Кукла, во џамбо барај. Да ги повикаме серафима и анел да збуричкат нешто, ке видиме дека не менвало дали тегла било дали тањир било.
Ќе пишев нешто, ама многу ќе ја увреџам госпоџицава. Не се напнувај женска, си правиме муабет. Си победила, си дала тема, нормално дека ќе има секакви коментари, или не смееме? Заќоравени сме, па не следиме трендови да јадеме од тегли. Имаме чинии за таа намена. Туку ај девојкиве што направија по некој бучкуруш да кажат како јадат, ред по ред или брцаат со лажицата се' што ќе дофатат? Јас сакам од се' по малку да имам во лажицата кога к'снувам, не ми е практично ова.
Имам за ручек грав и шопска.Може ли да го ставам дробен леб па гравот во тегла,шопската доаѓа одозгора. За @kjukli мешаш се со лажица и сркаш Guten appetit!!!
Ти си за турли тегла. Се се јаде без мешање. Додуша и оривчето и макароните. Морам тегли да најдам. Се (само)мотивирав сега
@kukla21 ти дур збориш ја напраив турли тегла. Тактика збунити непријатеља. со ефекти со се . Рецепт: Се сецка морков, кромид, тиквица, компир и брокула. Се печат во загреана рерна. Во тавче се пропржува пилешки стек со сенф и зачини и го додавате во рерната. И крај пропржувате колца црн патлиџан и додавате соја сос за шмек и ги оставате да се испечат. Потоа се ставате во тегла со крекери. Поздрав ако победам тема имате канапеи, не за друго гости ми се највени.
Хендикепирана сум. Нема тегла. Сабајле една фрлив, а таман ќе беше сега. Појдов да бркам во кантата мм почна да ме гледа бледо и е откажав. Ќе те гласам ако не Едит. Јас во тегла ќе печам
Море прај во обични тегли, исто како што варат компот, туршија и што друго и да беше. @joy1 Не се важи ова на Мими, само е сервирано во тегла, не го готвела во неа.