ЛЕТНА МАНЏА Spoiler: Рецепт 2 залени пиперки 2 домати 2 јајца Масло за јадење Зачини Доматите кратко ги ставаме во жешка па во ладна вода со цел лесно да ја отстраниме лушпата. Потоа ситно ги сецкаме. Ги сецкаме и пиперките и ги ставаме во загреано тавче со масло. По кратко ги додаваме доматите, зачинуваме по желба и на крај ги додаваме изматените јајца.
Вегетаријански потпечени лепчиња. Потребни состојки: - 1 домат - 1 пиперка - 1/4 главица кромид - 100 грама кашкавал ајдамер - 4 кришки леб - оригано Подготовка: Се редат кришките леб во тава за печење. Врз нив се става изренданиот јадамер, ситно сецканите домати, пиперки, кромид и на крај се става одозгора оригано. Се пече 5-10 минути на 200 степени. Ова ми беше денес за доручек, лесно и едноставно, а исто така мене ми е многу вкусно.
Ако веќе учествувам бар да личи на нешто Пржен пипер со јајца Рецептот сите го знаете,ама ајде да го пишам За оваа доза ставив 3 благи сецкани пиперки,ги пржев додека не добијат боја,па на крај додадов 2 јајца.Тоа е тоа Декорација краставички и на некое ставав тартар сос,а на друго кечап демек за декорација(чекав домати,ама ништо не испадна )И сирење е тоа одозгора Spoiler Честитки на @AnaKarenina и @Dgirlll
Потребни состојки: -пиперки -крем сирење -пармезан -лукче -магдонос -сол и црн бибер Пиперките се сечат на половина и се чистат од семките. Во крем сирењето му додадов лукче, магдонос, сол и црн бибер и се полнат пиперките. Се ставаат да се печат и пред крајот му наросив рендан пармезан.
Може доколку веќе сум ја поставила прво тука,па да иде таму,смее.А ако сум ја ставила прво таму,па тука,тогаш не смее. За ова и претходно се збореше дека смее така.Ако грешам кажете ќе ја избришам во ФИ
Не обожавам да правам солено, ниту пак нешто слично со пиперки, повеќе сум по благото. Ама оваа салата со пиперки секогаш преку лето ја правам Ем лесна, ем вкусна Spoiler: рецептче Верувам дека сите знаете како се прави Потребно е: - неколку пиперки - маслинов зејтин - 1 лук (исецкан на ситни парчиња) - магдонос - оцет - сол Се потпечуваат пиперките на рерна, неколку минути и потоа се ставаат во најлон за да омекнат. Откако ќе биде тоа готово, се ставаат во сад и во него потоа се додаваат: лукот, зејтинот, оцетот, солта и магдоносот. Се промешува убаво и Бон апетит Еве уште една сликичка Spoiler
И јас ке пиперосам нешто деновиве,инаку ке гласам за таа што ке направи макало од суви црвени пиперки и компир,ако треба и лажни профили ке праам да гласам и да победи,тоа ми е all time favourite
Мммм... ѕиркам од време на време на темава... Веќе има „материјал“ за коментари, но ке причекам до четврток
Ednostavno i vkusno. Makedonska salata Peceni piperki na skara,patlidzani,crven kromid i magdAnos.Se secakno i zacineto.Vo nasiot slucaj,sol,domasen ocet i zejtin ama kupecki P.S.Salatava,vsusnost e delo na mm.Zatoa nema dekoracii,tanjiri,raneri i slicno
Пиперкиве воопшто не ми се фотогенични Број на свежи пиперки по избор и во зависност од вашиот апетит Се пропржува во загреано масло: Една главица кромид Чешне лук Морков Мелено месо Ориз Се зачинува со бибер, сол, мешан зачин и свеж магдонос Се полнат пиперките со смесата Јас ги ставам во земјено округло. Повкусно е со доматен сос, да се покријат пиперките, Но бидејќи јас немав, ставив вода, малку брашно и пипер и во рерна се печат
Spoiler: Пиперки со домашна павлака Во тава со предходно загреано масло се ставаат исечените пиперки. Се покрива со капак за да омекнат побргу и после 3-4 минути се ставаат зачините, куркума, чили пипер и сол. Откако ќе се приготват целосно, се додава павлаката, се промешува и се остава со покриен капак да се соедини на неколку минути. Превкусно испадна, веќе трет ден готвам само тоа за ручек. Домашна павлака: Се вари млекото и се чека да се излади, да стане млако на допир. Се додава една чајна лажица Маја за сирење и една чајна лажица кисело млеко. Треба да отседи околу 5 часа, па потоа треба да се процеди преку газа. Се остава да се цеди околу 10 часа покриена со капаче. После тоа се додава ладно цедено маслиново масло. Количините се за 8 литра млеко.