Домати полнети со фета сирење Состојки 6 домати 3 шолји дробено фета сирење босилек и магданос ( јас користев суви ) 2 чешниња лук сол и бибер Се сечат врвовите на доматите и се длабат внатре со лажица. Во посебен сад се меша фета сирењето, босилекот, магданосот и ситно исецканите чешнинња лук. Со добиената смеса се полнат доматите и се зачинува со сол и бибер. Се редат во тавче за печење претходно премачкано со маслиново масло. Измеѓу нив се додава остатокот од доматите што беа издлабени. Се печат во загреана рерна на темпретаура од 200 степени околу 15 мин. дур не омекнат. Добар апетит.
Јас деновиве стварно немав време,а сакав да направам нешто фино.Еве колку да ве испошувам,една капрезе,која секогаш ми е win.Рецепт е добро познат,моцарела,домат е основа,јас си додавам по некоја маслинка,фино маслиново масло,крупна сол,оригано и босилек
Здраво на сите! Се уклучувам после една недела, конечно одмор, па да си фатам со ред. Прво фала на сите за честитките. @boomsleng што стори фалење, редење епитети, цела рецензија напиша. Фала многу Добредојде на темава, па приклучи се кога сакаш со слика и рецепт За оваа тема, искрено очекував повеќе рецепти, патлиџан е во прашање Ама не е битно, ако не се многу, сите се различни и интересни. Ќофтиња од домати како овие на Жапче никогаш не сум правела нити пробала. Оди во фолдер "Некад да се проба". Овој пат не учествувам. Ќе си се лигавам по вашиве слики. Си имам фаворит
Ок, закопувам ратна секира, нек иде живот За почеток ќе учествувам само во теми со што помалку пишување во рецепт. Рецепт -пченка, сирење, таратор Томи, сол.
Се од домати... Мој додаток кон многу јадења е доматната салца... Ја користам во различни сосови за тестенини, месо, чорби... Во зима, кога доматите се „без вкус и мирис“ сите дома со уживање ја конзумираме како сок во чаша или како салата со ситно сецкан кромид, бибер и маслинов зејтин... Рецепт - немам!!! Доматите добро измиени ги лупам, мелам и варам до саканата густина... Пред крај на варењето додавам шеќер, сол и сецкан магдонос... Собирам топло во стаклени шишиња и уживам во вкусот цела зима!!! Доматната салца за оваа година ја направив денес... 25 литри Spoiler: *** Уффф... Ги наредив сите фотки од доматната салца во спојлер... Па, ги избришав... Се сетив дека едно од правилата на темава е САМО ЕДНА ФОТКА ... А колку убави фотки со домати имам...
@Val-Dim стави ги во спојлер другите фотографии. Во ред е така. Превкусно изгледа. Ми се пријаде сега.
Можам и сама за себе да гласам? Кога ја видов супата на Бриџит во инстаграм,си помислив уште заинат скоро секогаш готви нешто соодветно за темава ама ради бојкот става таму слики. Влегов тука и се изненадив. Добре дојде назад Бриџит. Се мислев помегу Витамина и Голденроуз,сепак за доматите со фета се одлучив. Гравот со домат ме потсека на гравот во конзерви во Англија што го јадевме далечната 2000 год. Нормално дека го премивавме да му спадне доматниот соси говаревме по нашки со запршка. Не ми се допаѓа комбинација грав со домат,иначе во друго скоро се ставам.
Јас овојпат гласав за Вал-Дим, иако многу се мислев меѓу неа и Витамина. Ама дека имаше пред скоро тестенини на насловна, гласот отиде кај салцата на Вал-Дим. Лелеее, со душа чекам да си одам дома да се изнајадам салца со кромид, само се лигавам додека ја гледам фотографијата.
Гласав за жаба. Ова на Брици не би го јадела ни у сон. Се јадам од тоа ама вака комбинирано јок. Чао.
Жаба, Жаба, Жаба! Кога ти го ускратуваат правото да се гласаш сам себе (ова по логиката за обезправеност која ја прочитав денес на форумов).... бар да навиваш за сам себе. Не знам како правите гравче на тавче ама во ваа куќа со запржен кромид, пиперка и домат се прави од баба ми па мајка ми па јас. За доматите со сирење гласав. Чекав некој такви да ги направи, уствари.. јас сакав со јајце и сирење ама, Џинџер стави ден претходно слични во Инстаграм и не ми беше ќејф за такви веќе... ко и тарт со домати оти Кечо ја најави пицата. Сакам тро различност, не што сите би гласале и што секој ден правам и јадам. Досадно ми е и тука тоа. Инаку... Вал-Дим и салцето нејзино, ко и пицата на Кечо и супата на Dgirlll... ми се свиѓаат. Јадам и готвам таквија рабоќе. Се имав натапкано со шпагети со сос деновиве..па не ми се ни погледнуваа тестенините на Витамина. Иако ме поттикна да си купам шаренки деновие.