@Bridget, јас сум лост ин тајм енд спејс. Поима немам кога завршува,кога почнало... @RainBow, анкета? И јас не знам за кого да гласам. Од се би пробала и би направила. Мака ми е што не ја направив бар хаваи пицата,ако друго не. Ама многу се заразив со кодовите. Ни ручек,ни бутур од мене...во вакви моменти.
А, зошто последниот објавен рецепт на femina.mk. е Нутела чизкејк т.е зошто не е објавен рецептот на @zhap4e ? Или јас не знам кај да го барам?! @fairy88 , @blueeparadise фала ви и слободно (ако решите да го пробате рецептот) прашајте ако нешто останало недообјаснето. Жапче, ти продолжи си со кодирање но, не нѐ заборавај.
Анкетата е поставена, се извинувам за доцнењето. Рецептот на жапче ќе биде објавен наскоро. @do-re-mi го доби мојот глас, ми изгледа како одлична комбинација, а и фотографијата е на место.
Гласано... За девојката што што прва се одважи да направи слатко-солено јадење @Bridget Рецептите од темава нема да ги „меморирам“... Си кажав, дома сите ми се традиционално настроени, па слатко-солениот вкус нема да ми помине Традиционално...
Досега воопшто немам пробано вакви комбинации, вкусовите не можам баш да си ги замислам , па гласав за најшаренкото и најразиграно за око (според мене) @Ginger^ што ќе ме частиш? Од мене ти е гласот
Мојот глас го доби @do-re-mi затоа што според мене рецептот и сликата и се баш за на насловна.Многу професионално изгледаат.Ова објективно. А, субјективно, само нејзиниот рецепт ме застрви и сакам да го пробам.
Веќе се изјаснив, блазе дедушко со таква @Babushka. (Ова случајно испадна на #натидајми ситуација) Инаку, пред да заврши темата, да споменам уште две омилени комбинации: кесадијас со манго/ авокадо салса и пица со козјо сирење. И не баш на темата: брауни од азуки грав. И малку да ве охрабрам, малку поавантуристички со храната, некои комбинации пријатно ќе ве изненадат.