1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина готвач - Рецепти и гласање

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Dust, 16 април 2017.

?

Тема: Домашна пица - гласање

Анкетата е затворена на 6 февруари 2020.
  1. Leo_29

    1 глас(а)
    2,3%
  2. angelche16

    2 глас(а)
    4,5%
  3. emkaemka

    4 глас(а)
    9,1%
  4. bella12

    3 глас(а)
    6,8%
  5. Star_dust

    2 глас(а)
    4,5%
  6. mariz

    7 глас(а)
    15,9%
  7. Sexybaby86

    5 глас(а)
    11,4%
  8. eli25

    10 глас(а)
    22,7%
  9. g8lQQk

    2 глас(а)
    4,5%
  10. manako1

    8 глас(а)
    18,2%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Рецепти со/од тиква

    Автор: @mareane
    [​IMG]
    _____________________________________

    Автор: @SofiMar_
    [​IMG]
    Класична печена тиква.

    Само ја сечам на тркалца и ја печам во стаклрн сад со малце вода, 20тина мин. под фолија, после откриена дури да добие боја
    ___________________________________

    Автор: @MamacitaBuena
    [​IMG]
    Слатка пита од тиква

    Јас сум убедливо најголема тикварка на форумов :D да си знаете:!:
    Сега рецептот....
    Се ренда цела помала тиква на крупната страна од рендето и се става во длабок сад.Кон неа се додаваат сите останати состојки:
    2 јајца,1 чаша млеко,пола чаша масло,300 грама шеќер и малку цимет,100 грама брашно,1 пециво и пола чаша гриз.Се пече 40 минути на 200 степени.

    *Овој колач се јаде потполно оладен,најубаво наредниот ден,бидејќи треба да се стегне за да не стане каша топло ако се сече.
    Bon appetit :d:
    ______________________________

    Автор: @theowndemon
    [​IMG]
    Тикварник.
    Рецептот е од тука.
    Украсено со гејлзинг од шеќер во прав и лимон, пропрскано со мелен цимет и стапче цимет за украс.
    ______________________________

    Автор: @S.J.Parker
    [​IMG]
    Тиква десерт
    Една мала тиква се сече на половина и се чистат семките. Внаттешноста на тиквата се полни со урми, суво грозје и суви сливи а врз нив се става една лажица мед.
    Се пече во тава со малку вода, прво под фолија, а потоа се трга за да заруменат ивиците.
    ПС Не можам да кажам ништо за вкусот, јас тиква не јадам, ја спремам за сопругот, по негово кажување супер вкусна и блага е
    __________________________________

    Автор: @Leo_29
    [​IMG]
    Колач со тиква и чоколадо
    Подготовка
    Се матат 2 јајца, 1/2 чаша масло и 1 и 1/2 чаша шеќер, па се додава 1 чаша пире од тиква. Потоа се додаваат 1 и 3/4 чаша брашно, 1 пециво, 1 лаж.сода бикарбона. 1 ванила, 1лаж.цимет.
    Смесата се истура во намастен, долгнавест калап или куглоф и одозгора се посипува 150-200 гр.растопена чоколада. Убаво се меша со стапче за скара или чепкалка колку само да се направи мермерен ефект. Се пече 1ч на 175Ц, со тоа што по 35-40 мин се покрива со фолија за да не изгори одозгора. Се остава убаво да се олади и се служи посипано со шеќер во прав.
    _________________________

    Автор: @Vanj4e
    [​IMG]
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Баклава
    Автор: @Skyfall
    [​IMG]
    ------------------------------------------------------------------------------

    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]
    -------------------------------------------------------------------------------------------

    Автор: @Berguzar
    [​IMG]
    Посна баклава со тиква
    Потребни состојки:
    Фил

    Половина килограм кори
    1кг рендана тиква
    300гр зејтин
    200гр сецкани ореви
    100гр презла

    Шербет
    600гр шеќер
    700мл вода
    1 ванила
    1 лажица сок од лимон

    Постапка
    Ренданата тиква се пропржува со 200гр зејтин и се тргна настрана. Се додаваат оресите и откако се олади се додава и презлата и се разбркува да се соедини.
    Првата кора се премачкува со зејтин и врз неа се става втората, се премачкува со филот и се става и третата. Се мота во ролат и се префрла во подмачкан плех и се сече до посакуваната должина да се добијат рамномерни парчиња. Постапката се повторува и со останатите и се пече на 200 степени околу 40-45мин.
    Шербетот се вари 20мин и се прелива испечената баклава.
    __________________________________________________

    Автор: @Vanj4e
    [​IMG] ____________________________________________________________

    Автор: @sia.bella
    [​IMG]
     
  3. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Рецепти со овесни снегулки
    Автор: @tace73
    [​IMG]

    За 12 мафини потребно е:
    1. За тесто:
    - 1 јајце
    - 2-2 и пол лажици овошен шеќер или 1-1 и пол лажица стевиа
    - 10 лажици течност (млеко, јогурт, може и пола-пола)
    - 2 шољички зејтин
    - околу половина прашок за печиво, а не е грешка и цел да се стави
    - 1/2 или 1 лажиче цимет, по вкус
    - прстофат сол
    - 10 лажици брашно од овес (го добивам со мелење на 12-13 лажици овесни снегулки)
    - 3-4 јаболки (околу половина килограм)
    2. За премачкување: мармалад од кајсии со стевиа (на Виталија или некој друг диетален мармалад, а јас имам домашен од сливи, направен со стевиа):
    - околу 12 мали лажички, на секој мафин по една
    3. За глазура:
    - 1 чоколадо со стевиа (од краш е околу 80 гр, има и темно, јас ставам млечно)
    - 2 лажици млеко
    - 2 лажици путер
    Подготовка:
    Се мешаат состојките за тестото со маталка и со дрвена лажица. Јаболките се рендаат на ситно и се додаваат. Тестото не е премногу течно. Калапчињата се премачкуваат со путер. Се полнат калапите, доаѓа околу 1 1/2 - 2 лажици тесто, зависно од големината на лажицата. Се печат во рерна, по можност со вентилатор, околу 35 мин на 200 степени. Поради јаболките малку е помеко тестото, ако е без вентилатор, може ќе фати и 40 мин.
    Кога се готови се вадат тестенцата и може и млаки да се премачкаат со мармалад.
    На крај се топи чоколадото со путерот и млекото, убаво да се соединат и се става одозгора, доаѓа по една голема лажица на мафин.
    Највкусни се кога убаво ќе се изладат во фрижидер!

    _____________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]

    Црвен дел : блендирани банана, малини и аронија.
    Жолт дел : блендирани банана и јаболко.
    Зелен дел : блендирани банана, киви и спанаќ.
    Овесните снегулки најчесто ги блендирам заедно со овошјето, но овојпат поради потенцирање на боите ги оставив цели.
    Брз и вкусен појадок :)А пред се здрав

    ____________________

    Автор: @MissDior
    [​IMG]

    Пола шолја овесни снегулки
    една лажица чија
    една лажица ленено семе
    една лажица кокос
    цимет
    2 раце суви вишни (отприлика)
    Се топи едно млечни чоколадо со малку кокосово масло (јас користев добрина) се додаваат сите суви состојки претходно измешани и се меша добро. Со лажица од смесата се полнат калапи околку 1 см дебел слој. Се ладат 15 мин во замрзнувач, па се вадат од калапите, и понатаму се чува во фрижидер.
    Од оваа доза излегуваат 6-7 колачиња со големина на кукис.

    ___________________

    Автор: @Ariel
    [​IMG]

    Овесни снегулки :)
    Овесни снегулки, чиа семе, сончоглед, јогурт и малку млеко се мешаат и се оставаат во фрижидер преку вечер. Наутро им се додава свежо или замрзнато овошје, во случајов малини, и се јадат за појадок.

    Ова да го јадам секој ден домкрај на живот, нема да ми здосади.

    ___________________

    Автор: @Leo_29
    [​IMG]

    100 гр овесни снегулки
    2 банани
    2 јајца
    1к.л. сода бикарбона
    Се меша се во нутрибулет. Се пржат палачинки (како американски палачинки). Се декорираат по желба.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Кранчи десерт
    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]

    ОРЕО ЧИЗКЕЈК
    ОСНОВА
    230 гр орео колачи
    130 гр путер
    Се дробат во блендер колачите.
    Путерот отстојан и омекнат на собна температура се меша со издробените колачи и се соединува убаво со рака.
    Смесата се става на дното на калап 24 см со стегач.

    ФИЛ
    250 гр сирен намаз
    100 гр маскарпоне сирење
    180 гр шеќер во прав
    250 мл слатка павлака
    1 ванила
    1 желатин
    120 гр (или 10 колачи) орео колачи
    Сирниот намаз се мати со миксер заедно со шеќерот во прав и во него се додава маскарпонето.
    На страна се мати слатката павлака и таа се додава во претходната смеса
    Желатинот се потопува со 4 лажици вода и се остава да набабри, а потоа се загрева или во микро или на тивок огин. Се растопува (но не да зоврие ) и се додава во претходната смеса и се мати за се заедно убаво да се соедини.
    Во филот додаваме искршени колачи и туриваме врз основата и оставаме во фрижидер да се стегни

    ЗА ДЕКОРАЦИЈА
    100 гр орео колачи искршени
    ___________________________________________

    Автор: @MissDior
    [​IMG]
    Штрудла со јаболка и сливи
    Пола кило кори готови
    6 јаболка рендани
    Една кесичка сливи
    Гриз
    Една рака суво грозје
    Цимет
    100 мл масло
    Една лажица шеќер
    Фил:( ренданино јаболко или сливи и суво грозје, две лажици гриз, малку шеќер, цимет)
    Се редат 3 кори една врз друга со масло попрскани измеѓу и се става од филот на крајот од кората. Се витка и се става во намастено тавче. Се редат сите свиткани кори и се попрскуваат со маслото што останало. Се печат 30 минути на 180 степени. Мене ми испаднаа 5 ролни од кои 2 со јаболка, една со сливи. После печење се сечат и се попрскува со шеќер во прав.
    Првиот ден крцка штрудлата а вториот ден ако стои во кутија е мека.
     
  5. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Посен оброк
    Автор: @kuc
    [​IMG]

    Зеленчукова пица со туна!!!


    300гр.брашно
    1л сол
    1л шеќер
    1/2 квасец
    7л масло
    Се замесува меко тесто,и се развлекува во плех.
    Се премачкува со кечап и се става туната,печурки,маслинки,листови кромид,пиперка,домат и златна мешавина.Се посолува и се става оригано и сусам.
    Се печи на 250 степени 7 до 8 минути.
    Пријатен вкус!!!

    ___________________

    Автор: @vitamina
    [​IMG]

    Посна и здрава торта за 5 мин.

    1 чаша јаболка изрендани
    1 чаша моркови изрендани
    1 чаша ореви и бадеми мелени
    2 ипол чаши брашно
    Пола чаша масло
    Пола чаша шеќер
    1 лажичка цимет
    2 лажички сок од лимон
    1 лажичка сода бикарбона
    2 ванилин шеќер
    Се тоа се меша и се пече на 180 40 мин.
    Многу е слатка.

    Може како прелив да се стави прав шеќер чоколадо мармалад..

    ________________

    Автор: @Leo_29

    [​IMG]


    ________________________

    Автор: @sia.bella
    [​IMG]

    Сарма со праз, печурки и мелени ореви

    1 сторена зелка
    200-300гр. ориз
    Страк праз
    200гр. шампињони
    150гр. мелени ореви
    Зачини (ставам мешан сув зачин, пипер, нане, црн бибер, оригано)

    Се пропржува прво на малку масло празот ситно сецкан (само белиот дел) , потоа се додаваат печурките и оризот, на крај зачините и оревите.

    Се пржат сите состојки заедно и потоа се виткаат самите. Ги редиме во тавче, додаваме вода, малку масло и ловоров лист одозгора. Ги печиме на 220 степени околу еден час
     
    На kuc и јolene им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Палачинки
    Автор: @Dust
    [​IMG]
    1 јајце 70 гр шеќер 200 мл млеко 150 гр брашно 1 пак. ванилин шеќер 1 лажиче пециво Мешаш се, по неколку секунди од секоја страна во тавче и кркаш по желба Овие се само со нутела и М&М
    ______________________________________
    Автор: @theowndemon
    [​IMG]
    Јапонски палачинки Состојки: 2 жолчки од јајца1/4 шолја шеќер (јас искористив кафеав)1/2 шолја млеко (јас искористив кокосово)3/4 брашно4 белки од јајцаПодготовка: Во еден сат се бие јајцето со шеќерот, млекото и брашното. Во друг сад се матат белките дур се направат пенасти. Биените белки се додаваат во другата мешавина. Се меша дур се соединат добро. Во нелепливо тавче се ставаат калапчиња, кружни, на многу тивко пуштено да е. Се тура смесата и се покриваат калапчињата со капак. Па се вртат калапчињата со смесата за да се напрај другата страна и се вадат во чинија. Мене ми излегват од оваа смеса 4 палачинки напраени на овај начин. Можи да се прат и растурени, подеднакво се вкусни. И се многу меки. Декорација: Најчесто клавам или јаворов сируп или како денес - мед и додавам овошје шо имам, или денес портокал, малина, аронија и додадов бадеми. Морам да речам дека задолжителен е путерот од горе. Никогаш не го изоставувам, посебен шмек му дава. Си го мачкам на секоја палачинка засебно и така јадам.
    ___________________________
    Автор: @shz
    [​IMG]
    Состојки: 1 јајце 70гр шеќер 200мл млеко 150гр брашно 1лажица ванилен шеќер 1лажица пециво Се бие јајцето со маталка и му се додава шеќерот. Потоа му се додаваат останатите состојки и се пржат на загреано тавче. Едноставни се, но многу вкусни.
    __________________________
    Автор: @tace73
    [​IMG]
    На 1 јајце оди 100 мл вода и 100 мл млеко. Се става прстофат сол и се убаво се мати со жица. Потоа постепено се додава брашното (околу стотина грама) и се мати да нема грутчиња. Смесата треба да биде накај течна, за палачинките да бидат што потенки. Се остава малку да слегне. Тавчето убаво се загрева. Јас во тестото не ставам зејтин, но потоа пред секоја палачинка малку го мачкам тавчето со зејтин со силиконско четче. Се сипа со црпалка, се врти тавчето тестото убаво да се распредели и се пече од двете страни. Јас се одлучив за најкласичните палачинки. И бидејќи нивниот вкус е неутрален, може да се комбинираат и со благо и со солено. За мене „закон“ е палачинката да се јаде со мармалад од шипки, но овој пат се одлучив за солена варијанта, само со рендано сирење, како што ја јадат децата!
    ______________________
    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]
    Во сад кршиме 3 јајца, додаваме околу 100 мл масло, малку шеќер и малучка сол и мешаме со рачна маталка. Мешајќи додаваме наизменично брашно па млеко додека ја добиеме добро познатата густина за палачинки. Во просек, на 3 јајца одат вкупно 250 гр брашно и 250 мл млеко. Се пржат на јако на нелепливо тавче по неколку секунди од двете страни.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Бадникова трпеза
    Автор: @vitamina
    [​IMG]

    [​IMG][​IMG][​IMG]
    _________________________________________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]
    __________________________________________________________

    Автор: @tincemajmunce
    [​IMG]
    _____________________________________________
    Автор: @Berguzar
    [​IMG]
    ________________________________________
    Автор: @Igle
    [​IMG]
    _____________________________________
    Автор: @lunicka
    [​IMG]
    ___________________________________
    Автор: @manako1
    [​IMG]
    ______________________________________
    Автор: @mareane
    [​IMG]
    _______________________________
    Автор: @SofiMar_
    [​IMG]
    [​IMG]
    _____________________________________________________
    Автор: @fila
    [​IMG]
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Традиционални јадења

    Автор: @zhap4e
    [​IMG]
    Подварок со кисела зелка и ребра. Се динста малку со ловоров, се запржува кромид, црвен пипер, се полева..ребренцата внатре и се крчка. Прилог..везена сува, запечена на рингла. Не ми омилено,не е свечено, ал е традиционално
    __________________________________

    Автор: @mareane
    [​IMG]
    Милипрод
    Се ставата 2 квасци да стасаат во 250 гр млеко и малку шеќер и брашно.Потоа се додават 4 јајца,250 мл масло 200гр шеќер,кора од лимун ,2 ванили,суво грозје и околу1200 гр брашно.Се меси убаво,се остава да скисне,се замесува пак и уште еднаш да скине .Потоа се дели на 3или 4 дела и се формират плетенки.(од секој дел се прават како ролни кои потоа се плетат)Се премачкува ао јајце и се пече 45 м на 180 С па уште 20 минути на 150 С.Се покрива со хартија да не изгори .По печење се премачкува со масло.
    ______________________________________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]
    Охридска топејнца
    Рецептот е
    Една мера вода со малку шеќер и малкучка сол да зоврие па се додаваат две мери брашно.
    Се замесува тесто и се меси дадека стане нелепливо. Се откинуваат катмерчиња, се плескаат со рака намрсена во масло и се редат на плехчето да се покрие цел плех. Потоа со лажица се прават бранчиња а со вилушка дупчиња и се печи кратко додека порумени. По печење се лади, се кршат ситни парчиња и се промешуваат со блага вода и масло и се запекува уште малку.
    Традиционално, делењето и барањето паре изгледа вака
    _______________________________

    Автор: @*Ench@nted*
    [​IMG]

    Состојки:

    130 гр брашно
    120 гр маргарин
    120 гр шеќер во прав
    5 јајца
    450 гр суво овошје, сечкано
    1 прашок за пециво
    1 ванилин шеќер

    Подготовка:

    Прво се матат белките, цврсто.
    Во друг сад се мати омекнатиот маргарин со шеќерот и се додаваат жолчките, една по една и постојано се мати. Се додава брашното измешано со прашокот за печиво и ванила. На таа смеса се додава сувото овошје и се меша со лажица.
    На крај се додаваат изматените белки и рачно се меша, внимателно.
    Рерната се загрева на 220°С.
    Смесата се пресипува во долгнавест калап за колачи, претходно намачкан со маргарин и посипан со брашно.
    Се става во рерна и се пече на 220°С околу 10 мин, потоа температурата се намалува и се пече на 170°С околу 50 минути.
     
  9. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Мини пици

    Автор: @duffi
    [​IMG]

    Тестото е за пишии, го полнев со пица фил (шунка,кашкавал, кечап,оригано)и пржев :mm:
    Го имам ставено рецептот некаде низ темава на некоја друга тематика беше
    Сликата е од сега :!:

    300г брашно
    1 јајце
    100мл вода
    1 квасец
    1лаж сол и шеќер

    ______________________

    Автор: @f.girl
    [​IMG]

    1 кг брашно
    500 гр млеко
    1 квасец
    2 јајца
    2 мали филџани масло
    1 лажиче сол
    1 лажиче шеќер

    Се меси тестото од сите состојки. Потоа се дели на три дела. Секој од нив се дели на пет дела, односно вкупно ќе има 15 топчиња. Се сука секое посебно во округла форма и се редат во рамна чинија. Врз секое се мачка маргарин па се реди другото расукано топче, освен на најгорната кора. Потребни се 3 чинии со по 5 теста едно врз друго. Се покриваат со фолија и се оставаат во фрижидер. Не е важно колку време, но што подолго толку подобро-тестото ќе е како лиснато. На крај се сучи голема правоаголна кора од секое тесто посебно, и да не е многу дебела. Се мачка со кечап, се става рендан кашкавал и салама и оригано на крај. Потоа се сечи на ленти дебели околу 1 цм и се виткаат лентите како ролат. Се премачкуваат со јајце, се става сусам и се печат.

    _____________________

    Автор: @Leo_29
    [​IMG]


    ___________________

    Автор: @Viktorijaaa5
    [​IMG]

    Стандард тесто за кифлички.
    Се расукува поголема кора се премачкува со кечап,оригано и се додава рендана салама и кашкавал.Се прави како ролат и се сечат парчиња.Одозгора секое парче се премачкува со јајце пред печење,сусам и се додава коцкичка маргарин на секое
    Највкусни се дури се топли :)

    ___________________

    Автор: @zhap4e
    [​IMG]

    Обично тесто, квасец, шеќер.... Мали кругови тесто, доматно пире една лажичка врз секое, изрендан кашкавал, од таа сецканата чајна од Кам, маслинка и оригано. Толку.

    ____________________

    Автор: @theowndemon

    [​IMG]

    Ова е здрава верзија на пица шо ја прам кога се осеќам дека можам да изедам цела фамилијарна. Се шо е потребно е јајца и за од горе.

    Јас добро сматив две јајца и додадов прстофат сол и турив јајцето во мало тавче и го покрив со капак на ептен тивко дур не е водлесто од горе. После турив кечап, кашкавал, сирење и маслинки и затворив пак со капакот дур се растечи кашкавалот и го извајв.

    Јас ја сакам потенка па ја прам со две јајца, можи и со поќе, а можи и во поголеми тавчиња. Можи дури и во мали калапчиња.

    Флексибилна пица е. :wasntme:
     
    На Coco31, boomsleng и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Брза солена пита
    Автор: @duffi
    [​IMG]

    4 јајца
    14лаж брашно
    1 пециво
    1 чаша кисела вода
    1 чаша зејтин
    300г обварен спанаќ
    300г сирење

    Сите состојки се матат заедно и на печење.

    ________________________

    Автор: @bebaa
    [​IMG]

    Пикантна погача.
    3 јајца,околу една чаша павлака,50мл масло,околу еден шол брашно, пола шол палента,лажиче пецово и малку сол.Се меша убаво да излезе густо а течно.Потоа се додава лажиче вегета пикант зачин по вкус,2 сецкани лути феферончиња,сецкани маслинки,сецкан кулен,дробено сирење,ова се по вкус колку сакате.Јас се одкутура ставав,и незнам колку точно грамажа.Се истура на намрсена тава и се попрскува со печен сусам.Се пече на 180 степени околу 25мин дури добие кафеникава боја и со чечкалица проверувам дали е испечена,сигурно ја знаете финтата :).На крај ја покривам со крпа дури олади и омекне убаво.

    __________________________

    Автор: @shz
    [​IMG]

    Состојки:
    2 филџани пченкарно брашно
    1 филџан пченично брашно
    1 филџан јогурт
    1 филџан к вода
    4 јајца
    1лаж сол
    300гр сирење (јас ставив помалку)

    На почетокот изматете ги јајцата со малку сол. Пченкарното и пченичното брашно мешајте ги заедно со пецивото.
    Во јајцата сипете ги јогуртот, зејтинот, к вода промешајте и сипете го брашното. Во оваа фаза сипете ги по желба додатоците за кои се одлучивте и сирењето.
    Повторно промешајте и сипете ја смесата во тава.
    Печете на 200 степени половина часдодека не добие убава златно-жолтабоја

    ______________________

    Автор: @zhap4e
    [​IMG]

    Три јајца, шоља млеко, малку масло,сол...пченкарно и обично брашно чаша две..издробено сирење и колбас, се меша, врз намастено и поросено со сусам тавче се шлапнува, пече и јаде со нешто течно.
     
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Мојот доручек
    Автор: @Avery
    [​IMG]
    2 лепчиња се потпекуваат и се мачкаат со путер. Се сецка пола авокадо и по пола ровко јајце. Се наросува со сол, бибер и во случајот ленено семе и буковец ( може по избор чиа семе, сусам, семки од тиква или сончоглед...)
    ____________________________________________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    Овој пат во мојата чинија : јаболко, портокал, киви, брусница, семки од сончоглед и тиква.
    [​IMG]

    _________________________________________________

    Автор: @duffi
    [​IMG]

    Пица пола диетална 8)( како па да не)
    Тестото е лудо тесто
    1кг брашно
    500мл млеко
    1 сув квасец
    2 лаж шеќер
    1нлаж сол
    200 мл јогурт
    1 пециво
    2 јајца
    2 лаж зејтин
    За големо тавче од рерната правам пола доза, а за ова малото , доволно за двајца, четвртина.

    Неколку пати го имам правено ама синоќа го оставив да преспие во фрижидер и до сега највкусно се погоди.:D

    Едната половина со пиперка, кашкавал, сирење и маслинки. Другата со кашкавал, кулен, чајна, пршута, печеница, маслинки и малку сирење. И кечат, оригано и сусам, разбира се.
    ( сега кога ги напишав сфатив колку салами сум наредила:tmi:)
    ____________________________________________________________

    Автор: @vitamina
    [​IMG]
    Шпагети сварени.
    Сосот се прави на начин што запржувам шпек, ставам доматен сос и зачини и вријам.
    __________________________________________________________

    Автор: @dunika
    Сецкано јаболко,малини,бразилски орев,овес,јогурт,чиа и мед
    [​IMG]

    _______________________________________________

    Автор: @Alondra
    Пржени лепчиња со ајвар, сирење и маслинки.
    [​IMG]

    __________________________________________________________

    Автор: @Bubce38
    Панцероти од тесто за лангиди
    Козјо сиренце и јогуртче
    [​IMG]

    _______________________________________
     
    На manako1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Рецепти со компир
    Автор: @orhideea
    [​IMG]

    Пржам една главица кромид и неколку чешниња лук во тенџере па потоа наливам вода и ги додавам предходно спреманите топчиња од мелено месо околу 500 гр (мешани со кромид и зачини) една голема конзерва грашок со моркови и 3 поголеми компири.
    Се вари 2 часа на потивко. И на крај правам запршка со брашно и црвена пипер.

    ___________________

    Автор: @S.J.Parker

    [​IMG]

    Полнет компир
    (Полнев печурки па ми остана од смесата)
    Еден поголем компир го сечам на половина и го длабам внатре. Пропржувам мешавина од кромид, чајна/кулен/салама, дршката од печурката, додавам зачини вегета и бибер, и на крај тргам од оган и додавам една павлака и кашкавал и сето тоа го мешам заедно. Го полнам компирот и одозгора пак рендам кашкавал и ставам малку кечап. Го ставам во тавче со зејтин и малку бело вино и го печам околу 30-40 минути на 200 степени (зависи од дебелината на компирот). Прилогот кон компирот е истата мешавина со која е полнет само без кечап и кашкавал.

    _____________________

    Автор: @dunika
    [​IMG]

    Зеленчукова супа.
    Сечкан кељ,праз,целер,морков и компири на коцки,се динстаат кратко на маслиново масло,па се додава рака фиде и литар бујон.Се вари 10-15 мин на средна темп
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Крофни
    Автор: @ocicka2014
    [​IMG]

    2 јајца,
    2 лажички шеќер,
    1 шолја јогурт,
    1/2 чаша зејтин,
    1 кесичка пециво,
    16 лажици брашно.
    Во апаратче за крофни се печат и за декорација употребив топено чоколадо и мрвици.
    _______________________________________

    Автор: @An-na
    [​IMG]

    600 мл млеко (може и половина вода, половина млеко) 1 прашок за печење, 100гр шеќер, 150мл зејтин, 1 стасан квасец, брашно по потреба (околу 1кгр)
    ______________________________

    Автор: @Bubce38
    [​IMG]
    Гледам сум имала слика од пред месец дена што правев . Па ај да ставам и јас ( различна слика е од таа што ја постирав у темата 40+-).
    Крофни со чашка
    2 јајца
    0,5 л млеко
    квасец
    малку масло
    прстофат сол
    3 лаж шеќер
    брашно по потреба ( околу 1кг)
    Се замесува тесто на меко . Се расукува кора колку еден прст . Јас ги 'вадев' со чашка . Срединката со капаче од сок :)
    Стасуваат околу еден час така извадени . Се пржат во повеќе масло
    _______________________________

    Автор: @sia.bella
    [​IMG]
    0,5l млеко, 4 јајца, 1 квасец, филџан шеќер, филџан масло, брашно по потреба.

    Се меси меко тесто, се расукува кора, "сечев" со поголема чашка и капаче
    ___________________________________
    Автор: @saramila09
    [​IMG]
    3 јајца
    Пола печиво
    1 ванила
    1 квасец
    Млеко по потреба млако да биде
    1кг брашно
    1 филџан шеќер
    1филџан масло
    Малку сол


    Се замесува тесто на меко . Се расукува кора колку еден прст . Јас ги 'вадев' со чашка од ракија
    Стасуваат околу еден час.се пржат на загреано масло
    ______________________________
    Автор: @emkaemka
    [​IMG]
    [​IMG]
    ____________________________________
    Автор: @tincemajmunce
    [​IMG]
    Шупливи крофни.
    250 мл млеко
    1 квасец
    1 лажичка шеќер
    1/4 лажичка сол
    50 гр растопен путер
    1 јајце
    Околу 600-700 гр брашно.

    Се става прво квасецот со шеќерот во млакото млеко да се активира.
    Па се ставаат прво течните состојки па сувите.
    Се кисне тестото 20 мин,па се става на набрашнета површина,се притиска со прсти па се суче кора и се ваѓаат форми и се киснат пак 20 мин.Се пржат на не многу јак огон.
    _____________________________

    Автор: @SofiMar_
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Troi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Сарајлии
    Автор: @LaDyDoLl
    [​IMG]

    2 јајца
    2 лажици шеќер
    4 лажички сол
    4 лажички масло
    400мл млеко
    1 квасец
    1 кг брашно
    120 г путер/маргарин (околу половина од цела коцка) ½

    ПОСТАПКА: Замесете тесто од млеко, јајца, сол, шеќер, квасец, масло и брашно. Оставете го тестото да одмори 10 минути додека да го приготвите плехот во кој ќе се пече (малку намастете го). Тестото поделете го на 25 топчиња (сарајлии). Секое топче засучете го со рака и завиткајте го како полжавче. Сарајлиите редете ги во плех. Во средината ставете по парченце сирење, спанаќ или нешто по ваша желба. Кога се готови, покријте ги и оставете ги да отстојат 1 час и 30 минути, но да не бидат во многу топла просторија. Загрејте ја рерната. Растопете половина путер со половина филџан масло и прелијте преку готовите сарајлии. Ставете ги да се печат, акога ќе заруменат извадете ги.

    ______________________

    Автор: @An-na
    [​IMG]

    Рецептов е за кифли, јас само ги свиткав како полжавчиња и им ставив фил блитва и сирење.

    500гр топло млеко, 120мл масло, 1 јајце, 1 квасец, 1 пециво, 1мала лажичка шеќер, 2 мали лажички сол, околу 900гр брашно
     
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Рецепти со остатоци од храна
    Автор: @LivingGlam
    [​IMG]

    Вчера беше полнет мисиркин стек (со песто и кашкавал), денес е салата. Зелена салата, младо кромитче, авокадо, павлака.

    Рецепт мислам не мора, стекот е само филуван и печен прво во фолија, после отворен.
    ----------------------------------------------------------------
    Автор: @zuto
    [​IMG]
    Ориз со зеленчук во тава, спржен со јајца. Ова е рецепт од мајката на маж ми, кај нив јадење не се фрлало никогаш и скоро се' пржеле со јајца, дури и грав.
    _________________________________________________________________
    Автор: @An-na

    [​IMG]
    Пита од стар леб
    Ова често го правам, бидејќи често ни останува леб. Многу е вкусно :)
    Се матат 3/4 јајца, се додава јогурт/кисело млеко/ млеко (што имате дома) Потоа се додава сечкан стар леб (јас ставив околу половина векна) малку масло, сол по потреба. Откако ова ќе се измеша се додаваат остантите состојки по желба т.е што ви се наоѓа по дома. Јас ставив кисели краставички, сирење, малку кашквал, салама.
    Се става во тавче и се пече 20 / 30 минути.
    ___________________________________________
    Автор: @Dust
    [​IMG]
    Кесадиља

    Ви требаат 2 тортиљи (по човек)
    Остатоци од некакво месо, кај мене пилешко
    Кашкавал по желба
    Во овие има и кромид..по желба:D
    Можете скоро се по желба да ставите, пиперчиња сецкани или нешто друго ..
    Ја ставате едната тортиља на тавче (за палачинки или некое нелепливо) ја загревате од едната страна, ја вртите од другата и ставате ред кашкавал ред месо и сите додатоци по желба и уште малку кашкавал .. ставате уште една тортиља одозгора и превртувате..внимателно:!: да не ви излезат состојките. До сега веќе би требало кашкавалот да е растопен и состојките да се залепени за него...ама сепак внимателно:D
    Печете и од другата страна..
    Вадите од тавче, сечете..јадете..
    Во чинијата има и сос со павлака и ранч зачин..

    *Ако немате тортиљи, направете ја со палачинки(и така ги имам правено во зорт).. ако имате остатоци од вчера :D *
    __________________________
    Автор: @zhap4e
    [​IMG]
    Обични печени лепчиња. Дел со смеса од павлака и јајце, врз нив салама, чајна оригано..дел сирење, јајце, салама оригано, трети сирење, салама, доматен сос. Запечени и изедени одма. Занемарете чаршав, ме мрзеше да барам некоја по ок подлога:))
    ______________________________________
    Автор: @Mishela
    [​IMG]
    Потпечено лепче со што се нашло во фриз. Бриош ми е многу грд леб и секогаш ми останува па вака го дојадуваме, само составот варира.

    Овој пат дел со хумус, дел со доматно пире. Одозгора мастрафот е ист: кашкавал и моцарела.
    Од зачини само лук во прав, бибер, сушен магдонос.
    Во фурна 5 минути на 300°С и ајт со здравје. :)
    __________________________________
    Автор: @duffi
    [​IMG]
    Печени лепчиња со удра

    Сув леб го филувам со разматена урда со јајца. Одозгора вегета и црвен бибер.
    Со јогурт, топ вечера или доручек.:smirk:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Рецепти со спанаќ
    Автор: @danichap
    [​IMG]
    Првен запржив кромит, чушка, морков и патлиџан. Потоа го додадов спанаќот и ставив еден шол ориз. Сето тоа го полив со вода, за да се свари оризот и ставив зачини. По потреба се дотура вода.
    Кога беше готово го ставив во релна, да се потпече малку, за подобар вкус, и јајцата на крај.
    Брзо, лесно и превкусно.
    ____________________________________________

    Автор: @An-na
    [​IMG]
    јајца се матат, се додава 200 гр. рендан кашкавал, 200 гр. сечкани, претходно пропржени шампињони (јас ставив свежи), 200 гр. спанаќ малку обарен и исцеден (јас ставив едно снопче блитва), 1мала лажичка сол, 1/3 чаша млеко (околу 70мл). Во оригиналниот рецепт нема шунка, ама јас додадов околу 150 гр.
    Сето ова се меша и се става во калапи за мафини. Се пече 25 минути на 180 степени. Откако ќе се испече, се остава да отстои 30-тина минути пред да се извади од калапите.
    _______________________________________

    Автор: @referentka
    [​IMG]
    За мачкање кори:
    -6 лажици бташно
    -1 сув квасец
    -5 лажици зејтин
    -кисела вода за да се раствори горното и да стане течно колку смеса за палачинки

    Фил:
    -пола кило спанаќ
    -300 гр урда
    -вегета по вкус
    Филов се пржи додека не испари водата која ја испушта спанаќот

    Готовите кори се распостилаат на влажна крпа и при работа се превраќаат горните да бидат врз крпата и обратно бидејќи брзо се сушат и стануваат крцкави.
    Прва кора се мачка со смесата,втора врз неа и таа со смесата,трета врз нив но на неа се става фил.
    Така по три се мота како ролат.
    Од смесата што мачкате,ако ви остане намачкајте ги сите ролати озгоре.
    Јас наросив сусам.

    Се пече 20 минути на 200 степени.
    По печење,вчажна крпа врз печеното за да одврати.
    ________________________________________________
    Автор: @Monella
    [​IMG]
    Паста сфоља со спанаќ и урда.
    Спанаќ 200-300гр. се обарува во вода, се цеди и се става на оган со путер колку да му се додаде рендан пармезан.
    Ваквиот спанаќ се меша со едно пакетче (250гр) урда, 2 јајца и сол по вкус.
    Смесата се истура врз пастата и се пече 15-20 мин. на 180°
    ____________________________________
    Автор: @mareane
    [​IMG]
    Денес е правен со дел од тесто за пастрмајлија а инаку оригиналнипт рецепт е следниов:
    600 гр брашно 1 квасец,1 јајце ,сол 1 лажиче ,3- 4 лажици масло и се замесува со вода по потреба.Се кисне па се размесува и сука кора како правоаголник,се мачка со маргарин и и се става фил од спанаќ и сирење (спанаќот само исецкан ,истриен со сол и исцеден).Се витка како ролат и се става во намастен куглов.Се засекува на неколку места до пола ножот да појде и се полева со маткано јајце со малку јогурт.Се кисне уште малку и се пече.
    Треба убаво не на многу висока тт да се пече за да е и внатре убаво печен а и околу да не загори како кај мене. Декоративен а после ако се исечи и се сервира со дополнителни премачкувања со павлака и плус средината да се наполни со шери доматчиња,пример како за гости.Што сега кај мене не беше случај туку остатокот од спанаќот за ручек и тестото од пастрмајлиите ги претворив во ова.;)
    _________________________
    Автор: @Vanj4e
    [​IMG]
    Посна Пита/Проја со спанаќ

    3 шољи пченично брашно
    2 шољи пченкарно брашно
    2,5 шољи газирана вода
    1 шоља зејтин
    1 пециво
    300 г спанаќ
    200 г печурки
    100 г сончоглед
    малку сол
    Смесата се меша се става во подмачкана тава и се пече 40 минути на темература од 180 степени
    __________________________________________________

    Автор: @Leo_29
    [​IMG]
    Манџа зелје со просо

    За да бидеме на чисто, ова е всушност манџа "спанаќ со ориз".
    Запржив кромид, пашканат, лукче. Додадов зелје. Провре. Додадов малку вода, 100 мл. Додадов варено просо. Малку сол и вегета.
    _________________________________________________________

    Автор: @ilyan
    [​IMG]
    Рецепт: брашно, вода, малку квасец, сол, масло за готвење и шеќер се меси во меко тесто и се остава да одмори околу 10 минути.
    Фил: спанаќ и урда/сирење.
    Немам пишано по грамажа,бидејќи се ставам по око.

    Тестото се дели на парен број топчиња, јас имав 12.
    Првото топче го расукуваш во круг колку еден мал тањир и го попрскуваш со масло, потоа истото го повторуваш и со второто топче и ги редиш едно врз друго, истата постапка ја повторуваш се до шестото топче.
    Потоа, од нив расукуваш кора во големина на тепсијата што ќе ја употребиш и ја ставаш на долниот дел. Врз неа го ставаш филот, па ја повторуваш истата постапка за да ја добиеш втората кора што ќе ја употребиш за горниот дел од питата.
    На крајот се попрскува со масло и малку водичка, се пече на 180 степени.
     
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Посни десерти
    Автор: @ilyan
    [​IMG]

    __________________________________________

    Автор: @An-na
    [​IMG]
    ____________________________________________________

    Автор: @PUPICA

    [​IMG]
    ___________________________________________

    Автор: @Mishela
    [​IMG]
    • 1 ипол чаша брашно
    • 1 чаша шеќер (јас ставив нешто помалку од пола чаша)
    • 1 кесичка прашок за пециво
    • 1 чаша кисела вода
    • малку масло (од око, помалку од половина филџанче)
    • 2 банани исецкани на поситно
    Се мешаат убаво сите состојки и целата смеса се дели на два дела. Во едната половина од смесата се додава какао и калапите се полнат наизменично - една лажица бел фил, една кафеав.
    Одозгора наросив какао, ама нема потреба ако не сакате, може и без ништо.

    Од оваа доза ми испаднаа 18 мафини.

    Се печат 20-30 минути, во зависност од рерната.
    Исто и овошјето може да варира, јас имав банани, па биднаа какао-банана мафини.
    Меки се и многу вкусни. :)
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Посни кифли
    Автор: @PUPICA
    [​IMG]


    Состојки:

    500 мл топла вода

    40 г свеж квасец

    20 гр шеќер

    20 гр сол

    2 супени лажици зејтин

    250 гр маргарин

    +- 1 кг брашно


    Подготовка:

    Квасецот и шеќерот ставете ги во водата. Измешајте.

    Во водата ставете половина од брашното, 100 гр од маргаринот (стопен) и солта. Измешајте.

    Постепено се додава остатокот од брашното, се дури не се замеси тестото, по на меко.

    Замесенето тесто, одозгора премачкано со зејтинот, оставете го да одмори (10 мин).

    Тестото поделете го на 3 еднакви дела.

    Секој дел се расукува во форма на круг, не многу голем.

    Од преостанатиот маргарин оставете една лажица, остатокот користете го за премачкување на два од трите круга.

    Се суче еден круг, се премачкува.

    Врз него се става вториот круг, и тој се премачкува.

    Врз него третиот круг, па малку стиснете со рака.

    Расукајте. Сечете на 4, па на 8 делови, па секој од нив на 2-3 дела, во зависност од тоа колкави сакате да ви бидат кроасаните.
    Завиткајте, и секој кроасан премачкајте го со стопен маргарин.

    Тогаш вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени, таман дури згрее, кроасаните да отстојат.

    Кога се испечени, повторно премачкајте ги со стопен маргарин.
    _________________________

    Автор: @An-na

    [​IMG]
    _____________
    Автор: @zhap4e
    [​IMG]
    Комбинација пченкарно и обично брашно 1:2...кисела вода, млака вода, сол, пециво, лук во прав, копар, кристал маргарин. Од сето е замесено тесто. Оставено да постои, поделено на три дела, исучени кругови, врз секој круг кристал парчиња..кругови еден врз друг...споени исучени во круг, исечени правоаголници, умотани и кифли, поросени со ким и парченца кристал па у рерна. Тестото е измислено ... комбинација на другирецепти..нема вкус и изглед на класична кифла ал е интересно. И толку.
     
    На boomsleng и zhap4e им се допаѓа ова.
  19. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Бургери
    Автор: @tace73
    [​IMG]

    На 1 кг мешано мелено месо (јас најчесто мешам 600 гр. свинско и 400 гр. јунешко) ставам:
    - 1 јајце
    - 1 кромид средна големина
    - 2 лажички сув зачин
    - бибер, ѓумбир во прав по желба
    - неколку лажици презла, зависно од влажноста на месото:
    Кромидот ситно го сецкам и го пржам/динстам со малку зејтин и вода, колку да омекне. Го оставам малку да се олади и сите состојки ги додавам во местото. Убаво го замесувам, по потреба додавам презла, за да може да се обликуваат плескавиците. Го оставам да постои 1-2 часа во фрижидер. Ги обликувам плескавиците и ги печам: некогаш на скара-тавче, а во последно време во рерна. Ги редам на хартија во тавче и ги печам на програмот 2 грејачи + скара, на 220 степени.. Кој нема таков програм, на најобичен за печење. Финтата на печење плескавици во рерна е да се направат што потенки и одозгора со четче или со распрскувач да им се стави малку зејтинче. Бидејќи моето големо тавче е на шина во рерната, ми доаѓа малку подолу, па одоздола ми се печат побргу, по некое време ги превртувам. Вие можеби нема да имате потреба да ги превртувате.
    Лепињите ги правам на следниот начин:
    - 800 гр. р’жано брашно
    - 200 гр бело
    - сув квасец како за 1.5кг брашно (или свеж, како сакате)
    - 2 лажичиња шеќер
    - 2 лажичиња хималаска сол
    - 2-3 лажици зејтин
    - околу 600-650 мл вода да се добие меко но нелепливо тесто.
    Тестото го месам, го удирам 50 пати од маса, го мачкам малку со зејтин и го оставам покриено со крпа малку да стаса (околу 1/2 час). Потоа вадам тесто околу 2 шаки и полека го правам како топче. Топчињата ги редам на хартија и ги оставам уште малку да се одморат (15 мин). Потоа со лопатка малку ги сплескувам, за да не бидат премногу дебели, ги мачкам со мешавина вода-зејтин и ги печам во загреана рерна на 180-200 степени со вентилатор. Кога ги вадам од рерна, повторно ги мачкам со мешавината вода-зејтин. Ако сакате да бидат помеки, може пак да се покријат со крпа. Зависно од „фаќањето“ излегуваат отприлика 10-12 лепињи.

    _______________

    Автор: @ladyySi
    [​IMG]

    Рецепт:
    Сос- мајонез, кечап, сенф и вочестер сос (мислам вака се вика) од око ставам се и додавам по вкус
    Плескавица- машано свинско со телешко месо, мерам 100г и ги формирам, пред да ги пржам зачинувам со сол и бибер. Кога едната страна е готова ја вртам плескавицата и на готовата страна мачкам сенф. Истото го повторувам и со другата страна. Потоа ставам гауда кашкавал одозгора и покривам со капак околу 20 секунди.
    Лајбица- ја сечам и внатрешните страни ги ставам во тавчето за да се направат крцкави.
    Кромидот го карамелизирам на тивок оган. Кога ќе омекни ставам едно лажиче кафеав шеќер и балсамико и оставам некоја минутка да испари киселината.
    И на крај го склопувам. На долното лепче ставам сос, марула, патлиџан, потоа плескавицата, кисели краставици, кромидот и на крај лепчето повторно со сос намачкано

    _____________

    Автор: @danichap
    [​IMG]

    Намазот е од авокадо. Убави го изгмечив, додадов ситно сецкан кромид, неколку капки лимон, кисело млеко и зачини.
    Кромидот го испржив.
    Кисели краставички.
    Марула.
    Кашкавал.
    Пржена (телешка)сланина.
    Меленото месо(телешко) му додадов сецкан кромид и лук, сецкана чушка, рендан кашкавал, ситно издробен леб, јајце, магдонос и многу зачини
     
    На boomsleng и grungy им се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Медитеранска кујна
    Автор: @ladyySi
    [​IMG]
    Киноата ја варам во вода со масло и сол зачинета, па ја цедам и и’ додавам сок од лимон, рендана кора од лимон и маслоново масло.
    Ракчињата ги варам 10тина минути па ги пржам на маслиново масло (помаст, да не е ладно цедено затоа што брзо гори) и пред крајот им додавам црвен пипер, сол, босилек и маку оригано.
    Авокатото го пасирам и му додавам сол, бибер, маслиново масло и сок од лимон.
    Bon appetit :D
    ______________________________________________________

    Автор: @dunika
    [​IMG]
    Капрезе сендвич во чиа-лебче.
    Намачкано е со песто,па домат,моцарела и спанаќ.
    Зачинето со маслиново,босилек и оригано,сол и црн бибер.
    __________________________________________________________

    Автор: @MissDior
    [​IMG]
    Тестенини со доматен сос, тиквици и рукола
    Се варат тестенини се додава доматен сос запржен со лукче и италијанска мешавина. Се пржи 5-10 минути тиквица сецкана на тенки крукчиња со лукче и се зачинува со магдонос и бибер. Се мешаат тестенините, со тиквицата и салата од рукола зачинета со маслиново и малку балсамико крема.
    ______________________________________________

    Автор: @zhap4e
    [​IMG]
    Кори за пита, секоја премачкана со масло и преклопена на половина. Некаде пет шест мислам имав останати од вчера и доволни беа ко за подлога. Сите такви една врз друга споени со малку масло. Краевите од сите страни малку преклопени за да у средина се стави филот. Домати, пиперки, лук, сирење исецкани и распоредени. Оригано и малку копар поросено. Цели две јајца и печени на 200. Коа се запекоа корите го исклучив долниот греач и оставив на горниот уште малку ради јајцето да се запече. И т'ј. Превкусно. Уште маслинки да имаше:)))
     
    На boomsleng и didi1982 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.