@Sky-butterfly да, таков е, во мало пластично баш како за павлака Е сега, име не знам да ти кажам, секогаш користам различен, тој што е ми дојде при рака во маркет. Ама во глобала сите ми се исти мене
Значи цел одмор ќе го мислам чизкејков. Од Гр. купувам мастрав (некое убаво крем сирење) и веднаш првам. А може и во камп да сплескам, ептен ми се пријаде. Инаку Филаделфија немало одамна во Веро. Сум правела печен чизкејк, но на моиве им е некако сув. А непечен со маскарпоне ми излегувал потечен кремот, па мора да се стави желатин кој патем и јас не го сакам многу. Ама еве други интересни идеи... Со среќа со натреварот, нека победи најдобриот.
Мајне чизкејк е готов. Го ставив во фрижидер, ќе го оставам до утре убаво да се зацврсти филот, сабајле овошјето ќе му го наредам и ќе го сликам. Се надевам ќе го биди, ако не друго за сликање барем
Spoiler Идејата ја украдов од овде http://www.manilaspoon.com/2016/02/no-bake-white-chocolate-blueberry.html ама направив измени во количината на некој од состојките. Рецепт: 220 гр. чајни колачи 5-6 раце мелени ореви 2 лајчиња шеќер 8-9 лажици стопен маргарин (зависи од бисквитите, по потреба и повеќе можи) 100 гр. бело чоколадо (нареден пат ќе ставам повеќе оти не се осејќаше многу) 3 лајчиња маргарин 200 гр. крем сирење (јас користев од zbregov) 200 мл. хопла 1 ванилин шеќер 100 гр. шеќер (ама благо беше, 60-70 доволно би било) За топинго, боровинки, 2-3 лајчиња шеќер, и сок од половина лимон. Се соединуваат мелените колачи, оревите, шеќерот и маргаринот. Се ставаат во калапот, и во фрижидер да се стегни смесата додека се прави филот. Чоколадото се топи на пареа заедно со маргаринот и се трга настрана да се олади. Хоплата се мати со шеќерот, му се додава крем сирењето и оладеното чоколадо, се мати додека се добие убав глаток фил. Филот му се тура над бисквитите, и преку ноќ во фрижидер го оставив да се стегне убаво. Боровинките се мешаат заедно со шеќерот и сокот од лимон, и на тивок оган се остава да се згусни, но како што се гледа мене ми дојде многу течно бидејќи не му кладов ништо за да го стегни.
Убава тема, ама малце учесници. Гледаѓ Бабушка дека ме прозвала да учествувам Баш би сакала, ама сега паузирам со готвење Чизкејк
Еве слика,си стојам на зборот(после ова не на вага).Првпат правев печен чизкејк и задоволна сум.Се работи за класичниот Филаделфија чизкејк,иде вака:прв слој-кора,24 парчиња орео изблендирани и помешани со 80тина гр растопен путер,се распоредува во калап за печење и се притиска убаво.Кремастиот чииз дел настанува со миксирање на 4х200 гр филаделфија класик намази,па иде шеќерче 1к.шолја,ванила екстракт и 4 јајца постепено едно по едно(ги кршев со една рака).Смеса хомогена,се префрла во калап,па иде во релна 55 мин на 160с.После тоа паѓате во искушение дека цела куќа ви мириса убаво,па и треба 4ч мин во фрижидер.Декорација сматив малце хопла,плус свежи малини и тоа е тоа
Два дена не сум се уклучила. Најпрво фала за коментарите. Мило ми е што има позитивни коментари и од нејадачите на чизкејк Полека полека може ќе се преобратите Девојки браво! Очекувано тортите изгледаат перфектно! Мамат да земеш вилушка и да брцкаш по екранот. Рецептот на Дгрл ептен ме заинтригира, бело чоколадо мммм мњам мњам, и во комбинација со боровинки, уф се оближувам. Мора да се проба! А и тортата на Елена, она кога имаш неколку добри рецепти, а не можеш да одлучиш која торта да ја правиш, па ги комбинираш сите и добиваш резултат како излезен од рајот. Оргазам со секој залак. Морам да го прокоментирам овој дел: Погрешно го прочитав како во споредба со твојата торта, таа на сајтот е за грев Ме потсети на свекрва ми пред години, кога на лош англиски пробуваше да ми каже дека е фан на Елвис Присли и ми рече: Elvis Presley is my biggest fan of all!
Дуника, Дуника, Дуника! Не дека нејќам да пробам од другите бар по малку или по многу ама твоево ми се чини можам цело. Клап! Кога ви ги гледам рецептиве, сепак некој друг вкус си замислувам. По ви ги сакам такви,ничизовски/кремсировски. Да се разбереме Елена, преубава е таа твоја тортичка. Вкусно и сочно изгледа.
Бидна мојот илинденски чизкејк НО ова е единствениот мој "фијаско" чизкејк Сепак решив да го постирам, старите чизкејкови се стари Имавме една случка со маж ми, немам тавче со обрач што се вади (и после ова дефинитивно ќе си купам), па го печев во обично округло а тој беше задолжен да ми стави хартија за печење за полесно да го извадам. Но, маж ми ја исцепкал хартијата, посебно на дното, посебно обрач И нормално кога го вадевме се испораспадна, затоа немам слика од целиот колач, срамота беше Сосот од малини што го направив за сервирање заврши одозгора, поточно маж ми го плесна целиот и го размачка.. Многу различен на вкус од класичниот непечен-кекс чизкејк, и повеќе ми направи ќеиф овој, полесен е за јадење, но многу поголема процедура за правење. Spoiler: Рецепт Германски (печен) чизкејк Кора: 1.5 шоља брашно 1 лажичка пециво прстофат сол 2 лажички ванилин шеќер 1 лажичка рендана кора од лимон 1 јајце изматено 1/4 шоља шеќер 100г путер Сувите состојки се мешаат па се додава мекиот путер, повторно се меша и на крај се додава јајцето. Се меси во мазно тесто и се става во најлонска ќеса да отстои 1час во фрижидер. Фил: 3 жолчки 3/4 шоља шеќер 2 лажички ванилин шеќер 100г имекнат путер 180мл слатка павлака 500г крем сирење 1.5 лажица пченкарно брашно 3 белки прстофат сол Се матат жолчките со шеќерот и ванила шеќерот, се додава путерот и се мати, па се додава посебно изматената слатка павлака се да се соедини. Се додава кем сирењето ( јас користев А'ла кајмак крем сир) и се мати додека не стане мазно. Се матат посебно белките и на крај постепено во нив се додава пченкарното брашно. Оваа смеса ја додавате во претходната па со лажица мешате да се соедини. Откако сте ја развлекле кората во тавчето, се истура филот врз него и во претходно загреана рерна се пече 45-50мин на 150 С степени додека површината не зарумени. Се сервира со прачиња јадоги, или сос од малини.
Ај утре а у фрижидер ми е чизкејкот се лади , утре у 6 сабајле имате слика пинки промис секако ако не, нема проблем за нареден предизвик ќе бидам по на време
Орео Чизкејк. За основата: 2 пакетчиња орео бисквити, јас не ги делев 100 гр топен маргарин За фил: 500мл хопла 400гр филаделфија неутрален крем 2-3 лажици шеќер во прав (по желба ова) Откако ги здробив бисквитите во блендер, ги ставив со сад настрана, го додадов топениот маргарин и после смесата ја рапоредив рамномерно во округло тавче. Потоа ја изматив хоплата, го додадов крем сирењето и шеќерот па сето тоа го нанесов врз основата. Декорирав со after eight ментол чоколатца затоа што бисквитите сите ги здробив Чизкејкот цела вечер седеше во фрижидер но кремот мене не ми се стегна. Па затоа моја забелешка би била дека со маскарпоне ми е ем повкусен ем по цврст кремот т.е филот.
Еве го мојот чизкејк. Рецептот е од мои рецепти. Горе имам ставено слатко од капини. 1. За основата кексите измелете ги или ситно издробете ги, додадете ја ванилата и растопениот путер и убаво измешајте да добиете еднолична смеса. Во калап со бр 18 поставете најлон фолија (или калап со прстен) и израмнете ја убаво смесата. Ставете во фрижидер. 2. Во тава на оган ставете го шеќерот и оставете да се растопи за да добиете карамел. Лешниците (потпечени) ситно исецкајте ги. Додадете ги во добиениот карамел и веднаш претурете на алуминиумска фолија да се стегне. 3. Во сад за матење ставете го крем сирењето и шеќерот во прав и матете да се добие убава кремаста смеса. Желатинот растворете го со 3 лажици вода и оставете да набубри. Во крем сирењето додадете ја ванилата и лимончелото (или кората од лимон) и изматете. Желатинот растопете го на пареа или во микро и додадете го во кремот. 4. Во калапот нанесете половина од кремот и израмнете. Лешниците со карамел истолчете ги, но да има и покрупни парчиња, па распоредете ги од горе. Додадете го останатиот дел од кремот, убаво израмнете и оставете ја тортата во фрижидер убаво да се стегне (кај мене остана преку вечер). Извадете ја од калапот и ставете го мармаладот. Добар апетит =) Прочитај повеќе: http://moirecepti.mk/post/непечен-чизкејк