Девојки Мислам дека ме убедивте да направам чизкејк... Прекрасно и вкусно ми изгледаат сите... Толку од моите коментари на тема “чизкејк“ Кампања Нема... Гласано... @Dgirlll твојот рецепт го избрав за моето „огнено“ крштевање со чизкејк
Мојот глас отиде кај @AnaKarenina Двата клучни и пресудни состојки: плазма и кајмак Посебно плазма. Каков орео какви бакрачи (btw, не знам што толку се форсираа кексов, мене ми е и потпросечен дури)
Мојот глас овој пат отиде кај @Dgirlll Се мислев помеѓу неа и @kanella ама бидејќи не сум љубител на after eight чоколадите мојот глас отиде кај @Dgirlll Инаку браво за сите Сите слики изгледаат преубаво, а претпоставувам дека и вкусот бил таков
@Babushka Сите се прекрасни, ама твојов ми изгледа како со најнеодолив вкус! Иначе, најмногу ми предизвика лиги тортата на @Elennaa, баш и не разбрав зошто не е во конкуренција, ама да беше, ќе гласав за неа.
Искрено едно времското Мото Тото или како беше , кога е пресбо е многу подобро од тврдото Орео. Ама името големо.
Анкета поставена, си останува значи терминот една недела. Интересно, сите рецепти се различни Сепак најмногу ме привлекува комбинацијата со бело чоколадо, гласот заслужено е за @Dgirlll
Гласав за @Babushka инаку се слагам со @duffi на Орео само името му го плаќаме, оние Темпо се 100 пати по вкусни
Па не морате орео не можев да најдам поевтина варијанта овде па затоа такви. Сакав да пробам каков е вкусот со црн кекс, со плазма имам правено и затоа сакав да сменам
Мене баш тоа ми се свиѓа, де - темната, црна основа ко контраст на белиот кремаст дел. И кај Канела и кај Дуника. Тоа што е направен Орео.. не ми менува. Можело да биде од било какви кекси/колачи со иста боја. Инаку, на Бабушка основата на чизкејкот..најмногу ми се допаѓа. Гледав баш нешто слично дур манијачев чизкејкови по блогови..имаше сличен на овој на Најџела, ама пооинтересен ми се виде..со ф'стаци и урми..некој вегански чизкејк Тоа сакам да пробам некој ден..штом ми се врати волјата за готвење. И јас го бендисувам белото чоколадо во рецептот на Digirlll. Кај останатите, иако ко за фоткање, сите гледаат да е беспрекорно слојче по слојче,да не се прелеваат, излеваат, закашкуваат јадењата..мене баш тоа нај ми се свиѓа кај оние со овошје од горе...особено кај Китен мислам беше кога би брцнала со виљушка да пробам, прво тоа делче кај што е најнаквасен чизот со овошјето би го каснала. Гласот иначе отиде кај Дуника. Друго што ме поттикнавте со темава...да направам солен чизкејк со зачини и јатки.
Ууухх пак тесно Се некако за влакно победиве. Фала за гласовите и честитките @Dgirlll си остануваш мој фаворит. Нова тема (@RainBow), ептен македонска - "Се со/од домати", или што би рекле народски, патлиџанче. Лето, горештини, ги има во изобилие. Дури и да има некој што не ги јаде, сигурно на една рака се бројат (за разлика од овие што нејќат чизкејк или риба ) Значи било што со или од патлиџан. Дали свеж во салати, во сосови, со тестенини, во рерна, како ви сака душата. Не дека на македонче му треба инспирација за патлиџан, но еве неколку идеи во спојлер. Ве чекам сите со слика! Spoiler: Инспирација Spoiler: Теми 1. Пици 2. Ориз 3. Чоколадо 4. Тестенини 5. Бомбици 6. Месо 7. Салати 8. Ладни сендвичи 9. Македонска традиционална кујна 10. Чоколаден мус 11. Посна трпеза 12. Компири 13. Палачинки 14. Ситни колачи 15. Тиквици 16. Јајца 17. Мафини 18. Овошен десерт 19. Шпагети 20. Оброк во тегла 21. Сладолед 22. Пиперки 23. Риба 24. Чизкејк 25. Домати