Јас ќе знам, Кечо. Оваа совест тежи колку сите членови на фемина... уклучени истовремено. Благодарности патем.
Јас гласам за Жабата. Јадам се со домат, а ова нејзиното ми е ново и интересно. Ќофтињата ќе ги пробам.
Јас за Бригита гласав.Најинтересно ми се виде,плус комбинација пченка со таратор не ми е пробана. А исто така и Витаминка и Жабица-та ми се фаворити.
Аааа во наредната тема и јас ќе се вклучам. Доста сеирџиски ѕиркам. Освен ако ставите нешто соу компликејтид ...
Сите убаво сте зготвиле ама @zhap4e ми е посебна другарка,и мојот глас оди за нејзиниот прекрасен ручек.
Јас овојпат гласав за @dunika едноставно и највкусно според мене, гласав за нејзниот рецепт затоа што тоа ми е меѓу омилените салати и затоа што несакам печена и полнет домат во никој случај
Што убаво си имав фаворит, супата на @Dgirlll ми е ептен за мерак, дојде @Val-Dim и ми замрси сметки. На сентимент ме фати со салцава, како деца ја јадевме, баш таква домашна со младо кромитче, малку зејтин, сол и бибер. И сега? Еци пеци пец...
Јас Галабо за тебе гласав. Па тоа ти е бре македонско јадење. Не таму некои фенси јадења....брееее моцарела (ова се шалам феминката со моцарелата да не се наљути ). Леќа си е леќа, башка со македонски ѓувеч зеленчук. Искрено ми се допадна.
@galapce другиот глас ти е од мене. Т.е. не е за тебе туку за нејадачот твој што го изел специјалитетов со домати.
Во голема гужва сум, се логирав на Фемина само заради гласањето... Да не помислите ме нема за да не гласам за „конкуренција“ За коментари немам време... Гласав за супата на @Dgirlll, превкусна е, ја правам со години Кога ке имам време, ке ја ставам целата постапка на подготовка на доматната салца во ФИ!!!
@zhap4e , жабо овој пат и пиперката ти е простена. Само заради плескавиците од домати, морам да ги пробам