Честито Жапче! Слатко-солено, не очекував ваква тема од тебе после коментарите за чизкејкот Ама убава тема. Скоро се што спомнавте јадам со сласт. Посебно лубеница и сирење. Највеќе ја сакам со убаво солено полномасно сирење, што остава убав кремав масен слој на непцето, и оп контраст со ладна блага лубеница. Се настрвив сега. А на времето испити спремав со Рафлс чипс и еурокрем... Едино тоа со киселите краставички/ајвар и мармаладот не сум пробала. Не можам да го замислам вкусот. Сега си размислувам што би можела да спремам, и заклучувам дека бааги често јадеме вакви комбинации Палачинки со пржена сланина прелиени со темен шеќерен сируп. И салати со грозје, ореви и потпечено сирење, со прелив од мед. Или салата со диња/јаболка/кушка и пршута. Или месо со прелив од шумско овошје или со варени крушки. Ребра со мед. И слатко кисело пилешко со ананас и манго. Памтам еднаш правев свинска коленица варена во кока-кола и после потпечена во рерна, уухх коклу беше тоа добра комбинација, а месото кревко. Треба пак да се направи, треба... Желба за учество имам, време ми фали. Ај ќе гледам да зготвам нешто.
Дискриминација бандито. Грозјето ти е само зс украс лажеш демек че го јадеш. А авокадото во многу салати се јаде, така да ништо посебно слатко- солено не ти е. Авокадото не е многу благо.
Благодарам, Бабушка. Слатко-солено..не ми беше баш идејата да ги видиме сите чудни комбинации што ги јадеме.. туку баш фини јадења кои ги имам јадено и се вкусни. Немам проблем да мешам некои сирења, кремсирења и кашкавал со овошје.. ко што и овошје и пилешко и свинско. Ама па, не секакво овошје. Лубеница на пример, не можам да ја замислам. Во чизкејк ми пречи шеќерот плус, не јадам секакви сирења. Не јадам ни секакви овошки.
Една слика имате, и на неа замерка наоѓате . А кога ќе биде селебрити од насловна сите ќе и' се улизувате . Од мене слика јок, а комбинација смоки со рум плочка .
Овој пат не учествувам. Единственото нешто во ваква антагонистичка комбинација што го јадев порано беа пржени кришки со шеќер, сирење и за пиење - јогурт. Ама веќе не јадам, ми се смачија пржените кришки, а и од јајцата нешто се откажав, па... Тоа е. Инаку, цел живот го гледам татко ми како си вечера леб, лубеница/диња/грозје, зависи што се нашло дома, плус сирење. Никогаш не се охрабрив да пробам. АМА тоа не значи дека нема да прокоментирам. @zhap4e честитки за победата и новата тема. Имаш среќа што на сите си ни миленичка, инаку тука сега ќе фрчеа негодувања и коментари како за оброкот во тегла мислам. Бриџет - за тебе ќе навивам, разумна ми се гледа комбинацијата, а и авокадото колку што знам е неутрално, па го бива за вакви комбинации. И другиве предлози ми се интересни, ама не сум јас за вакво нешто. Иако слатко-солено и евентуално кисело е карактеристично за азиска кујна, не сум љубител и немам храброст да пробам.
А нели има негодувања од прва секунда кога ја дадов темата. Види колку страници глупости сме испишале и само две слики. Ама, не си земам при срце. Сеедно ми е. И никој да не се пријавеше ќе ми беше ок. И Бриџи и Џинџерка да се единствени пријавени, па би ми било ок. Јас ги сакам слатко-киселото кинеско и таквите со суво грозје и џинџурии..некои од нив де.
@zhap4e топ ти е темата, те гласав. Знаев дека ќе кажеш нешто паметно. Де бе па и вие партибрејкери, заборавив да ви пишам, ако мислите дека чизкејкот е чуден оти е со сирење (а нема врска), што правиме со керот кејк или торта со моркови? Преубаво нешто, па со тоа фил одозгора, јаооо! Не бидете скептици, пробајте, има фини јадења по светов, нашата касато торта и патлиџаните не ни одат никаде. Немам време, ама страшно добри комбинации можат да испаднат, уф, уф, мевце печечно со некои овоштенца, пршутчиња со суво овошје, па сиренца некои прелиени со благи сосчиња... Се гледа дека не сум јадена, нели? Сега ќе си легнам и таман, здравје утре сабајле со нови сили во нови победи во исхраната.
Nesto zgotveno nemam, no mnogu mi e ubavo pukanki so sladoled od vanila ili pak przeni kompircinja-onakvi kako od McDonalds so isto sladoled od vanila (drug vkus ne! ), onaka si mckas od sladoledot so kompircinja ili pukanki
Џинџер секоја чест како си го смешала се' ова. Надежно ќе најдам зелена салата утре по пазар, па со јаболки или круши ќе бидне некоја салата. Ќе го ставев пилешкото со мед и сенф сос, ама некако не ми ја доловува скроз темата. Многу е наивно.
Кјукли. Ич не е наивно. Бабушка пред некоја недела победи со мезе сиренце замотано во печена пиперка и наденато со маслинка. И обични јадења победуваат..се е до колку привлечно за око е. Ама ако. Интересно ми звучи салатата. @Doozy се надеам ќе најдеш време да склопиш нешто фино би било. Ќејф ќе ми е да видам од кујната на Дузка и странцкиот Јариќ што може да испадне. Благодарам за гласот. Бриџи..ако, ако. Нека и во последен момент. На крај ќе ги ставиме во еден пост сите слики. Сосе темите кои беа, додадена и оваа.
Жабо не ми ги 'рчкај ролничките Џинџер Би ја јадела салатава, само кромидот ќе го тргнам на страна Со комбинацијава сирење и чоколадо ме потсети на една епозода каде Хестон Блументал објаснуваше колку заеднички компоненти на молекуларно ниво имаат двете состојки и затоа си одговараат. Тогаш правеше едни перверзно добри чоколадни лава тортички со мувлосано сирење. Слабак сум јас за вакви работи Јас зготвив, покуса да не останам Најдов ефтини мисиркини карабатаци без коска, па таман за денешниот ручек. Сакав да правам пире, ама потрошени ми биле компирите... Ориз се прејадовме оваа недела, па на крај испадна со вакви потпечени компири од замрзнувач... Мисиркин карабатак полнет со сланина и портокал. Spoiler: Рецепт - Мисиркин карабатак - 1 портокал + сок од 1 портокал - 125г сланина (пушена, солена) - 5-6 пекан ореви (првичната замисла ми беше со фстаци, мислам дека ќе биде повкусно, ама немав) - една рака мешано суво овошје (суво грозје, кајсија, манго, ананас и слично) - неколку ливчиња босилек - путер - сол и бибер по вкус Сувото овошје се става во топла вода да омекне, околу 10-15 минути. Мисиркиниот карабатак се дели на парчиња (мускулите се раздвојуваат). Секој муслкул се сече во средината за да се направи џеб. Во тава се пропржува сланината. Се додаваат сецканите пекани/фстаци малку да се запжат. Се трга од оган и се додаваат сувото овошје и босилекот. Месото се полни со смесата и парчиња портокал. Џебовите се затвараат со чепкалки. Се пржат во тава со путер, кратко колку да заруменат од сите страни. Се додава сокот од портокал, тавата се поклопува и се остава да се крчка 15 минути. Месото се вади и се замотува во алуминиумска фолија да се "одмори" 4-5 минути. Остатокот од сосот се вари додека да згусне, а може да се додаде и малку густин.
Бабуш бре, далеку од р'чкање беше за ролничките. Туку пример дека и едноставното е привлечно за око ако го стокмиш да лиги ти потечат. Не се вреѓај од „обични јадења“. Се' е до тоа да те намами да лизнеш монитор. Небитно, едноставно или комплицирано, скапо-ефтино или било што. Па и риба и чизкејк не јадам па ќе ви ги изедев. Ако речам нешто не јадам и не сакам.. не значи ве навредувам. Шала ако кажам, тоа е. Шала. И ништо повеќе. Не навреда. Мисиркава преубава инаку и компирот.
Пржена кришка со благо не е слатко солена комбинација. Брашно и јајца има во секоја торта. Ако некој остана со слика не пријавен од тортата со сирења и таа е слатко солена комбинација. Жабе штом не се замараш да си кажам, ова испадна дамбетер од темата со теглички на која имаше побајаги сеири,ама дали се изморивме или со тебе сме поблаги незнам. Авокадото е овошје ама нема ни благ ни солен вкус. Може и салцето на Вал фим да учествува штом така,има во него некоја лажица шекер.