Сакаш валкано да играш, а? Секоја домаќинка шлаг прави од белки Каде ти е домашниот шлаг, Вал-Дим,м? Сладолед ванила ќесичка, разматен со млеко? Каде ти е домашниот сладолед?
Ехеее јас сум мрднала од 0,0,1,0,2 фала за гласовите и на @joy1 за нејзината јавна поддршка. Мојот глас кај bubale замина.
@Val-Dim вкусот на сладоледот не зависи од тоа колку ингредиенти содржи, туку дали правилно е подготвен. Јас повеќето време се трудам да се хранам здраво и избегнувам процесирана храна, затоа мојот рецепт е толку едноставен. Но кој пробал - знае, од само неколку смрзнати банани може да се направи вкусен десерт. Spoiler: Rant Не ја сфаќам поентава на целава „кампања“. Ова на заебанција или? Некои коментари од предходните теми за готвење се стварно невкусни и не може да се каже дека се шала.
Нека биде нешто боровинки, рибизли, малини, се што завршува на berries. Мојт? И од праска е сигурно убав, чувај и од него да пробам. @SV1911, немат љутиш, кампања си е кампања. Ќе се навикниш.
Има време, ќе се научам, нова сум во темава. Него, пишав ради тоа што мојата фотка беше прокоментирана два пати од Вал-Дим. Ќе помисли жената дека се срамам.
Мислев да си молчам (застаре муабетот), ама за здравје се работи... Што ви стана бре луѓе, лето е опуштете се. Кога пишав минатата сабота, бев во одлично расположение и со нималку желба било кој да навредам. Но, штом мнозинството мисли поинаку, ваЉда во мене е проблемот. Не се секирајте, не стигнав до платен список во штабот на Ана. Тука (неславно) завршува мојата волонтерска лоби кариера. А сега сите на сонце и останете во добро здравје. Без нервози. Знаете за кој ќе гласам.
За мене кампањите се шали,ко што се и моите контра-напади. Дека реално се одразуваат и делуваат негативно ем врз тоа дал некој ќе се пишмани од гласање за рецептот па и врз мотивацијата на готвачот..делуваат,ама... позабавно ми е пост-објавувањето на победникот..периодот до изборот -што да зготвам,сликaње, кој-што зготвил..него ли..кој победил. Сепак, од исти причини... и јас, официјално се повлекувам од лоби групите. Ќе готвам и ќе ќутам. Ваљда ќе успеам да се обуздам да не се издрдорам при идните контра-напади лични или упатени кон мојот фаворит/и. За личните..што да речам.. ми љубоморат За сé ме бива, затоа. Совршено жабевско биќе. Штета,никој не направи баклава-сладолед. Имам видено баклава-милкшејк во една емисија со еден дебелко рапер во USA, Албанец по потекло.
Искрено кога видов дека на сите си им нашла мана, баш се заентересирав што чудо од сладолед си направила, бидејќи твојата слика не ја приметив во натпреваров. И да ти кажам воопшто немаш право да судиш бидејќи имаш направено сладолед во кесичка(купечка) со зачин (ванилин шеќер) и додатоци по желба. И јас таков сладолед си правам по дома си додавам кршени бисквити, оревчиња, чоколадо рендано, кафе.... А коментаров дека не признаваш сладоледи што се прават за три минути... и твојов се прави за 3 минути а не цел ден, бидејќи млекото прво го вариш, а за сладолед треба да биде ладно и поради тоа кај тебе рецептот се прави за 24часа И баш напратов сите слики со декорации ме залажуваат, бидејќи победничката слика не треба да биде толку вкусна (бидеји неможеме да пробаме, може и најдобрите сосотојки да ги има па да не е погодено), туку треба да примамува со гледање да ти иде да го изедеш
Јас гласав за @AnaKarenina овојпат Вкус на кокос не би одбила никогаш а и домашните корнети ептен ме примамија многу вкусно изгледаат и секоја чест за тоа што си се протрудила се да биде направено од твои раце Втората бонус слика ми е поубава ,па ако победиш може и двете слики да ги стават заедно Среќно
@Dgirlll заради мрвиците. Ама лесно се продавам значи, за едни мрвици. Рака на срце, во памет ми остана твојата слика. Ама многу шаренко и убавко ми изгледа, права сликичка за на насловна во јули. И не си сфаќајте се' лично, се' е на шала кажано во темава.
И јас за @Dgirlll гласав. Ми текнува кога бев мал имаше сладоледи во чашка, беа во розево и сино паковање, одоздола во чашката имаше играчка, ама најомилениот дел ми беа шарените мрвици. Затоа и гласот отиде кај неa.
И јас гласав за @Dgirlll овој пат (која ја читав Dgrill до пред некое време и се чудев зашто некој скарата би се крстил ) Ми остана сликата во памет. Право до победа.
Ооо ама сте се расприкажале во темава И јас овојпат ќе се повлечам од кампањата, не за друго, немам време толку да се активирам, а кампања е сериозна работа, си бара ангажман Ќе ве читкам повремено, а овојпат гласот ми отиде кај @eutixismena, нејзиниот рецепт некако најмногу ме привлече за да го направам нареден пат Сладолед тортите едно време ми беа хит, постојано си измислував рецепти и само купував некакви состојки што можам да ги употребам По цело лето имавме нешто од моите експериментирања во фрижидер Па сега ми врати спомени и ќе ме натера задолжително да го пробам
Од кога алкохолен сладолед е лоша работа? Повеќе добри избори има ама @AnaKarenina си го доби мојот глас овој пат. Ми се допаѓа и рецепт и презентација. Бонус се и домашните корнети. Многу сакам кога цел оброк е направен домашно, со се сите салтанати
Знаев... Знаев дека сте љутици Ииии знаев дека ке има незадоволни од моите коментари... Мила, ме изнасмеа ... Сум го пробала сладоледот по твојот рецепти и навистина е прекрасен Коментарот „каде е сладоледот“ навистина го мислам... За мене сладоед е нешто млечно , лесно топливо, богато со различни вкусови... Но, сите имаме различни погледи на нештата, нели? Не користам белки од јајца затоа што не ми се допага вкусот... Не го поднесувам... Дури и шампита не јадам заради белките!!! Затоа користам шлаг од кесичка или слатка павлака, Прочитај ги и другите рецепти, ке видиш дека шлагот е „главна“ состојка за згуснување Така, си призна дека само слики гледаш, а не читаш рецепти... Па и камче намачкано со прелив ако изгледа убаво може да те „прелаже“... Се зезам, од постов сватив дека си „карачки“ настроена... Ама ако ги прочиташ повторно моите „критики“ ке сватиш дека не сум им нашла „маана“ на сите сладоледи... Само искоментирав, за ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА, што ми се допага, а што не кај сладоледите... Дури и пофалби им дадов на конкурентите Сите што редовно ја посетуваат темава ЗНААТ дека натпреварувачите се „борат“ за освоените гласови!!! А можеби и не треба да се борат ... Оддамна сватив дека на форумов има табори, симпатии... Но. така е и секаде во животов ПС Немојте да ме налутите па да ги викнам другарките од +/- 40 ( пак се зезам... не ме критикувајте )