Благодарност до гласачкото тело и сите активни учесници во оваа преубава тема. Следниот предизвик одлучив да биде храна која е лесна и брза за подготвување, а воедно и здрава. Ги јадеме секој ден како прилог, а во период на диети се и главно јадење. Значи темата ќе биде САЛАТИ и се' што подразбирате под тоа. Само од зеленчук или со додаток на пилешко, туна, тестенини, компир, јајца.... Наши национални или интернационални, по рецепт или ваша оргинална креација. Важно да биде спој на бои и вкусови... Еве една салата од мене која кај нас поминува како главно јадење-марула, 2 конзерви туна, 1 конзерва црвен грав, варена пченка и малку кромид.
Малку салати (да не речам воопшто) имам на слика. Ова го најдов меѓу моиве јадења: Се гледа што има (добро де, не се гледа се’ ): домат, пиперка, краставица, маслинки, сирење, сол и маслиново масло.
Еве тогаш, овошна салата. Портокал, киви, банана, грејфрут, јаболко, и јапонско јаболко. Прелиено со малку мед со лимон. Не знам дали сум он топик, зашто нема ништо зготвено. Ама во секое време може да се премислите, па ќе спремам нешто друго за да учествувам.
Честитки @Peppermint . Еве и од мене една салата(домати,краставички,зелка полиени со маслиново масло и хималајска сол и маслинки).Секој ден салати јадам,а едвај оваа слика ја најдов
Па темава е за салати, јас гледам слика од бебе. Добро ли гледам? Или бебево е ко салатка? Збунета сум.