1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина готвач - Рецепти и гласање

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Dust, 16 април 2017.

?

Тема: Домашна пица - гласање

Анкетата е затворена на 6 февруари 2020.
  1. Leo_29

    1 глас(а)
    2,3%
  2. angelche16

    2 глас(а)
    4,5%
  3. emkaemka

    4 глас(а)
    9,1%
  4. bella12

    3 глас(а)
    6,8%
  5. Star_dust

    2 глас(а)
    4,5%
  6. mariz

    7 глас(а)
    15,9%
  7. Sexybaby86

    5 глас(а)
    11,4%
  8. eli25

    10 глас(а)
    22,7%
  9. g8lQQk

    2 глас(а)
    4,5%
  10. manako1

    8 глас(а)
    18,2%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Велигденска трпеза

    Автор: @♡BuBaLe♡

    [​IMG]

    1 сув квасец
    50 мл млеко
    50 мл јогурт
    50 мл масло
    50 гр путер
    5 лажици шеќер
    1 ванилин шеќер
    500 гр брашно
    2 жолчки
    1 јајце
    100 гр суво грозје
    малку рум
    1 белка за премачкување

    Грозјето се потопува во рум.
    Јогуртот, жолчките и јајцето се матат.
    На оган се загрева млекото, шеќерот и квасецот.
    Во друг сад се загреваат путерот и маслото.

    Брашното се става во длабок сад. Се додава смесата со јајца и се меша. Се додава смесата со млеко, грозјето и се замесува. Притоа, додека се меси тестото се додава малку по малку млакиот путер. Тестото го оставаме да стасува 4 часа, при што на пола час го размесуваме. Формираме плетенки и во плехот во кој ќе печиме оставаме да нарасти уште еден час. На крај премачкуваме со останатата белка и наросуваме шеќер.
    Се печи на 180 степени, 20 минути да фати кора и уште 40 минути покриено со фолија.

    ____________________

    Автор: @PUPICA
    [​IMG]

    Состојки:

    700-800 гр брашно

    2 јајца

    1 жолчка

    1 свеж квасец

    1 лаж шеќер

    1 лаж сол

    125 мл зејтин

    250 мл млеко

    100-150 гр маргарин

    Рецепт:

    Квасецот се става во топло млеко заедно со шеќерот да стаса (10-15 мин ).

    Кога ќе стаса, се става во сад во кој е сипана пола доза од брашното, јајцата, зејтинот, солта.

    Се се меша, со лажица.

    Кога ќе се измеша, постепено се додава остатокот од брашното. Се меси се додека не се добие смеса која нема да се лепи за прсти (дури тестото не почне да се одвојува од садот).

    Тестото се дели на 8 еднакви делови и од секое се формира топче.

    Секое топче се размесува во круг со пречник 15-20 см.

    Секое топче се премачкува со растопен маргарин (не течен, омекнат да е на собна температура, а може и во микро :D) и се редат едно врз друго.

    Осмиот (последниот) круг не се премачкува.

    Од наредените едно врз друго кругови, се развлекува еден голем круг со пречник +- 50 цм.

    Се сече +-10 мм од краевите од кругот, се формира по желба облик за во средина на погачата.

    Од кругот се сечат 8 еднакви делови.

    Секој се мота во форма на кифла (кроасан), се пресекува на пола и се реди во подмачкан плех, со пошироката страна од кифлата кон надвор.

    Погачата се премачкува со жолчка и поросува по желба со сусам, ким, мак, крупна сол...

    Се остава да стаса 45-60 мин.

    Се пече на 180 степени.

    П.С. Во случајов, при печење, во дупките планирани за јајцата ставив фолија
     
    На boomsleng, Еме 22 и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  2. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Спанаќ
    Автор: @dunika
    [​IMG]

    . Основата во чинијата е свеж млад спанаќ,попрскан со маслиново и лимон.Одозогора има потпечен зеленчук-сладок компир,морков,цвекло и шпаргла(се зачинуваат па се намастуваат мешајќи се заедно и на хартија за печење 20 мин на 180C).
    Прилог плус се шери домати,ротквици и малку павлака помешана со лук во прав.
    Ова се гледа ама мора да пишам рецепт:D
    Многу е вкусно,за сите што обожаваат зеленчук препорачувам(fingers)


    __________________

    Автор: @bebaa

    [​IMG]



    ___________________

    Автор: @♡BuBaLe♡

    [​IMG]

    . Кило спанаќ, една рака ориз, морковче и зачини по желба, се полеваат со вода колку да е покриено и севари.
    Омилена во комбинација со кисело млеко.

    __________________

    Автор: @An-na
    [​IMG]

    . Наједноставначорба. Спанаќ, кромид, морков, домат, ориз.
     
    На boomsleng и Еме 22 им се допаѓа ова.
  3. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Витаминска салата
    Автор: @orhideea
    [​IMG]

    . Млада зелка аисберг, мешавина од црвен грав и пченка, туна и лимон исцеден.

    ____________________

    Автор: @MissDior
    [​IMG]

    . Се сецка марула, се сече на листови морков, црвена пиперка и кромид. Ракчиња се варат 5 минути во зовриена вода. Се се меша со лимон, маслиново и сол.
     
    На boomsleng и Еме 22 им се допаѓа ова.
  4. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Десерт со јагоди
    Автор: @MissDior
    [​IMG]

    . Едно јајце се мати, се гмечи зрела банана, се додава една лажичка цимет и три лажици брашно и малку сода бикарбона. Се печат палачинките на потивко зашто брзо горат. Јас додадов сируп од капини, сецкани јагоди и боровинки.

    __________________

    Автор: @MamacitaBuena

    [​IMG]

    . Се мaтaт 4 јaјцa сo еден вaнилин шеќер и 200 грaмa шеќер.Кoгa ќе се измaтaт убaвo се дoдaвa еднo кaнче киселo млекo и 100 мл зејтин пa прoдoлжувa дa се мaти и нa крaј се стaвa 350 гр брaшнo и еднo пецивo.Вo смесaтa се дoдaвaaт 500 гр измиени и исецкaни јaгoди.Се пече 40 минути нa 180 степени.Се укрaсувa пo желбa сo шеќер вo прaв и чoкoлaден прелив!

    _________________

    Автор: @Dust

    [​IMG]

    . https://moirecepti.mk/post/утрински-вафли. Рецептот е овој ама јас додадов 3 лажици од сокот од слаткото од јагоди, требаше повеќе - барем 5-6.. сакав да декорирам со слатко од јагоди затоа ја исцрпив течноста ама домаќинот сакаше нешто чоколадно со јагоди..јбг ќе се јаде онака слаткото или тоа што остана од него:D
    Декорирано со крофни, јагоди, крем, сладолед и несквик прелив
     
    На boomsleng, Еме 22, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Грчка кујна
    Автор: @TeddyGrey
    [​IMG]

    . Готови кори ги сецкам како јуфки.
    Матам 3 јајца со отприлика 100гр шеќер.
    Во тоа додавам пециво, 300мл јогурт и ситно рендана кора од 2 или 3 портокали.
    Тоа се соединува, се мати дур да се соедини.

    И во тоа малце по малце ги ставам исецканите кори убаво да упијат.
    Ако ги ставиш сите наеднаш не упиваат убаво.

    Го печам ова дур да зарумени убаво.

    Шербетот го правам од 500мл вода и сокот од портокали*2 или 3(од тие горе што ги рендавме) и 300 грама шеќер.
    На крај пред да го изгасам шербетот ставам и еден портокал цел со се кора во шербетот за вака да стои одозгора (таква ми е рецептата :) )

    Со вилушка го боцкам тестото и посипувам со шербетот врз тестото. Му треба време да упие, па убаво е да отстои.
    Лесно е за јадење и има интензивен вкус на портокал.

    _________________

    Автор: @bebaa
    [​IMG]

    . Оригиналот рецепт е со модри домати црвени домати и компир,ама јас правев без компир.Месото го запржив со кромид и црн бибер,па додадов и црвен пипер и рака ориз.Потоа редев на намрсено тавче ред црвени домати ред модри,па месо.Така два реда а измегу и малку лукче ставив.Одозгора истурив блендирано шол млеко две лажици павлака и сирење,истурив одозгора попрскав магдонос и го ставив ви загреана рерна.Се пече на околу 180 степени околу саат ипол.
    Едит:Одозгора се става и парченца путер.

    _________________

    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]

    . Коцки краставица, коцки домат, кругови пиперка, кругови кромид, коцки фета, маслинки, маслиново, сол, оригано. И едно узо, па во дворче да си мезиш, мераци

    _________________________

    Автор: @duffi
    [​IMG]

    . Ѕаѕики и грча салата со препечено лепче со зачини и маслинов.
    И нормално ,,подначкајте,, со узо.:d:

    ___________________

    Автор: @zhap4e
    [​IMG]

    . Саганаки или пржено сирење - тврдо, овчо е ова. Поховано во јајце со малку копар и брашно, пржено од двете страни. Многу комплицирано и оригинално. Оригиналното им е без јајце,само брашно. Цц

    ___________________

    Автор: @koritsaki
    [​IMG]

    . Папуцакиа

    Состојки :
    Модри патлиџани (јас печев 4)
    Маслиново масло
    Црн пипер/сол

    Телешко мелено месо (500гр)
    2 гл.лук/1 кромид
    Магданос
    Масло
    1 црвена пиперка
    2 рендани домати
    Малку бело вино (јас ставив 3 лажици)

    Плус 2 домата , бешамел - немав бешамел па врз доматите ставив парчиња сирење(јас купувам од тие во прав па само го приготвувам со потребните состојки)


    Се мијат модрите патлиџани, се сечат на пола , се вдлабнуваат минимално со лажиче и се пржат. (Доколку не сакате да ги пржите, во тепсијата каде што ќе се печат се истура масло па кога ќе се наполнат со месото се полеваат пак со масло и на тој начин се печат без да ги пржите претходно).
    Потоа се цедат на хартија. Во меѓувреме се сече кромидот , лукот , се пропржуваат и се додава м.месо. Кога ќе се запржи се додаваат ренданите домати , сечканите ц.пиперки , и на крај солта , ц.пипер , магдоносот и белото вино.
    Модрите патлиџани се полнат со смесата мелено месо , доматите се сечкаат на кругови и се ставаат врз меленото месо.
    Над доматите се додава и придготвениот бешамел.
     
    На boomsleng, Еме 22, Brinetka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Рецепт со готови кори
    Автор: @orhideea
    [​IMG]

    . Бурек со месо.
    Филот го направив од мелено месо, печурки и многу кромид, лук, зачини.
    Една паковка турски кори.
    За премачкување на корите треба 200 мл газирана вода, 100мл масло, околу 50 мл јогурт и пециво.

    ________________

    Автор: @eli25
    [​IMG]

    . Гибаница
    Потребно
    1 шолја јогурт,1 шолја к.вода,2 мали лаж.пециво,сол,зејтин,500гр сирење или урда ,4 јајца
    Се прави смеса од ова
    Прво се редат одоздола две кори (пола да излегуваат надвор за да се покрие со нив) , потоа една по една кора се гужва во раце и се топи убаво во течноста, па се редат една до друга збиено, на крај се покрива со корите кои беа надвор и се премачкуваат со смеса од малку зејтин и к. вода

    _____________________

    Автор: dayla
    [​IMG]

    . Интегрални ролнички со месо

    Рецептот ми е потполно импровизиран и од око: се пропржува мелено месо во маслиново со кромидче, многу буковец, зачини и лукче. Три готови интегрални кори, измеѓу мачкам со маслиново и кисела вода, најгорната убаво ја полнам со месо, и правам наједноставна ролничка. Краевите ги "лепам" со кисела вода. Се печат дваесетина минути на 180°. Последните 10 мин ги вадам, премачкувам со јајце и ставам сусам
     
    На boomsleng, Еме 22 и angela.kostova им се допаѓа ова.
  7. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Летен десерт
    Автор: @orhideea
    [​IMG]

    . [​IMG]

    _____________________

    Автор: @vitamina
    [​IMG]



    ______________________

    Автор: @Monella
    [​IMG]

    . За подлога:
    250гр. мелени бисквити
    200гр. путер
    Смесата се соединува и се притиска убаво врз тавчето, се става во фрижидер додека се прави фил од:
    3 јајца
    100гр. шеќер
    250гр. урда
    250гр. маскарпоне
    1лаж. брашно
    Се пече 15-20 мин на 180°
    Кога ќе се излади добро се премачкува со мармалад по вкус, мене ми е најубава со шумски плодови или модри сливи.

    ____________________

    Автор: @duffi
    [​IMG]

    . Сладолед торта

    Еден маргарин се изработува со 300гр шеќер во прав, се додава 300 гр мелена плазма, 200гр сок и 3 жолчки. Од смесата се прави првиот дел од тортата. Одозгора се стават 2 шлага од чоколадо и 2 од ванила.
    Од белките се прави шам за најодозгора.

    __________________

    Автор: @TutiFuti
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На SunnyGirl2, boomsleng, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Летна манџа

    Автор: @Dust

    [​IMG]

    Домашни пиперчиња
    Домашни домати
    Домашно беровско сирење

    Се сецкаат пиперките, се сецкаат и доматите.
    Се потпржуваат пиперките, па се додаваат доматите..
    Се пржи додека е готово.
    Па се става сирење:inlove:
    Се јаде (на планина кај мене:lol:) со пола кило леб печен во фурна на дрва:wasntme::rofl:
    _________________________________

    Автор: @eli25
    [​IMG]
    Сецкам пиперки, плус две мали лути, кога ќе се испржат додавам ситно сецкан домат, без лушпи, при крај сол и 4 чешниња лук. Сега немав,ставам и магдонос:)
    _____________________________

    Автор: @duffi
    [​IMG]

    Прво ги сецкам пиперките и ги оставам да се попржат и омекнат, после ги додавам доматите, цели , со лушпа. Колку се посочни, толку подобро. Налевам вода и оставам да си врие. Додавам лукче, вегета и црн бибер од зачини.
    И нормално компири мора да има. И многу сирење и леб.
     
    На boomsleng, Brinetka и CrazyOne им се допаѓа ова.
  9. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема: Вашето омилено летно јадење
    Автор: @eli25
    [​IMG]

    . Прженипиперки со јајца
    Прво се пржат пиперките,се посолува , се додаваат матени јајца (јас ставив 4). Познато на сите

    ___________________

    Автор: @Love 83
    [​IMG]

    . Се сечат на кругови ,се посолуваат да пуштатнели малку вода ,па се валкаат во брашно ,во јајце и се пржат .
    Еден дел така во другиот дел во брашното ставам црвен пипер и босилек .
    И нормално домашен колбас

    ______________________

    Автор: @Val-Dim
    [​IMG]

    . Кромид, лук, модар патлиџан, тиквичка, грашак, боранија, морков, пиперки, црвен домат, месо, сол, зачин, цевен пипер и цен бибер
    Сите состојки се сецкаат на коцкички, се зачинува и полева со зејтун и една шоља вода. Се промешува и се пече додека не испари целата течност.

    ПС Главната состојка на турлитавата - бамја... ја нема во мојата тава, не и го сакам вкусот :)

    ПС Овојпат турлитавата ја правев во петок и е посно, нема месо... Ноо е превкусно :)

    _____________________

    Автор: @Leo_29
    [​IMG]

    . Летнаторта
    Пишкоти натопени во млеко со нескафе, банана, шлаг. Два или три слоја, зависи колку висока сакате да е. Може да се стави и било кое друго овошје. Одозгоре ставив капини. :d:
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Оброк со тестенини

    Автор: @Мејз
    [​IMG]
    Макарони во бел сос
    Во тенџере на средна температура се става маргарин да се растопи. Во растопениот маргарин се става брашно и се меша, постепено се додава млекото и се меша додека не се добие кремаст сос. Зачини се ставаат по желба, јас ставив вегета и оригано. Во сосот се ставаат варените и оладени макарони. Брзо, лесно и превкусно
    __________________________

    Автор: @Sexybaby86
    [​IMG]

    Болоњезе
    Прво пропржувам рендан морков и ептен ситно сецкан кромид (во сецко го ситнам). Оставам да се продинстаат додека омекнат, па додавам 500 гр мелено месо (мешано). Откако ќе се испржи и месото, додавам доматен сос околу 400 мл (домашен овојпат) и една голема чаша вода (може и говедска коцка, немав сега). Зачинувам со сол, вегета и босилек, и ставам мало лажиче шеќер за да не е кисел доматниот сос. Оставам да се крчка се’ заедно едно половина час, а за тоа време варам едно пакување Барила бр. 5 шпагети (личенфаворит) во зовриена солена вода.
    ____________________

    Автор: @Feminka22
    [​IMG]
    Макарони со томатело, лук и магданос.
    Се пропржуваат 6-7 чешниња лук, во меѓувреме се варат тестенините.
    Кога ќе се пропржи лукот се додава шака сечкан магдонос.Пожелно е да има малку повеќе масло кога ќе се пропржуваат лукот и магдоносот.
    Јас додавам чили и сол.Кога ќе се сварат макароните се истураат во тавчето каде што се пропржувале лукот и магдоносот.Се додава една или 2 чаши Томатело и се промешува убаво да се соедини се.
    Јас вака го правам.Можете лук магдонос и томатело да ставите колку што сакате и ви одговара.
    _____________________
    Автор: @Cka
    [​IMG]
    Интегралнитестеини со домашен сос. Шпагетите стандард се варат. Дека интегрални, им треба подолго време.
    На страна патлиџани се рендаат и се пржат во маслинов зејтин. По некое време се става лук едно до две чешмња и се крчка да омекне. Се става сецкан босилок и се гаси ринглата и се пропржува уште малку.
    На крај се декорира со шери и ливче босилок. У случајов, се е домашно одгледано од мене, освен тестенините :)
    __________________
    Автор: @Monella
    [​IMG]
    Карбонара
    Додекасе варат шпагетите, во тава на оган се става чадената сланина да зарумени.
    Во меѓувреме се матат 3-4 жолчки (во зависност од количината на пастата) малку грана или рендан пармезан, сол и црн бибер.
    Кога пастата е готова, се цеди и додава кај сланината, одозгора жолчките, оганот да биде на тивко за да може да се соединат јајцата и пастата.
    Одозгора се наросува пак грана.
    ________________
    Автор: @mal.ecka
    [​IMG]
    На путер запржувам лук,магдонос.
    Потоа додадов доматен сос,босилек.
    Претходно сварените макарони ги додаваме во тавата и рендаме тврдо сирење или кашкавал
    ______________________
    Автор: @duffi
    [​IMG]
    [​IMG]
    _________________________
    Автор: @eli25
    [​IMG]
    Домашни Јуфки (резанци) со домашен доматен сос (рендани домати пропржени со рендано лукче и оригано,сол,вегета,бибер, на тивкокрчкан потоа) со рендано сиренце одозгора
    _________________________
    Автор: @A_star
    [​IMG]
    Макаронисо томатело и мелено месо.

    месото го пропржив со малку кромид, рендан морков, оригано, буковка и томатело, по можност луто, додадов и лук во прав.
    ___________________
    Автор: @Maremama
    [​IMG]
    макаронисо сос од печурки
    Додека се варат макароните во меѓувреме запржив кромид,свежи печурки сечкани,потоа ставив сланина,пилешка шунка кога ќе се испржи на крај ставив хопла и зачини бибер вегета малку кари и го ставив сосот врз макароните превкусно е:*
    _______________________
    Автор: @vitamina
    [​IMG]
    Не ставам бешамел од причина што не ми поднесува желудник све и свашта на еден куп.

    Мелено месо со кромид плус зачини пржам па ставам доматен сос.

    Одпосле редам ред лазањи не варени ред сос така поредок намерно за да оставам простор да се сварат лазањите по потреба потурам и малку вода, ставам еден ред и кашкавал и плус одозгоре кашакавал.
    Печам 30 мин.
    __________________
    Автор: @g8lQQk
    [​IMG]
    Лукче малку се пропржува на маслиново масло, се додаваат сечкани свежи шампињони ( водата да испари), па се дадава брокула претходно малку обарена и сето се соединува со малку соја сос, сусам и зачин ( имам некоја мешавина од кари и коријандер ) и ставам мајчина душичка - тоа по вкус, кој како сака. Се варат тестенини и се мешааат со смесата од зеленчукот едно 2- 3 мин да попримат од состојките и тоа е тоа. ..
    ____________________
    Автор: @♡BuBaLe♡
    [​IMG]
    Шпагети со томатело

    Сварените шпагети ги процедувам. На оган во тавче ставам томатело сос, зачинувам со лажичка сенф, вегета, оригано, презла, малку шеќер, промешувам и во тавчето ги враќам шпагетите.
    __________________
    Автор: @girl-miri
    [​IMG]
    Tortiglioni so domaten sos so basilico.
    Pastata varena na obicen nacin vo voda,se dodava vo tava sos od domati +basilico.
    Sosot se poprzuva pa ss dodava pastata, 5 minitu se promesuvat zaedno vo tava na ogin.
    __________________
    Автор: @cvekence123
    [​IMG]
    Mакарони манџа со мелено месо.
    Меленото месо го пропржувам со кромид,кечап,морков,зачини(вегета,црвен пипер,мелен бибер,сол),и потоа го ставам во зовриена вода заедно со макароните..се вари околу 20-25мин.
    ____________
    Автор: @Mishela
    [​IMG]
    Макарони со брокула и доматен сос. :)

    Рецептот ништо посебно; кога се при крај макароните додавам брокула, доматен сос, сол, оригано и многу бибер. Оставам да испари сосот и тоа е тоа.
    _________________
    Автор: @galapce
    [​IMG]
    Пропржено, кромид, лук, морков, модар патлиџан, бамбљи, телешко месо и исецкани три големи домати да го покријат цело месо.
    Покриено со капак се крчка околу два саати.
    Плус зачини по вкус.
     
    На boomsleng, Sexybaby86 и A_star им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Појадок
    Автор: @♡BuBaLe♡
    Чиа пудинг
    [​IMG]

    Најважниот оброк во денот најчесто ми е смути од сезонско овошје или овошна салата. Откако го открив чиа семето, си правам од вечер пудинг :
    250 мл бадемово млеко
    2 лажици чиа
    1 лажица мед
    Промешувам и чувам во тегличка преку ноќ. Утрото додавам овошје и семки што имам ( овде банана,праска, малина, семки од тиква, брусница, овесни снегулки ) и денот може да започне :D
    ___________________________________________________________________________

    Автор: @GoodGirl45
    Овесна каша, мојот go to појадок. :inlove:
    [​IMG]
    Се варат овесните. Јас ставам три или четири лажици, ги варам со пола чаша вода и пола чаша млеко додека не впијат и не станат како каша.
    Озгора ставам лажичка какао и мед секогаш, а овде дополнително ставив чоколадо и банана.
    Уживајте!
    __________________________________________________________________________________
    Автор: @Cka
    [​IMG]
    ________________________________________________________________

    Автор: @Juicy
    Пржени лепчиња, кашкавал, црвена пиперка бабура .:D
    [​IMG]


    ___________________________________________________________________

    Автор: @Ladybug98
    [​IMG]


    Се замесува мн.меко тесто од брашно, млака вода, сол, шеќер, мн.малку квасец и зејтин. Се прават топчиња и секое топче се расукува во форма на мал круг, се пррмачкува со зејтин и да стои 15минути. Потоа секое посебно се растегнува на маса, ставив мелено месо, претходно запржено со кромид и попрскав со зејтин(може било што по желба да ставите) и со помош на чаршавот ја собираме кората.
    _______________________________________________________

    Автор: @Blue.Sky
    [​IMG]

    _______________________________________________________

    Автор: @girl-miri
    [​IMG]
    ___________________________________________

    Автор: @eli25
    [​IMG]
    Потребно
    1лажичка сол
    1 шеќер
    1 квасец (сув)
    2 чаши млака вода
    околу 800 гр брашно

    Квасецот и шеќерот се ставаат во млаката вода,стои 5 минути потоа се става во брашното во кое е додадена солта. Се замесува тесто и се остава 30 мин да отстои. Кога ќе стаса, со намрсени раце се оформуваат мекиците и се пржат.
    _________________________________________________________________

    Автор: @duffi
    [​IMG]

    __________________________________________________________-

    Автор: @Love 83
    [​IMG]
    Мекици
    Се замесува тесто од 500 гр. брашно,350 мл. млака вода ,50 гр. зејтин ,сол ,шеќер и 25 гр. квасец.
    Се остава пола саат да стои тестото и се суче кора на работна маса со брашно во форма на правоаголник и се сечат помали правоаголници и се пржат во врело масло
    ____________________________________________________

    Автор: @g8lQQk
    [​IMG]
    _______________________________________________________________

    Автор: @zhap4e
    [​IMG]
    Готови кори..3-4 по баничка. Секоја кора премачкана со масло, дел со пица фил (кечап, салама, кашкавал), дел со тенки кришки домат и лук...смотани, печени на најјако.
    ________________________________________________________________________________

    Автор: @Mishela
    Еве го и мојот појадок - авокадо тост.
    [​IMG]

    Кратко тостирам кришки леб, додавам авокадо намаз набрзина изгмечен со вилушка, измешан со малку сол и бибер.
    Одозгора денес ставив само сирење, наросено со бибер и оригано.
    Требаше да има и ситно сецкан домат за да ми биде поколоритно, ама ги изедов доматите дури дочекав да ми созрее авокадото па така го јадев.
    Многу беше убаво и вака без боја. ^_^
    ________________________________________________________________

    Автор: @Sexybaby86
    Pizza pockets денес за доручек :)
    [​IMG]
    Еве го рецептот, состојките за филот се по желба:

    [​IMG]
    ________________________________________________________

    Автор: @orhideea
    [​IMG]
    [​IMG]
    __________________________________________________

    Автор: @SunnyGirl2
    [​IMG]
     
    На Turna, SunnyGirl2, Blue.Sky и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Бранч
    Автор: @SunnyGirl2
    Toст
    [​IMG]
    -------------------------------------------------------------------------------------
    Автор: @g8lQQk
    [​IMG]
    Печени лепчиња или bruschetta |(

    Едното лепче е со намачан путер, сечкани свежи шампињони и едамер.

    Второто е поптечено лепче со маслиново масло, се мачка со лукче и одозгора се става сечкан домат со козјо сирење, босилек и малку маслиново.

    Лепчето е домашно, со 4 вида брашно и 4 вида семиња – за да не јадеме многу :D
    __________________________________________________________________

    Автор: @Berguzar
    Јајца на око со црн пипер и вегета.
    Сирење и домашен ајвар (понекогаш домат).
    [​IMG]
    -----------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Автор: @Cka
    Француски леб, намаз од павлака и лук, краставица, шери, кашкавал, маслинка и босилок. Спремано за маж ми, да каснува додека работи и чека ручек.
    [​IMG]

    ______________________________________________________________

    Автор: @Love 83
    Потпечени лепчиња со ајварче ,сирење ,сланина ,маслинки и оригано.
    [​IMG]
    __________________________________________________________________
     
    На Milobebence, SunnyGirl2 и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Есенски десерти
    Автор: @Love 83
    [​IMG]
    Есенски колач од јаболка
    Потребно за тесто :
    15 лажици топла вода
    10 лажици кафеав шеќер
    3 рендани јаболка
    15 лажици брашно
    1 пециво
    100 гр.сецкани ореви
    2 лажици гриз
    1 лажица какао
    кора од рендан портокал
    100 гр .суво овошје по желба
    Се мешаат водата и шеќерот да се стопи,се додаваат во ренданите јаболка и сите суви состојки.
    Се остава смесата да стои 15 мин и се истура во плех со хартија во кој сме ги ставиле прво орасите па над нив смесата .
    Се пече 15 мин на 200 и уште 15 на 180 .
    Оладениот колач се вади ,се сече на коцки и се враќа во плех .

    Одозгора се става шербет од :
    200 гр.шеќер
    200 мл.вода
    сок од 1 портикал
    1 ванила и се посипува со сецкани ораси .
    __________________________________________________________________
    Автор: @LiliBoz
    [​IMG]
    Основа 4 јајца и 200 гр стопено чоколадо, пециво сода бикарбона.
    Додадено брусница и ореви плус ванила.
    ___________________________________________________________

    Автор: @Monella
    [​IMG]
    3 јајца, 250гр. шеќер, 70гр. путер, 1 чаша млеко, 300гр. брашно, 1 пециво, сок од лимон, околу 700гр. јаболки насечени на тенки парчиња. Еден дел од јаболките се остава за да се наредат одозгора.
    Се пече на 180° околу 40 мин.
    ______________________________________________________________________
    Автор: @PUPICA
    [​IMG]
    Туфакија
    Десерт од јаболки, босански рецепт.
    Брзо, едноставно, превкусно.
    Јаболките се варат, претходно излупени и издлабени.
    Се варат во вода со шеќер, ванила, цеден лимон (за да не потемнат).
    Готови се кога ќе омекнат, не да се раскашават!
    Водата при варењето да ги покрие јаболките.
    Јас ги варам+- 10 мин.

    Се полнат со смеса од мелени ореви, шеќер во прав, која се изедначува (да стане хомогена) со водата во која се варени јаболките.
    Се декорира по желба.

    П.С.Во смесата за полнење по желба може мед, цимет, плазма, суво грозје...
    Во водата за варење сооднос вода шеќер од око:lol:
    Не како за шербет, а и не мора шеќер.
    Секој по вкус.
    Јас полнам само со ореви, шеќер во прав, малку мед и од водата.
    ________________________________________________________________

    Автор: @theowndemon
    [​IMG]
    Пита од тиква.
    Основа
    • 2 1/2 cup брашно
    • 2 лажички шеќер
    • 1 лажичка сол
    • 1/2 cup путер, несолен, сецкан на коцки
    • 1/2 cup ладно кокосово масло
    • 1/2 cup вода
    Јас користам cups како мерки, нешто меѓу 230-250мл е еден cup.
    Прво се мешаат брашното, шеќерот, солта. После тоа се додава путерот и маслото и се гмечи. Јас користев едно за пире праење шо е. 8-| Треба шо помалку со рака да се работи во овај процес за да не се растопи путерот и маслото. И после тоа се додава водата постепено, не знам како да го опишам ова ама прво само се допираат како што се тура водата онака да се спојат, и после то се замесва. Штом се замеси, се врзва во најлонче и се остава да стои во фрижидер 1 час. После то се сука и става на намрсено тавче за печење.

    Фил
    • 2 јајца, плус жолчка од уште едно јајце
    • 1/2 cup кафеав шеќер
    • 1/3 cup бел шеќер
    • 1/2 лажичка сол
    • 2 лајчиња цимет
    • 1 лајче ѓумбир
    • 1/4 лајче мускатно оревче
    • 1/4 лајче каранфилче издробено
    • 1/2 лајче кора од лимон
    • 2 cups пире од тиква
    • 1 cup ладно млеко
    Тиквата се печи прво, па се гмечи и прај пире од неа. Јас имав веќе печена тиква. Договорот со мајка беше таа тиква која нема да ја бендиса за јадење ќе оди во пита. И ете се погоди неделава. :wasntme: Па прво се матат јајцата, а после то се додаваат шеќерите и зачините и кората со лимон. Па се мешаат заедно, па се додава пирето од тиква. Па пак се мешаат, и после постепено се додава млекото, со мешање. Не треба да е многу течно, ама не треба да е многу густо. Можи да влези поќе млеко, мене овај пат ми влезе помалку. 8-|

    И за крај, се тура врз веќе наместената основа и заедно се печат 15 минути на 200 степени.
    После тие 15 минути се остава уште 45-50 минути да се печи на темптература од 170 степени.

    Кога се вади се остава да се лади 2 часа, мене ми се брзаше и после еден час ќе го сечев и уште беше топличко.

    Укас
    Е ова е екстра шо го има на сликата, го немаше кај шо гледав на нет. Си растворив едно пакетче ванилин шлаг крем, го шлакнав од горе, многу менва вкус на подобро. После од горе наросив цимет и шеќер си имам мешан во едно чинивче за брза употреба оти периодов во се го ставам. Сакав да ставам и лешници од горе ама имам и нешто друго за праење со мајка, па ај можи и без лешник овај пат.

    И кога видов сликите ми текна да допишам дека од основата кога ја размесив делот од страните шо го секов, го искористив така шо напрајв линии кои ги наредив на питата, и направив ливчиња кои се наредени горе, подобро се гледаат на екстра сликите кај шо немам сечено парче. Чисто за украс се, ништо екстра, само од то шо останва ставав работи.
    _____________________________________________________________________________________
    Автор: @♡BuBaLe♡

    [​IMG]
    Непечен колач со јаболка

    1 кг рендани јаболка
    250 гр шеќер
    Ванилин шеќер
    Цимет
    2 ванила пудинзи
    600 мл вода
    300 гр бисквити
    Хопла

    Пудинзите се мешаат со пола од водата, другата половина со шеќерот и јаболката се става на оган . Се вари како пудинг.
    Се реди ред бисквити ред пудинг. По ладење се декорира со матена хопла. ( јас тоа го изоставив )
    ___________________________________________________________________
    Автор: @An-na
    [​IMG]
    300 гр брашно, 250 гр путер или маргарин (ако сакате посни), 100 гр шеќер, 100гр сечкани ореви.
    Џем или мармелад за мачкање и шеќер во прав за посипување.
    __________________________________________________________________________
    Автор: @nightingale
    [​IMG]
    Колач со јаболки

    Потребни состојки:

    - 2 поголеми јаболки или 3 помалечки
    - 2 јајца
    - 50 грама путер чуван на собна температура
    - 3/4 шолја зејтин
    - 1/2 шолја мед чуван на собна температура
    - 1/3 шолја кафен шеќер
    - 2 шолји брашно
    - 3/4 шолји кравјо кисело млеко
    - 1 шолја мелени ореви
    - екстракт од ванила по желба
    - 1 прашок за пециво
    - прстофат сол
    - цимет по желба

    Постапка:
    Јаболката се лупат и сецкаат по должина на парчиња.

    Во подлабок сад се матат двете јајца со шеќерот, дури тој да се стопи. Откако ќе се изматат добро и ќе формираат пенеста смеса, се додаваат медот, путерот и зејтинот, како и прстофат сол. Се мати смесата уште малку за да се соединат состојките.

    Потоа се додава киселото млеко и се меша со обична лажица дури смесата не се соедини. На крај се додаваат брашното, прашокот за печење и мелените ореви и повторно рачно се меша. Се додава цимет по желба. Се меша со обична лажица дури не се добие хомогена смеса.

    Смесата треба да испадне малку погуста, не водеста, за да не пропаѓаат јаболката. Доколку смесата е потечна, слободно додајте уште малку мелени ореви.

    Смесата ја истурате во четвртаст подлабок плех, со стандардна големина, на кој претходно сте ставиле хартија за печење. Врз смесата се нанесуваат парчињата јаболки.

    Се пече на 180 степени, отприлика 30 минути, додека се зарумени.
    ______________________________________________________________________
     
    На Thallia и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  14. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.594
    Пол:
    Женски
    Тема : Рецепти со праз
    @Ladybug98
    received_428446511333137.jpeg
    . Рецепт: Се замесува тестото со вода, брашно, квасец, малку сол и шеќер.
    Се расукува подебела кора за целосно да ја опфати тепсијата со краеви нанадвор. Од останатото тесто се сукаат помали кори на кои ставаме урда(по избор) и ги попрскуваме со масло. Ги редиме во тепсијата(во средина оставаме место за празот) и ги покриваме со краевите од првата кора. Во средина ставаме фил од празот запржен, со зачини и по желба можеш и во него да ставиш урда или сирење(јас не ставив). Го покриваме со скроз тенка кора одозгора за да не изгори при печењето, ставаме одозгора маргарин или зејтин, стои околу пола саат да стаса и го печеме околу 40мин.во загреана рерна

    _________________

    Автор: @girl-miri

    IMG_20191117_125424.jpg

    . Brasno, sol, malce seker, mlaka voda se zamesuva testo.
    Se delat na mali topki okolu 16 mi dojdoa mene, sekoe go sukame i stavame vo plek, edna nad druga so premackano maslo megu niv.
    Stavame od gore praz seckan na mali parcinja,malce da krcka na ogin i posoluvame.
    Od gore imav uste edna kora, se pece okolu 40min na 180/200.

    _______________

    Автор: @Cka
    received_2520298721575090.jpeg
    . Стандардориз, само наместо кромид, се пропржува праз, а еден страк се сече на големи парчиња. Многу убав мирис. Декорорано со павлака, шери и босилок. Баба ми го викаше ова јадење слепи риби.
    ____________
    Автор: @LivingGlam

    75362137_977271002637315_7200058358693363712_n.jpg

    . Девет Табани (писмо погача)

    500 мл кисела вода (на собна температура)
    пакетче сув квасец
    лажичка сол
    лажичка шеќер
    масло за премачување (користев маслиново за покрцкаво, и употребив помалку од рецептот па суви ми излегоа)
    Постапка овде

    Фил
    Пржен праз со зачини, на крај додадов две јајца и козјо сирење да се растопи.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.711
    Пол:
    Женски
    Тема: Домашна пица


    Автор: @Leo_29
    [​IMG]
    Тесто: 500 гр брашно, 250 мл вода 70мл масло, 1к.л. шеќер, 1к.л. сол, 1 квасец. Сама се месеше. Ја наредив (врат, килен, печурки, маслинки, кашкавал, оригано, сусам), се испече, и нормално од средина се сече. ;)

    ________________________________________________________________

    Автор: @angelche16
    [​IMG]

    Рецепт за пицата:
    За тесто
    500 г. брашно
    Вода 250 мл.
    1 чаша масло ( околу 60-70мл)
    1 квасец
    1 лажица сол
    а одозгора
    салама и свински врат
    маслинки
    печурки
    кисели краставички
    кашкавал
    откако е готова кечап и мајонез по желба
    _________________________________________________

    Автор: @emkaemka
    [​IMG]
    [​IMG]
    _____________________________________________________________
    Автор: @bella12
    [​IMG]

    Рецепт
    Тесто:400гр брашно, 1квасец,3лажици зејтин сол и вода по потреба.
    Одозгора редено со доматна салса, кашкавал, врат, печеница и печурки и народно со оригано.
    __________________________________________________________________

    Автор: @Star_dust
    [​IMG]
    Рецепт (за двајца) :
    200 g брашно
    1 лажица масло
    малку квасец
    пола лажиче сол
    многу малку мелен црн бибер
    млака вода за да се замеси тестото(по потреба)
    Се меси сето ова заедно, па се става во сад за печење и се остава да отстои 20 минути. После 20 минути одозгора се става кечап, салама, кашкавал, печурки и оригано.
    __________________________________________________________

    Автор: @mariz
    [​IMG]
    Тесто без глутен
    300г брашно schar mix b
    10г свеж квасец
    Лажица масло
    200мл вода
    Лажиче сол

    Се замесува и се остава да стаса 40мин, после се обликува како сакате и си ставате горе што сакате. Во мојов случај мини пици со кечап, кашкавал, печеница, печурки, оригано.
    ______________________________________________
    Автор: @Sexybaby86
    [​IMG]
    Рецептот е од око, но отприлика вака би дошло:

    300 гр брашно
    1 голема лажица масло
    1 лажичка сол
    1 ќесичка сув квасец

    Од сево ова се замесува тесто со помош на млака вода. Се остава половина час да стаса, па се развлекува во тава со помош на влажни раце (за да не лепи) и се реди по желба. На мојава пица има многу кашкавал, шунка, чајна и маслинки. И кечап и оригано, нормално.
    Се пече на јака температура (230-250) 10-тина минути.
    _______________________________________________________
    Автор: @eli25
    [​IMG]
    700гр.брашно
    квасец мн.малку,1/3
    1гол.лажица сол
    1мала лаж.шеќер
    3 големи лажици зејтин
    Се месе меко,со млака вода,додадов и јогурт да е помеко
    Со кашкавал,свежи печурки,кечап,сусам,оригано,чајна,малку пршута,рендани кисели краставички и некоја германска салама од кам
    _______________________________________________________________
    Автор: @g8lQQk

    [​IMG]
    Малку свеж квасец ( околу 5 гр. ) лажиче морска сол, супена лажица девствено маслиново масло се мешаат убаво во малку млака вода, па се додава полека брашно ( околу 250 гр. ) и се меси меко тесто. Јас го оставам да одмара тестото едно 8 часа. Се формира круг, се редат по избор состојки ( мојава има домашна салца со босилок, свежи шампињони, пршут, едамер и сецкани маслинки ) . Обично ставам моцарела, ама немав. Поубава е со моцарела. :inlove:

    Обично го печам тестото прво малку со салцата и печурките ( затоа што вода пуштаат печурките и ги премачкувам краевите од пицата со маслиново за да биде крцкава кората ), па потоа ги додавам останатите состојки. Се пече околку 15 мин. на 220 C.
    _________________________________________________________________
    Автор: @manako1
    [​IMG]
    Лудо тесто:500мл млако млеко,250мл јогурт,2јајца,1квасец,1пециво,3лаж,зејтин брашно по потреба да биде тестото како за мекици. Квасецот се раствора во млако млеко. И стои во фрижидер и нараснува.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.