Ауу честито Кечоо,заслужено си победи!Ама и другите бевте прекрасни,морам да признаам! Инаку @SV1911 браво за креативноста!Од само две состојки направи нешто необично! Ем вкусно,ем здраво!
Ах Кечапе Кечапе во мисла ме стави 1000 вкусови, 1000 начини, 1000 идеи да незнае чоек која е вистинската да ја направи. Па за гласање да не правиме муабет темава топ.
Честито Кечап! И мене сега ме стави во мисла каков сладолед да правам, ххммммм.... Ај ај, ќе смислам нешто
@Ketchup честитки за победата... Заслужено Прекрасна тема си одбрал... Сладолед - омилениот летен десерт... Секоја сабота правам по една доза од 5 литри ... Големи сме дома!!! Spoiler: Рецепт Сладолед - основа 1 литар млеко - масленост 3,2% 400гр шеќер 300мл млеко 2 кесички шлаг пена (2 х 40гр) 1 кесичка сладолед од ванила (100гр) 4 кесички ванилин шеќер Додатоци чоколаден прелив банани, јагоди, овошен сируп, капучино, суво грозје, лешници, ореви, чоколадо Подготовка Млекото се вари со шекерот... Се остава пет минути да поврие, се додаваат ванилите и откако ке се олади се става во замрзнувач. Следниот ден се изработува сладоледот... Во подлабок сад се става 300мл ладно млеко, две кесички шлаг пена и сладолед од ванила... Се мати до згустување... Се додава, лажица по лажица смрзнатото млеко (иако е длабоко замрзнато лесно се вадат парченца со лажица). Цело време се миксира смесата! Се добива убава, бела, хомогена смеса со мирис на ванила, која што кога ке се замрзне нема кристали!!! Ова е основата за сладолед, околу 5 литри, која што понатаму може да се доработи по вкус... Сладоледот се исипува во три кутии... I - 2 пасирани банани + сладолед II - Овошен сок, најдобро од слатко (јагода, вишна) или сируп за растварање + сладолед III - 3 лажици капучино + сладолед Ова се само три идеи за различни вкусови на сладолед. Може да се додаде и потпечени лешници, суво грозје, сецкано или стопено чоколадо... Или да се остави основниот вкус на ванила!!! Чоколаден прелив 7 лажици шеќер 3 лажици какао 3 лажици зејтин 12 лажици млеко Се мешаат сите состојки и се варат до саканата густина Добро смрзнатиот сладолед се декорира по желба... Добар апетит Еве сум @LivingGlam... Додека пишував ме повика на „рецепција“... ПС Да си знаете дека овој пат ке имам „остра“ кампања Сите рецепти ке Ви ги искоментирам ... Не признавам СЛАДОЛЕД што се прави за три минути, а и со декорации нема да ме „залажете“ Ве чекам...
Знам дека дечко ми прај домашно приготвен сладолед по негов рецепт, па да му украдам рецептот и прам. (се надевам дека калапите ќе ми стигнат за сладолед во меѓувреме, се важи ако не е топче туку калап па да дојди сладолед на стапче?)
Домашен старински сладолед Spoiler: Рецепт Класичен домашен сладолед кој ме враќа во детството, во кујната на баба Состојки: 4 јајца 4 лажици шеќер 4 шлаг пени ( и 1 литар млеко за нив ) Жолчките со пола доза шеќер се варат на пареа, па се ладат. Го матиме шлагот, па белките со остатокот од шеќерот и соединуваме се заедно. Ова е основниот рецепт. Јас ставив малку екстракт од ванила и рум, и збогатив со кршени лршничиња и домашен карамел, кој го приготвив: 100 гр. шеќер со лажица вода да се растопи, додадов лажица путер и на крајот 100 мл. слатка павлака.
@theowndemon, може, може. @Val-Dim и @♡BuBaLe♡ браво девојки, сладоледиве изгледаат прекрасно, кога ќе биде гласањето и кога ќе правите кампањи, се надевам ќе понудите нешто од сладоледиве. Патем да се пофалам на новиов телефон го имам проѕирното срценце и сега полесно можам да ја тагнам @♡BuBaLe♡.
Вал Дим, ова не е хумано во сезона на диети. За нас диеталките треба смајли што нешто постојано гнете. Оти се од утре се почнува при вакви рецепти.
@Val-Dim домашен сладолед никогаш не сум праела, осим ако се раучна од оние пакетче прашок. Веќе кога ќе правам(понатака), па макар и сега ако учествувам, ќе правам според рецептов твој Чим @kjukli се фалеше, значи нема промаш.
Заборајв да си извам јаготки, па малце ми се растопи дур собрав, дур насецкав. #guilty. Spoiler: Постапка Прво изматив 3 белки убо, па додадов околу филџан и пол шеќер (ама не од малите филџани, некоја средна големина, помали од шолја ама поголеми од филџан ... ми вришти објаснувањето). За тоа време имав ставено чисти јаготки со сосем малку вода да се блендира па го додадов кај јајцата и шеќерот и ги матев заедно. Добив смеса поќе од шо очекував, сладолед од ќеса ми фаќа малку над пола од садот во кој ставам, а со ова на секое пробвав дали ќе се затвори. Искрено сакав да направам уште два вкуса знаејќи дека имам дома портокали банани, плазма бисквити и чоколадо ааааама немам јајца. Ќе ги пробвам нив на стапче, надежно.
Домашен сладолед со вишни и чоколадо состојки: 4 јајца, 5 лажици шеќер, 2 шлаг пена, 250мл млеко, вишни, чоколадо подготовка: посебно се матат јајцата со шеќерот, а посебно шлаг пената со млекото. Двете смеси се соединуваат, се додаваат сецкани вишни и сецкани чоколадо. Се убаво се меша и се става во замрзнувач околу 2до3h да се стврдне
Не сум некој фан на сладолеТпоготово хоум мејд,но @Ketchup како "дете за пример" мора да се испочитува .За леденово чудо рецепт најдов на you tube и иде вака:една слатка павлака(500 ml)пакување + 1конзерва(околу 400 мл) кондензирано млеко,се мати рачно или со миксер на медиум,се дур не почнат да се прават врвови(ко планински ).Е тоа е всушност основата на секој сладолед.Јас како вкус одбрав да е нутела,па на смесава следеа 2 полни лажици од истата-за на крај да се испостави дека се малку,значи слободно клавајте повеќе За да се претвори од каша во сладолед му беа потребни 5/6 часа,а очигледнава декорација е дело на мојата фантазија
@galapce @JuLleE @Bebulleee имате добро око ... Знаете да препознаете што е убаво и вкусно... А, да и МЕГА ... Цели 5 литри... Кај мене дома трае од недела до среда ... @Eli23 има ли нешто подиетално од сладолед... Чим одма се топи, значи и масти топи @IronLady ти гарантирам дека нема „утка“ ако го следиш рецептот чекор по чекор!!! Се надевам дека рецептот Ви го напишав разбирливо...