Рецепт пиши т.е, што се има ред, по ред...не сум сигурна дека видов... да не испадне да те дисквалификуваат Убаво изгледа, инаку. Ме интересира и мене.. буквите, како што. Само стратешки реди ги работите и не притискај ...полабави да се редовите на било што што мислиш да правиш,за да го личи после теглето. Пробав нешто печено, во мало грдо тегле, чисто да видам како би изгледало. Тест вожња..за дал солено или и јас благо да правам што...нејќам. Немој,кашаст ќе ти е лебот..нема да е вкусен... нареди си се што сакаш, а лепче можеш да си потпечеш онака и да го закачиш на чепкалки или наредиш до теглето како декорација Фалиш ти тука... ко и @Bridget
@zhap4e тоа е основна идеја,деталите ќе се разработат.Инаку заборавив да кажам дека фалат ливчиња босилек од озгоре Море жени добра е овај тренд во тегла.Можеш да зашдедеш на садови....требаше на мм во тегла ручекот да му го сервирам,ама не ми текна
Касно е да редактирам па ке пишам овде што ставив(вишни,банана,модра слива,црвен кокос,ореви,рибизли,мрвици) Буквите се чоколадни
Каков ти е тој црвен кокос...ај просветли ме.Сигурно е и тоа од новите тренди овошја,ама јас сум старомодна не сум по трендовите. П.С супер ти е декорацијата,а за кокосот сум озбилна...сакам да го пробам
Оффтопик сум @fairy88 - можеш сама да си го обоиш обичниот кокос. Во кесичките за замрзнување стави кокос колку што сакаш и прехранбена боја додека не ја добиеш бојата што ја сакаш. (со таа во тубички што е имам правено, ама може и со таа во прав веројатно). Инаку на темава, направив чиа пудинг го изнаредив се и сабајле го мафнав и кога ја миев теглата ми текна зошто го имав направено и дека не го сликнав
Сликиве се за во категорија диети. Диета - гледај слики за да ти се одјаде. п.с. не важи за десертите , тие се за ..на пр. 5тиот ден од диета 8 дена
Темава -ко некоја тетка од странство да дошла, донела некое парталче нетипично за модата во селото, па се собрале прво сите да оговараат колку не е убаво, не го личи, не е практично, смешно е...
Шознам, така нешто, и после некое време гледаш хит е. И не, не сте напред со времето, затоа што ниту гостин сте послужиле со нешто зготвено во тегла, ниту сами сте јаделе. Ајвар и кисели краставици не се важат, па и тоа директно од тегла не го јадете