Честитки Бабушка Да дадам мал коментар, мислење Иако не ја следам редовно темава, поточно многу ретко ја отварам - последниве две натпреварувања за темата Риба и Чизкејк ми привлекоа внимание. Минатата недела гласав за Лејди Феникс - повеќе ми се допадна рибата, начинот на приготвување, едноставноста без премногу декорација но сепак елегантно презентирана, одлично доловена фотографија (за што Леди е мајстор - девојката поседува сенс, има талент чувство за добра фотографија) но и состојките и беа одлични кои добро одат во комбинација со риба. Рецептот на Бабушка за рибата - крокетите беа исто така вкусни - приготвени со многу внимание, љубов, но не го гласав поради што не преферирам крокети. Постојат различни мислења, полемики и сето тоа е во ред, секој на различен начин ги доживува ги перцепира рецептите, и јас се согласувам со Кукла дека се што визуелно е привлечно не значи дека е и најдобро односно највкусно, вкусот сепак е најважен, најбитен, најзначаен при оценувањето на одредено кулинарско дело, било да се работи за десерт, солено јадење или предјадење, Декорацијата, визуелното прикажување некогаш дава лажна слика, претстава, па може погрешно да не наведе да поддржиме одреден предлог Бабушка заслужено ги освои преходниве победи, не е тоа случајно, иако многу не ја познавам добро - колку е вешта колку и се капацитетите, но со последниов рецепт за Чизкејкот ме освои и потвди, докажа, покажа дека е врвен кулинарски мајстор, талент кој ни презентира уште едно кулинарско остварување во твоја режија, рецепт кој ги мами сите сетила на вистинските љубители сладокусци - гурмани на добра храна И останатите натпреварувачки беа одлични со своите кулинарски дела - кои можеби беа посоодветни за конзумација овој период, беа полесни - овошни како што и јас преферирам, нијанси беа во прашање Уште еден детал, елемент кој ме привлече во рецептот на Бабушка да и ја дадам мојата поддршка се состојките на Чизкејкот кои се одлични - квалитетни, начинот на презентација, компактноста - цврстината на самиот Чизкејк - неговата кремаста структура која е доволно цврста и оддава чуство дека го приговувал вистински професионалец, љубител на добра храна, нешто што е приготвено со многу внимание, љубов, вештина, страст кон готвењето. Мислам дека одлично се вклопува вкусот на Нутелата во сите состојки и делот кој ми остави впечаток и кој морам да го потенцирам кој си го нагласила во рецептот а тоа е што не додаваш премногу шеќер бидејќи и Нутелата е доволно блага па кога сето тоа ќе се спои ќе има доволно блажина, не премногу благо какво што сме навикнати да правиме крај нас Уште еднаш заслужена победа и честитки до Бабушка, продолжи и понатаму да не почестуваш да не удостојуваш со твоите кулинарски специјалитети приготвени со многу љубов, страст, внимание, посветеност.
Честитки @Babushka убава новава тема,и дајте повеќе слики/рецепти,без изговори овојпат,патлиџан секој може да исецка и да стокми салата барем
Леле, јас го испуштив гласањето. Честитки @Babushka! ♡ Јас ќе се обидам да направам вегетаријанска пица деновиве, за прв пат и ќе ја промовирам ексклузивно во темава! Се надевам убаво ќе испадне.
Јас да си постирам,па немора да учествувам,ке скршам мразот. Зелена леќа со шери домати. Ручек за 16 месечно дете. Рецепт Пропржив зеленчук се што имав дома. Кромид,морков,модар патлиџан,тиквица. После додадов ситно сецкано месо од домашно петле кое претходно убаво сварено. Се додава вода. Се крчаше околу еден час,па додадов и компир. Од зачини само малку мешан зачин и семе од коприва. Spoiler: За време на подготовка Моето малечко го јадеше блендирано.
Таљатели од спанаќ и морков со моцарела и доматен сос. Таљателите се варат, прецедуваат и тргат настрана. Во тава на оган се става кромид, морков и патлиџан исецкан на коцки со маслиново, се пропржува и се додава доматен сос (било каков) се додаваат сите можни зачини од дома како оригано, базилико, бибер и магдонос, се остава да прокрчка и накрај се додава малку моцарела. Рецептот се прави 20 минути а е сладок прсти да излижеш. Навистина.
Вегетаријанска пица. Потребни состојки: - едно готово тесто - два помали и потврди домати - една пиперка - пола главица кромид - маслинките не ги броев ама околу седум беа - околу 70 грама ајдамер - кечап - оригано Подготовка: Се сецкаат доматите на тенки полукругови и се ставаат врз салфетка за да ја упијат водата од нив. Во меѓувреме тестото се премачкува со кечап и се додава кашкавалот, исцедените домати, пиперката исецкана на кругови, маслинките и кромидот. Одозгора се наросува оригано и се става да се пече на 200 степени околу 5 - 10 минути.
Супа од домати Состојки: 3 домати, средна големина 2 чешниња лук 500 мл. бујон од зеленчук босилок сол и црн бибер Количината ќе си ја прилагодите според тоа колку порции сакате да направите, од овие количини мене ми излегоја 2 порции. Доматите се сечат на половинки и се ставаат во тавче за печење, му се додава маслиново масло, целите чешниња лук и зачините. Се печат во загреана релна на 220 степени околу пола час. Печените домати заедно со бујонот и босилокот се ставаат во тенџере да се варат околу 20 минунти. Потоа со рачен блендер убаво се миксира (може и во обичен) доколку не е доволно густо повторно можете да го ставите на оган да повари, или доколку сакате потечно, ќе му додадете бујон. Јас го јадев со печено лепче со кашкавал.
@Sky-butterfly мило ми е што ти се бендиса, се думав дали да ја поставам оти не е нешто комплицирано. Да ја пробаш, многу убав вкус имаат доматите дека печени.
Ммм многу сакам и супа и сок од патлиџани! Мора да ја пробам супава ама и @vitamina каква идеја ми дала за утрешен ручек! Одамна не сум јадела таљатели, а со тестенини сос од патлиџани ми е задолжителен
Ти благодарам китен. Прави не се мисли ќе се прејадете . @Dgirlll убава супа вреди да се проба и јас обожавам вакви работи. Бравос.
Салата од бело гравче по македонско-грчки и експериментално Санторини ќофте од домат. Салатата од посно сварено бело гравче и домати прв пат ја имам видено и пробано во Бугарија. Стандардно, моите цимерки си имаа бурканчета (теглички) од дома - зимница со ваква салата со тоа што, наместо свежи домати имаше печени/сушени со маслиново масло или класично домашно, доматно пире/сос со лук (кромид, како-кога). Ништо нарочито, не е како тавчето гравче де ама, ова е полесна, по летна верзија на гравче. Демек, наместо чорба или на тава - да вклучува човек рерна. Пак и фино е за периоди на пости. Кога се јаде посен бел, незапржен грав. Некаде се сервира со свежи домати и дресинг од лимон/балсамико, лук, маслиново, плус/минус сенф. За љубителите на туна, можеби ќе им легне и некое парче конзервиран Флипер. Јас ја направив во комбинација со пинџур (демек нашински...тепале кој нејќе) и маслинки, кромид (демек ко верзија од класична грчка салата без сирењето) плус магдонос. Лимон конкретно (мада искористив кора од лимонот де ради декорација) и балсамико... не ми одат мене со гравче. Кому му оди, комотно нека си става. Ради декорација, а и шмек...исецкан магдонос плус ливчиња свежо нане. Гравче бело да сварите знаете? Да му ја фрлите водата исто? Без зачини, без кромид сварено. Во оваа чинија има една црпалка/кутлача зрнца, половина печена на плотна и исецкана на крупно (заради да ја личи) пиперка , половина свеж домат - исецкани на коцки, малку кромид -свеж и исецкан на месечинки и едно чешне лук истолчено со сол, бибер и масло (дресингот). Фрлете некоја маслинка, малку магдонос и вуала. Ова пошто се правеше гравче на тавче денес.. уз пат, ај си велам. Плус еден човек во натпревар Spoiler: Ќуфте Ќофтињата ми се у процес на усовршување, експериментирање Втор пат ги правам. Првиот пат по друг рецепт со повеќе брашно плус со пециво. Ќе ги најдете како: tomatokeftedes, Santorini tomatokeftedes, tomato fritters, tomato balls &c. Првиот пат ги правев (рецепт: тука) и во комбинација со сецкана свежа пиперка едни, сецкани маслинки други и со мешано /овчо-кравјо/ сирење. Не ми се допаднаа такви. Пиперката не убаво се спржува, па ако ги јадете топли ќе ја осеќате како крцка, кромидот ако прекрупно го исецкате, исто ќе го осеќате... конкретно ова сирење кое го употребив, не ми дава добар шмек во комбинација со кромидот и лукот. Но, се е до вкус. Овој пат повторно експериментирав.. со советите за доматот од ова видео тука, со помала доза и со помалку брашно. По ми се допаднаа, но може и подобро. Следен пат со сварен, испасиран компир ќе пробам. Потребно за доза 1 домат од која излегуваат четири ќофтиња, големина како на сликата: 1 домат, четвртинка од среден по големина кромид, чешне-две лук, малку магдонос, супена лажичка брашно, кришка ипол до две стар леб, сол, бибер, лажичка ипол масло. Бирајте тврди домати. По месести, со помалку сок. Семките и сокот ќе ги отстраните..искористете ги за нешто друго. Исецкајте го ситно, или испасирајте го, но не како пире/каша. Треба да останат парченца, колку толку и да се чувствува. За..оние претенциозните.. претходно излупете ги доматите. Ставете ги во некоја цедалка и оставете ги неколку минути да постојат, да се исцедат. Ситно исецкајте го кромидот или испасирајте го. Исто и со лукот и магдоносот. Лебот натрошете го и сето измешајте го и изгмечете го со рака за да се соедини (ко и обични ќофтиња кога правите) - доматот, кромидот, лукот, лебот, сол, бибер, брашно, маслото..сето заедно. Густината на смесата регулирајте ја со плус брашно/стар леб/лебни трошки. Можете да ја користите и корката. Битно е само да е стар леб, не нов. Смесата треба да е со густина доволна да оформите ќофте. Оставете ја во ладилник до половина час да отстои за да се соединат состојките. Со намастени раце правете ги ќофтињата и испржете ги во врело масло. Повкусни се ладни, отстојани, патем. Можете да ги јадете со таратор, со цаѕики, чаша јогурт и сл. Spoiler: Фоткањето е позанимливо уствари
@zhap4e на сигурна победа одиш ти, не со еден, со два рецепти се избаци ми лајк д кјофте, ќе го правам деновиве.
@Dgirlll, порано,кога требаше да изберам нешто од повеќе работи,мижечки бирав и си викав: што биде,нека биде. Сега зимам/бирам се и истото си го викам. Пробај го ќофтето и кажи, особено ако нешто му смениш - какво испаднало. @fallenangel Тенкју, бујрум душа.