Ајде уште 8 гласа за @AnaKarenina !!! Да се изедначи ситуацијата, да го дигнеме адреналинот во натпреварот
Честито Кечупе! Да живеат макароните, да живее мајонезот и киселите краставички! Првата кампања можда неуспешна, ама вторава, хух.. пишете во забелешки, кои слогани и пораки имаа најголем ефект. Да се користат во иднина. Прилагодени и надградени Чекаме следна тема од нашиот лидер Ова да си го пишеш во биографија, патем. На женски форум победи.. плус, имаше и организиран тим кој тераше кампања за тебе. Имаш премиери и претседатели кои немале вакви активности и постигнувања на твои години Администрацијата, сепак нека подразмисли за можноста да стави повеќе фотки на сајт за конкретнава тема ...од оние, кои изгубија, освен победничкиот.. ипак, промовираме нели готвење у тегла Фенси трендови.
Уште кога ја зададов темата помислив на тоа да се стават повеќе рецепти и слики на сајтот. Честитки @Ketchup
Честитки и од мене @Ketchup, машки се држеше Ко што разбрав меѓу најупорните бил во темава, така што верувам дека мотивацијата му била најголема No hard feelings Кечо, се надевам дека ја сфати на смешка мојата кампања, иако на моменти премногу сериозен ми делуваше Ептен сериозно си си ја сфатил работата Ко за прв пат во темава, мене ми беше интересна кампањата. Ако некоја наредна тема доволно ме привлече, ќе се пријавам пак, сега веќе кога имам штаб
Леле... Победииив! Конечно! (смајлиштовоздивнува) Прво да се заблагодарам на поддршката, гласачите и сите останати. ♡♡♡ Имав јака конкуренција. Ана, сфатив дека беше шала, не е прв пат со кампањи во темава, така да се ми беше јасно. Некои од коментарите на некои членки, демек со мајонез не било салата, не било здраво, едноставно не беа потребни, а ни интересни. Секој се потрудил колку може. Следната тема нека биде оброк сервиран во пластично канче. Значи во какво сакате, дали од вегета, дали од павлака... сеедно. Секако, ова беше само шала, без лоша намера. Следната тема нека биде летна и освежувачка. Сладолед. Значи домашно приготвен! Пожелно е да не биде од оние готовите во ќесичка, само со млеко што се размешуваат. Мислам дека е интересна тема, а исто така и креативна. Се надевам ќе има доста интересни сладоледи неделава. Еве и јас победив на Евровизија. Ајде сега договарајте се која ќе биде водителка, која во стручно жири, која во зелената соба...
Ние што имавме сладолед во теглите може пак со истите слики да учествуваме? Мала шала хахахаха Интересна тема
Честитки @Ketchup, убава фотка и добар рецепт. Таман прееска направив сладолед, успеав да го сликам пред да исчезне. Рецептот е многу едноставен. Потребни се банани и чоколадо, во случајов користев 75% темно чоколадо од Европа. Се лупат и сечат бананите и се ставаат во замрзнувач да се стврднат целосно. После во процесор или блендер (на пулсирање и со промешување) се блендираат додека не се изедначат убаво, треба да бидат како густ крем. После се става во кутија, се додава ренданото чоколадо и повторно се става во замрзнувач на час да се стегне. Тоа е целиот процес, превкусно е и многу здраво.
Честитки @Ketchup, повеќе од заслужено. Иако овој пат не гласав за тебе, да знаеш дека секогаш те поддржувам. И темата е супер! @SV1911
Јеееееј @Ketchup победи!!! Честиткиии. Значи успешна ни беше кампањата. @SV1911 готово, ме ,,купи'' со сладоледот. За тебе ќе гласам.
@Salome немој да се премислиш само. @LivingGlam, @dunika, @vitamina ви благодарам, немој да заборавите да гласате за мене во петок. Инаку, идејава не е моја, ја гледам уште одамна по страниве за веганска исхрана. Слично може и со авокадо да се направи, само не знам каков ќе му биде вкусот ако го замрзнам, не сум пробала се уште.