Ме претркавте феминки со предлозите Инаку, претпоставував дека ќе има такви и што ќе ми судат за темава, но, според мене беше интересно малку да експериментираме и ние тука согласно со трендов
Ептен фенси темаваке стокмам ваљда нешто,за очи се фини оброциве али не ми се баш практични-ја у тањир кога јадам салата се бербатам не па у тегла И плус имам трауми,мајка ми сите студентски манџи ми ги праќаше во тегла-кој визионер била
@PrettyDramaQueen честитки за победата и насловната Ама, темава, оброци во тегла ... И кажувате нов „тренд“?!! Дали разбрав добро, се што сакам да сервирам за ручек, да набуткам во тегла... Можам да си замислам како ке ме погледнат свеки и свекорот ... Се зезам... Ова е уште една позитивна придобивка од темава!!! Покрај рецепти ке собереме и „ин“ новитети ... Ма, светски готвачици сме
Честитки @PrettyDramaQueen беше тесно до крајот, ама заслужена победа, преубаво изгледаа Јас искрено не го разбирам овој трендот со теглите, ама барем ќе се види креативноста, пошто стварно изгледаат убаво, колку и да не е логично за јадење Едвај чекам да видам што ќе ставите, ќе си плакнам очи, осеќам
И еден совет за девојките што рекоа дека нема да учествуваат заради тоа што немале "фенси тегли", девојки, јас верувам дека со нашите способности и најобичните тегли ќе заблескаат. Затоа, без двоумења, ве чекам сите на нова борба за гласови
Ајде не бидете толку конзервативни дајте поддршка за младите. http://greatist.com/eat/mason-jar-recipes Еве ви рецепти. Ќе пробам да се вклучам па на работа ќе си го однесам малку да се шалат колегите на моја сметка, оти ме отепаа од зезање за смудињата сеа со тегла коа ќе се избацам. И дворовите ве молам да не ги вклучувате, оти ќе фатам покрај море да сликам.
Бре каква забава сум пропуштила. Честитки на Драма кралицата. Дефинитивно досега за кој гладам тој победува. И успат благодарности што ме просветли за трендов за кој прв пат слушам,гледам. Мислам дека има уште некоја корнишОнка во тегла.
Може да се користат големи тегли од тие од 3кг шо се? Не ми се допаѓа темата а баш се решив да учествувам Гласав за победничкиот рецепт,честитки Едвај чекам да видам колку креативни ќе бидете
Честитки за победничката беше и мој фаворит За новата тема уф и мене ме потсети на студенски оброци во тегли А во оброк спаѓа и коктел од рум со овошје денеска правев и тоа во тегла од 3кг.
Ајде вадете теглите од подрум. Може ќе видиме нешто креативно, и јас не сум запознаена многу многу со тегливе. Слабо по трендот сум.
Ајмо хипстери! Малку по малку и до лопатката ќе дојдеме. Шала на страна, ова со сервирање во тегли е баш практично за на пикник. Може обична и овошна салата, ставаш теглите во корпа и ајт.
Не знам зашто темава ко да наидува на потсмев, мене ми е . Сакам да прашам само дали мора стиктно јадење, или вклучени се и тн. smoothies, кафиња и сл. ? Каде кај нас да се купат вакви теглички, освен Џамбо, зашто не можам да стигнам на ред.. Предлози за инспирација и инстаграмација :
Не е ова одговор на прашањето, повеќе како мислење - темата е оброк. Значи, нешто што се јаде. Ете тој чиа пудингот од едната слика би бил соодветен, ама лимонади и смудиња мислам не.
Мене темата ми е сосема ок, шала на страна...она дека и јас на времето, пред повеќе од десетилетие јадев манџи, месо, печено-гмечено... во тегли. Една е мајка. Дури и ја имав продолжено традицијата... Само, не ми се свиѓа баш тоа, што... не ни е некако фискирано на солено/благо и сл. јас дека...пред не знам колку време каснав благо и со тоа си ја завршив дозата... за до некое немам-поима-кога-повторно- време и тешко ми паѓа и помислата да направам нешто благо. Тешко како, ми се дига шеќерот (староС, шта ќеш) а, се некој ќе направи нешто, сочно, кремасто, со овошјенце, со парчиња колачи, чоколатца, јатки, преливи и врагови (ете го шеќерот) и ќе биде поубаво од моите и најбољи замисли, препишани од некој супер блог