Две продолженија, па пенали @RainBow нека каже, во Фото натпреварот Мама и Кукла се договорија за наредна тема кога имаат ист број гласови. А еднаш мислам дека Реин ја отвори пак анкетата уште малку за да се реши гласањето
Тоа сватив, само не сватив зошто се става во некое мало садче на пример што да биде тој сад, чаша или тие пластичните ? Мене ме буни како се добива тој ребраст облик како планинки по краиштата.И никако да сватам
Е тва ми се аресе една кон друга си правевте дискриминација чиј рецепт не го бива, чија слика не ја бива, а една од победничкиѕе и дава предност на другатс.Гледајте пример од @Dgirlll
@Winter Lady се става во мал сад за да добие форма додека се лади, за после да биде како корнетче Кога ќе го извадиш од рерна е меко, кревко и се витка лесно. Ако ги оставиш само така, кога ќе се оладат ќе добиеш колачиња А вака внимателно ги ставаш во некакво тањирче (или можеш во модли за мафини, во шолјички за кафе, сеедно) и така уствари се прават тие планинки по краевите. Кога ќе ги пикнеш во тањирчето, се собираат и така ја добиваат оваа форма. Не знам на друг начин како да објаснам, ама нареден пат кога ќе ги правам ќе ја сликнам процедурата @Dgirlll не можам да ти го отворам профилот за преку порака прво да се договориме Јас се мислев да биде летна манџа, некако периодов мислам дека сите само тоа прават за ручек дома (барем судејќи според мирисите во моево маало ) на никој не му се готви долго време во кујна на овие жештини Не знам дали сме ја имале темава, колку што гледам листата на теми на првата страна не е дополнета, па не знам што сè имало Ако поминало нешто слично, или ако не ти се допаѓа темата - предложи некоја друга, мене ми е апсолутно сеедно
Честитки и на @AnaKarenina и @Dgirlll. Би требало да одат двата рецепти на сајтот, па ќе видиме, да не ја отворам анкетата, нема поента. Може да се договорите, да, за следна тема.
Со самото тоа што кругот го ставаш во таков длабок сад се формираат тие фалти. Едноставно го ставаш во калап и си формираш форма како што сакаш бидејќи тестото уште не е стврднато и се обликува. Можеш да ги редиш пример во тавче за мафини, ќе видиш кога ќе почнеш да ги правиш дека било многу едноставно. Eве видео за формите на Ана Еве ти за корнети Подолги се видеата, слободно преврти за да ја видиш само постапката. @AnaKarenina се надевам не ти пречи што се вмешав во прашање наменето за тебе.
@sesilija нема проблем, јас барав слики на интернет, да не има чекор по чекор дадено, ама најдов само како за второто видео. Во првото е убаво објаснето, ако некој се реши да прави, нека пушти слики во Фемина инстаграм
@AnaKarenina Јас мислев темата да е пиперки, оти кај мене во летен период на 101 начин се приготвуват и мене ми е сеедно. Летна манџа ит ис тогаш.
Значи слично сме размислувале Нека бидат пиперки како поопшта тема, тука спаѓа и летната манџа, зашто и таа е со пиперки. Па ќе гледам и јас да се приклучам неделава
@AnaKarenina и @Dgirlll честитки за победата Прекрасни сладоледи направивте, заслужена победа и за двете!!! Пиперки... Одлична летна тема Ајдеее...давајте слики и рецепти да ги коментирам
^ Важни се прат, демек не јадат пиперки или ни ја игнорираат темата во фи видов 2-3 слики кои што можеа да бидат тука поставени.
Има добри рецепти пример полнети пиперки традиционални и оние со урда и јајца што се потпечени ако нешто припремам ќе објавам, ќе се приклучам во натпреварот.