Ауу знам за кој ќе гласам..малце пријавени а? Јас купечки си мцнувам, немам некоја стрва за сладолед искрено..на плажа само.
Еве ме и мене во темава. Сладолед од банани,(морав во коцки ми се скрши алатчето за топки). Рецепт: Земав 5 банани, додадов бисквити и тутки и ги блендирав ( внимавајте не многу да не излезе течна кашичка). Стопив 100 грама чоколада за готвење и го промешав сетоа тоа заедно и ставив ситно сецкани ореви една рака. Го ставате во замрзнувач и за 3-до 5 часа имате прекрасен сладолед-торта. пс. Следен пат ако се снабдам со шумско овошје би направила повторно
Фала ви женски! ♡ Кој од кој поубав. Не знам за кој ќе гласам, ајде вие што не направивте, викендот е пред вас! Јас планирав да направам нешто, ама периодов сум ептен зафатен, ќе видам деновиве како ќе бидам со време.
Јас во последен момент се решив да учествувам, јер викенд и невреме надвор, нигде не ми се оди попладнево Па решив да си се занимавам во кујна Мојов специјалитет го крстив Пијан сладолед од кокос во домашни корнети Рецепт за сладоледот: - 500ml слатка павлака - 500 ml овошен јогурт - 8 големи лажици пунч од кокос - кокосови трошки - шеќер (по желба) Прво ја изматив слатката павлака, а потоа го додадов јогуртот, па пунчот. На крај ги ставив кокосовите трошки и измешав со лажица. Шеќер не ставив воопшто, и самиот пунч има благуњав вкус, така што немаше потреба. Ама ако сакате малку поблаг сладолед, додадете и шеќер по вкус. Е сега рецепт за домашните корнети: - 1 шолја шеќер во прав - 5 големи лажици путер - 2 белки - 1 лажичка екстракт од ванила (јас немав, па ставив ванилин шеќер, that will do ) - половина шолја брашно Прво го изматив шеќерот со путерот, потоа ги додадов белките, па брашното со ванилиниот шеќер. Откако убаво ќе изматите, во плех со хартија за печење ставете од смесата на неколку места (мене ми испаднаа 10 корнети со овие мерки, на две печења ги правев). Измазнете ја смесата за да формирате кругови, само внимавајте да не бидат премногу блиску, инаку ќе се залепат едно со друго. Ги печев на 175 степени, околу 5 минути, само колку да заруменат. Е откако ќе фатат малку кора по краевите, треба да реагирате брзо! Со шпатула внимателно извадете еден корнет и ставете го во некаков мал, длабок сад (може да биде мало тањирче како во мојот случај, може да биде во модли за мафини, зависи од големината). Внимателно сместете го корнетот во садот, ама пазете на формата, зашто откако ќе се зацврсти - нема враќање Пожелно е додека ги ставате во садчињата, да ви стои плехот во рерна на топло, за да не почнат да се ладат. Откако ќе се зацврстат корнетите и ќе добијат форма, извадете ги, во нив ставете го сладоледот и декорирајте по желба. Да ве утешам во случај корнетите да ви забегаат од формата при печењето - без гајле, кога ќе ги сместите во чиниите, воопшто нема да се познава тоа. Јас изгубив надеж додека ги гледав како се растекуваат, ама после супер испаднаа. Бонус фотка во спојлер Spoiler Bon appétit!
Леле Ане, не се сомневав во тебе, само што видов знаев дека тоа е тоа, очекував. Естетика, кративност и секако вкус на кокос . Пак и пак и пак..Браво .
Фала многу @vitamina сега уште кујната да си ја средам, зашто лом направив со корнетиве, прв пат ги правев Ама ми се погодија, барем нема да биде залуден трудот
Еве нешо орео сладолед што правев вчера... Spoiler: Рецепт 2 ќесички прашок за шлаг 400 мл. млеко од соја 6 лажици шеќер 16 орео колачиња Се мати шлагот со млеко и шеќер,кога ќе се измати се додаваат кршени орео колачи и се остава да замрзне. Препревкусен е,баш моментално јадам од него Spoiler: Плус
Сладолед торта Пандишпан: 6 белки 6 л. шекер 1/2 пециво 6 л. густин 1л. масло Сите состојки ги биеме со миксер и печиме на 200 степени. Сладолед: 6 жолчки со 6 л. шекер ги готвиме на пареа. Еден маргрин и 150гр шекер во прав ги биеме. 500мл млеко вариме со 5л. шекер и откако ќе зоврие додаваме 70гр густин. Мешаме цело време да нема грутчина. Откако ќе се оладат трите смеси ги мешаме и делиме на половина. Во првата половина додаваме шлаг пена и слатко од јагоди. Во втората половина слатко од смокви. Во длабок полукружен сад го обликуваме пандишпанот, ја тураме смесата со јагоди и најгоре смесата со смокви. Потоа се замрзнува.
Сорбет од праски, карамел и рум. (без млеко и јајца) Spoiler Состојки: 1 кг или 8 праски 2 лажици сок од портокал 2-3 лажици рум шолја шеќер (може да се замени со мед) 3/4 шолја вода (187 ml +/-) зачини по вкус (може да се додаде:ванилин екстрат/шеќер, цимет, босилек, нане) 1 праска=1 порција Исечете ги и изблендирајте ги праските, заедно со ванилиниот шеќер/екстрат, циметот и останатите зачини. Доколку сакате помазна структура на сорбетот, процедете го само сокот од изблендираните праски. Бирајте сочни, но здрави овошки. Бидејки моите беа цврсти, без многу сок, а и бидејќи не љубам фрлање храна.. не ги процедив, го употребив целото пире. Во тенџерче, ставете го шеќерот, да се карамелизира со повремено мешање. Штом се растопи и добие потемна боја, додадете ја водата и оставете да зоврие и да се соедини карамел сосот. Во сосот измешајте 2-3 лажици рум или друг вид на алхохол по вкус (виски, бело вино..) и додадете го кон пирето од праски. Измешајте ја смесата и ставете ја во ладилник-замрзнувач да се стврдне.. за околу 3 часа +/-. Повремено, на час и нешто вадете го сорбетот и пасирајте го со вилушка или блендер.. за да не се направат мразулци. Истото сторете го и пред сервирање. Можете да го сервирате со потпечени праски, обични гурабии, путер колачиња, засолени/карамелизирани јатки, ф'стаци пример и сл. Јадете одма. #не.Моам.ДА.јадам.Благо #диеталци.шо.се.уморни.од.пасење.треви #И.со.0.шеќер.бива #И.без.алкохол.бива.Ама.шкрипи #Бубе.го.боле.меот