Има веќе три. Мене баш ми се гледа креативна темава, а и практично е десерти во тегла. Инаку, немам јас такви фенси тегли, ќе заматам нешто во тегла од ајвар.
Auuuu sakas da te druzam? I ja se mislev kraj kraeva vo takva tegla da zgmecam nesto, ama cekav drustvo hahahaha.
Нема проблем, се надевам дека следните теми ќе бидат покомплицирани и не испробани @kukla21 Никаде не спомнав затуцаност, туку кажав дека од старт сите тргнавте со негативност кон темава бидејќи е малку поинаква од претходните досега.
Ако сме "волку многу ограничени" значи сме затуцани. Да не одам офф премногу. Ќе ја следам само темава. Не ме предизвикува за учество.
Не мора темата да е тегла, за да е нешто ново, неиспробано И шпагети си беше ок тема, имаше простор за креативност, ехе, ама... луѓето сакаат и готват едноставни работи, испробани. Тоа и гласаат,де. Темава тука е таква,се дрдори доста, дур се појави некоја слика...да се дрнда е битно, генерално Да е забавно. Затоа. Си имаше тука, доста креативност и со најобични теми
Под поимот ограниченост мислев на тоа што од почетокот започнавте со негативни коментари затоа што темата не е вообичаена како претходните досега и одбивност да се обидете да одговорите на предизвикот. А затуцаност е сосема нешто друго.
Мене воопшто не ми е невообичаена. Нешто друго ми е, ама цело време се трудам да не кажам што. Жапче кажа горе-доле што мислам и јас. Си кажав и во првиот пост, чекам да ме разубедат дека темава има потенцијал. Толку убави работи се изнагледав, така што сигурна сум дека ако се има желба доста феминки "ќе ја растурат" темава како до сега
Јас очекував @zhap4e да победи.Сликата и рецептот беше само за на насловна. Сами си ја гласавте сега бутајте грав во тегла. И тоа е оброк, нели.Се зезам.Сори нат сори. @PrettyDramaQueen , честитки, нема љутиш нели? Еве и јас те подржувам, утре ќе се потрудам да склопам нешто.Имам тегла.
Абе луѓе не се дава на млади така одма функција, ете ни ја и државата. Прво треба да се испечат... Се шалам не се лутите, баш ќе е интересно... преку недела ќе пробам и ја нешто, бар на слика да е убо.
Никој лично не е повикан во темата да учествува ако не му одговара. Кога ќе дојде вашиот ред изберете тема по ваш вкус, и онака на секој поединечно не може да се погоди. Ја напнавте девојката.