Значи вака-така, со молење-колење, победив Поточно уште не, ама ај да побрзам оти верба во @RainBow немам. Од овие два дена имам слики од печено месо, грав и пудинг, па еве нека следната тема биде само -Месо. Печено, пржено, на жар, пилешко, свинско, телешко, со гарнир или без...небитно. Важно во прв план да е месото. Еве од мене
Честитки @Bridget заслужена победа најубави беа.Ајде и од мене една слика од архива,конечно нешто што немам ставено во Фемина инстаграм
Кога ви велев јас за тема пржени јајца или нафора вие се чудите. Шала на страна ама изгледа немаме натпреварувачки дух по кулинарстви изгледа. Ни е страв од порази. Вака така ке се активираме со тек на време. И не ме карајте за мрчење и офф топик,само сакав да се размрдаме. Може некој заборавил. Јас ставив месо од дива свиња во оцет да одстои. Ако го погодам за сликО,ке закачам.
Вчера што ја ставив сликата со пилешко во инстаграмот вчера ја правев, сакав овде да ја ставам ама дека не се гледа месото баш незнам дали смеам.Ако смеам арно, ако не смеам пак арно.Ми се расипа телефонот немам ниедна слика. Е така и овде покукав малку
Во однос на рецептот, се работи за добро познатото пиле печено само на сол. Само домаќинката во обид да се истакне повеќе, го глазираше пилето и сиротото се здоби со опекотини од втор степен. Но, по брза интервенција беше спасено од поголема катастрофа и така домашните добија ручек, а Фемина- натпреварувач. За прилог, прокељот и морковот обарени и малку запечени на грил тава и обарена брокула со пармезан. Домаќиники, каде сте???
Тука се домаќинките, ама изгледа се’ оди прво во Инстаграм, па за тука не останува ништо. Ајде од мене нешто. Свинско и пилешки ражнич на скара. Освен сол и бибер, немаат други зачини.
Таман дојдов да паничам дека ми ја бојкотирате темата намерно, ко црнците јас вечито дискриминирана еве две слики плус, добро е, се смирив малку Утре недела е, знам дека повеќето мевце ќе имате, па да не се караме...
Предна плешка, сол, бибер и сув магдонос на неа. Ме нервира сусамот на месото, кој беше наменет за компирот ( бидејќи маж ми не јаде компир без сусам, не знам од каде таа навика) . Не сакав да ја ставам, ама гледам нема натпреварувачи, па греота е да пропадне темата со 4-5 сликички само.
Обично не учествувам во натпревари ама за атер на @Bridget еве ме. П.с. да гласаш за мене Spoiler Пилешко со зеленчук (морков, брокула, кромид, пиперки и печурки)
Еве ја. Ја замолувам само @macka91 ако може повторно да ја прикачи сликата, се изгубила. Затоа е подобро директно од компјутер да ги прикачувате, да не ги снема по некое време.