Ама во исто време кога ќе ја мацнеш во шеќер и така стрвно ќе замезиш и сирење, па ќе пивнеш и јогурт... Добиваш слатко-солено плус кисело.
Чекајте другари. Немојте да сте поблаги со мене и толерантни само затоа што ме сакате. По врага со таква лицемерна љубов. Дајте ми искреност. Молим вас. Не ме лишивајте од форумско бичување на ѕидот на срамот. Како инаку ќе се научам на ред, м? Плус привилегии. Мајко! А привилегии нејќам. Или не ме сакајте од сега, или сакајте ме, ама удрете ме поостро, посилно. Да ме заболи, ве молам, значи, значи. Мани све. Чувство на вина ми всадивте. Ви должам искрено и огромно извинување што кажав оваква комична тема и со тоа ве лишив од најмилото - да зготвите, сликнете и постирате за насловна. Извињавам се. Дубоко и широко. Неќу више. Очекувам прописна казна да ми смислите. Баш јас треба да бидам пример за сите други неранимајковци што се осмелуваат да ви пркосат на редот во ручањето. Следеќи пут, анкета ќе ставам. Оти ја малку чукната.. ова може да очекувате. Хаос и перверзии. Ама си знаете де. Извинејте уште стоипесилјадипутадвестетриесмилиони пати. Толкава љубов.. не знаев. Жими оково.
Жабо што туку се извинуваш што те гледам чудна, остај таму нека се помачат. Жени со цела Холивудска индустрија спијат за насловна, они сакаат со пола саат најмногу во кујна
@zhap4e уживај во петте минути слава ко cover girl. Во име на транспарентноста, те гласав и јас, ама не зашто си lovable форумски лик, туку за најоригинален рецепт. Бобената салата ми е позната како концепт, ама ќофтенцата беа новитет за мене (иако, не оти е релевантен фактор, ама доста време „киснам“ на кулинарни блогови). А, сега првпат и официјално во темава со пилешко во слатко-кисел сос. Spoiler Рецептов е „кованица“ од неколку рецепти од нет, усовршуван доста време додека да го усогласам со она што нас дома ни се допаѓа. Значи, не тврдам дека е 1:1 со она што повеќето сте пробале во кинсеки ресторан. Исто така, пред некое време дознав дека во автентичната кинеска кујна не ни постои вакво јадење, т.е дека е повеќе американско отколку ориентално. Како и да е, 50% од моето семејство го обожава, па доста често го спремам. И чиста коинциденција е со темава, ич не е наменски. Не знам зошто ви го пишувам ова, скептиците веќе ролаат очи. А, сега со ред. Потребно за 4 порции: 400 gr пилешко бело месо (филе) масло (на око, ама имајте во предвид дека се работи за deep fry) 4 с.л брашно 4 с.л пченкарно нишесте 1/2 к.л пециво 100 мл. вода главица кромид (средно голема) 200 гр. пиперки - зелена, жолта, црвена (може и само зелена, боите се заради естетика. Поважно е да бидат „месести“) конзерва ананас, сочувајте го сокот (за ориентација, тие што јас ги користам се 227 гр. со течност т.е 136 гр. нето) 200мл. слатко-кисел сос (долу рецепт) 300 гр. басмати ориз Се сецкаат кромидот, пиперките и ананасот. Во длабок сад се мешаат брашното, нишестето, пецивото и водата - до изедначување на смесата. Треба да биде за нијанса погуста од смеса за палачинки. Пилешкото месо се сецка на коцки (bite size) и се додава во смесата од брашно. Во меѓувреме се загрева маслото. Месото се пржи на висока температура. Во тава, 28 см. од дозава излегуваат две тури. Испржените коцки месо се префрлаат во длабока чинија обложена со кујнска хартија. Во друга тава (или во истата, откако сте го исфрлиле маслото од пржењето) се запржува кромидот, па се додаваат сецканите пиперки, а по 5 минути и ананасот. Се пржи уште 5-6 мин. Се додава сосот, а по 5-6 минути и пилешкото месо. Промешуваме убаво и оставаме да прокрчка сосот но, не и да испари. Паралелно, се вари и оризот. За басмати оризот не важи правилото 3:1. Долго време грешев, додека не се сетив да седнам и да прочитам на нет. Соодносот вода - ориз е 2:1. Оризот е сварен кога водата целосно ќе испари. Ако истовремено го правите и сосот, внимавајте оризот да не загори. Never happened. Слатко-кисел сос Се служи топло. Начинот на сервирање е по желба. Се уморив. И за претходната тема имав рецепт, ене го, во ФИ е од денес, ама пуста мрза за пишување. Да кажам ли дека Бабушка ми е фаворит so far...Aj, ќе си ќутам...
Не бе Жапче, нити се навредив, нити се налутив. На шала беше и тоа кажано, со намигнувачко смајли. Следниот пат 3 смаијлиња ќе ставам, да нема забуни
Пица-лубеница Се вади круг од средината на лубеницата, се ренда сирње и се додава друго овошје по желба, во мојов случај бело грозје (можеби пофенси ќе изгледаше со црно грозје, но за жал немав моментално дома а и повеќе ми се допаѓа на вкус белото) Брзо, лесно и вкусно, совршена закуска за летна забава Spoiler: Други вкусни слики :P
Многу сте креативни, браво. Јас и оваа тема нема да учествувам, иако во текот на одморот се амбицирав. Идејата беше пица со моцарела, пршута, смокви и рукола. Моиве смотанковци рекоа-немој ни да си помислила да ставаш смокви! Така да...ништо од мене и овој циклус.
Ајде и јас за прв пат да се вклучам во темата. Единствена слатко-солена комбинација што ја јадам е со суви сливи (печени суви сливи обвиткани со сланина) . Сега еден друг рецепт: Суви домати и сливи со сирење во масло Потребни состојки: Суви сливи Суви домати Сирење Зачини (сол, оригано и рузмарин) Маслиново масло Се редат сувите сливи, сувите домати и сирењето во тегла, помеѓу нив се додаваат зачини по желба и се залева со маслиново масло. Се остава да отстои неколку дена во фрижидер. Spoiler: Слики
До ре ми го има мојот глас во овој круг.Нејзиниот рецепт ми е преубав и голема благодатрност до неа оти сега знам како се прави тоа пилешкото по кинеските ресторани,а мм го обожава
@Mayyya, кај беше ти за натпреварот во тегла, моме. Преубаво изгледа. Се надевам ќе те видиме во темава и во иднина. Ме мами тегличкава.
Жапче и мене ме мамеше и вчера откако ја направив помини-замини од кај фрижидерот лапни си. Ама вечерта пак си ја дополнив и не ја чепкам веќе, бар два-три дена да отстои.
Со либето секоја недела ја следиме темава и секоја недела ми нафрла идеи што можам да подготвам (гледам сака да сум во кујна ). Ми се виде интересна комбинацијава со овошје и сирење и го послушав. Sweet Caprese сендвич: -Ciabata лепче -Овчо сирење на скара -Домат -Карамелизирано овошје - мед, грозје и смокви Декорација - босилок Spoiler: Слики плус :)
Ми го растргнавте желудников на сите страни. Се сакам. Поздрав до либете, Марама. Да си го чуваш чим и за слатко-солено има идеи човекот и не му се крева косата. пс. истото го мислев инаку, минус доматот, со помфрит..јајце Маyyyа....и јас така би правела,богам. И ја спомнав на мајка ми комбинацијата..одма посака да направи. Подголтна Супер рецепти
@zhap4e ку(р)вар ми е либето ти не знаеш што се му помина низ глава Инаку мене @Babushka ми е фаворит, да начекам мисиркини батаци, карабатаци обавезно ќе го направам јадењево.
Жaбo не си јa бркaш рaбoтaтa кaкo требa, пoминa време, требa дa свирнеш фaјрoн, дa јa пoбaрaш Реин дa стaви aнкетa (јa би, aмa не сум вo нaјдoбри oднoси сo неa) и дa сoбереш сите слики вo еднa. Сo слaвaтa oдaт и oдгoвoрнoсти, дa не зaбoрaвиш @zhap4e
Мене ептен ми се допадна темава, и жал ми е што немаше голем одзив, баш ме интересираше што вкусни јадења ќе излезат, да добијам некоја идеја. Инаку фаворити ми се @do-re-mi ,ме купи одма мене зошто се давам во кинеското пилешко слатко-кисело, и слатките пилешки топчиња со ананас, праски, моркови и чуда. Потоа @Babushka иако од прво мислев дека сосот е од цреши/вишни, не знам зошто, ама и вака ми потекоа лиги, превкусно изгледа! И сега, не можам да се одлучам.. Ајде бегајте таму.