Вие што имате пробано и не сте го бендисале зашто не одело сирење со благо, значи не сте пробале добар чизкејк. Толку имам да ви кажам. Сирењето што се користи за чизкејк воопшто не е ни солено. Како млечен крем доаѓа. Омилено благо ми е, ама ич се нема време. Ќе ја чекам @Dgirlll, не ја отпишувам предвреме затоа што и’ го знаеме потенцијалот. @Babushka - препрепреубаво. Ми се допаѓа што нема желатин во рецептот, обично непечените имаат желатин и тоа ми расипува се’. А твојов е... без коментар. Ќе мора да се проба.
Мене чизкејкот ми е меѓу омилените десерти После многу експериментирања, си зачував еден рецепт што некако најмногу ми се погоди и само тој го правам. Викендов направив, ама отидов на планина, ќе видам дома после дали останало некое парче за сликање Јас мојот го правам со кајмак, солено не е воопшто, туку има баш некој интересен и несекојдневен вкус
Секаков ми е убав - имам и јадено и правено и со маскарпоне, и со абц сир, и со рикота, со дукат намаз, со чоколадо или без чоколадо.. секако оди. Додуше кушпечки ретко кој ми е погоден, последно во Мекиците на Стража јадев, и беше ко обична крем торта, накако чисот од чискејкот го немаше
Чизкејк е најубав ако се прави со Филаделфија крем сирење. Е сега кај нас го нема па ако некој знае која е најдобрата замена нека ми каже. Обожавам Чизкејк!!
Јас вчера напишав мислење, ама го избришав. Има маскарпоне во вториот пандишпан. Се рачуна така? Бидејќи се водев по рецепта од еден блог, на англиски беше напишано, вчера преведував и со цел памет го избришав постот. Ако може да учествува, од почеток ќе преведувам... ако не, здравје. Инаку тортава ја правев за на татко ми роденденот. Спој на маскарпоне, чоколадо, путер од кикирики, кафе, слатка павлака...
^ Убава ти е тортата ама чувај си ја за друг натпревар, ова чизкејк не е, без разлика што има некое крем сирење во еден од филовите.
http://www.thereciperebel.com/the-ultimate-chocolate-peanut-butter-cake/ Е сеа кога ќе ја споредите со мојата, за грев е, ама... Инаку јас имам и чизкејк торта, само што од прилика знам што состојки има, бидејќи никогаш не се водам стриктно до рецептата... А без рецепта не се важи, така да...
Сепак моите оставиле некое парче Мојов чизкејк е ептен едноставен, се прави за буквално 15 минути (20 ако треба да ги мелете бисквитите ). Потребни состојки: - 300 грама мелена плазма - 250 грама путер - неколку лажици млеко - 500 милилитри хопла - 250 грама кајмак - мармалад/џем Плазмата се меша со путерот и убаво се размесува, а млеко се додава по потреба во зависност од густината. Во кружен сад рамномерно се распоредува. Потоа убаво се матат хоплата и кајмакот, а сето тоа се нанесува врз првиот слој. Одозгора се става мармалад или џем. Знам дека има варијанти со желатин, ама мене не ми е многу вкусен, повеќе сакам вака чист мармалад, не ми е толку гумен вкусот Да напоменам дека за првиот слој поубаво е да користите плазма наместо обични бисквити, зашто самата плазма си има специфичен вкус, мислам дека нема толку убаво да биде со било какви бисквити. И тоа е сè народе Малку време да отстои во фрижидер и може да почне борбата за тоа кој најмногу да изеде
Каде го има тој крем сир да го пробам? @Babushka фала на покана, таман утре именден на свекор ми па може и да падне еден чизкејк, се надевам ќе имам сила пошто вчера се вратив од долг пат, но ако не направам ќе постирам од старите слики. Одамна сакам да направам класичен германски чизкејк, со печење и без глазури одозгора, ама па нема да биде личен за натпреваров Мора да смислам нешто убаво за око, зашто со чизкејков на Бабушка немам шанси
Има Филаделфија кај нас, неколку пати сум купила од Веро. Ама не носат редовно, дали дека не им се троши, не знам,.
Ајде @Kitten да видиме и печен чизкејк, што ако е класичен и помалку декоративен (знам дека е вкусен). А и не сме до толку претенциозни гласачи. Spoiler
И јас планирав да правам чизкејк, гледам дека ги имам сите потребни состојки, само се мислам каков топинг да ставам. Сакам да пробам нешто поразлично, ми здосадија тие неколку што постојано ги „вртам“. Ако успеам да смислам нешто ќе се приклучам, ако не, здравје.
Жал ми е што сум на диета па не можам да ви се придружам во готвењето оти ќе морам и да го јадам. А чизкејкот ми е нешто совршено. Сакав само да ја потпрашам @AnaKarenina каков кајмак ставаш? Тој од тие малите кутии, како павлака пакување? Фала Јас гласам за Леонардо од погоре, па и со празна чинија пред него Се шалам. Тежок избор ќе биде, сите ми се убави
@Kitten ovoj e Neznam dali go ima kaj nas. Jas vo Srbija go imam jadeno kejkot.Abe preubav Koga prasav sto e tajnata mi rekoa samo so ovoj krem sir(poise ko pavlaka lici) da se pravi. Podocna i na coolinarika citam deka samo so ella izlagal identicen kako po restoranitite.