1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина готвач - Рецепти и гласање

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Dust, 16 април 2017.

?

Тема: Домашна пица - гласање

Анкетата е затворена на 6 февруари 2020.
  1. Leo_29

    1 глас(а)
    2,3%
  2. angelche16

    2 глас(а)
    4,5%
  3. emkaemka

    4 глас(а)
    9,1%
  4. bella12

    3 глас(а)
    6,8%
  5. Star_dust

    2 глас(а)
    4,5%
  6. mariz

    7 глас(а)
    15,9%
  7. Sexybaby86

    5 глас(а)
    11,4%
  8. eli25

    10 глас(а)
    22,7%
  9. g8lQQk

    2 глас(а)
    4,5%
  10. manako1

    8 глас(а)
    18,2%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Фамилијарен ручек

    Автор: @eli25

    [​IMG]
    Цезар салата и солени стапчиња.
    Цезар-марулата ја спремам со балсамико и маслинов, одозгора редам домати, кубети цацики, парчиња пармезан, стек со кари и дресинг-3,4 гол лаж.павлака и мајонез, кари, пола лажиче сенф и еден цеден портокал.Одозгора 2 варени јајца.
    ______________________________________

    Автор: @MissDior
    [​IMG]

    Бифтек со зеленчуци
    Во спремањето на ручекот нема некоја филозофија, би рекла дека додатокот е необичен. Бифтекот на парчиња се пржи на тава со маслиново, путер, бибер и лукчиња. За додатокот (2 особи) се вари еден компир, еден поголем батат, со сол и зачини. Брокула се зоврива посебно и се истура водата. Проќељ исецкан на четвртини се пропржува кратко, па се додава обарената брокула и сварените компири. Се задно се меша се додава малку путер се и зачинува. Врз гарнирот често пред јадење додавам соја сос, убаво одговара со зелените зеленчуци.
    __________________________________

    Автор: @didi1982

    [​IMG]

    Селско месо

    1 кг свинска кртина се сецка на коцки и пропржува на тивко со малку масло. Откако е полупржено се додаваат 2 главици сецкан кромид, 2 сецкани моркови, 2 свежи/суви пиперки, една голема тегла шампињони, зачини (вегета, орегано, ловоров лист, црн бибер и сув босилек). Се додава уште малку масло и лажичка црвен пипер, пропржува додека да омекне кромидот. За крај малку вода и пола чаша бело вино да се динста. Се префрла во сад за печење, потпекува кратко време и на крај се прекрива со парчиња сецкан кашкавал и враќа во рерна се додека не се стопи кашкавалот.

    _______________________________

    Автор: @shz
    [​IMG]

    Состојки

    тесто
    1200 гр брашно
    750 мл вода
    3-4 лажици масло или маслiново масло
    1 голема лажица сол
    1 кафено лажиче шеќер
    1 коцка свеж квасец
    1/2 пакетче пециво

    Фил

    1кг чадено месо
    1 голема лажица сол

    Подготовка

    Во длабок сад за месење се ставаат сите состојки. Квасецот претходно скиснат се додава во садот и се замесува средно меко тесто кое се остава да стасува околу еден час. Стасаното тесто се размесува уште еднаш и повторно се остава да кисне овој пат пократко време (околу 20-тина мин.). Кога и втор пат е стасано се размесува и се дели на 8 дела. Поделените делови се обликуваат како топчиња и по трет пат се оставаат да киснат. Кога и тие нараснале се обликуваат пастрмајлиите. Врз секоја од нив се ставаат парченца од чаденото месо. Се печат 20 мин на 220-250 степени.

    _______________________________

    Автор: @LiliBoz
    [​IMG]
    Ориз со спањак и гулаш.
    Гулашот ми беше останат од вчера. Рецепт за него од око- телешко месо, кромид, доматен сос, морков, зачини, печурки, ловоров лист, зрна бибер, црвено вино и малце вода. Се пржи први кромидот пасе додава месото со зеленчукот. Кога ќе фати боичка се додава се друго и се крчка 2 часа на тивко.
    Оризот ко ориз. Додадено само спањак и гулашот и печено пола час.

    На малиот ручекот е ориз спањак и јајце. Рецепт - ставено се заедно со малку хималајска сол и печено пол час.
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Свежи и крем салати

    Автор: @♡BuBaLe♡

    [​IMG]
    Верувамнема дом кој во зима на својата трпеза ја нема оваа вкусна и убава зимница.
    По рецепт одат :
    7 кг зеленчуци (пиперка, црвен и зелен домат, карфиол, морков, зелка, краставички корнишони)
    1 шоља есенција
    1/2 шоља масло
    300 гр шеќер
    150 гр сол
    1 пачетче бибер во зрно
    Јас употребив 4 кг карфиол,1 кг морков, 1/2 кг зелени домати, 1 1/2кг корнишони. ( изоставив зелка и пиперки)
    Инаку,
    Зелката се ренда, корнишоните се сецкаат на кругови, како и морковите и пиперките, доматите на кришки, а карфиолот на помали цветови. Се ставаат го голем, длабок сад. Убаво се мешаат. Одозгора се прелеваат со есенција, шеќер, сол и бибер во зрно, повторно се промешува, се затвара со капак и се остава да стои 24 часа. Во меѓувреме се промешува повремено.

    Во чисти стерилни и топли тегли, се собира руската салата, со постојано притискање за да излезе воздухот. На крај се прелева со течноста која се создава при стоење на зеленчукот. Веднаш се затвараат и се редат во длабок сад.

    Оваа салата е одлична за во зима и е богата со витамин Ц
    ___________________________

    Автор: @dunika

    [​IMG]
    Листови зелена салата(ајсберг)рендан морков,пченка од конзерва,коцки шунка и кашкавал,и варено јајце.
    Прелив маслиново и малку француски(мајонез,павлака,и капка лимон).
    __________________________

    Автор: @Berguzar

    [​IMG]
    Урда салата
    1кг урда
    500гр павлака
    По вкус чајна, магдонос, подпечен сусам, буковец, црн пипер, сол
    За декорација стракчиња млад кромид
    _______________________

    Автор: @Ketchup
    [​IMG]
    Макарони, јајца, златна мешавина, кисели краставички, павлака, мајонез, сол и бибер по желба.
    ____________________

    Автор: @Someonespecial
    [​IMG]
    Крем салата со макарони, шунка, кашкавал и павлака :) декорирано со сувомеснато и маслинки.
    ________________

    Автор: @Acka22
    [​IMG]
    4 компири сварени,излупени и исецкани на мали парчиња,1страк праз исецкан наситни парчиња,2 кисели краставички ситно исецкани и 4 пиперки црвени од туршија исецкани на коцки.Сето ова се меша се додава 2 -3 лажички вагета и мала тегличка мајонез и сето ова се меша
    __________________

    Автор: @eli25
    [​IMG]
    Од око/
    Ситно сецкана чадена печеница, кисели краставички, 2 варени рендани јајца, пченка, зачин малку бибер и сол, павлака и 2,3 лаж мајонез.
    _____________________

    Автор: @MamacitaBuena
    [​IMG]
    Се вари зеленчукот морков,компир,грашок и јајца настрана.За тоа време се сецка шунка,кашкавал и кисели краставички и се ставаат во длабок сад.Им се додаваат тврдо сварените исецкани јајца и убаво процедениот и оладен зеленчук.
    Се заедно се меша убаво,па се додава една тегла мајонез,една лажица кисела павлака и мало лажиче сенф.
    Се зачинува по вкус со сол и бибер.
    _______________

    Автор: @didi1982
    [​IMG]
    - зелен микс (може и само марула)
    - сушени, маринирани (рузмарин, лук, босилек) домати
    - маслинки, маринирани со лук
    - суви смокви
    - ореви
    - пармезан

    Дресинг: 2-3 лажици оцет или сок од лимон, 1/4 лажичка сенф, сол се меша(бие) додека солта не се растопи. Се додава маслиново масло и бие до кремаста конзистенција, па се додаваат сув босилек и орегано.
    ___________________

    Автор: @galapce
    [​IMG]
    Од око,варен стек,исецкан,грашок,кашкавал,морков варен и варен компир.Кисели краставички.
    Се ситно сецкано.
    Од зачини:сол,оригано,црн пипер.
    Лажичка мајонез,три павлака.
    Така оди сразмерот а иначе зависиод количината.
     
  3. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Сос за тестенини

    Автор: @eli25

    IMG_4445.JPG

    . Таљатели во бел сос
    На маслиново или путер се пропржува 2-3 чешниња лукче, шампињони и сланина ситно сецкани. Се додава солената хопла и малку вегета. Дури крчка се става брокулата да не биде преварена. Крчка 3-5 мин и потоа се ставаат во сосот варените таљатели и парчиња пармезан да се растопи и соедини .

    (Обично ставам и тиквичка ама овојпат немав).

    ______________________

    Автор: @Mari*
    IMG-20180128-WA0002.jpg

    . Се пржи кромид,лук и печурки во путер
    Се додаваат предходно сварени морков,брокула и тиквица
    Се зачинува по желба и се заедно се блендира
    Се меша заедно со предходно сварени макарони

    ____________________________

    Автор: @dunika
    47AC858B-6E23-440D-AC9F-BD2693DDDC6B.jpeg

    . Не се приметува што има во сосот ама превкусен е:)
    На маслиново продинстани лукче и кромид,па додадов една мала конзерва сецкани домати,и откако почнаа да вријат ставив едно топче моцарела и 100 гр горгонзола исечени на коцки,се стопија нормално:).
    Даваат прекрасна кремаста структура а моцарелата се тегне и е мх мх

    _______________________________

    Автор: @didi1982
    пумпкин алфредо.jpg

    . Pumpkin Alfredo (Алфредо со тиква)

    Прашувам колешка, италијанка, кој е Алфредо, што, како, ми се изнасмеа! Важно цел свет мисли од нив е името и потеклото на сосот, а тие немаат појма:rofl:.

    Две чешниња лук се пропржуваат на путер додека да омекнат. Се додава рузмарин и пире од околу 200-300 грама сварена тиква (зависи за колку особи). Се става млеко (200 мл, може и помалку) до изедначување, на крај околу 100 грама пармезан (по оригинал рецепт). Јас додадов грана падано. Се зачинува со мускатно оревче, вегета и сув босилек. :inlove:

    __________________________

    Автор: @Ivan4e04
    received_10208291377001799.jpeg

    . Најпрвин се запржува пилешкото месо исечено на коцки.Кога ќе порумени малку се вади настрана.Во истата тава се запржува кромидот исецкан на коцки со златната мешавина.По 2-3 минути пржење се додава неутрална павлака и се враќа пилешкотото месо.Кога ќе се згусти сосот се додаваат тестенините,во мојот случај макарони.
    Инаку обожавам тестенини и ги правам со разни сосови.
     
    На hermosa, tace73 и boomsleng им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема : Печен компир

    Автор: @Mari*
    [​IMG]
    Се печат компири пресечени на пола
    Во меѓувреме се сецка шунка,кашкавал и кисели краставички
    Кога се готови компирите се вади средината,се меша со филот и се става малку сол
    Се полнат, се преливаат со изматено јајце и се печат дури да се стопи кашкавалчето
    ---------------------------------------------------------------------

    Автор: @forumce

    [​IMG]

    Се лупат компирите и сечат на 2 по должина. Се стават во тавче, се попрскува масло, вегета, црн пипер, буковец и оригано. Се печат на 250. Во меѓувреме се сечат на коцки пилешко филе, кулен, сирење, кашкавал и маслинки. Кога компирите се при крај печени, врз нив се става од смесата и се враќа да се растопи кашкавалот. За сосчето е потребно лажица мајонез, неколку лажици павлака, сол, црн пипер, копар и буковец малку.
    Лесно, брзо и вкусно. Одлично за вечера.

    -----------------------------------------------------------------------------------

    Автор: @Igle

    [​IMG]
    Печен компир со ајдамер(fingers)
    Сечкани компири, морков, кромид лук ги ставам во тавче, зачинувам со копар, оригано, сусам, вегета, бибер и малку сол, поливам маслиново масло, малку водичка и ставам на печење. При крај додавам две лажици доматно пире, промешувам, редам најгоре ајдамер и враќам на печење уште кратко:D
    _____________________________________

    Автор: @LiliBoz

    [​IMG]

    брзински печен компир со кромид, вегета, рузмарин и бибер. Бонус кобасички!

    ---------------------------------------------------------------------------

    Автор: @Arendelle
    [​IMG]
    Печен компир на мој начин
    Компири по потреба килограм, два.. го сечам на коцки, го ставам во подлабок сад и зачинувам (зачин по желба) со оригано, босилек, лук во прав, бибер, црвен пипер, сол, 2-3 моркови, кромид на кругови, ставам во омрсено плехче и ги полевам компирите со вода и се печат додека да испари водата. Ептен се меки и сочни, со убав шмек од зачините.

    ____________________________________

    Автор: @kristina.k
    [​IMG]
    Прилог за со мисиркин стек, печени компири, морков и брокула со зачини, на крај кашкавал од горе. Ставам малку масло, зачин К+, морска сол, кари, бибер, оригано и вода до пола. Многу се вкусни.

    __________________________________________________

    Автор: @bebaa
    [​IMG]

    Едно кутиче шампињони и четири компири,од ова две порции излегува.Заедно ги ставам во тавче,малку зејтин,вегета пикант,сол,кари и оригано.Се печат околу еден час на 180 и15 мин на 200 степени.Ги јадевме со сос од павлака сенф копар и оригано измешано.

    __________________________________

    Автор: @didi1982
    [​IMG]
    Мали, млади компири добро измиени, сецкани пиперка и кромид се зачинуваат со рузмарин, сушен лук, оригано, босилек и чили-сол. Се додава масло, се мешаат и полеваат со вода. Се печат на 180 степени, со повремено промешување. На крајот, се мачкаат со путер и печат колку да поцрвенат. Сервирано со риба и медицинска салата.

    _______________________________________________________

    Автор: @Captain-Omni
    [​IMG]
    Мусака со екстра компир плус. Внатре има и појачано морков и пиперки зашто повеќе сум мераклија на печен зеленчук отколку било што друго.

    Мусаката стандард, ред мелено со кромид пропржено, ред компир.
     
  5. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Полнет зеленчук

    Автор: @bebaa
    IMAG1478.jpg

    .
    Ingredients
    • 3 medium, uniformly-sized zucchini
    • 1 (24 to 26 ounce) jar tomato basil marinara, divided
    • 1 tablespoon olive oil
    • 1 pound lean ground turkey or beef
    • 1/3 cup chopped onion
    • 1 teaspoon minced garlic
    • 1/3 cup chopped red bell pepper
    • 1/2 cup chopped brown button mushrooms
    • 1/4 cup chopped fresh Italian parsley
    • 1 teaspoon Italian seasoning
    • 1/2 teaspoon salt
    • Fresh ground black pepper, to taste
    • 1/4 teaspoon crushed red pepper, or to taste
    • 1-1/2 cups shredded part-skim mozzarella cheese
    • 1/4 cup shaved or shredded Parmesan
    • 2 tablespoons Italian style panko bread crumbs

    Directions
    1. Preheat oven to 375 degrees F. Measure out 1 cup of the marinara sauce and set aside.
    2. Trim ends from zucchini and slice in half, lengthwise. Use the tip of a spoon to scrape out the zucchini flesh (see recipe note), chop it and set it aside. Place the scooped out zucchini boats into a 13" x 9" baking dish and add about 1" of water. Cover with foil and bake in preheated oven for 20 minutes, until just slightly fork-tender. Remove from oven, and set aside to cool slightly.
    3. Meanwhile, add olive oil to a 12" skillet and place over MEDIUM heat. Add turkey (or beef), onion, bell pepper, and garlic to the skillet. Cook, stirring to break up the ground meat as it cooks. Continue to cook and stir until meat is thoroughly cooked and veggies have softened. Drain off as much grease as possible and return the skillet to the heat.
    4. Add the chopped zucchini flesh, mushrooms, remaining marinara in jar (reserve 1 cup for later), parsley, Italian seasoning, salt, fresh ground black pepper, and crushed red pepper. Stir well to combine. Bring to a simmer, then reduce heat and allow to simmer over low heat for about 15 minutes.
    5. Remove partially cooked zucchini from baking dish and pour off water. Pour the 1 cup of reserved marinara sauce into the empty baking dish and place zucchini boats on top of the sauce.
    6. Divide the filling between the zucchini boats. If you have extra filling, spoon it into the dish around the zucchini boats. Cover the dish with foil, and bake for 20 minutes, or until zucchini is fork tender. Remove dish from oven and set oven to BROIL.
    7. Remove foil and sprinkle zucchini boats with mozzarella, Parmesan and the panko bread crumbs. Place dish in oven, watching closely, and cook for just a couple of minutes until cheese has melted and bread crumbs are golden brown.
    __________________________

    Автор: @Antolinaa
    Pecurkiiii.png

    . Се чистат печурките од шишките, се посолуваат и се потпекуваат за да им излезе сокот. Во меѓувреме сецкам кашкавал на коцки. Ги вадам печурките, редам кашкавал и ги враќам назад да се допечат и да се растопи кашкавалот.

    _______________________________

    Автор: @didi1982
    27950352_10214016196375760_1035293124_o.jpg

    . Полнет модар патлиџан

    Се дели на пола и издлабува. Се потпекува колку да зарумени, а внатрешноста се пропржува со тиквица, печурки, брокули и лук. Се додава чаден лосос, зачинува со вегета, тимијан, оригано, патлиџаните се полнат. Одозгора се става соја крем за готвење измешан со кашкавал и се пече околу 20 мин, на 180 степени.

    _______________________________

    Aвтор: @dunika
    47A4DD55-CA26-49BF-B267-E9B48ABF91F3.jpeg

    . Полнежот е од неkолку лажици младо сирење(немам соодветен превод на cottage cheese),ептен ситно сецкани свежи шампињони и спанаќ.Зачинето со сол и црн бибер.
    Би било многу подобро со урда или рикота сирење,ама немав дома:/.
    Полнењето е на ист принцип ко и канелони,до пола од едната,па од другата страна.Ги печев на 180с 20-25 мин,попрскани со масло,иако повкусни ке беа со бешамел,ама немав време:).Затоа изрендав кашкавал(fingers)

    _______________________

    Автор: @orhideea
    image.jpg
    . Полнети пиперки со мелено месо и ориз.
    Околу 300 гр месо и една рака ориз измешани и зачинети со сол, црн бибер, црвена пипер и малку масло.
     
    На EMoonlight, boomsleng, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Посни рецепти

    Автор: @shz
    [​IMG]

    . Состојки:

    500гр кори
    350 гр мелени кикиритки
    100гр мелени бисквити
    100гр рендано чоколадо
    100мл масло за прскање
    150гр стопен маргарин (за пред печење)

    За шербет:

    500мл вода
    1кг шеќер
    Кора од лимон

    Приготвување:

    Се прави филот од кикиритките, бисквитите и чоколадото. Се заедно се меша.
    Се зема една кора и се попрскува со масло, па втората кора и три лажици од филот и се витка во ролат. Така се рпави и со преостанатите кори.
    Ролатите се сечат на парчиња, а потоа се преливаат со растопениот маргарин и се мечат во загреана рерна.
    Испечените ролати додека се жешки се преливаат со изладениот шербет

    ____________
    Автор: @kuc
    image.jpeg

    . 1кг.кори
    300гр.чоколадо рендано
    500гр.ореви сецкани
    1маргарин
    1кг шеќер
    800мл вода
    Се зема кора се попрскува со масло и врз неа се става уште една кора .
    На почетокот од кората по должина се става од оревите и чоколадото претходно помешани,се витка ролат и се редат во плех.Постапката се повторува со останатите кори додека не се потрошат.Потоа се сечат ролатчиња.Настрана се топи маргаринот и додека е врел се потураат корите.
    Се печат во загреана фурна додека да поруменат.
    Шербетот се припрема претходно и откако ќе бидат печени ролатите се вадат да одморат неколку минути и одма се попаруваат.
    Шербет млак,корите топли.
    Не се покриваат одозгора за да останат крцкави.
    Пријатен апетит.

    ___________________________

    Автор: @LiliBoz
    20180220_202323.jpg

    . Рецепт- вариме грав, правиме запршка од 2 лаж брашно и една црвен пипер и ставаме во тавче. При крај на печење чврчнуваме со зејтин.

    ___________________________

    Автор: @MissDior
    E9030A8B-859F-4AFD-A1AC-3E1AAC1C2743.jpeg

    . Посно (зеленчуково) ќофте
    Се вари една шоља леќа(црвена или обична) се цеди откако ќе се свари и се додава пропржен морков и кромид сецкани на ситно. Во смесата се додаваат ситно сецкана обарена брокула или кељ( отприлика една рака). Цела смеса многу кратко се блендира колку да се соедини, се додава една лажица брашно, две лажици презла, зачини по желба, јас ставив сол, бибер, црвена пипер, куркума. Откако ќе отстои смесат 10 минути се формираат ќофтиња и се валкаат во презла измешана со сусам. Се печат во рерна на 180 степени 15-20 минути, се превртуваат од двете страни да се испечат. Рецептот е добар ако имате останато вчерашна леќа;)
    Јас ги сервирани со некоја салата и дресинг.

    ____________________________

    Автор: @Arendelle
    20180222_125443.jpg

    . Рецепт
    1кг брашно
    2 шолји зејтин (250мл)
    3 пак шеќер
    1 шолја пиво
    1пециво
    1ванила (ставив арома ванила и портокал, може и рендана мора од лимон)
    Се меси тесто, се расукува мора и со мисли се варат форми по желба. Се печат околу 20-30 минути на 200 степени.
    Откако ќе се испечат по желба и вкус може да валкаат во шеќер во прав или да се попарат со шербет.
    Јас направив цела доза и искочија премногу , едни валкав во шеќер во прав, едни попарив со шербет (ако се одлучите со шербет направете според ваша проценка) и ги валкав во кокос и некои останаа така без ништо како бисквитчиња дури и нај ги аресаа. Испаднаа три вида колачи.

    ____________________________

    Автор: @bebaa
    IMAG1498_1.jpg

    . Крем супа од печурки.
    Една главица кромид и три чешлиња лук запржуваме па се додаваат сецканите шампињони и едно корнишонче.Се става сол,магдонос и бибер и се динста околу пола час.Потоа се додава три шола топла вода малку мајчина душица и се остава да се вари.Не се секавам колку се вареше :) околу 40тина мин.На крај се додава во еден шол три лажици павлака(растителна за да биде посно)една лажица брашно и малку млака вода.Се мати убаво се истура во чобрата и се остава да се вари уште десетина мин.Од ова излегува две чинии

    ____________________________

    Автор: @elcezelce
    28418372_10155944220646007_1451127980_o.jpg

    . Посни парени црно бели колачи
    3 филџани гриз
    1 квасец
    3 филџани зејтин
    3 филџани вода
    1 ванила
    1 пециво
    2 лажици какао
    брашно по потреба

    За шербет потребно е:

    700 гр шеќер
    700 гр вода
    1 ванила и
    сок од 1 лимон

    Од првите состојките се меси тесто. По потреба се додава брашно додека не се добие убаво тесто за работа. Се дели тестото на два дела и во едната половина се додава какаото. Се меси додека не се добие една хомогена смеса.Се рсукува кора во правоаголен облик и од белото и од црното тесто. Се ставаат едно врз друго и се витка во ролат. Се сечат кругови и се печат легнати во тавче на 130-150 степени додека не заруменат.Се покриваат за подобро да го впијат шербетот

    ________________________________

    Автор: @dunika
    72C4284C-372D-4A0D-8D2D-DD676635C54E.jpeg

    . Рецепт па и нема посебен,грашокот со морковот ми се обарени заедно,ориз долго зрно класично сварен,само црвена бабура пропржив на маслиново и ги додадов оризот со останатиот зеленчук,сол и црн бибер,уште некоја минута на тивко продинстав и толку.

    ________________________

    Автор: @Viktorijaaa5
    20180222_220438.jpg

    . Посно медено срце

    1 1/2 чаша вода
    1 1/2 чаша шеќер
    2 чаши брашно
    Пола тегла мармалад или слатко
    1мала лажичка цимет, 2 ванили, 2 цимет
    1пециво
    100/200гр посно чоколадо

    Најпрво се меша вода,мармалад/слатко,ванила,цимет и сода и се остава да отстои повеќе од половина час со провремено промешување. Потоа се додава брашно и пециво се меша смесата да се соедини и се додава 2 3 лажици масло.
    Се истура во намрсено тавче и се пече околу 45/50 минути во загреана релна на 200степени.
    Откако ќе се испече се премачкува со мармалад низ цела површина се остава да остине и се полева со растопено чоколадо.
    Исечете ја на парчиња додека чоколадото не е стегнато.

    ___________________________

    Автор: @orhideea
    0F0A789A-E173-457E-B98D-DC8782F049A4.jpeg

    . Посна баклава.
    Рецепт:
    500 гр кори
    200 гр ореви сецкани
    200 гр кокос
    200 гр чоколадо за готвење
    100 гр чоколадо за готвење за од горе
    Зејтин за премачкување на корите
    Шербет:
    700 гр шеќер
    Вода колку да го покрие шеќерот
    1 лажица мед
    Секоја кора се премачкува со зејтин и на секоја трета кора се наросува кокос, ореви и чоколадо рендано, додека не се потрошат корите.
    Се потура со шербет, или баклавата да биде ладна шербетот топол или обратно и потоа се топи чоколадо и се става од горе.

    ________________________

    Автор: @savana
    received_10213676082929072.jpeg

    . Посни Пиварки
    Рецепт:
    1чаша пиво
    1 чаша гриз
    Брашно по потреба (3-4чаши)
    Половина чаша масло
    1 прашак за пециво
    1 ванилин шеќер
    Се заедно убаво се меша и се замесува тесто, се прават топчиња во кои се става ореви или мармалад.
    Се печат окулу 20-30мин на 180степени. Потоа се потопуваат во шербет од
    500мл. вода 400гр шеќер, 1 ванилин шеќер, колачите топли а шербетот ладен.
    Се валкаат во кокос или мелени ореви.

    ____________________________

    Автор: @tincemajmunce
    [​IMG]

    . Посни попарени колачиња.

    2 шољи масло
    1 шоља млака вода
    2 пецива
    И брашно по потреба.

    Се меси средно меко тесто и се остава да одмори 15 мин.
    Се дели на 4 топчиња.
    Од секое топче се сука кора во должина на плех,се премачкува со мармалад(моите се со домашен од шумски јагоди и рибизли) и се попрскува со сецканни ореви.
    И се виткаат ролати.
    Сите 4 ги редиме во плех и ги сечеме цик-цак /\/\/\/\/\
    Печеме додека заруменат.
    На 200 степени.
    Правиме шербет 600мл вода 1кг шеќер..
    Ги попаруваме колачите ладни шербетот жежок.
    Ги валаме во кокос,мелени ореви...
    Моите се пола со кокос,пола со ништо.

    ________________________

    Автор: @ALISA0000
    [​IMG]

    . 1чаша пиво
    1 чаша гриз
    Брашно по потреба (3-4чаши)
    Половина чаша масло
    1 прашак за пециво
    1 ванилин шеќер
    Се заедно убаво се меша и се замесува тесто, се прават топчиња во кои се става ореви или мармалад.
    Се печат окулу 20-30мин на 180степени. Потоа се потопуваат во шербет од
    500мл. вода 400гр шеќер, 1 ванилин шеќер, колачите топли а шербетот ладен.
    Се валкаат во кокос или мелени ореви.
    рецептот е ист па го копирав од кај савана погоре се надевам нема да има проблем
    еве ги пиварките

    _____________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]


    _________________
     
    На EMoonlight и hermosa им се допаѓа ова.
  7. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Затворено полнето тесто
    Автор: @kuc
    image.jpeg

    . 1кг.брашно
    1л.сол
    2фил.масло
    Се замесува со млака вода да се добие убаво обликувано тесто.
    Се сучи кора се премачкува со маргарин и витка во форма на правоаголник .
    Се остава во фрижидер да одстои 40мин.
    Постапката се повторува уште два пати.
    Потоа тестото се остава да одмори се расукува и се полни со џем од јагоди.
    Се пече на 250 степени додека да порумени.
    Откако ќе биде готово се посолува со шеќер во прав.
    Пријатен апетит!!!

    __________________________

    Автор: @bebaa
    IMAG1488_1.jpg

    . Кифлички со мармалад од кајсии.
    1кг брашно,500мл млеко,коцка квасец,лажиче шекер,прстофат сол,4 јајца,две шолчиња масло,пола коцка маргарин,малку шафран,и ванила.Околу 200гр брашно за сукањето.
    Квасецот го мешаме со топлото млеко,шекерот и солта и чекаме да надојде.Потоа го замесуваме со брашното,3јајца и маслото.Оставаме да стаса тестото околу еден час на топло.Потоа го делиме на мали топчиња и ги расукуваме во круг а секој круг го делиме на четири или шест дела зависи какви сакаме да бидат кифлите.Се става си лажиче од мармаладот и се формираат кифлите.Направените кифли ги оставаме на топло да се надигнат околу пола час макс ако се на топло и потоа се мачкаат со јајце.Врз секој кифла се става маргарин.Се печат на загреана рерна додека не заруменат.Потоа веднаш жешки ги мачкаме со маргарин повторно,да бидат уште помеки.Излегуваат душа меки.Морам да кажам дека ова е модифициран рецепт од@@Annath .Она имаше напишано за солени кифли со два квасци,и тој го имам пробано и е предобар :)

    __________________________________

    Автор: @orhideea
    image.jpg

    . Рецепт:
    1 кг брашно
    1 квасец
    3-4 лажици цврст јогурт
    1 јајце
    Сол
    Малку масло
    Вода по потреба.
    Квасецот го растварам во млака вода и месам тесто од сите состојки и го оставам на топло да стаса.
    Од ова тесто правам две големи пици, ги печам во плех од шпоретот, и двајца јадеме една пица, големки се. Важно е да биде тестото тенко. Развлекувам кора во круг, ја премачкувам со кечап и ставам кашкавал, моцарела, шунка, малку сиренце и печурки. Ја преклопувам и убаво ги затворам краевите со прсти. И ја печам. Колку потенко тестото, толку по убава е пицата. Внатре ставете си што сакате, по желба.

    Edit: во тестото наместо јогурт може млеко, и така сум правела убаво е.

    ___________________________

    Автор: @Monella
    14820181418152.jpg

    . Тестото е како за кифли.
    Јас никогаш не замесувам специјално за риби, кога правам кифли одделувам и за риба.
    1кг.брашно, 2 белки од јајце, 1 квасец, 6л.сол, 6л.шеќер и млеко колку да се замеси тесто на по меко.
    Од тестото се одделува топче и се засукува во јајцевидна форма, од двете страни се засекува како кифлите а на средина се става филот (кој е по ваш избор ) и се затвара со засечените парчиња .
    Горниот и долниот дел (главата и опашката ) не се засекуваат, се предиплуваат и на главата се става парче маслинка како око.
    Филот кај мене е со урда, шунка, кисели краставички, морков и малку сол.
    Може и со мелено месо и печурки.
    Одозгора се премачкува со жолчка и се наросува сусам.

    ______________________

    Автор: @Val-Dim
    DSC_0051.jpg

    . Затворена пица
    300мл вода
    200мл млеко
    50мл зејтин
    2 мали лажички шеќер
    1 голема лажица сол
    1 свеж квасец (1 1/2 сув квасец)
    1 кг брашно

    Се замесува тесто од сите состојки - водата и млекото треба да бидат млаки, а квасецот „стасан“!!!
    Добро измесеното тесто се дели на топчиња и од секое се расукува кора, не многу тенка. На пола од кората се става полнењето - кашкавал, сирење, шунка, печеница, печурки, павлака, маслинки, кечап, оригано...
    Се преклопува со остатокот од кората, убаво се завиткува од краевите за да не „истече“ полнењето, стасува и се пече.

    ___________________________

    Автор: @Mari*
    IMG_20180304_111243.jpg

    . Тесто
    150мл јогурт
    100мл зејтин
    1 жолчка
    200мл вода
    Пола квасец
    Пола пециво
    500гр брашно
    Се меси и се остава 30мин да одстои
    Се дели на 8 делови и се оформува (како што сакате)
    Се полни со што имате и се пече на 200 со вентилатор
    *најубавите панцероти на свет :lol:

    ________________________

    Автор: @Arendelle
    20180304_122819.jpg

    . Потребни состојки:
    1кг брашно
    1 коцка квасец
    2 јајца
    1лажичка шеќер
    1 чаша јогурт
    2 чаши млеко
    малку масло
    путер
    спанаќ и сирење за фил
    Од состојките се замесува тесто и се остава да стаса. Користев чаша од околу 150мл ако не е доволно се додава уште млеко( кое треба да биде млако ), додека не се добие средно меко тесто. За фил користев спанаќ кој беше од замрзнато пакување го одмрзнав, посолив и додадов сирење. Од тестото се зема, се прави топка , се расукува, се премачкува путер, се става од филот, се мотаст кифлички , се премачкуваат со јајце, озгора пак малку путер и сусам. Се печат околу 30 минути на 200-220 степени. Се топат во уста.

    _____________________

    Автор: @joy1
    4F32647E-5BF6-4B71-B635-3BCF62644F7D.jpeg

    . рецептот на тестото е од кифлите од @Annath .
    -пола кило брашно,пола пециво,пола лажичка сол,една лажичка шекер,3 лаж масло,филџан и пол вода,и квасец.Филот е со кечап кашкавал и шунка.

    __________________________

    Автор: @forumce
    IMG_20180304_205835.jpg

    . Тесто
    1кг брашно
    2лаж. Шеќер
    1лаж. Сол
    1сув квасец
    1 пециво
    250мл јогурт
    250мл топла вода
    1 жолчка
    250мл масло
    Фил по желба
    1 пак. Зденки
    10тина маслинки
    Шунка
    1пак печурки
    Доматно пире
    Се замесува тесто и се остава да стасува. Кога ќе стаса се вадат топчиња, јас извадив 8 и се расукуват во кора. Таа се сече на пола и секоја половина се филува. Се преклопува во триаголник, се мачка со јајце и се поросува со ким, а може и сусам, јас не ставив оти немав. Се пече на 180степени.

    _____________________________

    Автор : @girl-miri
    1520203147521.jpg

    . Polneti pernicijna

    1kg brasno
    2jajca
    1pecivo
    Sol
    Kvasec 1-lazica
    Mleko za testo da sé pravi.

    Da otstoit testoto okolu sat vreme i potoa go delime na 3dela i se suci sekoj del i se formirat kvadrati i vo sred se stava po' zelba,kaskaval,meso meleno vo ovoj slucaj jas imam so meso meleno...
    Se zatvorat pernicijnata ubavo i se przat vo maslo :)
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Рецепти со пудинг

    Автор: @orhideea
    image.jpg
    . Еден пудинг сварен со 400мл млеко и 3 л шеќер. Тоа кафеното е нутела и внатре ставив неколку бишкоти.

    _______________________

    Автор: @LiliBoz
    20180308_175828.jpg

    . ПандиШпан повторно нема туку има браунис. Мојот омилен како што знаете. 6 белки матени во снег додадени во претходно стопеното 400 гр чоколадо во кое пред снегот сме вмешале 6 жолчки.
    Филот е домашен пудинг. 200 гр чоколадо со 150 мл млеко и нишесте. Оладено и нанесено. Е сега, за да не е толку лесна тортата јер 30 не се пунат секој ден нели, одозгора има шлаг направен ко за шампита. Значи шлаг околу 500 мл со шербет помешано. Тоа е тоа.
    И еден мал едит. Браунисот е дебел намерно. Воопшто не е сува зашто нема брашно.

    _________________________

    Автор: @Mari*
    IMG_20180218_174352.jpg


    ____________________________

    Автор: @forumce
    IMG_20180309_152245.jpg

    . 4 јајца
    14 лажици шеќер
    1 филџан (125мл) масло
    2 филџана кисела вода
    1/2 сок од портокал
    1 пециво
    1ванила
    300гр брашно
    1 пудинг од ванила

    Најпрво се вари пудингот според упатството и се остава да се лади покриено со стреч фолија.
    Со жица за матење се матат сите состојки по наведениот редослед. Се полнат калапите за мафини со течната смеса помалку од пола. Се ставаат 2 мали лажички од оладениот пудинг и се надополнуваат со смесата не до горе. Рерната се загрева до 250 степени, се става калапот со мафините, се намалува на 180 степени и се пече 20 мин.
    Се сервираат ладни.

    _________________________

    Автор: @Annath
    DSC04498.JPG

    . Cakepops

    Две пакетчиња пудинг од ванила за матење на Др. Еткер се матат со 500мл млеко да се добие кремаста смеса. Посебно се крши и рони готов пандишпан за торта и се меша со пудингот да се добие убава смеса која може да се обликува во топчиња. По желба наместо готов пандишпан може да се користат мелени бисквити и јаткасто овошје. Може да се додадат и зачини како цимет и ванила.
    Се прават топчиња кои се ставаат во фрижидер да се стврднат убаво.
    За тоа време на пареа се топи црна и бела чоколада посебно. Стапчињата за cakepops се потопуваат во чоколадото, се става топче и се брца во стопеното чоколадо да се покрие целото. Вишокот се остава да истече и топчето се посипува со шарени трошки. Се оставаат исправени да се стврдне чоколадото.

    ___________________________

    Автор: @MamacitaBuena
    IMG_20180310_1.jpg

    . Многу несекојдневен,но прекрасен крцкав десерт.
    Се вари пудингот според упатството на кесичката.Потоа се потура во тавче и се чека 3-4 часа убаво да се олади и стврдне.
    Се сече на коцки,големината по желба.Се валкаат коцките во јајце,брашно и лебни трошки и се пржат на путер во нелепливо тавче.Топли се валкаат во шеќер и цимет и се украсуваат по желба.

    ________________________

    Автор: @Acka22
    362806-ab44c3e45608ffd1286a24970e5802cd.jpg
    362807-e301bf57e968010107d1ae52f0dbd48b.jpg

    ____________________________

    Автор: @dunika
    526E74E1-D454-4E23-A283-362AF3F9E93B.jpeg

    . 5дл бадемово млеко
    5дл вода
    2 полни лаж. кафеав шеќер
    Се става да зоврие,па се истура пола пакетче прашок за пудинг од ванила и 200 гр гриз.Се вари со постојано мешање на тивко,7-8 мин.
    Декорација и прилози по желба,моето е џем од малини,свежи боровинкии кокос:)
    Слободно сменете бадемово со кравјо млеко,јас постам па морав вака

    __________________________
     
    На hermosa и Sesil им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Романтична вечера

    Автор: @eli25
    [​IMG]
    Лазања со мелено месо и моцарела.
    Се запржува кромид и морков и меленото месо, додадов и пола рендана тиквичка, оригано,бибер,вегета и малку сушено нане. Потоа додадов томатело со оригано и босилек. Крчка неколку минути и ја редам лазањата. Меѓу секој ред има моцарела.
    ------------------------------
    Автор: @Bubce38
    [​IMG]
    Турлитава - нешто што јас не го сакам, а мм е "умрен по неа":P.
    Потпржив на путер кромид , морков, блага и лута пиперка, тиквичка,модар. Додадов зелка, па грашок и боранија ( си имам одварено во фрижидер) , компир и едно чешне лук. Ставив и пушено мевце. Зачини по желба ( јас само вегета и ц пипер) малку водичка и еден изрендан домат. со фолија го печев околу еден час .
    _______________________

    Автор: @Doozy

    [​IMG]
    ____________________
    Автор: @Ginger^

    [​IMG]
    Шницли со печурки .:sun:
    Декорирано со зелена салата, џем од малини , рибизла и сок од грејпфрут.
    ____________________

    Автор: @Ivan4e04
    [​IMG]

    2 парчињастек се сечат на пола и се стават во огноотпорно тавче и се полева со ќесичка маги со 4 вида сирење растворена во 200мл павлака за готвење.Се пече 30мин.
    _______________________

    Автор: @SofiMar_

    [​IMG]

    ги пржам на маслиново масло со малку сол, црн бибер, магдонос и изрендан замрзнат лимон. На средина на пржењето додавам малку вода и ставам брокула. Кога ке испари водата уште малце се пржат и готови се за јадење.
     
    На t-sweet, LollySky и Doozy им се допаѓа ова.
  10. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Омлет на Ваш начин

    Автор: @iloveyou29
    29020161_1877976885825861_1155428048_n.jpg

    . Јајца, рендан кашкавал, брокула, шунка и маслинки.
    Се заедно се пржи. Декорација со малку сушен магдонос

    ___________________________

    Автор: @bebaa
    IMAG1540_1.jpg

    . За двајца е рецептов.
    6 јајца,околу 100грама сирење,две лажици павлака,вегета,копар по желба,сецкани двемлади кромидчиња и две лажичиња брашно сматени предходно многу малку вода.Сето ова убаво се меша.Нека одстои 20тина мин така се подобри.Се истура на двапати во нелепливо тавче со маку масло(путер илиизејтин)и се пржат покриени со капак.
    На крај ставив рендан кашкавал оти заборавив додека ги пржев да ставам

    ___________________________

    Автор: @Purplelilac
    20180323_173930.jpg

    . На оган се пропржуваат печурки и маслинки (печурките може шампињони или од тегла, оние кои ви се по вкус). Потоа се додаваат две матени јајца и сечкан кашкавал и кисели краставички. Инаку јас додавам и многу зачини како бибер, оригано, понекогаш и чили (многу сакам луто). Се пржи и потоа декорацијата останува на вашата креативност

    _____________________________

    Автор: @muchacha_a
    20180323_100428-1.jpg

    . Кршам 6 јајца и ставам спанаќ и сечкана шунка и рендам кашкавал.Сол и малку црн бибер.Во тава ставам путер и ги истурам.Секој си декорира според желба.

    _________________________

    Автор: @eli25
    IMG_6229.JPG

    . 3 јајца, парчиња сирење, млад кромид 3,4 струкчиња ( само перцата). овојпат додадов и малку блитва.вкус од детството ми е

    _____________________________

    Автор: @MamacitaBuena
    IMG_20180324_1.jpg

    . Омлет со сино сирење
    Ова е оброк само за еден подготвен од две јајца,100 грама сино сирење со додаток кечап,мајонез,крем сирење,кулен и солена плазма со сусам наместо леб.
    Омлетот е зачинет само со оригано.

    _______________________________

    Автор: @SV1911
    DSC_1233-1.jpg
    . 4 лажици брашно од наут
    Третина чаша вода
    Пиперка ситно исечкана
    Еден помал морков ситно исечкан
    Третина од средна тиквица нарендана
    Млад кромид ситно исечкан
    Црн пипер, турмерик, орегано, сол и лук од зачини

    Сето ова се меша и се пржи на малку масло, покриено со капак на средна температура.

    Зеленчукот и зачините ги менувам секој пат, најубаво до сега ми испаднало со пиперка и кромид.

    Рецептот е доволен за еден возрасен човек.

    Не е класичен омлет, но наликува на тоа :) Брашното од наут има 22 гр. протеини на 100 гр. брашно, плус е богато со железо, магнезиум, витамин б-6 и калциум.

    ______________________________

    Автор: @SofiMar_
    20180324_134127.jpg

    . Белките ги матам со миксер да се стврднат и после ги додавам жолчките. Печам во тавче на малце маслиново масло покриено со капак. Сервираш со што сакаш.

    __________________________

    Автор: @zhap4e
    29573058_10216182724745088_5305652269038557689_n.jpg

    . 2 јајца, ленти сланина, кашкавал, павлака, пиперка. Наздравје

    ____________________________

    Автор: @Doozy
    20180325_121757.jpg

    . Тенко исечено колбавче, млад кромид, 3 јајца и магдонос одозгора.

    ______________________________

    Автор : @Igle
    [​IMG]

    . Рецепт за 1 човек: 3 јајца, по желба исецкани маслинки, печурки, младо сирење, кулен и зачини (копар, оригано, буковец и сусам овој пат). Наросено со пармезан и сервирано со кисели краставички, павлака и мајонез.

    _____________________________

    Автор: @Arendelle
    [​IMG]

    . Рецепт
    1 јајца
    3 лажици шеќер
    Се матат со миксер потоа се додава
    60мл млеко
    50гр брашно
    2 ванили
    Се пржи во тавка со малку масло, озгора се става овошје, јас користев микс од капини , машини и цреши. Се пржи од едната па внимателно се врти од другата страна. На крај кога ќе олади се поросува со шеќер во прав.

    _______________________________

    Автор: @Alondra
    [​IMG]

    . Две виршли се запржуваат, па потоа се додаваат две изматени јајца. Декорација по желба.
     
    На Sweetlove_0312, kikkki, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Пролетна салата


    Автор: @kiki_riki

    [​IMG]

    Салатата нема име, некој мешавина моја од цезар и мимоза ама без месо :rofl:
    Една марулка, еден домат, една помала крставица, две варени јајца, кубети, кашкавал

    За сосот : павлака, сенф, мајонез, маслиново масло и цеден лимон (се става по лажица две, зависно од вкус дали некој сака да е повеќе на мајонез или сенф)

    Додаток ракија

    ________________________________

    Автор: @eli25

    [​IMG]

    Салата со туна
    -Се сецка една марула, се зачинува со сол, лимон, маслиново масло, се додава туна, една конзерва пченка и црвен кромид (овојпат немам)...
    ______________________________

    Автор: @Ane-Goki1

    [​IMG]
    Состојки:марула,2јајца варени,сол,оцет и масло :)
    Лесно,брзо и вкусно
    ______________________

    Автор: @iloveyou29
    [​IMG]
    Состојки ( се гледа се, ама пак да пишам), рендани моркови, цвекло и зелка. Декорација со маслинки, домат и краставица. Додатоци - маслинов, оцет и хималајска сол.
    ____________________

    Автор: @*Лорена*
    [​IMG]
    Марула, краставица, домати, млад кромид, туна зачинето со маслиново, сол и семиња (тиква, лен и сончоглед)
    _________________

    Автор: @bebaa

    [​IMG]

    Марулче,младо кромидче,варено јајце,балсамико,масло,и зачини. :)
    Едит:Ова оди многу и со авокадо ама немав.
    __________________________

    Автор: @dunika

    [​IMG]
    Микс зелена салата(листови),ситно сецкан домат,интегрална паста и маслинки.
    Прелив маслиново+балзамико;)

    __________________

    Автор: @Someonespecial
    [​IMG]
    Марула, варено јајце, сол, масло, туна и малку мајонез :)

    _________________

    Автор: @DAngel
    [​IMG]
    Топло-ладна салата :D мејд бај Ејџел.

    Бел кромид на траки, моркови на коси тркалца, буковка на ленти пржени во вок со масло, малку соја сос и кари.
    Свеж селен микс (марула и рукола), краставица и домат.
    Дресинг: павлака, сенф, балсамико и чили во прав, ако јадеш лутко :D
    Потпечени парчиња интегрален багет со гауда, босилок и оригано.
    ________________________

    Автор: @LivingGlam
    [​IMG]
    Марула, роквици, младо кромитче, краставица = салата.
    Преливот е мисиркин стек пропржен со лукче и зачини во вок, па на крајот кисело млеко.
    ____________________

    Автор: @orhideea
    [​IMG]

    Марула, туна, пченка, црвен грав и сок од еден лимон. Омилена ми е.
    _____________________

    Автор: @SV1911
    [​IMG]
    Марули, краставица, домати, морков, наут, кромид и пченка, со сусам, маслиново масло и лимон.
    ________________________

    Автор: @MissDior
    [​IMG]
    Салата со рендан морков, марула, младо кромидче, варено јајце, гвакамоле, зачинето со лимон и маслиново масло. Најчесто ја правам како брз ручек
    __________________________

    Автор: @Ketchup
    [​IMG]
    Марула, ротквица, младо кромидче, маслиново масло, јаболков оцет и сол.
    ____________________

    Автор: @*Ench@nted*
    [​IMG]
    Марула, млад кромид, краставица, оцет, сол и маслиново масло.
    _____________________

    Автор: @Monella
    [​IMG]
    Микс од марула, рукола, морков пченка, шери домати, кромидче зачинето со сол, маслиново и балсамико.
    ________________

    Автор: @Arendelle
    [​IMG]
    Користено зелени листови , ротквица, краставица, морков сечкан на тенки кругови и млад кромид. Зачинето со сок, масло и оцет.
     
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Велигденски рецепти

    Автор: @orhideea
    [​IMG]
    Рецепт:
    500гр брашно
    2 јајца од кои 1 жолчка за премачкување
    1 сув квасец
    1 филџан (за кафе) масло
    1 филџан млеко
    Вода по потреба.
    Суво грозје околу 250 гр.

    Се замесува меко тесто и се остава да стаса, потоа се размесува повторно на маса и се плети плетенка.
    Една поголема и друга помала.
    Поголемата плетенка ја ставам во тепсија како во круг и во средина ставам мало тенџере без рачки и од горе помалата плетенка и печам во загреана релна. Кога ќе биди печењето при крај на горната плетенка се става фолија за да не изгори.
    ______________________

    Автор: @LiliBoz
    [​IMG]
    2 јајца 500 гр брашно филџан зејтин 250 мл млеко квасец и сол.
    Квасецот го стасуваме во млекото и месиме се. Премачкано со жолчка и зејтин плус сусам.
    На трпезата поред лебче има јунешки шул, гнезда со сирење јајце и домат, бајадера со лешник (која испадна стварно преубава), козињак, салата со јајца кубети и дип, печен компир и морков.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    ___________________

    Автор: @MissDior
    [​IMG]
    Торта со моркови
    Кај нас дома за Велигден веќе е традиционален десерт, зашто после јагнешко печење е лесна за јадење и има необичен вкус. До сега нема некој да ја пробал а да не побара рецепт.
    Тесто
    3 големи моркови
    3 јајца
    6 лажици брашно
    2 лажици кафен шеќер
    1 кесичка ванилин шеќер
    Малку цимет
    Пола кесичка пециво
    Морковите се рендаат на најситно, се додаваат во измаматените јајца, шеќерот и брашното. Се пече на 160-180 30 минути. Откако ќе се олади се сече на пола и се премачкува со фил во средина и од горе. Се наросува со потпечени бадеми.
    Фил
    100 гр крем сир или павлака (јас правам комбинација 50/50)
    50 гр путер
    2 лажици мед
    Сите состојки се матат со миксер и се оставаат во фрижидер додека се испече тестото
    Од една доза излегуваат 12 парчиња
    П.С. Јас направив дупла доза за ваква висина да добијам
    ___________________

    Автор: @SV1911
    [​IMG]
    Jackfruit pulled pork

    Јас користев свеж jackfruit (не можам да најдам превод на македонски за овошјево), но може да се најде и конзервиран, кој е далеку попрактичен.

    Се чисти прво jackfruit-ов и после тоа се вари во експрес лонец 10 минути. После тоа „месото“ се двои од семките и е спремно за понатамошно готвење. На загреана тава се става малку масло, тмин и ловоров лист да се пржат 2-3 минути, после тоа се додава кромид и лук. Откако кромидот ќе стане речиси проѕирен се додава „месото“ заедно со: соја сос, чили-лук сос, bbq сос, гарам масала (микс на зачини достапен во Азиските продавници, еве еден рецепт како да го направите миксов дома), thyme, италијан микс, црн бибер, куркума. Се додава малку вода, колку да не загори. Ова се меша убаво, па после тоа тавата се покрива со капак и се остава на тивок оган да се крчка околу 20-25 минути, додека овошјето не ги впие зачините. На крај се става сол.

    Бонус рецепти:

    Манчуриан
    Микс од кромид, праз, пиперка, зелка и пченка се пржат на тивок оган додека малку не омекнат. Во одделен сад се ставаат 3 полни лажици брашно од пченка и се меша во од прилика литар вода (никогаш не мерам кога готвам). Откако зеленчукот ќе омекне малку се додава соја сос, bbq сос, чили-лук сос, кечап, лук во прав, црн бибер, микс на италијански зачини и thyme и се промешува. Веднаш после тоа се додава смесата од вода и брашно и се промешува. Тука се додаваат брокулите. Треба да поврие на среден оган околу 10 минути, а чорбата треба да е малку густа. На крај се додава сол.

    Зеленчукот го менувам секој пат, зависи од тоа кои ингредиенти ми се достапни.

    Плескавици од тиквица и компири

    Се ренда една голема тиквица и се цеди водата од неа. Потоа се ренда еден морков, се додава ситно исечкана пиперка, два-три варени компири предходно згмечени со вилушка (не треба да бидат како пире, треба да имаат малку текстура) и малку пчена (од конзерва, треба да е веќе варена). Од зачини се става бибер, лук во прав, гарам масала (линк од рецепт погоре), сол и италијански микс на зачини. На крај се додава презла и смесата се меша и оформува во плескавици. Се пржат на малку масло, на среден оган. Температурата треба да биде доволно висока да се спржи и внатрешноста, но да не изгори во меѓувреме.

    Немам слика само од Jackfruit pulled pork, па затоа ги додадов и другите два рецепти во случај на некого да им се допаднат.
    _________________________

    Автор: @IronLady
    [​IMG]
    Потребни состојки:
    - 500гр наполитанки ( можете и помалце)
    - 400гр Нутела
    - 200-300гр лешници ( исто можете помалце или повеќе да додадете, зависи од вкусот)
    - малу масло

    Подготовка:
    - Се кршат наполитанките во еден сад.
    Потоа лешниците се сецкаат ама парчињата да не бидат ситни ептен.
    Мал дел тргнав настрана од сецканите лешници оти ми беа потребно за декорирање.
    Потоа се додава нутелата.
    Се замесува убаво, па се додава малу масло колку да може поубаво да се зацврсти смесата и да се замеси.
    Смесата откако ќе се направи се става во фрижидер неколку часа да се стегне,за да може поубаво да се прават бомбиците без да се лепи смесата.
    Потоа се прават бомбиците и се валкаат во што сакате.

    Ја ги правев со чоколадо и лешници, како и во какао.
    На почетокот тие од какао испаднаа како труфле убавите ама потоа не знам зошто, ама изгледа какаото се упи.

    Види го прикачениот фајл 394071
    __________________________

    Автор: @Bubce38
    [​IMG]
    Араванијата стандард:
    10 јајца
    10 лаж шеќер
    10 лаж брашно
    7 лаж гриз.
    пециво и ванила
    Одозгора слатко од диви смокви
    [​IMG]
     
    На boomsleng и SV1911 им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Пржено тесто
    Автор: @Arendelle
    [​IMG]

    Тиганици
    Ми се погоди тема, да искористам слика од архива.
    Рецепт:
    1кг брашно
    250мл млеко
    250мл млака вода
    3 јајца
    3 лажици масло
    1 коцка свеж квасец
    1 лажичка пециво
    1 лажичка шеќер
    плус масло за пржење
    Прво квасецот го активираме со шеќер во топла вода, во сад ги ставаме останатите состојки, го додаваме квасецот и месиме додека не добиеме глатко тесто, по потреба може малку да се додаде брашно. Го оставаме тестото да одмори околу 1 час потоа правеме топчиња ги оставаме и нив околу 20 минути, потоа го растегнуваме секое топче и ставаме да се пржи во загреано масло.
    Може да се комбинираат со сирење, јогурт, буковка, шеќер.. секако се вкусно и меки па и само така да се ручаат.
    __________________

    Автор: @orhideea
    [​IMG]
    1 кгбрашно
    2 пакетчиња сув квасец
    Зејтин
    Млеко
    Млака вода (се од око)
    2 јајца
    Лажичка сол
    Лажичка шеќер
    Замесив тесто од сите состојки го оставив да нарасне потоа го премесив и по втор пат нарасна. Си кинев топчиња од тестото и со сукало ги сучев да бидат ептен тенки за да бидат внатре шупливи, му ставив сиренце и ги преклопив и со прсти ги стегнав краевите. Оставив да одморат 20 тина минути и ги пржев во врел зејтин. И ги јадевме со јогурт :D
    ______________________

    Автор: @Bubce38
    [​IMG]
    Лангиди замесени со кравјо млеко, ќе ги јадеме со козјо сиренце и овчо кисело млеко :P.
    Рецептот е стандард
    500 мл Топло млеко ,еден квасец и брашно по потреба .Јајца не ставам, помеки ми се без јајца ( душичка се овие:)) Пржење во врел зејтин

    ______________________

    Автор: @MamacitaBuena
    [​IMG]
    Да им се придружам на мекиците од погоре.
    Се замесува меко тесто од 1кг брашно,2 јајца,коцка квасец,200 мл топла вода,200 мл јогурт,лажиче шеќер,лажиче сол и едно кесенце адитив за тесто.
    Тоа е тајната за изгледот и вкусот.
    Кога ќе стаса тестото се оформуваат и се пржат во добро загреано масло.
    Се вадат и се цедат на салфетки одмаснотијата,па можете да се гостите :D
    ________________________

    Автор: @bebaa
    [​IMG]
    Пирошки поховани.(без презла)
    За филот:250гр пилешко,4 корнишони,10тина маслинки може и помалку беа,две големи лажици павлка,сол и зачин по желба,јас ставив малку мелено мускантно оревче и сол.Месото зачинето и ситно сецкано, се пржи и потоа се додаваат ситно сецканите маслинки и корнишони,на крај павлаката.
    За валкање 3 лажици брашно и малку црвен пипер,2 јајца.
    Палачинките (може и готови од Туш :) )се прават стандард,потоа се полнат со една лажица полна од филот,се превиткува од спротивните страни за да се затвори,па се преклопува од другата страна да дојде како отворено плико,и се замотува во ролна.Се валкаат во брашно со малку црвен пипер,па во матени јајца и се пржат.Може на крај и во презла но јас го прескокав тој дел.
    ______________________

    Автор: @tincemajmunce
    [​IMG]
    Ставаме 500 мл вода да зоврие со 600 гр шеќер,откако ќе зоврие вариме уште 15-20 мин на тивко.Тргаме настрана и додаваме една ванила и малку ладна вода,мешаме и оставаме да се олади.

    250 мл вода,50 мл масло и прстофат сол ги ставаме да зовријат,па го додаваме брашното и мешаме додека се изедначи смесата.Оставаме да се олади.
    Откако ќе се олади додаваме 4 јајца едно по едно и месиме додека се добие мазно тесто.
    Тестото го ставаме во шприц и пржиме во поголема количина загреано масло.
    Пржените тулумби ги ставаме во оладениот шербет,па ги редиме во плех,и ги преливаме со преостанатиот шербет.
    Оставаме да се оладат и да впијат од шербетот.
    _________________

    Автор: @theowndemon
    [​IMG]
    Едно јајце,
    Малку сол,
    Околу 250мл јогурт,
    Пециво,
    и брашно по потреба.


    Се мати прво јајцето со солта па се додава јогурт и после пециво со брашно. Брашно искрено не ни знам колку ми влезе, притурав дур се направи убаво меко тесто и релативно нелепливо.
    Се остава да поседат 10-15 минути па се пржат.
    _______________

    Автор: @An-na
    [​IMG]
    Тестово е исто како за мекици.
    250мл млеко, 250мл вода, 1 стасан квасец, 1 пециво, 2 мали лажички сол. Се замесува со брашно меко тесто. Откако ќе стаса се расукува кора, се реди полнењето на одредено растојание ( во зависност од тоа колкави сакате да бидат) се преклопува и се сече (јас со чаша сечев)
    Се оставаат да стасаат и се пржат во не многу врело масло.
    ______________

    Автор: @sia.bella
    [​IMG]
    1 чаша млеко
    1/2 чаша јогурт
    1 квасец
    1 пециво
    2 јајца
    1 лажица ракија
    1 лажица шекер
    прстофат сол
    по потреба брашно

    Од сите состојки се замесува многу меко тесто, потоа се остава да стои додека ненарасне.
    Откако ќе нарасне, се кинат од тестото топчиња и се развлекува да му се даде форма на мекица, па се пржат во загреано масло додека не добијат убава златна боја.
    _____________________

    Автор: @Espadrila
    [​IMG]
    ЛОКУМАДЕС крофни

    2кг брашно
    1л.млака вода
    2 квасеца
    1 маргарин
    6г.лажици шеќер
    Прстофат сол
    (бидејќи ова е поприлично многу, баш како за гости кога идат за принова, слободна направете пола доза, јас така правам).
    Во водата се става квасецот и маргаринот и постепено се додава брашното, солта и шеќерот. Тестото се месе да биде средно измесено, накај меко. На крај од месењето, фино е тестото да се "потепа" 10тина пати.
    Тедтото го делиме на два дела. Едниот го тргаме на страна, а другиот дел го работиме. Се сукнува кора со дебелина околу 1 прст и со калап се вадат формите за крофни. Истото се повторува со другиот дел од тестото. Откако ќе се изработи целото тесто се стават на пржење.
    *тестото не се чека да стаса
    *за пржењето се започнува од првоизвадените форми, кои откако ќе се извадат исто не се чека да стасат
    *за цорма на калап можете да користите чаша но и пластично од витакрем, леон крем и слично, за малото дупче на средина капаче од шише ;)
    *откако ќе се испржат по желба се става шеќер во прав или обичен шеќер

    Локумадесов е многу убав и вкусен и не е скап (во смисол јајца млеко јогурт и сл.)
    На здравје
    __________________

    Автор: @tace73
    [​IMG]

    На 500 гр брашно (јас користам мешавина за црно брашно) оди 1 лажиче сол, едно шеќер и половина свеж или сув квасец за тоа количество. Вода оди отприлика 300 мл, да се добие меко и мазно тесто кое не се лепи.Јас го удирам 50 пати од работната површина. Се остава 5 мин да се одмори. Потоа се вадат топчиња со рака, внимателно се обликуваат и се расукуваат во кружница со радиус отприлика 10-15 цм, во зависност од големината на тавчето, а со дебелина 2-3 мм. Се пржат во не премногу врел зејтин. Кога се ставааат, може да се избоцкаат со вилушка на неколку места, да не се надухат премногу
     
    На CrazyOne му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Пица


    Автор: @tace73
    IMG_2835 copy.jpg

    . Рецептот е за 4 пици во тавчиња специјални за пица од 33 цм, а е сличен со рецептот за пица залачиња
    Тесто:
    - 1 кг и 200 гр мешавина за црно брашно
    - 2-3 кафени лажичиња квасец
    - 2 кафени лажичиња сол
    - 2 кафени лажичиња шеќер
    - 3-4 супени лажици зејтин
    - 650-700 мл вода

    Се замесува меко тесто. Убаво се премесува. Јас го удирам 50 пати од маса. Се мачка со зејтин, се става во најлонска кеса и се остава минимум 4 часа да отстои во фрижидер.

    Тестото се дели на 4 дела. Не го премесувам, само леко со раката правам топчиња. Топчињата ги вртам низ раце, малку да се растегнат (не сум толку мајстор да ги истегнам до крај). Потоа на подлогата со мерки, со раце ги обликувам и ги ставам во тавчето.

    Филот ни е доматно пире, моцарела (некогаш мешано мозарела со кравји кашкавал погоден за топење, или само кравји), некаде 200-300 гр. по пица, шунка (шунка фина од ПИК најчесто), свежи печурки и оригано. Некогаш може да ставиме маслинки, свежа пиперка и сл.

    Решетката се става најдолу во рерната. Рерната се уклучува на најјако што имате, моето е 250 со вентилатор. Штом се загрее рерната, пиците се печат 7-10 мин (малку да испари и водата од печурките). По вадењето, крајчињата малку ги мачкам или ги прскам со зејтин.

    _________________________________

    Автор: @GoldenRose.
    IMG_20180419_130457.jpg

    . Тесто
    - 250 гр интегрално брашно
    - 1 лажичца сув квасец
    - пола чаша млака вода
    - пола лажица сол
    - 2 лажици масло

    - моцарела
    - пиперка
    - домати
    - маслинки
    - сув магданос

    Во садот со млака вода се додава квасецот и се остава да се нарасне . После се додаваат и останатите состојки и се замесува меко тесто. По потреба се додава и уште брашно.
    Тестото се остава на топло околу 40 мин за да нарасне. Се сучи тенка кора од тестото и се става во намрсена тава. Врз кората се редат останатите состојки, моцарела, пиперка, домати, маслинки и се поросува со сув магданос.
    Пицата се пече во загреана рерна на 250 степени, околу 20 мин..

    ____________________________________

    Автор: @An-na
    20180420_104501.jpg

    . Тестово е исто како за пастрмајлија. Никако не можам да си најдам некое погодено тесто за пица, затоа и најчесто со готово правам. Ова не беше лошо :?:

    500гр брашно, 250мл млака вода, 1/2 квасец, 100мл масло, 1мала лажичка сол, 1 мала лажичка шеќер. Тестото се меси на меко, стасува и се формираат пици. Филот е по желба.

    _______________________________________

    Автор: @bebaa
    received_10215835640753389_1.jpg

    . 500гр остро брашно
    325мл топла вода
    1 сув квасец
    Една лажица сол се става во брашното и ова се замесува со квасецот во водата.Се додава една лажица маслиновоми пак се меси.Се остава да стаса 2 саати,а потоа се става во фрижидер да одстои нокта.Нареден ден се вади на топло малку за да се тегне убаво.Се разтегнуваат во големина колку 32 тавче две пици.Се премачкуваат со доматен сос(домата,лук,маслиново,босилок) па се редат по желба.Овде има кулен,кромид,маслинки,кашкавал и моцарела.

    _______________________________________

    Автор: @theowndemon
    A5D48C45-4670-42F5-B9BC-1F84005875DC.jpg

    .
    • 1 јајце се мати со малку сол. Не мора да е со миксер, можи и добро со виљушка. Потоа се додава:
    • 100мл масло,
    • 200мл јогурт,
    • две чаши брашно и
    • едно пециво.
    Тестото треба да не се лепи на рака. Потоа само се истура на мрсна тава и се раширува врз неа. Јас го преферирам малку послабо зошто сепак многу крева, сепак не е баш пица туку пица погача.
    Од горе се ставаат работи по желба. Јас ставив:
    • Сирење,
    • Виршла,
    • Кашкавал и
    • Печурки на пола пица.
     
    На boomsleng и Dust им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Домашен чипс
    Автор: @manako1
    [​IMG]
    Чипс од домашна чадена сланина,со шопска,ајвар и макало од буковска пипер,сушен лук,сол,балсамико и масло.
    ___________________
    Автор: @MamacitaBuena
    [​IMG]
    Компирот се мие и се лупи со алатка на тенки прозирни резанци.
    Се оставаат неколку часа во студена вода да отстојат за да го пушти компирот својот скроб.
    Потоа се цади,пак се мие со ладна вода и убаво се суши на памучна крпа пред пржење.
    Се пржи на врел зејтин,најдобро во фритеза.
    Се посолува и зачинува по вкус со што сакате
     
  16. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Пролетни јадења
    Автор: @LiliBoz
    20180503_140026.jpg

    . Модар домат, пиперки, тиквички, морков, кромид, млад компир, домат. Модриот пиперките и тиквичките се прво пржени. Доматот компирот и морковот само лупени и сецкани. Потоа се заедно печеме 40 мин.На едниот крај има пармезан на сликата за да се види и без.

    _____________________________

    Автор: @Bubce38
    20180422_140857.jpg

    . Турли тавасо свинско каре.
    Зелка, модар, боранија, тиквица,зелена и црвена пиперка,
    кромид, печурки , патлиџан,морков. Прво запржено , па запечено.
    Прилог,младо компирче со мајонез(facepalm)

    _________________________________

    Автор: @dunika

    D7CD6CC9-1E25-45A9-8A19-0CABF2399B41.jpeg

    . Супер тема,одма настапувам на сцена со денешниот ручек:ninja::D
    Парче стек е мевцето,печено на грил-тава,белото е младо сирење(cottage cheese),зелената салата не и знам име на мк:(,ама има трвкасто-сочен вкус^_^,рендан морков,домат и ротквица,со малку кашкавал одозгора.Лимон и маслиново уште на благо што не ставам,редовен прелив ми е:).

    Иначе и ја би умрела за урда ама нема овде,саде перца]:)

    _______________________________________

    Автор: @Dadusicka
    1525357593776923121065.jpg

    . 2 тиквици сецкани на коцки, се запржуваат со сол, вегета, рузмарин, чили. Кога се убаво запржени се додаваат 5 јајца.
    Брзо лесно и вкусно...

    ______________________________

    Автор: @MissDior

    0E19FC7F-A74C-4CBD-9DFA-1C9D9EC2921E.jpeg

    . Kрем супа од тиквица
    Ова ми е омилената крем супа, многу е лесна за правење и освежителна. Супата е многу кремаста и ароматична.
    Количините се за две особи
    1 голема тиквица
    2 млади кромитчиња
    1 младо лукче
    Зачини: бибер, куркума, биозачин,сол
    Се запржуваат лукот и кромидот во маслиново масло, се додава ситно сецкана тиквица и се меша кратко време. Се става вода колку да ги покрие тиквиците и се вари на тивко со капак 20 мин. Откако ќе се олади малку се блендира.
    Кубетите се потпечени со чили и маслиново.
    Јас ја сервирам супата со додаток неколку лажици овчо кисело млеко, може и павлака или сл.

    _______________________________________

    Автор: @theowndemon

    IMG_20180504_143417_638.jpg

    . Состојки:
    • една тиквичка
    • сол
    • пипер
    • малку масло
    • филџан вода
    Се ренда тиквичката дур стигниш до семките, надолго. Потоа се става малку масло, се став во тавче заедно со малку сол и пипер. Се пропржва околу минутка- две и после се тура вода малку колку да прекрие и се остава да крчка дестина до петнаесет минути. После само се процедуваат и сервираат. Дур сликав веќе се изладија.

    _____________________________

    Автор: @SV1911
    DSC_1456.jpg

    . Дип од спанаќ и пита-леб
    Спанаќот треба да се стави во жешка вода за да омекне и после тоа се блендира (може и со блендер или процесор, лично јас користам процесор поради густината). На тава се става малку масло, и се пржи ситно исечкан кромид, а кога ќе имекне се додава и лук. После две-три минути се додава изблендираниот спанаќ и се ставаат зачини. Јас користев: кари, куркума, гарам масала, thyme, магденос во прав и на крај сол.

    Пита-леб
    Се меси меко тесто и се пече на тава. Попросто - здравје!

    ______________________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    20180429_100747.jpg

    . Одличен појадок за сезонава :)
    блендирани банана, јагоди, мед и јогурт (y)

    _______________________________________

    Автор: @tincemajmunce
    IMG_20180506_105108.jpg

    .
    Омлет со спанаќ

    Го сечкаме спанаќот на ситно и го пропржуваме.
    Во меѓувреме ги маткаме со вилушка јајцата со малку млеко и сол.
    И ги додаваме на пропржениот спанаќ.
    Сервираме по желба.

    ______________________________

    Автор: @GoldenRose.
    IMG_20180505_185827.jpg

    .
    3 поголеми тиквици
    300 гр мелено месо
    1 страк праз
    1 поголем домат
    100 гр кашкавал
    Сол,буковец и оригано.

    Бешамел сос
    30 гр путер
    30 гр брашно
    2 чаши млеко
    оригано


    Тиквиците се сечат на ленти со дебелина од 2-3 мм и се посолуваат. Се премачкуваат со малку масло и се потпекуваат на грил тава по 2-3 мин. од секоја страна додека не омекнат и добијат малку боја.
    Во друг сад на тивок оган се пржи празот заедно со меленото месо,зачините и доматот ,претходно излупен и исечкан на коцки.
    Подготовка на бешамелот
    На 30 гр путер се запржуваат 30 гр брашно, постепено се додава млекото кое треба да биде млако, се додека не се згусне . На крај се става ориганото.
    На секоја лента тиквичка се става парче кашкавал, малку од смесата и се витка во ролна . Вака ролованите тиквички се редат во огноотпорен сад и се полеваат со бешамелот, се покрива со алуминиумскафолија и се печат на 200 степени околу пола саат. После се вади фолијата и се допекуваат уште 10-15 мин.

    _________________________________

    Автор: @An-na
    [​IMG]
    [​IMG]

    . Едноставен неделен ручек типичен за ова време.
    Пржени пиперки и домати со јајца, пржен млад кромид со јаца и тиквички потпечени на грил тава со лукче, масло и оцет.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Јадења со ориз
    Автор: @bebaa
    [​IMG]
    Копаните ги посолувам им ставам зачини во моментот што ми се јаде(овде оригано и рузмарин) и ги печам со малку вода во рерна околу 40тина мин.
    Кромидот го ставам со морковите ги запржувам,па го додавам и оризот со нив уште малку пропржувам и додавам вода и зачини( сол ,сув магдонос и бибер) во тавчето,да поврие малку.Потоа го истурам во тавче со копаните,додавам вода и оставам да се пече уште 40тина мин.
    __________________________

    Автор: @MissDior
    [​IMG]
    Кајнас дома овој рецепт е омилен, понекогаш варираат зеленчуците и припремаат на пилешко/мисиркино месо. Начесто месото со зачини е печено во грил тава и сецкано на парчиња. Басмати орозот се вари во кесичката 10 минути. За тоа време запржувам во маслиново морков рендан на ленти, сецкана црвена бабура, кромид на кругови, со сол, бибер, куркума, чили и ги покривам со капак, повремено мешајќи. На крај додавам исецкана обарена брокула и парчиња пилешко месо. Кога ќе се свари орозот се цеди и се прелева со месото и зеленчуците, се заедно добро се меша. Зачинувам со малку лимон за по егзотичен вкус.
    ___________________

    Автор: @chocolade
    [​IMG]
    Полнет артишок со ориз.
    Рецепт за 4 парчиња артишок:
    1 чаша средна големина ориз, во него се дробат ситно 5-6 млади кромитчиња, една китка или повеќе свеж копар, сол, црн пипер, повеќе маслиново масло(мерка немам од око ставам јас, да биде доволно мрсно но не и премногу), сок од пола лимон. Се меша оваа смеса и како на сликата се полнат листовите измеѓу со оризот, лист по лист. Се редат во тенџере, се става вода одприлика, да дојде до средина на артишок-от, се става маслиново масло, половина лимун и сол во водичката. Се затвара со капак да крчка на тивко околу 1.30-2 часа. Во меѓувреме се додава вода и маслиново масло по потреба. Јас пробувам со лажица, треба водичката да има доволно сол и да е малку кислекаста но не премногу. Ако има потреба пред крај додавам уште лимун. Листовите не се јадат цели, туку се гребат со заби :lol: Се јаде внатрешниот дел и оризот8-|
    __________________

    Автор: @SofiMar_
    [​IMG]
    Кафеав ориз со лимон и пилешко во сос.
    Оризот се вари заедно со мешан зеленчук (морков, пченка, прокељ). Кога ќе се свари се додава сок од 1 лимон и сол. Пилешкото се пропржува со сецкано лукче и спанаќ, се додава хопла за готвење, зачини по желба и на крај рендан кашкавал.
    ___________________
    Автор: @Berguzar
    [​IMG]
    Рижото со сос од свинско месо (може и пилешко)
    Варам ориз за четири лица обично потоа на тава запржувам тиквичка на коцки и пиперки. Го истурам оладениот ориз во тавата, ставам вегета и црн пипер и го запржувам.
    За сосот месо на коцки со кромид додавам вода за да омекне на крајот малку пропржувам и му ставам испасирани домати. Го оставам така да поврие додека не се згусне доволно
    ________________________
    Автор: @Alondra
    [​IMG]
    Сутлијаш!
    Во тенџере ставам 1 литро млеко и 1 литро вода, 15 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер и 300 грама ориз (измиен претходно). Сето тоа се вари на тивок оган околу саат до сааат ипол. При крај се меша постојано за да загори.
    ______________
    Автор: @LiliBoz
    [​IMG]
    Полнети пиперки
    Мелено месо за пржено со кромид и морков. Додадено ориз и црвен пипер бибер и сол. Дур се запржува ги чистиме пиперките па ги полниме со мастравот и затвараме со парче домат. Редиме во тава посипуваме со вода и печеме 30 мин на 200. Јас од мастравот ставам и во водата зашто сакам да мацкам
    _______________
    Автор: @SV1911
    [​IMG]
    Vegetable fried rice
    Оризот се вари одделно, а одделно на тивок оган се динста зеленчукот (околу 3-4 мин) насецкан на ситни коцки полиен со соја сос. Откако зеленчукот малку ќе омекне се додава оризот, уште соја сос по потреба, лук, бибер, куркума и сол и се меша заедно. После неколку минути се става насецкан магдонос (може и млад кромид, уште подобро, јас овој пат немав дома). Ептен лесно и вкусно. :)
    ___________________
    Автор: @ALISA0000
    [​IMG]
    Се прже млад кромид м месо печурки и се додава ориз Се зачинува со вегета бибер пипер црвен
    Младите тикивчки се полнат со смесата и се затвараат со црвен патлиџан се заливаат со вода и се стават у релна на печење
    _____________________
    Автор: @eli25
    [​IMG]
    Спанаќ и ориз (интегрален)
    Се вари оризот со малку сол, кога ќе биде готов додавам кромид и еден рендан морков и запржувам малку. Спанаќот го бланширам и го мешам со оризот .
    Настрана матам 2-3 јајца и една мала павлака, посипувам и запечувам. Како пита е
    ________________________
    Автор @iskraFem
    [​IMG]
    Рижото со спанаќ и аспарагус

    Се потпржува аспарагусот, се додава кромид исто се потпржува и се додава малку спанаќ. Се става оризот (арборио или за рижото) и се потпржува додека оризот не ги впие соковите. Зачинувам со сол и црн бибер. Се додава малце бело вино (јас практикувам просеко, кој не сака може и без вино). Кога ќе го снема виното се додава едно кутлаче зеленчукова супа (може и пилешка/говедска, зависи која комбинација ја правите), кога оризот ќе ја впие целата течност се додава пак и се промешува. Така неколку пати. Веќе кога ќе приметите дека на оризот му фали само едно кутлаче течност до крајот, ставете малку путер, рендан пармезан (може и пекорино но јас не го практикувам) и едно кутлаче супа. Поклопете без да промешате и оставете го едно 10 минути. (Таман време да потсредите кујната и наредите масата ;))
    Пред сервирање промешајте. Оризот веќе го впил и последното кутлаче супа а остатокот е смешан со пармезанот и путерот во кремав сос.
    Комбинациите се премногу, можете да направите со пилешко, габи, тиквичка, модар домат, грашок, лосос, пушено месо...
    ______________
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Рецепти со јагоди

    Автор: @SofiMar_

    [​IMG]
    Розов дел - се блендираат јагоди и замрзната банана со малку вода од кокос и агаве сируп.
    Зелен дел - киви, банана, кокосова вода и агаве.
    Виолетов дел - боровинки, кокосова вода и агаве.
    Се оставаат во замрзнувач некој саат и спремни се.
    ______________________

    Автор: @Berguzar
    [​IMG]
    Кора (за една кора)
    6 белки
    100гр. шеќер
    50гр мелени ореви
    50гр мелени лешници
    2 реда чоколадо
    Фил 1
    18 жолчки
    250гр шеќер
    1л млеко
    3 пудинга од јагода
    250гр маргарин
    100гр шеќер во прав
    100мл слатка павлака
    2 милка чоколадо од јагода
    Фил 2
    400мл слатка павлака
    Неколку лапки арома од јагоди
    Подготовка
    За кората убаво се матат белките со шеќерот. Се додаваат мелените ореви и лешници, рендана чоколада и полека се соединува со лажица и се става во кружен калап за печење. Се пече 20мин на 180 степени. На овој начин се прават уште 2 кори.
    Фил 1
    Во малку помалку од 1л млеко се става шеќерот и се става да зоврие. Во остатокот од млекото се матат жолчките со пудингот и се истура во зовриеното млеко додека да се згусне. Откако ќе се олади се додава претходно обработениот маргарин до шеќерот во прав. Посебно се мати 100мл слатка павлака и се додава во смесата. И милката се ренда и се додава да се соедини. Филот две се мати со неколку капки арома од јагоди.
    ____________________

    Автор: @dunika
    [​IMG]
    Рецепт па и нема,смрзнати банани и јаготки,ги оставив да “пуштат” малце,па ги изблендирав.
    На веќе хомогена смеса,дотурив млеко и еееептен малце шеќер во прав(ради децата).
    Слободно користете засладувач по вкус,или сменете млеко со бадемово за посна/веган верзија;)
    ________________________

    Автор: @Bubce38
    [​IMG]
    Рецепт:
    Во ниските чаши:
    Долниот дел е пудинг од ванила ( од оној што не се вари ) со многу изблендирани јагоди . Врз него ставаме насецкани јаготки, малку бисквитки ( јас ставив Wellness интегрални ) . Па ставив хопла изматена со лимонов шеќер и малку маскарпоне и кафеав шеќер. Накршив пак од бисквитите и парчиња јаготки .

    Високите чаши ги правев по овој рецепт
    http://kreativnirecepti.com/desert-od-jagoda/
    Само што за разлика од овде , јас користев безбоен желатин во кој му ставив изблендирани јаготки
    _____________________
    Автор: @Luciferovog zlo♧
    [​IMG]
    Состојки: 100g брашно ( Szafi free Express, унгарско природно брашно) 45g еритрит , 2g хималаиска сол 20g јаболков оцет 170g млака вода. * Фил: Шафран џем, приближно 300-350 g јагоди, и еден еритрит (природен шеќер) * подмачкување: џем од кајсии, неколку капки кокосово масло... јаболковиот оцет, солта, водата, и додадениот еритрит се мешаат потоа се додава брашното и се замесува со рака, се остава 15-20мин. Во меѓувреме се мијат јагодите и се мешаат со засладувачот, по поставувањето на тестото, се делат два или три дела на парчиња, се реди смесата се превиткува и се пече. Се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 35 мин.
     
    На boomsleng и tace73 им се допаѓа ова.
  19. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Мафини
    Автор: @♡BuBaLe♡
    FB_IMG_1525893390200.jpg

    . Ја загреваме рерната на 180.
    Во сад матиме 4 јајца, 1/2 литар млеко (може и јогурт ) , 250 мл масло, во друг сад просејуваме 1/2 кг брашно, 350 гр шеќер ( ако ставаме јогурт може и повеќе ) , лажиче сода бикарбона, 2 кесички ванилин шеќер и 1 кесичка прашак за печење и по желба какао 2 лажици. Оваа смеса ја вмешуваме во садот кај јајцата. Калапчињата ги намрсуваме и ги полниме до пола. Во сад настрана сецкаме 4-5 чоколади ( за готвење или уште добро млечни )на коцки и наросуваме во калапчињата. Наросуваме и кршени лешници.
    Ставаме во рерна да се печат 15тина минути.
    Излегуваат 25тина мафини.
    Мирисаат неодоливо и скоро е невозможно да избегнете да си го изгорите јазикот - парченцата чоколадо се растопени и жешки ;)

    ____________________________________________

    Автор: @simonka93
    Screenshot_20180524-222214_Instagram.jpg

    . Тесто:
    100 г путер или маргарин
    180 г шеќер
    2 јајца
    200 мл млеко
    120 г брашно
    2 лажички пециво
    4 лажички ванилин шеќер

    Јако кафе, ладно и цедено

    Фил:
    200гр. Маскарпоне
    200гр. Несолено крем сирење
    50гр. Путер
    1 лажичка ванилин шеќер или екстракт од ванила
    Шеќер во прав по вкус, по рецептот е 250гр, но јас ставам помалку


    Путерот се топи. Јајцата и шеќерот се бијат убаво се додава млекото и путерот. Се меша убаво, се додаваат сувите состојки и се меша полека.
    Се ставаат корпиња во калап за мафини, се полни калапот и се печат на 175 степени дури да добијат убава боја и да се суви внатре (се пробува со чепкалка). Се оставаат убаво да оладат.

    Маскарпоне крем

    Во миксер се мешаат убаво сирењата со путерот. Се додава прав шеќер и ванила шеќер(екстракт) и се меша со миксер полека, да се добие убав крем и се става во фрижидер.

    Ладното кафе се истура во мал длабок тањир.
    Корпињата се вадат полека од мафините.
    Половинаод колачето се мака во кафето 2 секунди, се брцка и се вади да не впива многу колачето и се редат во чинија за сервирање. Се става од кремот и се поросуваат со какао

    _____________________________________

    Автор: @An-na
    20180525_131325.jpg

    . 2 филџани брашно, 1/2 филџан шеќер, 1 пециво, 2 јајца, 1/2 филџан масло, 1/2 филџан млеко.
    Сето ова се меша, се полнат калапите и одозгора се ставаат исчистените вишни претходно извалкани во малку брашно.
    Се пече 10-15 минути на 200 степени.
    Се посипуваат со шеќер во прав.

    ____________________________________________

    Автор: @Alondra
    PICT0373.JPG

    . Потребно е:
    чаша и пол обично, бело брашно
    пола чаша пченкарно брашно - дава крцкавост
    прашок за пециво
    сол
    две јајца
    чаша млеко
    пола чаша масло
    400 г сирење.

    Се мешаат сувите состојки - двата вида брашно, прашокот за пециво, солта и сирењето/кашкавалот (или што и да ставате - важно да се измеша убаво со брашното, за да не ви слегне на дното на мафините, оти после тешко се одлепуваат). Посебно се матат јајцата, млекото и маслото и се додаваат на сувите состојки. Убаво се меша и се става во хартиени модли во калап. Се печат 20-30 минути во рерна загреана на 180 степени.

    _______________________________

    Автор: @Annath
    IMG_20180526_190149.jpg

    . Мафини со вишни и чоколадни трошки
    Две јајца се матат со 100 г шеќер и ќесичка ванилин шеќер додека да добијат светложолта боја. Се додаваат 100 мл млеко, 70 мл масло, 225 г брашно помешано со две лажички прашок за пециво, 80 г кокос и 100 г сецкано чоколадо.
    Се меша убаво, се става во калапи, одозгора се ставаат вишни и се посипуваат со чоколадни трошки. Се печат 25 минути во загреана рерна на 180 степени.
    Ова е оригиналниот рецепт, а мојата модификација беше во тоа што не ставив чоколадо и кокос во тестото, ставив две раце фино мелени бисквити, а друго се е исто.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Лесен летен оброк
    Автор: @bebaa
    IMAG1609_1.jpg

    . Ролни од црн патлиџан:
    Еден поголем патлиџан и еден помал.
    Околу 300гр мелено месо
    Сос од домати (може и рендани патлиџани) јас ставив едно пивско шише домашен сос .
    Зачини,сол,магдонос,бибер за меленото, и босилок за сосот од домати
    Рендана главица кромид
    Две лажици павлака,јајце,и малку леб.
    Патлиџанот го сецкаме на танки ленти,па го посолуваме и оставаме 20тина мин.Потоа го миеме оставаме да се исцеди.На мн малку масло го запржуваме кратко а предходно со хартија го забришуваме убаво.Меленото ,павлаката,јајцата,кромидот средата од едно крешниче,и зачините ги месиме убаво и потоа на секоја лента ставаме малку месо и вртиме ролна.На тавче ставаме од сосот и врз него редиме од ролните.На крај го истураме остатокот од сосот.Покриваме со фолија и се пече околу 40тина мин.На крај се допекува без фолија.Се јаде со павлака или кисело млеко.

    _______________________________

    Автор: @theowndemon
    IMG_20180613_165847_953.jpg

    . Значи има печени зелени пиперки, лупени и зачинети со сол и масло. Црн домат и лепче намачкани до скроз малку маргарин и поминати на тостер. Ептен кревко јајце варено. И домат, маслинки и парче бело сирење.
    Колку се квалификува не знам, ама лесно, летно, зеленчуково и најважно - вкусно.

    _______________________

    Автор: @DAngel
    35238180_1696597640377676_4124256326102548480_n.jpg

    . Се пропржуваат кромид и морков, се додава сецкана пиперка. Од кога ова ќе се пропрши се додава и тиквичка, па малку подоцна и печурки и се пржи додека не испари водата од печурките.
    Зачини: кари, соја, чили во прав, сол и бибер.
    Лесно и набрзина.

    ____________________________

    Автор: @MissDior
    16EBC602-CB03-4B3E-9D1B-F5B147DA0834.jpeg

    . Исецкана рукола и марула зачинувам и додавам патлиџани и печени модри патлиџани (јас ги печам на тостер 10 мин) исечени на кругчиња. Додавам парче сирење и балсамико.

    ______________________

    Автор: @manako1
    IMG_20180614_181801.jpg

    . Компири печени со зачини и шампињони. Тиквици пржени и со балсамико,масло,лук и сол.

    _________________________

    Автор: @♡BuBaLe♡

    20180610_132120.jpg

    . во зовриена солена вода ставаме 150 гр ориз да се вари 10тина минути. Процедуваме.
    Ставаме 500 гр мелено месо во поголем сад, го додаваме оризот, лажиче сушен зачин, лажиче сенф, едно јајце, по вкус оригано, босилек, нане, магдонос, малку лебни трошки. Замесуваме да добиеме хомогена смеса, правиме топчиња големи колку орев и кратко ги пропржуваме.
    Во тенџере на оган ставаме шоља вода со пола коцка за супа да врие па додаваме 500 мл томатело, зачинуваме со 2 лажички шеќер, пола лажиче сол, малку сенф, и ги додаваме ќофтенцата. На тивко се крчка 20тина минути. На крај додаваме свеж магдонос.

    ________________________________

    Автор: @SofiMar_

    15291640125938746284576534177386.jpg
    Печурки полнети со печеница и кашкавал, одозгора малце црн пипер и маслиново и на печење.
     
    На theowndemon и zhap4e им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.