да се сече подобро. После сечење го чувам во фрижидер.

    ______________________

    Автор: @orhideea
    image.jpg
    . Рецепт:
    Замесив околу 400 гр брашно 1 јајце, квасец растворен во млака вода околу 15-20 гр квасец, јогурт и малку сол. Од како стаса тестото со рака развлеков 2 кори. Едната поголема од тепсијата односно краевите да бидат надвор од тепсијата другата точно колку тепсијата.
    Ставив кечап, кашкавал, моцарела, шунка, печурки од тегла. Помалата кора се става врз поголемата и со рака се виткаат краевите за да се затвори убаво пицата и се печи.
    Се покрива со крпа и најлон за да омекне убаво.

    _______________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    IMG_20171111_174037_290.jpg
    . Рецепт :
    1 кг брашно
    1/2 литар млака вода
    2-3 лажици масло
    1 лажица сол
    1/2 лажица јаболкова киселина
    малку шеќер
    1 маргарин/путер

    Се замесува тесто, се сучи и се премачкува со пола од путерот, се расукува пак и се премачкува со остатокот, се превиткува и остава во фрижидер пола час покриено со најлонска фолија.

    Правев во кружно тавче, премачкано со путер.Поделив 6 делови ос тестото, расучив кружни форми колку тавчето, најдолната малку поголема да излегува и на крај со неа се превиткува. Во средината меѓу третата и четвртата кора го ставив филот:
    Пола кило праз - ситно сецкан и запржен, зачинет со вегета.
    2 јајца матени
    250 гр урда

    Печев 45 мин на 200.
    ____________________

    Автор: @Mari*
    DSC_1469.JPG
    . Кифлички
    400мл млеко (млако)
    2јајца
    Мала шоља зејтин
    Голема лажица шекер
    Мала лажица сол
    1кг брашно (100-200гр помалку или повеќе)
    Се замесува на меко
    Оставам да стаса и го делам тестото на 2-3 дела
    Месам кора и сечам на триаголничиња
    Ги мачкам со растопен путер и ги виткам кифлињата
    Пред да ги ставам да се печат ги мачкам со жолчка,ставам сусам и по мало парче путер згора

    За мајонезна
    Салама
    Кашкавал
    Варен компир
    Варен морков
    Варен грашок
    Варени јајца
    Кисели краставички
    Мајонез
    Се сецка се на ситни парчиња и на крај се меша со мајонез

    ________________

    Автор: @galapce
    DSC_0626.JPG DSC_0620.JPG

    . Тортулето требаше да е ролат.
    4 јајца
    4 супени л.шекер
    4 масло
    4 брашно
    Пециво,ванила
    Се пече на 200 степени.20 минути.
    Фил
    16 лажици мелени бисквити
    8 л.бадеми
    8 лажици џем јас ставив пола пола,мед и џем.
    Јас ја премачкав одозгора и посолив со сувите состојки.

    Кифлите.
    Се од око
    Во тестото има и вода и кисело млеко и јогурт.
    Брашно,ивасец,сол и шекер.
    Едните се со виршли,другите со сиренце .

    _______________________

    Автор: @danichap
    [​IMG]

    . Набрзаница спремано, за мене и малата, за прошетка низ град.
    Рецепт нема. Леб со млечен намаз и овошје/зеленчук.
    Шери домати, паприка и морков.
    Папаја, манго, калинка, кокос.
    Малини, јагоди, ананас, мандарина.

    _________________

    Автор: @Bubce38
    [​IMG]

    . Рецепт за ќофтенца: пола кило мелено мешано,2 јајца,50мл кисела вода,презла ,рендан компир и кромид ,многууу магданос и зачини. Пржам во врел зејтин

    ______________________

    Автор: @duffi
    [​IMG]
    Кришки намачкани со путер, редени по желба. Потпечени 10 минути
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Рецепти со грав

    Автор: @danichap

    [​IMG]

    Од вечер го ставам гравот да кисне во вода.
    Другата сабајлина го варам и притоа ги фрлам првите 2-3 води. Во последната вода ставам сецкани чушка, морков и кромид.
    Кога ќе биде сварен, во тавата(доколку е со опција и за на рингла и за во релна со истата, во спротивно ќе треба првен во тавче па да се префрли во тавата) ставам масло да се загрее и со дрвена лажица ставам 2-3 лажици црвен бибер.
    Кога убаво ќе почне да гори биберот го дотурам гравот од тенџерето во кое се варело.
    Ставам зачини. Шмекот ми го дава нането.

    Мажот ми не јаде свинско, па одминав со ребренца или сланина, туку со телешки колбаси.
    Совршено би било и со везени суви чушки(пратете по карго оти лиги ми течат мислејќи ма нив:doh:)

    Јас сервирав со типична зимска салата за со грав, цвекло, магдонос и лук. Плус топло лебче бидејќи не го сакам гравот сув, туку со малку чорбичка и за макање.

    --------------------------------------
    Автор: @girl-miri
    [​IMG]
    Prvin gravceto go stavam da se krcka nekoj 20min pa ja smenuvam vodata.
    Potoa dodavam malce maslo,kromid,morkov i sudzuk vo ovoj slucaj(mm ne go saka ako dodadam uste nesto)|(
    Se vari dodeka bide gravot gotov,pred da bide gotov pravam zaprska so kromit,malce mast i malce maslo pa se zaprzuva vo tava i kako ke dobie boja dodavam crven biber ili nekogas domasna crvena salza,go krckam uste 20min i tolku:D

    ____________________________
    Автор: @Someonespecial

    [​IMG]

    Гравот се вари во ладна вода cè додека не зоврие, потоа таа се фрла и гравот се готви во врела вода. Се додава насецкан кромид, сол и бибер. Се вари најмалку околу саат време додека не омекне. Наместо запршка ставив брашно и сол измешани во млака вода за густина.
    Пиперките се пржени 15 минути на масло и накнадно додадени :)
    _______________________________

    Автор: @dunika
    [​IMG]

    Мексиканска салата,супер ми дојде за вечера,а и немам време за гравче утре;)
    Основа мешан лиснат зеленчук,па врз нив неколку парченца маринирано пилешко(остатоци) :),црвен грав,пченкарен чипс издробен,и рендан чедар кашкавал+маслинки.Прелив маслиново и лимон:bow:

    ___________________________

    Автор: @do-re-mi
    [​IMG]

    Chili con carne pero sin carne или по нашки Вегетарјанско чили :D
    Предупредување: има многу сецкање во рецептов, но добрата вест е дека тоа е најтешкиот дел. :!:

    400 гр. црвен грав (сварен или од конзерва)
    1 кромид (по можност црвен, средна големина)
    2-3 чешниња лук
    2 моркови
    1 батат
    2 пиперки (или една бабура)
    70 гр пченка (конзервирана)
    2-3 лажици доматно пире
    1 филџан бујон од зеленчук (може да се замени со вода)

    Зачини:

    бибер
    чили или кајен
    табаско или срирача (лут сос)
    коријандер (или магдонос) по вкус
    лук во прав
    сол (ако ставате бујон можеби и воопшто да не треба сол, пробајте за вкус)

    Ситно се сецка зеленчукот. На тивок оган, во длабок сад и во малку зејтин, се динста/пржи кромидот, па се додава морковот, бататот и пиперките. Не брзајте, важно е да се направи добро софрито бидејќи е основата на јадењево. Целиов процес би требало да трае околу 15-20 мин., на тивок оган. Потоа се додава бујонот, гравот и доматното пире и се остава да се вари додека бататот е комплетно зготвен и течноста е редуцирана на пола (обично потребно е околу 30 мин). Некаде при крај на варењето се додаваат и зрната пченка. Се трга од оган, се попрскува со ситно сецкан свеж коријндер и се зачинува по вкус.

    Го сакам прилично луто („да прочисти синуси“ луто :D), па се заборавам со сосот, но ако не сакате луто може сосема да го прескокнете.

    Се служи топло со начос како прилог, а ако ептен морате со лепче - одлично се комплементира со парче обична проја (без додатоци како сирење и сл.) :!:

    На здравје.:)
    _____________________________________________

    Автор: @ALISA0000
    [​IMG]

    ______________________________

    Автор: @НаталиЛили
    [​IMG]

    ---------------------------------

    Автор: @Ctete
    [​IMG]

    ___________________________________

    Автор: @Bubce38
    [​IMG]

    Посен грав без малку риБичка не ми иде( тоа на мене само:D).
    Гравот ми е од бавчата дома. До душа и кромидот и морковот и пиперката се ми е од мојта фолииЧка:).
    Гравот го киснам од вечер во вода од бунар :). Пред спремањето му дробам се внатре,кромид,морков,пиперка ,му ставам зејтин и го варам саат ипол на тивко.Пред крај му ставам мирудија и зачини. Толку. Не потпржувам.

    _______________________

    Автор: @Arendelle

    [​IMG]

    Горе - долу слично како останатите го киснам гравот одвечер утредента го варам, сецкам кромид и морков, потпржувам со малку масло, црвен бибер, лажица брашно. Потоа ставам зачини и во тавче да подизврие, само овој пат го подзаборавив баајги извре и немав ловоров лист убав мирис дава. Ставив колбаси и додаток салата

    ________________________________
    Автор: @cinderella5
    [​IMG]

    Рецептот е тој, го варам гравчето до кромид, сол и зејтин. Кога ќе омекнат зрнацата додавам 1 патлиџан, ловоров лист и го оставам уште 10тина минути да прокрчка. Го зачинувам, црвен пипер, магдонос.. и потоа го ставам во тава и правец на крчкање. Инаку, тавата ми е со историја. Од бабата на мм е, подарена на свеки и свеки на мене. Само гравче готвиме во неа. Изгледа многу старо и е стара, но мм вели дека гравчето во тавава е посебно. Гравчето е наше, домашно производство.
    Ајде домаќинки кај мене на тетовско тавче гравче.

    __________________
    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]

    Рецепт:
    Сецкан компир варам во посолена вода 15 мин, па додавам конзервиран грашак и конзервирана пченка уште 5-6 мин и ги цедам.
    Варам ориз во голема количина вода 10 мин и процедувам.
    Сите состојки ги ставам во намрсено тавче, додавам зачини и една конзерва црвен грав и печам 10 мин на среден оган.

    ___________________________

    Автор: @Gosh
    [​IMG]
    Варите грав по дома ко што си варите, и при крај само додавате сецкан спанаќ, и то..Звучи шашаво, али функционира...Си се надополнува спанаќот со гравчето, оти и двете се со благ вкус.
    __________________________

    Автор: @kukla21
    [​IMG]

    Купувам ситно гравче (цацер) и го варам со тоа што првите 3 води ги фрлам. Во 4тата ставам сушени пиперки, кромид, сушени домати и оставам да зоврие. Кога почнува да врие додадено димено вратче, нане (свежо) и сушен магданос.
    При крајот, на страна подпржувам праз со дел од сварените суви домати и го ставам во тенџерчето. Вари уште 10тина минути за да се соедини смесата. И воала :)
    Сол се става по вкус :)
    ____________________________

    Автор: @zhap4e
    [​IMG]

    Гравче тавче (по нашински) со сланинка..

    Го варите гравот, стандард - фрлате прва вода и го варите дур е готово. Префрлате во земјена тава.
    На страна, запржувате кромид, пиперка, домат и лук - да омекнат. Го додавате зајрето во гравот, зачинувате со веѓета, црн бибер, босилек, малку црвен пипер и мешате. Го ставате во загреана рерна да се запече. Кон крајот додавате сланинка..можете кога сакате, ова е за сликање, така да....се мисли и на тоа, нали. Ние го сакаме по...течно... Се' друго ни е грав а ла запечена пченка и... не го обичаме такво. Ко додаток.... туршија - зелен домат, краставичка...што имате + сиренце (кој нејќе, не му ставам сиренце).
    Иииииии ... ко шо вика Бугаркана на 24kitchen: Да ви е слатко!
     
    На boomsleng, Annath и CrazyOne им се допаѓа ова.
  14. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема :Зелник
    Автор: @PUPICA
    Screenshot_2017-11-25-20-54-58-1.png
    . 600 гр брашно
    3 шољи(мали,како за турско кафе)млака вода
    1 шоља зејтин
    1 лаж оцет
    сол
    1 маргарин

    Се замесува,на помеко.
    Тестото се дели на два дела.
    И двата дела се расукуваат во круг и се премачкуваат со претходно омекнат,не растопен,маргарин.По пола од маргаринот за секој дел.
    Секој дел се сече во средина круг,а страниците на ленти кои се ставаат во кругот и тестото/кругот се затвора,натапкува.Така споено се става на тањир премачкан со зејтин кој треба да отстои 15-20 минути во замрзнувач.
    Потое се вадат,едниот дел се расукува(за дното),се става фил по желба,другиот дел се расукува и се става одозгора(се нафалтува:D).Врз горната кора може да се стават парчиња маргарин или да се попрска со зејтин.
    Се пече на 180-200°C,30-50 мин,во зависност од рерната.
    Убавината во коматот е тестото,кое е растресито,накај лиснато.

    _______________________

    Автор: @Val-Dim
    DSC_0043.jpg

    . 1кг брашно
    1 лажичка шеќер
    1 лажичка сув квасец
    2 лажички сол
    3-4 лажици зејтин
    млака вода
    Се помешуваат сувите состојки, се додава околу 500мл млака вода т.е онолку колку што е потребно да се замеси средно меко тесто. Се додава зејтинот и убаво се меси тестото, треба да не се лепи за рацете, да биде хомогена топка!!! Од тестото се кинат мали топчиња и се премачкуваат со зејтин. Од секое топче се расукува мала кора, се премачкува со зејтин и се „тегне“, што повеќе и потенко, тоа подобро... На добиената кора се посипува фил - исжено мелено месо со многу кромид, блитва, спанаќ, праз, сирење, урда. пржена зелка... Се завиткува во ролна и се формира баничка. Откако ке стасаат баничките се печат во добро загреана рерна.

    ПС Овој пат правев пица банички... Од кечапот се малку темни одозгора :)
    Дааа... Има и со сирење :tmi:

    ____________________________

    Автор: @НаталиЛили
    IMG_20171126_122739.jpg

    . Се меси тесто со млака вода, брашно и сол. Потоа се прават топчиња.
    Секое се расукува и се премачкува со масло. Потоа сд тегнат кори.
    Секоја кора се попрскува со масло и се става зарзаветот

    ________________________

    Автор: @shz
    received_1832058070145977.jpeg

    . За тесто:

    700гр брашно
    400мл вода
    1 лажица сол
    и ептен малку квасец

    За фил:
    еден струк праз
    2 јајца

    Подоготовка
    Се меси тестото, се прават 7 топчиња се омрсуваат и се покриваат со мушама да одморат малку. Потоа се расукуваат, првата кора се става врз целиот плех, потоа другите се викаат и се редат во круг секоја кора се опрскува со зејтин.

    На средината се става празот и на крај се покрива со последната кора и со остатокот од првата кора и се пече.

    Кога ќе биде готов зелникот се попрскува со вода и зејтин.

    ______________________

    Автор: @Annath
    IMG_20171126_131633.jpg

    . Мојот комат или зелник, кој како милува. Во плех од рерна го правам.
    Рецепт:
    Мерките ми се од око, ама вака:
    Околу 700-800 г брашно
    Пола филџанче масло
    Коцка квасец
    Сол по вкус
    Млака вода околу 400 мл, со лажица шеќер.
    250 г маргарин
    Страк праз, околу 400 г изварка и едно јајце.

    Се раствора квасецот во водата со шеќерот. Се просејува брашното со солта и се прави дупка во средина, се истура течноста и маслото и се меси меко тесто,да лепи по малку.
    Имам две варијанти понатаму, една побрза, друга подолга.
    Целото тесто се дели на топчиња. Мене ми излегоа 30, ги поделив 16 за долната кора, 14 за горната.
    Секое топче се расукува посебно, одозгора се мачка со маргарин и се ставаат едно врз друго. Кога ќе се наредат сите расукани топчиња од првата кора (16), се сукаат сите заедно во една поголема кора. Се мачка со маргарин, се сече на триаголници, ама не до крај, и се преклопуваат еден врз друг на средината каде што не е сечено. Се става така свиткано во фрижидер.
    Потоа се сукаат топчињата за втората кора исто како за првата, постапката е целосно иста и се става и овој дел во фрижидер. Во меѓувреме празот ситно се сецка, се пропржува на малку масло и се додава вода да се издинста. Се трга од оган, се става сол по вкус и се додава изварката и јајцето, па се меша убаво.
    Се расукува долната кора во големина на плех од рерна, со тоа што е пожелно да е малку поголема од него за да може да се навитка на краевите. Се става во подмачканиот плех со масло, се виткаат краевите, се истура филот по цела кора ( без свитканиот дел) и убаво се распоредува. Потоа се сука и горната кора да биде малку поголема од плехот, па се става врз филот и малку се набира. Повторно се виткаат краевите.
    Одозгора се премачкува со малку масло. Се пече околу 20-30 минути на 190 степени.
    Кога е испечен, се вади од рерна и додека е жежок се попрскува со ладна вода и се покрива со чиста крпа, да омекне. Одозогора може да се стави и подебела крпа да држи топло.

    Другата варијанта е директна поделба на тестото на два дела, едниот малку поголем. Се расукува во голема кора, се мачка со маргарин и се сече на триаголници од средината према краевите и се виткаат према центарот, па се става во фрижидер, истото се повторува и со другиот дел од тестото. Постапката понатаму е иста.

    ________________________

    Автор: @zhap4e
    23905200_10215125534115983_3851845260678895987_n.jpg

    . Tarta Pasqualina (видоизменета италијанска „Велигденска пита“ - спанаќ, урда+сирење и цели јајца)
    И обичнапита со праз+урда и спанаќ+урда

    За италијанската.... ја направив малечка тавичка, оти прв пат ја правам.
    Состојки: 300гр +/- брашно, 150мл+/- млака вода, сол, малку оцет. За филот: 300-400 гр спанаќ, од око урда, малку сирење (всушност треба рикота сирење, ама ние сељаците...нели) и 3 цели јајца - можете во смесата да ставите и кремсир, но минус ствари = минус калории и минус трошоци, нели ц.
    Се замесува тесто... го оставате да постои петнаесетина минути. Се разделува тестото на четири топчиња. По две за долната и горната кора. Две по две се соединиуваат корите со зејтин измеѓу. Се расукуваат. На намастена тава, се редат двете долни кори. Се става од филот - спанаќот измешан со урдата. Правите три легла - дупчиња во филот во тавата, како триаголник...во нив кршите по едно живо јајце. Одозгора рендате сирење и ја покривате питата со горната кора. Обележете си го делот со јајцата, за да знаете каде точно да си го направите пресекот. Се пече дур не порумени на 220степени.

    Другите две се обични, ко и на Пупи - брашно, вода,малку оцет, зејтин, сол за тестото. 10 топчиња по пита. Петза долната кора, пет за горната. Измеѓу од филот...испржен праз, измешан со урда и спанаќ измешан со урда.

    ______________________

    Автор: @sesilija
    24020081_1622090357854043_270494397_n.jpg

    . Рецептот е истиот од погоре од Пупица само јас ставив повеќе брашно бидејќи очигледно пијам кафе од поголема шолја, па кога ставив 3 шолји вода ептен ми стана кашесто тестотото и морав да додадам уште брашно.

    Филот е комбинација од филот од сеченицата од Орхидеја- значи кисело млеко со 4% масленост, сирење, малку урда, пропржен праз и неколку перца младо кромитче.

    ___________________

    Автор: @Espadrila
    20151223_145256.jpg

    . ВЛАШКИ ЗЕЛНИК
    не знам зошто е влашки, а и јас не сум влаинка.Такво му е името
    Рецепт
    500гр брашно
    1 квасец
    2 белки+2 жолчки за премачкување
    1м.л.сол
    1/2 м.л. шеќер
    1каф.чаша зејтин
    200 гр јогурт
    Маргарин за мачкање
    Фил
    Околу 500гр обарен спанаќ
    2 мали павлаки
    По желба сирење (околу 200гр)
    Сол по вкус

    Се замесува меко тесто и се дели на 6 топки.Секоја од нив се сука во кора со големина колку тавчето бр.28 макс.30 и одозгора се мачка со маргарин.се става од филот на секоја кора.Последната одозгора се мачка со жолчките.Се сече на коцки и се остава да се кисне околу 30 мин.
    Се пече на 200степена.
    Напомена за брза постапка
    1.Не мора посебно са се раствара квасецот туку може да се срони во брашното и се заедно да се замесе.
    2. Не мора да се кисне 30мин.Доволно е 3-5 минути на 50 степени во рерна а штом ќе надигне се појачува на 200 степени и се пече.
     
    На Espadrila, Mariangel, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Бомбици

    Автор: @sia.bella


    Рафаело бомбици
    [​IMG]
    250 гр маргарин
    100 гр вода
    300 гр кокос (плус за посипување)
    300 гр шеќер
    300 гр млеко во прав
    100 гр печени лешници

    Водата, шеќерот и маргаринот се ставаат на оган да се стопат и зовријат, потоа се додаваат кокосот и млекото во прав. Кога ќе се излади смесата се обликуваат бомбици во кои се става по еден лешник и се валкаат во кокос.
    ___________________________

    Автор: @referentka

    Кокос бомбици со брусница
    [​IMG]
    Рецепт:
    Потребни продукти
    -500 мл слатка павлака
    -500 гр ресана (помината низ сецко)
    -100 гр брусница(ситно сецкана)
    -кандирано овошје или 100 грама желе бонбони (сецкани)
    -200 гр кокос (100 во тестото и 100 за валање)
    -100 гр сецкани ореви
    -100 гр шеќер

    Припрема:
    Се мати слатката павлака и се додаваат сите продукти.
    Најубаво е смесата да отстои пред да се прават топчиња.
    Секоја бомбица се вала во кокос.

    И..се јаде:)
    _______________________________________

    Автор: @kuc

    Бомбици со жолчка
    [​IMG]
    2tvrdo vareni zolcki se pasiraat so 80gr.margarin,80gr.seker vo prav i malku rum.
    Se pravat mali topcina i stojat vo frizider.
    250gr.meleni orevi,150gr.seker vo prav ,300gr.cokolado topeno 1belka i malku rum.
    Se mesi testo .Se zema od testoto malku i vo nego se stava od malite topcina i se formira bombica.
    Se brbela vo rendano cokolado.

    Ova e eden recept od bombicive site se razlicni vkusivi.
    Dobar apetit !!!
    __________________________________________

    Автор: @SofiMar_

    Здрава верзија на бомбици
    [​IMG]

    Потребни се 5-6 урми малце покиснати во вода, 5-6 капинки, пола банана, овесни снегулки, 1 лажиче какао и малце кокосово масло. Се блендира се заедно и се формираат топчиња. Одозгора ставив по една боровинка и во фрижидер да се стегнат.
    ______________________________________________

    Автор: @LiliBoz

    Рошер Фереро
    [​IMG]
    Бомбициве се познатите Рошер Фереро. Сигурно сте чуле или веќе пробале. Мои и на мм омилени! Нормално, кој не ги пробал уште одма го напнувам да ги прави!
    Рецептот е лесен, мерки јас од око ставам искрена да бидам ама од прилика ќе ги пишам.
    150 гр политанки од лешник, 150 гр печен лешник, 200 гр нутела, 150 гр чоколадо за готвење и малце масло.
    Се сецкаат политанките, лешникот се сецка и дроби на ситно, се меша со нутела. Се става да стегне малку. Топената чоколада со маслото служи за валкање. Можете и потоа уште еднаш во лешник да ги извалкате ама според мене нема потреба доволно се јаки и вака.
    ___________________________________________________

    Автор: @Espadrila

    Алијас домашни Фереро Рошер
    [​IMG]\
    150 гр политанки од лешник
    150 гр печен лешник,
    200 гр нутела,НО СЕКАКО МОЖЕ И СО ДРУГ еурокрем...
    150 гр чоколадо за готвење и малку масло.
    Се сецкаат политанките, лешникот се сецка и дроби на ситно, се меша со нутела. Се става да стегне малку. Топената чоколада со маслото служи за валкање. Можете и потоа уште еднаш во лешник да ги извалкате ама според мене нема потреба доволно се јаки
    ____________________________________

    Автор: @f.girl

    Бомбици од просо
    [​IMG]

    100 гр просо
    50 гр овесни снегулки
    Се варат на тивок оган да се згуснат. Откако ќе се оладат се ставаат 2-3 лажици мед и кокос по потреба за да се направи хомогена смеса, односно да може да се направат топчиња. Внатре се става било што, во случајов брусници претходно потопени во рум. И на крај се декорираат со кокос.
    ________________________________________

    Автор: @Viktorijaaa5

    Бомбици со портокал
    [​IMG]
    Пола маргарин се топи со 200гр шеќер и малку сок од цеден портокал.Се додаваат мелени ореви,плазма мелена (додека смесата се направи совршена за формирање на топчиња)и на крај рендана кора од еден портокал.
    Се обликуаат бомбици и се декорираат со мелени ореви.

    Скоро секогаш ги правам од око па немам точна грамажа за орев и плазма.
    Меки и преубави се на вкус
    ________________________________________________

    Автор: @orhideea
    [​IMG]

    Фереро се од лево прпелани во наполитанки, белите се рафаело и другите што се мешани со рафаелото се со банана.


    https://moirecepti.mk/post/фереро-рошер-бомбици

    За рафаело:
    1 пакетче пудинг од ванила
    250 мл млеко
    3 лажици шеќер
    200 гр кокос
    Околу 50 лешници
    Пудингот и шеќерот се мешаат па се додаваат во загреаното млеко, кога ќе е готов пудингот се остава да се олади 5-6 мин и му се додава кокосот и се меша убаво и се формираат бомбици во средината се става цел лешници. И се прпелат во кокос па во фрижидер.

    Бомбици со банана:
    2 банани
    250гр бисквити
    150гр шеќер во прав
    50 гр кокос
    100 гр чоколадо за готвење
    За одгоре се топи околу 150 гр чоколадо и се чоколадира ама јас не ги чоколадирав.
    Чоколадото се ренда бисквитите се мелат или кршат на ситно. Бананите во сад се пасираат со вилушка, и сите состојки се мешаат заедно додека се соединат. Доколку е течна смесата се додава бисквити. Се оставаат во фрижидер 2 часа потоа се чоколадираат.
    __________________________________________________

    Автор: @shz

    [​IMG]
    1 белка
    100гр шеќер во прав
    100гр мелен орев
    120гр мелени бисквити
    100гр растопено чоколадо
    рум

    За преливање:
    70гр растопено чоколадо
    1 лажичка масло

    Се мати белката со шеќерот, се додаваат растопеното чоколадо, бисквитите, рум и оревите.
    Се формираат бомбици и се украсуваат по желба.
    _________________________________________

    Автор: @Bubce38

    [​IMG]

    [​IMG]
    Солени бомбици правев јас .
    250 гр палента се вари со сол на средно густо. Се трга од оган и после 5 мин се додаваат 3 претходно изматени жолчки. Една лажичка путер.Се додава и сирење . Јас ставив од око ( едно парче -кафанско парче:)). Се прават бомбици. Се увалкуваат во белките , па сусам и се печат околу 20 мин на 180.
    По печењето со лажичка се премачкува горниот дел со павлака и се наросуваат со микс коктел ( семки од тиква, сончоглед и соја)
    Јас си ставив и буковец

    И едни блаЧки пијани бомбици.
    Сок од 1 портокал
    100 гр суво тропско овошје (претходно малку отстоено во ликер blue curacao.
    Околу 300 гр мелена плазма
    100 гр црно чоколадо со портокал -линт .
    100гр путер изматен со 150 гр прах шекер
    Малку ореви (за адет:)).
    Се прават бомбички и се увалкуваат во кокос натопен со ликерот. Во фрижидер барем пола саат. Моите не стоеја :D
    ______________________________________________

    Автор: @MissDior

    Здрави бомбици
    [​IMG]
    Влажна смеса
    Се покиснуваат 6 сецкани урми и една рака брусница, една лажица чија семе во сок од еден цеден портокал и лажица цимет, 1 саат.
    Сува смеса
    300 гр овес и една рака бадеми се мелат, при крај се додава две лажици семки од тиква и две лажици сончоглед лупен несолен. Се додава една лажица ленено семе, интегрален сусам, една лажица кокос, една лажица кокосово масло, две лажички мед.
    Се меша сувата смеса со влажната додека не се спојат. Се прават топчиња и се ставаат 5 мин во замрзнувач. Лесно се валкаат во какао и се прскаат со стопено чоколадо и пола лажица кокосово масло. Од оваа количина излегуваат 10 бомбици. Ги чувам во фрижидер 2-3 дена.
    Комбинацијата на сок од портокал, цимет и брусница мириса неодоливо, откако почнав да ги правам немам желба да пробам од класичните бомбици.
    _________________________________________________

    Автор: @Annath

    [​IMG]
    Не се баш бомбици, слатки гнезда се, ама може да пројдат како бомбици ако не им ставате ништо одозгора и ако ги правите како топчиња.
    Потребно е:
    100 г чоколадо
    200г шеќер (ставив 100г)
    100г маргарин
    300г мелен кекс по желба (може обични бисквити, а може и плазма)
    200г кокос (пола за валкање на бомбиците)
    200мл вода
    Слатка павлака или шлаг

    На оган се ставаат шеќерот и водата да се стопи убаво. Кога ќе зоврие, се трга од оган и се додаваат чоколадото и маргаринот да се растопат. Ако има потреба уште се држат на оган додека да се стопат целосно. Се меша убаво и се додаваат мелените кекси и 100г кокос. Ако не е доволно густа смесата може да се додадат уште кекси или кокос, или пак може мелени ореви или лешници за побогат вкус.
    Се прават бомбици, се валкаат во кокос, се прави дупка на средина со прст и се става изматена слатка павлака одозгора. Може и еурокрем да се стави, или пак да се остават така.
    __________________________________________

    Автор: @IronLady

    Рафаело
    [​IMG]

    Потребни состојки:
    - 500мл. млеко
    - 5-6 лажици шеќер
    - 7 лажици густин
    - ванилин шеќер
    - лешници
    - 2-3 пакетчиња кокос

    Подготовка:
    Се вари млекото, а во него се додава шеќерот. Во меѓувреме, густинот се меша со ванилиниот шеќер и вода и се додава во млекото. Се вари исто како пудинг.
    Откако ќе се свари, треба да почекате да се олади. Кога смесата барем ќе биде млака, тогаш се додава кокосот и се меша. Потоа се прават топчиња и во средината на секое од нив се става по еден лешник.
    На крај се валаат во кокос.

    Можам да кажам, за разлика со пудизни или слично ..бомбициве со густин, ем поцрвсти се, ниту ја губат својата форма, и поубави ми се.
    Сличен вкус скоро до оргиналните рафаело. :)

    -
    _____________________________________

    Автор: @Yowannty
    [​IMG]
    Мелена плазма, мелени ореви, кацкани ресани и кацкани чоко бананчиња, топени бели чоколади, млеко додека се направи смеса добра за формирање топчиња. :) Валкани во мелени ореви.
    _______________________________

    Автор: @НаталиЛили
    [​IMG]
    200 грама мелени бисквити
    200 грама потпечени сецкани лешници
    150 гр вода
    150 гр шеќер
    Се вари шербет и се додава 75 грама маргарин.
    Топлиот шербет се полева врз бисквитите и лешниците и се меша. Се остава да се олади.
    Се формираат бомбици и се декорираат по желба.
    ___________________________

    Автор: @vitamina

    Рафаело бомбици
    [​IMG]
    500 мл млеко
    1 кеса пудинг од ванила
    2 реда топено бело чоколадо
    Кокос по потреба.
    Се прави пудингот, се става чоколадото па кокосот да добие доволно тврда смеса за бомбици.. се валкаат во кокос и чоколадни мрвици..
    _______________________________________

    Автор: @dunika
    [​IMG]

    Во два чоколадни пудинзи,варени по упатство нели,дур се топли се истура 1шолја мелени бисквити,1ш мелени лешници,1ш мелен бадем и една голема лажица нутела.Се остава смесата во фрижидер да се стргне,па се обликуваат бомбици.Моите се валкани пола во бадем,пола во микс од мелен кокос и сува малина:bow:
    _____________________________________________

    Автор: @macka91
    [​IMG]
    Бомбици посни

    Крем, плазма мелена, бадеми кацкани и соино млеко се меси се заедно. Се е од око ставано
    ____________________________________________
     
    На Dashing:), boomsleng, tace73 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Рецепти со шербет

    Автор: @AnaKarenina

    Баклава баjaдера
    DSCN5262 (1).JPG

    .Потребно е следното:
    - 600 грама кори
    - 500 грама лешник (потпечен, ситно мелен)
    - 220 грама маргарин
    - 150 грама зејтин

    - 700 грама шеќер
    - 600 милилитри вода
    - лимон и ванилин шеќер
    (ова е за шербетот - водата и шеќерот треба убаво да вријат, а парчињата лимон се ставаат на крај)

    Во плех се редат две кори на дното и се посипува од измелениот лешник. Потоа пак се става кора (ама една) и се става од лешникот. Така се редат додека не се потрошат корите, а пред да се пече се сече на правоаголни парчиња. Се полева со топол зејтин и маргарин (претходно измешани) и се покрива со две кори за да не изгори. Се пече на 200 степени околу 50 минути (ама тоа зависи од рерната). Откако ќе се испече, горните две кори се фрлаат, а баклавата се попарува со врел шербет додека е топла. Парчињата лимон се распоредуваат по целата баклава и се остава еден ден да отстои.
    Многу едноставна, а превкусна :) Штом колегите Турци ја испофалија, значи стварно е добра :lol: Парчињата лимон мене и така ми се вкусни да ги грицкам

    __________________________________

    Автор: @SofiMar_

    received_303158870042350.jpeg

    . received_1253738711345463.jpeg

    ----------------------
     
    На hermosa и Dust им се допаѓа ова.
  17. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Рецепти со цимет

    Автор: @Arendelle
    IMG_20171215_111928_677.JPG

    . Едноставен, брз и навистина ароматен колач башка и посен.
    Состојки:
    12лажици шеќер
    400мл вода
    10 лажици мармалад од сливи (може по желбс)
    4 лажици мармалад од кајсии
    1 мало лажиче сода бикарбона 1пециво
    1полна мала лажичка цимет
    1 лажичка анис
    прав шеќер за наросување
    Се става прво водата и шеќерот па мармаладот и останатите состојки, сето тоа убаво се меша со лажица да се добие хомогена смесата. Печев во правоаголно плехче 28 околу 45 минути на 200 степени, кога ја исклучив рерната го оставив уште малку. Потоа се наросува шеќер во прав и спременза послужување. Циметот преовладува, колачот доаѓа сочен на јадење од мармаладот,погоден за зимски денови, може да се најде и на трпезата на некоја посна слава.

    _____________________________

    Автор: @MamacitaBuena

    IMG_20170918_3.jpg

    . 1,5 чаши шеќер
    2 чаши брашно
    2 јајца
    250 мл.млеко
    100 гр.млечно чоколадо
    70 гр. путер
    1 прашок за пециво
    1 лажиче цимет

    Се мешаат сите суви состојки заедно со изренданото чоколадо.Млекото и путерот се ставаат на оган додека се стопи па се додаваат кон сувите состојки.Се меша убаво со шпатула.Потоа се додаваат и двете јајца па со миксер се меша убаво.Се става во правоаголна модла и се пече околу 30 минути на 180 степени.

    __________________________

    Автор: @Mariangel

    844694BD-F59B-453C-BA28-1C09D3B5691B.jpeg

    . Se vari 1l mleko so 1 sholja (za kafe) oriz i polovina sholja zejtin na tivko. Chesto se promeshuva da ne se zalepi orizot na dnoto. Koga ke bide svaren orizot se dodava 1 paketche vanilin sheker i 4 golemi lazhici sheker i se popushta malku temperaturata. Se ostava da provrie ushte nekoi 5-6 min (ke vidite dali e dovolno gusto) i se servira so cimet :inlove:

    _________________________________

    Автор: @Someonespecial

    IMG_20160113_172817.jpg

    . Состојки:
    Една чаша од 300 грама ориз
    2 кесички ванилин шеќер
    12 лажици шеќер
    1 литар млеко
    500 милилитри вода
    100 милилитри зејтин

    Состојките се ставаат во тенџере заедно и се ставаат на тивок оган да зоврие. Откако ќе зоврие ,се вари уште 40 минути во покриен сад
    Откако ќе се свари сутлијашот се става во мали садови и се украсува по желба со цимет или какао.

    _____________________________________

    Автор: @MissDior
    AD340811-AFF1-43C0-BCFB-195B697D1F12.jpeg

    . Овој рецепт го правам најчесто за доручек или ужина (ќерка ми која има 2 години го обожава) предност е што е здрав и многу брзо се спрема. Од едно јајце излегуваат 3 палачинки.
    Се мати со вилушка едно јајце со една лажица млеко се додаваат еден филџан мелени овесни снегулки со неколку мелени бадеми, пола лажичка цимет, прстофат сода бикарбона или пециво, се меша убаво се заедно. Се остава да одстои 5-10 мин. На загреана и подмачкано тава се печат палачинки. Јас ги гарнирам со свежо сецкано овошје, јаболки, портокали и вишни кои совршено одговараат со циметот. Преливам со сируп од капини (како во овој случај) или некој џем кој го имам во моментот.

    ___________________________________

    Aвтор: @Val-Dim
    DSC_0009.jpg

    . 2 јајца
    1 коцка путер / маргарин
    5 чажици кафејав шеќер / бел шеќер
    500 гр интегрално брашно
    1 лажица цимет
    суво грозје / ореви / мармалад

    Се матат јајцата, шеќерот и маргаринот, се додава брашното и циметот и се замесува тесто. Се додава сецкано суво грозје или ситно сецкани ореви и се убаво се воедначува. Од добиеното тесто се расукува кора дебела околу 1 сантиметар и со модла се сечат колаченца. Се пече во тава обложена со хартија за печење, кратко, до првото „заруменување“.
    Од истото тесто се прават и окригли колаченца без суво грозје / ореви, кои што се „лепат“ со мармалад...

    _________________________

    Автор: @dunika
    1CC129EF-BA49-455C-A4CE-015AA3E7EA9B.jpeg
    . Во длабок сад најпрво се матат цврсто 3 белки,па се додава прстофат сол,250гр шеќер во прав,1 ипол лажичка цимет,малку лимонов сок,и 350 гр мелени бадеми.
    Добро измешаното тесто се расукува на работна површина со дебелина од 7мм.Се вадат ѕвезди со калапче,па на пекарска хартија и во релна,5-6 мин на 250C.
    Ѕвездиве нормално се глазираат,со смеса од белка и шеќер во прав,па преноќуваат да се исуши и стегне глазурата.Јас тој дел го прескокнав:)
    И да,во кутија добро затворени може да се чуваат и две недели:*:

    ____________________________

    Автор: @didi1982
    praznicen kolac.jpg

    Посен празничен колач

    - 1 чаша брашно (250 mL)
    - 1/2 чаша кафеав шеќер
    - 1 лажичка пециво
    - 2/3 чаша суво грозје (претходно потопено и одстоено во рум и цимет)
    - 1/3 чаша сечкани лешници
    - 1/3 чаша рендан морков
    - 1/3 чаша масло
    - 1/3 чаша сок од цеден портокал
    - кора од 1 портокал
    - кора од 1 лимон
    - 1 лажичка нарендан свеж ѓумбир
    - 1/2 лажичка цимет

    Ги промешуваме брашното, пецивото и шеќерот. Лешниците ги сечкаме и заедно со сувото грозје ги додаваме кон сувите состојки. Рендаме морков и ѓумбир како и корите од портокал и лимон. Додаваме цимет, маслото и сокот од цеден портокал, па целата смеса ја соединуваме со лажица.Ја истураме во калап за ролат, кој го намрсуваме и набрашнуваме или обложен со хартија за печење. Го печеме во загреана рерна околу 35 минути на 180 степени (може и подолго).

    __________________________________

    Автор: @Annath
    IMG_20171217_132235.jpg

    . Потребно е:
    3 шолји брашно
    Лажиче сода бикарбона за јадење (може и прашок за пециво наместо сода)
    Пола лажиче сол
    2 лажички калиум битартарат (замена се 4 лажички лимонов сок или алкохолен оцет)
    Шолја несолен путер на собна температура
    Пола шолја кафеав шеќер (light brown)
    Една плус четвртина шолја обичен шеќер
    2 големи јајца
    2 лажичиња екстракт од ванила
    2 лажичиња мелен цимет

    Рерната се загрева на 190 степени. Се мешаат сувите состојки (брашно, сода, калиум битартарат, сол). Ако користите лимонов сок, оставете го за подоцна.
    Во длабок сад се мати путерот со кафеавиот и шолја од белиот шеќер, да стане пенест. Се додава ванилата, лимоновиот сок, јајцата. Се мати убаво на најголема брзина. На смесата се додаваат сувите состојки и се мати со миксерот на најмала брзина, да се измеша убаво. После и со рака се меси, тестото е малку лепливо, може да се додаде брашно, ама нема потреба.
    Во чинија се мешаат циметот и преостанатиот шеќер. Се прават топчиња од тестото, се валкаат во смесата од цимет и шеќер и се сплескуваат, се редат на хартија во плех. Се печат 12-14 минути на 190 степени во загреана рерна. Ако ги оставите подолго, ќе бидат тврди.

    _________________________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    IMG_20171217_130427_525.JPG
    . 15 лажици брашно
    1/2 лажиче пециво
    Прстофат сол
    Ванилин шеќер
    1 лажиче цимет
    2 лажици шеќер
    1 лажица мед
    1 лажица масло
    350 мл вода

    Се меша со миксер и да отстои пола час па се додава
    1 зрела пасирана банана

    ______________________________

    Автор: @Monella

    [​IMG]

    . Тиквата ја сечеме на покрупни парчиња, ја ставаме на хартија за печење, печеме на 200° околу 40 мин.
    Кога тиквата е уште топла одозгора ставаме по 1 лажиче мед и цимет.
    По желба јаткасти плодови и суво овошја (во мојот случај ореви и суво грозје)

    п.с Рузмаринот е за декорација :!:


    _________________________________-

    Автор: @JuLleE
    [​IMG]

    . Се клапат 3 јајца, еден филџан шеќер, пола зејтин, две брашно, еден или два филџана млеко или јогурт, пециво и ванилен шеќер. Значи се прави обичен пандишпан. Се ренде јаболка и се додава цимет. И во тестото ставам малку цимет. Се пече и на крај се народува со шеќер во прав.
    --------------------------
     
    На Dust, azelea, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Рецепти со праз

    Автор: @Espadrila

    [​IMG]
    РЕЦЕПТ
    Нема некоја филозофија но
    Околу 8 страка праз (или 2 комплета) а секако може и повеќе од причина што ќе се слее... Се пропржуваат на малку зејтин. Предлагам да го пржете во тенџере од старт за да го собере иако на крајот ќе се смали скрос.
    Откако ќе го пропржете доволно (пазете да не го изгорите) се додаваат зачини како сол, црн пипер вегета и црвен пипер.
    Риби по желба. Препорачливо езерски или речни. Со морски не сум сигурна за ефектот. Овие конкретно не се сеќавам какви беа, но последниот пат (од кој немам фото доказ) беа црвеноперки и беше одлично.
    Рибите исчистени и измиени се овалкуваат во брашно па се редат во тавата во која предходно сме го ставиле пропржениот праз. Ги посолуваме. Измеѓу во тавата ставаме излупени парчиња кромид. Полеваме малку вода и ставаме да се пече.
    На здравје.
    Се надевам ви дадов добра идеја за ручек викендов и ви се допадна идејата риба со праз.
    ______________________________________

    Автор: @dunika

    [​IMG]

    Од мене уште една швајцарска класика-Гратиниран компир со праз
    Количина одредете си сами,према бројот на лица и тавата секако:),јас за двајца употребив 5-6 компири и еден голем страк праз.
    Најпрво се сечат на тенки кругови(компирот и празот)и во голема нелеплива тава се продинстуваат во малку вода и лажица путер.Ова трае 10тина мин,а во меѓувреме на страна се подготвува бешамел сос(путер+брашно+млеко),и се зачинува со бибер,сол и мускатно оревче.
    Компирите се префрлаат во огноотпорен сад,се полеваат со сосот+ рендан кашкавал и одат 20тина мин во релна на 180-200C.
    Превкусно е,за зима и со винце е супер,а можете да ставите и коцки сланина во печењето8)
    ___________________________________

    Автор: @didi1982
    [​IMG]

    Кора:

    - ¼ чаша чиа семе отстоено во вода

    - 2 лажици брашно

    - 2 лажици гриз

    - 1 чешне лук

    - 2 лажици маслиново масло

    - Вегета

    - 1 чаша палента

    - 3 чаши вода

    Најпрво се вари густа палента, се остава да олади, па се додаваат другите состојки, по што смесата се блендира до соединување. Се распоредува во соодветен калап и пече околу 15-20 мин на 180°C.

    Фил:

    - 2-3 страка праз

    - 200 г тофу

    - 100 г суви домати во масло

    - 100 г марининарни црни маслинки во (со) лук

    - 400 мл соја крем за готвење

    - свежи зачини (темјан, рузмарин, оригано и жалфија)

    - 1 лажиче кумин

    - Вегета

    Празот се пропржува додека да омекне, се додава исецканото тофу, доматите и маслинките. Зачините се блендираат и додаваат кон смесата, заедно со куминот. На крајот, се додава соја кремот.

    Филот се става над оладената кора и се пече околу 30-40 мин на 180°C.

    Bon apetit!
    ____________________________________

    Автор: @danichap

    [​IMG]

    Набрзаница наредив нешто како бурек/зелник:D. Праз ми се уврте во глава, па морав. Приложив како додаток кон главното јадење печено месо од елен.

    Потпржениот праз, спанаќот и варениоѕ ориз, плус зачини, се зајрето. Секоја кора ја прскав со мешавина од масло, минерална вода и квасец. На предходно затоплена релна, околу пола час, 180-200 степени.

    ____________________________

    Автор: @zhap4e

    [​IMG]


    Праз со компир
    Многу едноставно, брзо, лесно и превкусно јадење, кое го обожавам, барабар со другите макала и салати со праз. Варите компир, пропржувате праз. Во пропржениот праз го додавате компирот (иситнет / испасиран, како сакате) да се пропржи малку. Зачинувате со сол, црн бибер. Додавате сосема малку вода, замешувате и оставате да искипи. Оди како додаток со месо, колбаси... но, доволно е и како такво.
    Јас го сакам со маслинки и сирење.
    Salut.
    _____________________________

    Автор: @ilyan

    [​IMG]

    Тетовско тавче гавче со праз , суви пиперки и колбаси.
    Гравчето се вари и се фрла првата вода. Потоа, се се става повторно да се вари заедно со сувите пиперки и колбасите. Кога ке биде при крај, настрана се запржува многу праз, малку кромид, сецкана свежа пиперка ( може и од фрижидер) се додава црвен пипер и се става во веќе сварениот грав и колбасите, исто така се додаваат зачините и сувиот пипер кој се чисти од лушпата, се трие со вилушка и се додава во тавата. Се потпекува во рерна и се јаде:D. Може да се попари со лукче и врел зејтин, но јас не ставив , оти ќерката не е љубител на лук. Не го спремав за натпреваров, отпосле ми текна за темава со праз,инаку ќе го ставев во поубава тава, ама и вака ќе помине.:lol:


    _________________
     
    На hermosa, boomsleng и Lorins им се допаѓа ова.
  19. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Новогодишна трпеза


    Автор: @simonka93
    IMG_20171231_201532.jpg

    __________________________

    Автор: @НаталиЛили
    IMG_20171231_195314.jpg
    IMG_20171231_195515.jpg

    _____________________________;

    Автор: @Mariangel

    D9340989-8E95-4A31-9F2E-90C4C6AE4AEB.jpeg

    61DCDCE3-435D-4BE3-9F07-64AD8621ED52.jpeg


    __________________________________-

    Автор: @danichap

    IMG_0604.JPG

    IMG_0605.JPG
    IMG_0607.JPG

    IMG_0614.JPG
    IMG_0616.JPG
    . Главно јадење месо од елен со гарнир печен компир, морков и пржени печурки. Месото од вечер го ставив во саламура од црвено вино, масло, розмарин, крупа сол и крупен бибер.
    Другиот ден го ставив под фолија заедно со саламурата. Се печеше на 200 степени околу 2.5 часа. Потоа ги ставив и компирите и морковите во табата. Се заедно измешав и оставив уште околу пола час. Потоа ја тргнав фолијата и оставив да добие боја.
    Месото беше превкусно и многу сочно.

    Десерт Пана Кота(за 4 порции).

    3 слатки павлаки, 4 лажичиња шеќери, 3 стапчиња ванила (кои убаво се грепкаат) се ставаат сите заедно да се готват.
    Кога ќе се крене нагоре се трга на страна, се тргаат стапчињата ванила.
    4 парчиња желатин предходно стоени во ладна вода(1-2) стоени се додаваат во првата смеса.
    Мешаме се заедно и оставаме да отстои, првен на собна температура, потоа неколку часа во фрижидер. Кога ќе зацврсти се засекуваат ќошовите и се превртува во друго чиниче за да делува така како желе. Како додаток малини.

    Касна закуска
    Исеков багет, крекери завиткани со телешка чадена сланина кои се макаат во сос од лук, масло од авокадо и масло од тортуф за макање со багетот, маслинки и кашкавал за мезе.
    Плус вино и линонада од грејпфут, портокал и лимон.

    _______________________________________

    Автор: @dunika
    [​IMG]
     
    На Dust, referentka, carangigia и 6 други им се допаѓа ова.
  20. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Божиќен десерт

    Автор: @MamacitaBuena
    IMG_20180105_1.jpg

    . 1коцка квасец
    800 гр брашно
    100 мл топло млеко
    200 гр шеќер
    100 гр шеќер во прав
    Малку сол
    200 мл кисела павлака
    2 јајца
    Суво или кандирано овошје по избор
    250 гр путер
    Бадеми или ореви
    2 ванили
    Рум екстракт
    Цимет,кардамон

    Сувото овошје исецкано се остава во малку рум да отстои два часа.
    За тоа време се меси тесто од брашното,квасецот,шеќерот,млекото,јајцата,солта,киселата павлака,путерот,ванилите и зачините.Се остава да нарасне еден час.
    Откако се нарасне се премесува и се додаваат сувото овошје и оревите,и се меси 15 минути додека не се изедначи овошјето убаво насекаде.
    Се оформува во облик на уста,едната страна повисока другата пониска,па се остава во набрашнети калапи да одмори пред печење.
    Се пече пола час на 180 степени и уште половина час на 150 степени.
    Кога е готов се премачкува со стопен путер и обилно се наросува со шеќер во прав.
    Не се јаде веднаш,колку подолго стои толку е повкусен.
    Најмалку еден ден се остава во фрижидер завиткан во фолија.
    Вкусот е мммм,празничен и домот миризлив на овошјата и зачините

    __________________________

    Автор: @ilyan
    20180105_200138.jpg

    . Потребни состојки:
    500 гр брашно.
    200 гр гриз
    200 мл зејтин
    200 мл млака вода
    1 пакетче сув квасец
    1 пакетче пециво
    1 голема лажица какао
    ШЕРБЕТ :
    800 гр.шеќер
    700 гр.вода
    1 ванила.
    Се замесува тесто од горенаведените состојки и се дели на два дела. Во едниот се става какаото .
    Се сукаат белиот и црниот дел во тенка кора и е формираат два помали ролата. Се спојуваат еден до друг и се сечат , а потоа се формираат пеперутките.
    Врелите колачи се потураат со ладен шербет.

    Ми помина времето за едитирање: Може да се сечат како кругови, со тоа што ќе се формира само еден ролат и испаѓаат црно бели кругови и така е интересно. Овие се правени од два помали ролати, парченцето што ќе се исече се притиска од страните и излегува пеперутка.

    ____________________________

    Автор: @LiliBoz
    IMG_20180105_220747.jpg

    . СОСТОЈКИ
    400 гр. чоколаден корнфлекс (емби)
    150 гр. шеќер
    8 големи лажици мед
    250 гр. маргарин (1 коцка)
    100 гр. сусам
    100 гр. чоколадо за готвење
    1 голема лажица какао
    ПОДГОТОВКА
    1. Потпечете го сусамот и оставете го настрана.
    2. Во сад за варење ставете го маргаринот и растопете го на рингла на тивок оган. Потоа додајте ги медот, шеќерот, чоколадото за готвење и какаото. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.
    3. Тргнете го садот од оган и измешајте ја смесата со чоколадниот корнфлекс и потпечениот сусам. Добро мешајте.
    4. Обликувајте ги шишарките со помош на обична цедалка за лимон. Наполнете ја внатрешноста на цедалката со готовата смеса. За да си го олесните вадењето на шишарките, обложете ја цедалката со најлонска фолија.
    5. Оформените колачи оставете ги во фрижидер за да се стврднат барем половина час
    _________________________________

    Автор: @EMoonlight
    DSC_2840.JPG

    . Маргарин 250гр
    1 јајце
    2жолчки
    12лажици шеќер
    8лажици млеко
    1пециво
    2лажици зејтин
    Брашно за да се замеси.
    Се меси тесто кое не треба да биде многу тврдо, но да не лепи. Потоа се сука кора дебела еден прст или 1см и се сечат форми по желба. Се редат на не подмачкан плех или тепсија и се печат на 220степени додека станат златни. Се декорираат по желба :):).
    *За декорација може чоколадо по избор, декоративни топчиња, шарени трошки или глазура од шеќер.

    ______________________________________

    Автор: @irena.1
    IMG_20180101_195129.jpg

    . 200 g puter
    100 g med.
    280 g seker
    150 ml hopla
    1 l cimet
    1 l melen gumbir
    1/2 l melen karanfil
    1 lazica bikarbona
    600 gram brasno za testo i brasno za razmesuvanje.

    1. Puterot se topi. Od koga ke se stopi mu se dodava sekerot i medot. Se mesa ubavo. Se ostava da oladi.
    2. Se dodavat zacinite i hoplata i se mesa. Se dodava sodata i brasnoto, se mesa. Se stava vo frizider preku nok.
    3. Drugiot den se suci testoto so brasno i se vadat figuri so kalap. Se pecat na 200 c 5 min.

    ________________________________________

    Aвтор: @shz
    received_1875577502460700.jpeg
    . 1/2 кг готови кори
    2 чаши кисела вода
    1 чаша зејтин
    2 чаши шекер
    2 пецива
    рендана кора од еден лимон или портокал
    2 чаши ораси
    100 грама кокос
    и исто толку грама суво грозје,
    100 грама презла
    Сите состојки горе наведени се мешаат во еден поголем сад .

    Постапка на подготовка :
    Се зема правоаголен плех, се подмачкува со зејтин.
    Потоа, се става една кора и се посолува со малку презла.
    Се става втората кора и врз неа се става од предходно подготвениот фил.
    Секоја кора се посолува со малку презла.
    Се филува преку две кори .
    Последните две кори не се филуваат. На крај се сече баклавата на квадрати или триаголници.
    Со четка одозгора се мачка целата баклава со зејтин или мешавина од зејтин и малку стопен растителен маргарин.
    Потоа се става да се печа во загреана рерна на 180 степени.
    Пожелно е да се пече на тивко , да не се вцрви само одозгора, а внатре да не биде испечена.

    Шербет :
    1 килограм шекер и 1 литар вода , 2 ванили
    Се пари баклава ладна , а шербет врел. Може и обратно, тоа зависи од вас.

    __________________________________

    Автор : @vitamina
    img1515245706134.jpg
    . 125гр. растопен путер
    125гр. шеќер
    1 рендана кора од портокал
    250гр. брашно
    3 лажици цеден сок од портокал

    Во сад за матење со миксер матете го путерот и шеќерот додека не добиете пенеста смеса. Потоа на смесата додајте ги и ренданата кора и сокот од портокал.
    Во садот додајте го и брашното и мешајте со лажица додека смесата не стане густа па мека. Од смесата формирајте топка и замотајте ја во фолија или кесе и ставете ја во фрижедер 30 минути.
    Вклучете ја рерната на 190 степени. На набрашнетете работна маса расукајте кора со дебелина од 4мм и вадете форми со калапот по желба.
    Формите ставете ги во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.Бисквитите печете ги додека не заруменат. Откако ќе се испечат извадете ги од рерната и оставете ги да постојат 3 минути, па потоа извадете ги од тавата за печење.

    ____________________________________

    Автор: @simonka93
    IMG_20180106_163401.jpg

    .
    1jajце 300гр. брашно
    100гр. путер
    6л. кафеав шеќер
    прстофат сол
    сок од 1 портокал
    кора од портокал
    1л. какао
    1л. мелен ѓумбир
    1л. цимет
    1/2 мала л. морско оревче
    1/2 мала л. мелено каранфилче

    ____________________________

    Автор : @didi1982
    IMG_20180106_202814.jpg
    . Шира (благо сеуште неферментирано вино) се вари до доотпенување. Еден пудинг од ванила се разамтува и додава на зовриената шира. Останатото е како за пудинг. Се става во сад и откако ќе олади, се додаваат потпечени ореви. На 1/2 литар шира оди еден пудинг.

    ________________________________

    Автор: @MissDior
    5885E4F6-37AC-44A8-95EC-E14566646897.jpeg

    . 125г путер
    3 лажици масло
    250г брашно
    4 јајца
    пола пакетче прашак за пециво
    1 пакетче ванилин шеќер
    2 лажици мармалад од кајсии
    2 лажици какао
    Суво грозје и брусница потопени во сок од еден портокал ( најмалку 30мин), цимет, сецкани бадеми, цимет, морско оревче, кора од портокал, ситно сецкано чоколадо (ове намирници се ставаат од око по вкус).
    Се мати со миксер шеќерот и путерот нерастопен, се додава јајцето и сокот од портокал, а потоа со повремено матење се додаваат брашното и останатите состојки. Се пече во модла 40 минути на 180 степени. Јас не сум по декорацијата иако на нет има многу убави идеи за украсување.
    Кога го правам овој колач дома ми мириса на Божиќ, дефинитивно ми е меѓу омилените зимски колачи бидејќи е убав и следните три дена.

    __________________________

    Aвтор : @Val-Dim
    [​IMG]

    . Баклава со пудинг и ореви
    500гр тенки кори
    150гр путер

    Фил
    300мл млеко
    1 пудинг од ванила
    300гр мелени ореви
    1 лажичка цимет
    2 ванили

    Шербет
    600гр шеќер
    400мл вода
    2 ванили
    сок од лимон
    Се вари пудинг од млекото и пудингот, се додава 2 ванили и пола лажичка цимет. Кога ке се олади се додаваат 300 грама мелени ореви и се убаво се воедначува.
    Путерот се растопува. Се зема една кора, се попрскува со растопениот путер, се покрива со друга кора, пак се попрскува... И така се редат четири кори една врз друга. Наредените кори до пола се премачкуваат со филот од ореви и пудинг и се виткаат во ролна. Се сечат мали парчиња (околу 2 сантиметри) и исправени се редат во намастена тава. Се пече до заруменување (околу 20 минути).
    Топлата баклава се прелева со оладен шербет.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.