Се домаќинки Ставате во голема дилема за кога да се гласа Кој што нуди,части така единствено ќе се одлучиме за кого ќе гласаме
Spoiler Состојки: Леб Домашно пире од компир Обични пиперки Кромид Домат Какво било сувомеснато/колбас Лук Зачини по вкус Пиперките се пржат на масло со малку лук и сол и се ставаат на страна. Кромидот се карамелизира на масло, може и во истатата тава во која се пржеле пиперките. Сувомеснатото се џишнува на масло, да фати румена боја. Врз лепчето се става од пирето, врз пирето се става малку од сосот од тавата каде се карамелизирал кромидот, малку ситно исецкан свеж домат, тркалца сувомеснато, пржените кромид и пиперки. Можете да користите и дополнителни преливи... јогурт со лук, лимон/балсамико со лук, сенф, доматно пире и сл. Требаше да е со колбаси ама, заборавив да купам. После ме мрзеше да излегувам пак, нормално.
Prv glas @koritsaki omileni mi se piperki so meleno meso,bravo Inaku site bevte ubavi so piperkive ama za eden se glasa.
Не стигнав да направам нешто на темава иако имав идеја, се надевам дека во следната тема ќе ме има на избирачкиот список Сега ќе бидам Тим Дуника
Ништо, јас не стигнав да си ја направам летната манџа, до душа изминатава недела ручек ми беше лубеницата, а шпоретот нејќев ни да го видам Ми се допаѓа што имаше различни рецепти, не се повторуваа, а неколку веќе си ги тргнав на страна за да ги пробам Овојпат мојот глас отиде кај @Babushka - лесно, едноставно, а убаво за око. И таман ќе ми се најде летово за гостите од странство - ем да пробаат македонски пипер, ем тоа да изгледа фенси шменси
Фала цурице на поддршка и комплименти,ја гласав за @Babushka и сум сигурна дека ке победи,плус не ми текнува ни нова тема,битна е дружбата на фемински мастер шеф
Тенкју! Коа ќе немаш ручОк по дома, гага достава...директно од барата, рачунај. Spoiler Иначе, глас за @SV1911.. бидејќи, очекував дека Дуника ќе добие доста гласови, ко и Бабушка. За жал, само за еден може да се гласа..а, има рецепти кои заслужуваат повеќе од 0 или 1,2 гласа. пс. Некој од викендиве, ќе ја испробам домашната павлака. Сликите од сладоледите на сајтот.. убедливо најдобри до сега. Твојата, Dgirlll, особено.