Јеееејјјј Фала ви дечки и девојки за поддршката и за гласовите! Мило ми е што ги бендисавте ролничките. Ако спремате ајвар, тргнете 2-3 пиперки на страна за мезево Е сега нова тема, што да биде... Го прашувам мм дали има идеја, а тој очигледно креативно расположен ми вика: еротски оброк, вонземјанска храна, коктел во чинија, илегална храна Колку да видите со каков си имам работа... Најмил тој. Ајде нека биде Риба. Било што од риба. Пржена, печена, чорба, тава, кој што милува. Јас сум голем љубител на риба во сите форми, па баш би сакала да ги видам вашите идеи, на кој начи вие подготвувате риба. Се сетив дека пред некое време некој ги имаше постирано сите досегашни теми. Барав барав, и ја најдов, @Summerlover ги имаше набројано, па ја дополнив листата. Што мислите, не би било лошо да ја надополнуваме и постираме листата со секоја нова тема. Се сложувате? Spoiler: Теми 1. Пици 2. Ориз 3. Чоколадо 4. Тестенини 5. Бомбици 6. Месо 7. Салати 8. Ладни сендвичи 9. Македонска традиционална кујна 10. Чоколаден мус 11. Посна трпеза 12. Компири 13. Палачинки 14. Ситни колачи 15. Тиквици 16. Јајца 17. Мафини 18. Овошен десерт 19. Шпагети 20. Оброк во тегла 21. Сладолед 22. Пиперки 23. Риба
Честитки @Babushka, заслужено прво место и по вкус и по изглед Идејата за неделно надополнување на листата е супер... Полесно ке се одбира нова тема, а и кога ке сакаме да зготвиме нешто од рецептите на темава ке имаме „ориентир“ каде отприлика да бараме!!! Браво за идеите на сопругот на @Babushka... Еротски оброк... Илегална храна... Каде само му текна ова?!! Но, и РИБА е прекрасна тема
Таман, утре и задутре на мени имам риба. Уште да ми текне некоја идеја за украсување п.с тајно посакував нешто благо да е, ама ништо
Честитки, Бабушка! Риба? Нит ја јадам, нит ја готвам. Ако смислам нешто едноставно (бљак)... и јас ќе закачам нешто. Колку да се рече.
Za vecera imav riba obicno pecena ama ne ja slikav a ic nitu vidov tema tuka. Ajde se nadevam ribarov ke mi donese nekoja riba do narednata temaodamna ne sum stavila nesto tuka
Фотографиите ми се архивски, но сигурна сум дека не сум ги ставила во ФИ. Одамна нешто сум скарана со рибата, ама ајде, колку да учествувам. Лосос во фолија За двајца: 4 кременадли лосос 1 голем морков 1 кромид магдонос по вкус хималајска сол бибер бело вино лук во прав маслиново масло Рибата не мора да биде одмрзната. Ги ставаме парчињата врз поголемо парче фолија во тавчето во кое ќе се печат. Ги зачинуваме со сол, бибер, лук во прав, а одозгора ставаме од морков сечкан на ситни коцки, кромидот сечкан на прстени и магдоносот. Налеваме малку бело вино, колку за арома, а врз рибата - маслиново масло. Со уште едно парче фолија го спојуваме веќе постоечкото и ставаме да се пече околу половина час на 220 степени. По половина час ја тргаме горната фолија и печеме уште 5 минути. Како гарнир најдобро ми одат компири сечени на половинки или четвртинки, зачинети со сол, бибер, црвен пипер и малку маслиново масло, врз хартија за печење, па во рерна. Добар апетит! Spoiler: бонус Оваа помалку ми се допаѓаше, ама еве ја, со акцент на рибата.
Скуша на хроно начин Едно парче скуша,претходно посолена со хималајска сол и исчистена,се става на хартија да се пече. Препорачливо е да не се додава масло,затоа што рибата природно си е мрсна,ама ако некој сака помрсно може да си стави малку маслиново масло Се пече на 200степени од 30-40минути,зависно од тоа како ја јадете покрцкава или помека. Како гарнир ставив пола домат,малце краставичка и пропржен кромид Ем здраво,ем вкусно Честитки @Babushka
Како тревопасно животинче не конзумирам риба, а не ни имам приготвувано. Жалам што неможам да учествувам ама пак се потрудив, ве молам да се земи во предвид мојот труд. Треба да личи на рипче, ама не е многу успешен обидот.
Рецепт пoсебен немa. Рибa - ципурa нa скaрa , сo печени кoмпири сaлaтa мaрулa и рукoлa сo тaбaскo сoс.
Полнети јајца со намаз од туна Една голема конзерва туна, две лажици мајонез и жолчките од јајцата се блендираат заедно. Кога смесата се соедини во неа додадов три ситно сецкани кисели краставички. Со оваа смеса ги наполнив тврдо варените јајца.
Според член 1 став 1 од законот за поставување слики во натпреварот, ќе бидам дисквалификувана. Тиранија е воспоставена во темата Нејкев да пропуштам тема, знам дека нема да се земи во предвид мојот труд важно да се дружиме, и фала за гласот, ако не се важи @kim.k
@Dgirlll кога и да ја погледнам твојава слика ми фали крем намачкан на лепчето, одлична е, но така би била СОВРШЕНА
Леле колку ве има што не јадете риба, зошто бе така? А што е вкусна и здрава, дури и хроно рецепт има, видете! Малку рецепти, сите по одмори изгледа. Убави и разновидни идеи сте простирале досега. И на скара, и во рерна, и како мезе. Мислам следната недела да го пробам рецептот во фолија на Лејди. Изгледа многу вкусно и како за после работа ми се гледа супер, не треба многу спремање. Д девојка ме шармираше! Немој Реин да ја дисквалификуваш, прекрасно е рипчето! И комбинацијата на вкусови е супер. И ние дома често јадеме вака, мачкаме малку путер на лебот, па јагодите и одозгора шеќер. Мх мх мх, сон. Јас утре ќе постирам слика, се надевам на време. Спремив смеса за крокети од риба за утре за ручек. Денес сме на гости
@Dgirlll уште кремче или некој друг овошен намаз + јаготкиве перфекција Би гласала за тебе да можеше. Кај сте бе девојки? Слабо некако темава Сега за сега, дур не се појави друго подобро јадење, гласот оди за @koritsaki