Честитки @zhap4e Новата тема, слатко - солено... Мммм, тоа јадење нема да ми помине дома Инаку, јас јадам соленки / переци со еурокрем... Превкусно е!!!
Еиии не ми стигна нотификација. А ти кого праша дали смееш да се вратиш на темава? Ај Жапче честито и од овде. Како нАли компетентна,кога веќе Делкаме,сум приметила дека ако некој стави веке нешто што и друг намислил да прави,зошто се откажува од учество? Неможе двата рецепти да се идентитчни а богами и исходот.
Ejj da, solenki so euro krem jadam I jas Patem mnogu I na deCvoto me potsekja ova ...odam da si kupam.
^ O.o o.O Nemozam ni da go zamislam vkusot.... Dodeka ova e nesto drugo... Spoiler Bas ko za na naslovna
Немам богами пробано таква комбинација. Не можам ни да ја замислам. Ко и твојата, eutixismena. Твои ли беа, skorpija123, оние, слатки макарони (со чоколадо) во натпреваров? И тоа никогаш немам пробано мада една моја другарка редовно ги јадеше дур бевме студенти. Без чоколадо ама беа. Со некој пудинг, сладок сос. Не знам што точно/ Никогаш не прашав. Некои видови сирења, кашкавали, намази, меса , сувомеснати и сл. фино се вклопуваат со слаткиот сос што го спомна Ливинг.. ко и со сок од портокал и некои овошки. Имам јадено овошје со зденка, овошје на пица, ко ананас..хаваи пица, сливи и сланинка, пилешко и ребра со сладок сос, сливи и свинско. Во најмала рака ете, штангли некакви - чоколадизирани или карамелизирани солени грицки, солени бадеми, ф'стаци. Дајте го детството де,направете го у форма да послужи човек луѓе со нив
@zhap4e честита победа. Мислев свекрва ми да ја пријавам, експерт е за турли тава во комбинација со лубеница, ама овде имало поголеми екстреми. Пупица еурокрем со чајна? Кисели краставички со мармалад од сливи? Леле, леле интересни комбинации.
Да де,од толку што се интересни одма да ти дојде нагон да ги пробаш. Само кукла ме намами да станам да сркнам една лажичка еурокрем со залак од кифлата со сусам што остана од мали.
Сега ако ставам слика до наредната недела ќе ме заборавите, затоа барам на крај да се стават сите слики во еден пост. I demand!!! Авокадо пресечено на пола, внатре кашкавал, замотано со сланина, попрскано со масло и печено на 250 степени околу 15-20 минути. Тоа е рецептот. Мислев дека само за слик ќе биде, ама се изненадив колку е вкусно. Во позадина грозје со сирење кое го освежува јадењето оти само по себе малку тажно е, па ова како салата ќе му дојде. Мераци за со црно вино Edit -Првпат пробувам авокадо, не ме влечеше никогаш да купам па не знаев дека е меко како крем и се топи во уста.
Еднаш мислам имам јадено манго. Не ми ни текнува на вкусот. Се надевам стварно вкусно било. Тоа позади грозјето и сиренцето/кашкавалчето...ептем би го замезила. Боцнато на крекер Бар еден пријавен ..или и на Кукла специјалитетот го рачунаме? Нели имаше едно време стапчиња ко грисини што се продаваа во пластично малечко ко овошнине јогурти со крем еден дел
Честитки @zhap4e! ♡ Кога сме веќе кај тоа кој, што јаде... јас јадам брускети марети со чоколадно млеко. Ако ми текне некој интересен рецепт на оваа тема, можеби ќе подготвам неделава.
Некогаш кога јадам дома сладолед во чашка зимам и чипс па со чипсот мацкам у сладоледот и јадам Еднаш земав солен бисквит и го намачкав со нутела и го изедов не беше лошо ништо од ова