Кога веќе ја постави темата и ти "зготви" нешто не само да ја браниш темата. Целиот проблем е што нема готвење само редење готови производи. И ког ќе излези на насловната на фемина ќе стои наместо начин на подготовка,реди по желба.
Има време, "ќе наредам" и јас нешто, инаку можат да се ЗГОТВАТ многу работи и да се наредат во теглата, пр.пудинг, домашен сладолед... А на насловната на фемина мислам дека баш одлично ќе изгледа некоја тегличка
Obrok vo tegla. Sekogas na mm mu podgorvuvam obrok koga treba da ponese so sebe,za letniov period najpoveke salati eve edna ovosna. Kivi Jabolko Praska Banana Kocki ananas Portokalova praska(ne mi teknuva imeto) +za dekoracija sareni troski.
Spoiler: Рецепт Литар млеко Пудинг од ванила Пудинг од чоколадо Шеќер Бисквити Ги вариме пудинзите, бисквитите се дробат, туриваме ред ванила пудинг, ред бисквит трошки, ред чоколаден пудинг... Декорација медени срца
Ви се молам, се знае чаша за што служи - за пиење. Мене тој тренд на служење храна во чаша ич ме ми се допаѓа. Spoiler Инаку баш поради овие мрчатори кои делумно и ја напаѓаат членката која ја предложи темата, си пишав порано во темава да биде забранета дискусија - да не зборам и дека е непрегледна и треба 10 минути сликите да се најдат. Ако не ви се допаѓа темата, не учествувајте. Наредната победничка нека даде тема чизма да се готви, ако тоа е најбитно у темава.
@Gosh Не ја нападнав само и кажав место да се расправа со сите и да соли памет на предходните страници, да зготви нешто и готово.
Точно, ама на ова му ставаш капаче и го носиш на работа, на пикник... можеш готови, исецкани и спремни работи за јадење само да се испечат или подгреат. Убави за око,готвените..не се, ама, практични се и вкусни исто ко и во тава подготвени. Касероли, турли тави, паста со сос, ориз, супи, манџи, мафини... на страна она ред пудинг/јогурт/сладолед, ред овошје/чоколадо, ред бисквити/колачиња/јатки или салати.
Па и она не солеше на никој памет, туку кажа дека очекува многу од креативните феминки на темава, дека е ова нешто ново и интересно, и дури и даде примери од слики и видеа. И има цела недела да зготви, не мора кога ја задава темата. Ама затоа беше исмевана и задевана.
Рече членката дека ќе подготви нешто, има уште време и редно е да се престане со напаѓање, човек и да сака да стави слика да го одвратите. Интересно е со муабетите кога се позитивни и поттикнувачки. Кажавте сите по еднаш, по два пати, по три пати и доста е, ако не ви се свиѓа неделнава тема скокнете ја и никому ништо. Оставете простор слика да се постави, незабележано помнуваат, да не ви бришам само мислења. Патем шпагетите одлично изгледаат на сајтот.
Да. Ама те оставам да победиш, доста ми беше мене.Борете се со @AnaKarenina на фронтот. Ќе склапам една овесна каша и ќе играм на карта декорација.
Една чашка овес се вари, сварениот овес се меша со пола канче кефир и две изблендирана банани.Се додава цимет по желба и четири лажици мед, може и помалку, јас сакав поблаго да ми е.
Сте се распишале машала мислам дека темата е креативна, да мозгаме треба малку ама ако, а и веќе сте почнале да ги споделувате идеите ќе се најде нешто на мени. Честитки и до победничката
Spoiler Пудинг од чоколадо Пудинг од ванила 1 л. млеко за пудинзите 1 пакетче орео колачи Сладолед од ванила и чоко-банана (дома приготвени) Се варат пудинзите, се турва прво пудинг од чоколадо, па пудинг од ванила, орео колачињата ги иситнав во сецкото, се тураат тие, и две топки сладолед, и декорирано со орео колаче и шеќерни срциња. Во мојата замисла, подеднакво имаше слој од чоколадниот и пудингот од ванила, но не излезе замисленото требаше да почекам да се оладат пудинзите, кога го турвав пудингот од ванила се измеша со чоколадниот.
За првиот ред ми беа потребни 3 плазма бисквити и 2 лажички путер од кикирики. Потоа ставив страчатела сладолед од кесичка и ја оставив теглата во замрзнувач два часа. Кога страчатела сладоледот беше стегнат ги наредив мини орео колачињата и врз нив ставив чоко банана сладолед од кесичка (кој ми ги покри орео колачињата ) Најгоре ставив орео мафин. Spoiler: Орео мафин http://moirecepti.mk/post/орео-мафини Врз орео мафинот ставив од чоко банана сладоледот додека сеуште имаше кремаста структура, бидејќи како вакви овие сладоледи дури и повеќе ми се допаѓаат. Декорирав со мини орео колаче. Spoiler
Уф уфф Како би го изела у моментов, во еден залак...ем од што е убоо на изглед, ем состојките се вкусни