Ууух кечапееее Ваква салата чекам да ми направиш за скоро, а за возврат дефинитивно гласот иде кај тебе..пошо сега сум ептен стрвна за солено, доста беше благо
@Ketchup Кечо ала уште сега деклариран победник, да апелирам наредна тема коктељи Тоа е барање од АА (Анонимните Алкохоличари) Шала на страна, навистина well done! Сите, ама особено евровизискиот талент овој пат, доста се шеташе по сцената
@PrettyDramaQueen заИнат пак да победиш. Освен ако не изненади некој. И тема да смислиш во твој стил. Мада вечерва би од на кечап специјалитетот. Слично и појадував.
Ги слушаш ли овациите од исток, запад, југ... Прекрасно !!! Убава тегла, вкусно наполнета, а гледам и рецепт има Се по пропис на Фемина готвач Предчувствувам, ке има интересна кампањата
Spoiler Квалитетот на сликите ми е ужас, ама сакав да ѝ дадам поддршка на девојката што победи бидејќи по објавувањето на новата тема имаше малку слики, а многу негодување- а во ресторан никој не се буни кога ќе му ја донесат храната сервирана во некој „фенси„ предмет. Факт е дека јадењето од голема тегла не е практично и дека самите тегли нѐ потсетуваат на зимници или на пратки во студентските денови, меѓутоа некогаш е убаво да се проба нешто ново. Околу рецептот (верувам не се забележува што има во тегличето поради лошиот квалитет на сликите), има еден ред пандишпан (рецептот е сличен на мраморниот колач, само наместо млеко се става газоза или било кој друг сок со арома на крушка), па ред од сладоледот од @Val-Dim (имам обичен, со чоколадо од карамел, со чоколадо за готвење, и со кафе), па пак од колачот и на крај декорирано со шлаг во спреј. Се прави за 2 минути, а за толку и се јаде.
Потпечени компири во тегла... со шунка, кулен, домати и сирење. Spoiler Состојки: 1 компир 1 домат по неколку тркалца шунка и кулен малку сирење 1-2 чешниња лук За сос: малку брашно филџан растопен пилешки буљон 2-3 лажици павлака по желба кашкавал Излупени и исецкани на тркалца, компирите се варат во посолена вода. Куленот и шунката се запржуваат на малку масло - да добијат боја. Доматите исто така, одделно се запржуваат со малку лукче, 2-3 минути, колку да испари сокот од нив (можете и во рерна да ги запечете кратко (целта е да не пушта од сокот кога ќе се потпекува со компирот и да го обои). За сосот, малку брашно се потпржува на путер. Му се додава буљонот и се меша за да се изедначи смесата. На крајот, му се додава павлаката и кашкавалот (може, а и не мора). Теглата се реди... коцки домати, шунка, кулен и сирење на дното. Врз нив три тркалца сварен компир. Врз компирот 1 лажичка сос. Врз сосот шунка и кулен. Врз нив три тркалца компир. Врз компирот сос. Врз сосот сирење и тркалца домат..се додека не се пополни теглата. На крајот рендате сирење. Се става да се потзапече во рерна плус-минус 20 мин. на 220 степени.. или, додека ренданото сирење не зарумени. (теглата можете да ја ставите во некоја тавичка за печење, за..ако ја преполните, да не ви истекува во рерна) Колку да го зајакнеме фронтот на солени јадења во тегла, кубајаги. Екстра фотки Spoiler
Јaс дa ви се зaблaгoдaрaм зa убaвите збoрoви и пoтенцијaлните глaсoви. Пa пoвелете, не декa oстaнa, чим јa изедoa дoмa вкуснo билo, aмa не е прoблем, ќе нaпрaвaм уште еднa турa. Сaмo пo пaт земете нештo зa пиење, бидејќи дoмa слaбo стoјaм сo пијaчкиве. И дoнесете нештo oд вaшиве специјaлитети. Сите изгледaaт мнoгу вкуснo.
@Ketchup , @PrettyDramaQueen ili @sesilija .. of mori majko , tezok izbor , site se ubavi i vkusno izgledaat , ama okoto na ovie najvekje mi se " frli . Interesen nacin na " serviranje " vo sekoj slucaj , ne ucestvuvam , ama redovno ve sledam , a i glasam ponekogas . Edno golemo bravo za ucesnicite vo temava se nadevam ke mi se pogodi nekogas tema za ucestvo tuka
Многу се прашувам тој мафинот како ќе го изеде човек, ако е под него сладолед. Кога би му ја збрцала лажичката, би отишол надолу.. а не е работата да го извадам, па да го јадам.. Јас за жабата ќе гласам! Или кечап хмм Да смислиме некоја кампања за жаба, следен рецепт камења во чаша ама камења направени од орео
Може, камења од орео и замок-торта соси змејови и зандани и принцеза заробена во кула и еден витез @eutixismena тенкју вкусно и беше
Ехеее не ми влагај во филм сега Мислиш јас толку сум голема домаќинка? Едни орео што знам да ги скоцкам во топки да личат на камен и толку а за тие принцезата и витезот треба да се мачиме со фондан, а за тоа сум антиталент Кога веќе спомнав фондан, да измислиме некоја тема за фигури од фондан, па да си ги мериме...квалитетите
Може. Победникот нека го разгледа предлогот. Ко играње со пластелин би ни дошло. Да видиме кој бил најбољи на времето
Видовме разгледавме, сепак @AnaKarenina . И на @Dgirlll ми се виде убаво, ама минатиот пат неуспешно и водев кампања, така да ќе ја форсирам Ана.