За прв пат и јас да учествувам, дека нема многу конкуренција Кај нас дома стално се готви риба бидејќи мм ја обожава и кога се омажив тоа ми беше прва задача да научам да готвам. Бидејќи веќе сте ставиле во фолија и на скара, јас решив да е малку поразлично. ПОХОВАНИ ОСЛИЌ ФИЛЕТИ: Филетите се одмрзнуваат и се зачинуваат со сол или вегета и црн пипер. Потоа се валаат во брашно, па во јајца и на крај во презла и се пржат. За сосот е потребно еден лимон, 5-6 чешниња лук, магданос, нане и малку маслиново масло. Во прилог со домашно пире од компири.
И јас мислам дека може вечер да се постави анкета, денеска недела е па може некои за ручек спремаат риба и слика за во натпреварот
Фала што почекавте со анкетата Ги спжив јас крокетите за ручек. Еве ги. Spoiler: Рецепт Рецепт: Крокети од риба. (Маркиве ми се отприлика. Излегоа околу 20-25 парчиња. - 4 компири - 4 филети од риба, без коски (било каква бела риба - ослич, бакалар... пожелно морска риба, за полесно чистење од коски) - 1 јаце - сецкан магдонос - 1 лажица сецкан капари - 1 лажица павлака - рендана кора од лимон или сок од лимон - пола лажичка густин - презла по потреба - сол, бибер по вкус За панирање - 1 јајце - презла Компирите се сецкаат на коцки и се варат . Околу 10-15 мин. пред крајот се додаваат филетите риба да се варато со компирите. Кога и двете ќе бидат сварени, се тргаат од оган и се прецедуваат (од водата може да се направи база за супа од риба). Компирите и рибата се пасираат. Кога веќе нема да бидат многу жешки се додаваат останатите намирници, и убаво се меша. Ако е многу течно може да се додаде уште презла, а ако е многу суво уште јајце. Се зачинува по вкус. Се остава смесата да се олади во фрижидер, отприлика еден саат (може и преку ноќ, јас вчеја ја направив). Се формираат крокетите. Се панираат во јајце и презла, и се пржат на загреано масло. По пожењето се оставаат на хартија, да се упие вишокот маснотија. Ги сервирав со бел сос, направен од: - 3-4 кисели краставички, на ситни коцки - 1 варено јајце, на ситни коцки - 2 лажици павлака - 1 лажица мајонез - малку сецкан магдонос - копар - сок од лимон - сол и бибер по вкус И многу најадуваат. Се најадовме со по 4-5 крокети со сосот, без леб, без ништо друго. Меркиве се значи отприлика за 4-5 лица.
Фала Кукло. Туку ти не ли направи пак од тоа крапчето, да ставиш слика, па да те гласаме и тебе? Ајде до вечер имаш врме Јас предосеќам дека дамата ќе оди на насловна овојпат
Супер фотки и рецепти. Туку, дур ви ги гледам фоткиве, ми изгледаат превкусно и рипчињава ми доаѓаат со некој вкус на... пилешко. Похован стек (ослич) мљац. Предобра фотка, Лејди.. со тоа текстурата на кожичката од рибата и компирчето Коритсаки ми е топ фото.. вкусно ми изгледа, ко осличот и ќофтињава на Бабушка. Се мислев,ако правам нешто да е такво - крокети или ко она на Прити Драма Кралица или пар други ствари од туна. Хроно рипчето ми е ќејф што го пријавиле.
Ете, гласав прва... Малку рецептчиња неделава , а темата беше прекрасна... Ем вкусно, ем здраво Коментари... @Lady Phoenix прекрасно изгледа лосост @Ane-Goki1 оддамна се спремам да печам скуша. Ке го искористам рецептот... Само ке додадам едно гранче рузнарин... Ми рекоа дека и давал посебен шмек на скушата... Браво Ане @koritsaki стадарден оброк со риба... Најубава е на скара @PrettyDramaQueen мммм... Убави полнети јајца Правам слична салата од туна со лимон наместо краставички... Само не блендирам, јајцата ги пасирам со виљушка и додавам ситно сецкано кромидче... @Lolipop23 овој оброк го правам еднаш неделно... Сосот е „закон“ @Babushka истите крокети ги правам и јас. Превкусни се Ииии... Мојот глас отиде за @Lady Phoenix Мајстор е за фотографија , убаво ке личи на сајтот
Neznam sega dali za @Lady Phoenix da glasam ili za @Babushka Dvete mi se nekako ko za na naslovna.. Help plis.
А може сама за себе да се гласа? Бар еднаш еден глас да имам Се шалам секако,сега ќе видам за кој да гласам,ама тоа секогаш за себе си го задржувам Браво за сите овојпат многу малце сме,изгледа слабо риба се јаде
Рибите ми се слаба страна, која од која поубава, а и сите различно сте ги приготвиле. Браво женски! Ко што е мала анкетава, мислам дека имам доволно други профили, за на сите да ви дадам по еден глас...
Neznam be, neznam... Od Babushka slikata I receptot se ODLICNI ama I Fenix mi mati um.. Nemat po neodlucen coek od mene... Ili mozda imat Ps. Dobro e so mojs da gi vidis rezultatite
Јас гласав за Бабушка, со душа чекав да видам како изгледаат крокетите и ми направи „проблем“ вака во ситните саати, па си роварев низ фрижидерот. Некако внатрешниот глас ми кажуваше дека и' треба бек ап глас, па 9тиот глас беше од мене.