Кога сме веќе кај другарките од +/- 40, каде се они? Или дојде, лето заминаа на одмор и не откачија...
Леле, уште ли ја мислиш дивоградбата и не се однесуваше на твојот мафин, него мафинот виз а ви тортичките cupcakes немаше врска со навреда за твојот мафин или готвење имаше врска со цепидлачење во темава. И да, дивоградба е сорбетот. во споредба со сине чоколадизирани, со млекца,шлагче, мрвици вакви онакви... ама вкусна дивоградба, ко и мафинот @Val-Dim мојот коментар беше шега,исто ко и твојот. Ко што јас се насмеав на твојот за мојот сладолед..замрзнато овошје, така и ти очекував да се насмееш.
Ete taka..shega ova shega ona I na kraj sekoj si kaza na "shega" sho misli usvari. Inaku glasav ja za tete Alic ama sakam @Dgirlll ili @SV1911 da pobedat. So srekja ♡
Нели Туку, изгледа веќе нема ни да готвам у темава не само што нема да коментирам. Секој сака на шега да навреди некој, кога на шега му вратиш..испаѓа, не било баш шега Напорна е темава веќе за лабав човек ко мене Ај чао.
Арна беше темава на почетокот, си постираш слика и не се замараш. Сега со кампањиве напнувате по малку (повеќе). Јас гласав за @SV1911 , најосвежувачки делува сладоледот а рецептот прелесен.
Сеуште нерешено овде пенали ќе има. Жапче секогаш е најразлична нема откажување. Немој сега и за тебе петиција како за Меси да правиме.
Да бидам искрена, луѓе, во темава кога ќе дојдам не знам дали да плачам или да се смеам. Некои пак толку сериозно си ја сфаќате работата, што ми стои како да сте готови да поченте коси да кубите. И да, и јас мислам дека подобро ќе функционира темава да не беа „кампањите“, и онака ништо добро не носат и само ве свртуваат едни против други. Забавно е до одреден степен, ама некои членови одат во крајности. И не почнувајте да се пронаоѓате во постов, не мислам на никој посебно, онака генерален впечаток од аутсајдер.
Во право си потполно Лелче Абе прав опуштен и на место натпревар, како што доликува на обичен форум, си беше и уште си останува фото натпреварот. Тука и уште од претходно се претеруваше со муабети и кампањи, а со насловната сите бевме excited колку ќе биде интересно, ама баш толку озбилно се сфати темата што чиниш медали или парични награди се доделуваат Секоја чест на тие што и со кампањите се фер, духовити и на место, прифаќам и со уживање си читам зезање со фалење на своето, ама според мене искрено сè што е буцкање против туѓ труд поставен тука излегува од тие граници. Баш на сегашната тема го имаше тоа и мене што не учествувам ми беше незгодно да читам, без навреда но воопшто не ми изгледаше ни смешно, ни интересно. Потполно ја разбирам @SV1911
И јас сум против овие кампањи,најубаво си е секој да си гласа за кој што мисли.А вака некој ќе каже ја гласав за тој и може на тој начин да влијае на туѓо мислење. И во право е @SV1911 , а исто и @Someonespecial Фото натпревар си е како што треба,си се прикачуваат слики,се гласа,се коментира во граници на нормала. Леле @RainBow и јас ја читав како скарата @Dgirlll Сега ти да не посочеше,ја сеуште ќе мислев дека е скара пишана
Гласав за @Аlice ме намами ореото. Инаку @AnaKarenina како ги направи ормите такви извртени.Читав и не можев да укапирам.
Темава ко да отиде у погрешен правец..ништо лично ве молам ама имам впечаток дека е натпревар за најдобра кампања а не најдобар рецепт,153 постови и 5-6 слики..и од каде потребата да пишете за кој сте гласале,анкетата е за тоа! Пренатрупано со критички рецензии ,а си отворил да видиш нешто лиги да ти потечат и да добиеш желба да направиш...значи фино е со по некој коментар/пофалба,али ова ми е too much
Мене не ми е интересно без кампањи, баш беа фини и умерени кампањите на Ана и Кечап минатиот пат. Не велам да се навредуваме далеку од тоа, ама и без коментари не е интересно, ќе заборавиш дека слика си ставил.
На корнетите мислиш? Откако ќе ја направиш смесата, во плехот истураш со лажица на неколку места и ги правиш во форма на круг. После печењето изгледаат како мали палачинки Кревки се и меки, па треба да бидеш внимателна кога ќе ги вадиш од плехот. Кога ќе извадиш една „палачинка”, ќе ја ставиш во некое мало длабоко садче, за да добие форма. Откако ќе се излади, станува цврсто и останува во таа форма. И така добиваш домашни корнети