Ова да испадне дека подобро е да ја плукаат темата. Тогаш повеќе ставаат слики. Мала шала. Г*з преку глава сум деновиве, ама ако ми се сите овци на број во недела, ќе спремам нешто слично на тоа што го постирав во ФИ последниот пат. Ќе го прилагодам уште малку за темава.
Фурнарински со сос Spoiler: рецепт Рецептов го видов од една членка тука за фурнаринкитe, а рецептот за сос е лично од мене Потребни состојки: - готово тесто за пица - кашкавал - сусам - оригано - павлака - мајонез - босилек - мелен лук - бибер - кари Подготовка за фурнаринките: - Готовото тесто за пица, се сече на ленти и на нив се реди кашкавалот, сусамот и ориганото. Се става на тивко да се печат, околу 150 степени. Подготовка за сосот: - Количински нема потреба за состојките, битно е да се погоди вкусот. Се става отприлика околу 8 големи лажици павлака, мајонез се додава неколку лажици плус за разлика од павлаката. Потоа се става кари, лукче, босилек, оригано и бибер. Се меша убаво и доколку вкусот не е како вие што посакувате, ќе си додадете плус од состојките Бон апетит ^^
Солени тостерки со сусам Потребни состоjки 1 кг брашно 200 мл масло 200 мл млака вода 2 пецива 2 јајца 2 лажички сол 2 лажици пченкарно брашно 100 гр сусам 20-30 гр ким 200 гр сирење Подготовка Од сите наведени состојки се замесува тесто. Се прават топчиња по Ваша желба дали поголеми или помали и се печат на загреан тостер. Може да си додадете и зачини по желба како оригано на пример.
Изнапишав цел реферат и несакајќи го избришав. Палачинки филувани со павлака и копар, ливчиња салама, кашкавал и парчиња крставички. Се витка ролат со фолија, во фрижидер еден час, се сече и толку.
Сликите, благо речено, ужасни...камерата ми е изместена, немам поима што и е маката,, а богами и не ми се занимаваше. Колку да има плус натпреварувач. Некој друг пат ќе чепкам во сетингс. Како сакате крстете ги. Сигурно имаат име некакво ваквите компири. Комприот е исечен на подебелки тркалца и сварен (не сосема) во посолена, сосе лушпата. Од црвените компири имам, тенка лушпа па не е проблематична, а, по декоративно џоамити. Ставени се потоа на намастено тавче врз лукче и сусам се наредени. Одозгора на секоја кришка има мешавина од сирење (мешано) и кашкавал со рузмарин. Сосема малку се прелиени со јајце и одозгора лебни трошки - заради крцкав ефект..оти немав некои јаткасти плодови или пченкарно брашно, гриз и сл. Само црн бибер плус од зачини и подзапечени се малку. Врз нив, по печење..ради декорација,мирис и шмек - исецкан на тенко праз, зрнца сварен грашок и заради декорација - домат исечен на тенки ленти. Од сусамот, празот, лукот има фин мирис и вкус.. иде со салца послужена или бел сос или обично балсамико/лимон со маслиново. За љубителите на месо, нека си вметнат сланинка нешто мирисно, мрсничко и вкусничко. Идејата е... од онаа салата од компир од детството..мајка ми ја правеше на тркалца сварен компир, прелиен со зејтин и оцет и врз секое тркалце кечап една точка и исецкано празе. Многу и се радувавме. Скромни деца. Уште една-две лоши фотки. И доста е. Spoiler
Не ми се сите овци на број, ама сепак си ја завршив задачата. Домашни брускети Потребно: Багет Сувомеснат производ Кашкавал (гауда/едамер) Сирење (фета, убаво се сече и не се рони) Домат Краставица Маслинки Маргарин/путер Багетот се сече на парчиња со дебелина од околу еден - еден ипол сантиметар. Се мачкаат со путер и се ставаат во претходно загреана рерна да се потпечат. За тоа време, листовите кашкавал се сечкаат на четвртини. Од сувомеснато употребив кулен, кој го исечкав на половинки. Доматот на ситни парченца, а краставицата на тркалца. Од маслинки употребив црни, несолени, со семка. Само тие ми се допаѓаат. Фета - Емборг и козјо сирење со зачини. Откако ги запеков лепчињата, го извадив плехот и ги наредив со кашкавалот. Го вратив во топлата рерна колку да се стопи кашкавалот. После ги наредив со кулен, па краставица, домат, сирење и маслинка. Ги прицврстив со чепкалки за заби, како што може да се види. Варијации и што би можело да се смени: Багетов е од обично бело брашно. Може да биде и од интегрално. Наместо кулен, може некоја печеница, чадено месо, сланина, салама, што да е. Златиборац имаат голем избор. Наместо обичен домат, може шери, на половинки или четвртинки. Јас работев главно со производи што ми се најдоа во фрижидер. Козјото сирење би го изоставила. Не се сече добро, се рони. Го ставив заради разноликост на вкусови и заради сликата. Фета сирењето е совршено. Иако, би ставила од она во масло и зачини. Од една страна е подекоративно, коцките се помали, а од друга страна има убав вкус. Пожелно е маслинките да бидат без семка. Попрактично е. Меѓутоа, јас само овие ги јадам, а од нив ретко се наоѓаат без семка. Еве уште некоја бонус вкусна фотка во спојлер. Spoiler: Мњами Бон апетит!
Интегрални крекери, со путер од кикирики Рецепт за крекери: 700 гр интегрално брашно 250 мл. масло 250 мл бело вино 200 гр сончоглед 200 гр сусам 1 пециво 1 лажичка сол Прво се промешуваат сувите состојки, па се додаваат течните и се замесува тесто.Се расукува кора и се вадат форми по желба. Се пече на 200 степени, околу 15 минути.
После сликата на @Lady Phoenix мислам дека нема потреба да пробувам да зготвам нешто Мојот глас оди кај тебе девојко @IronLady ако одиш на насловна чекам благодарност до мене за рецептот да ми напишеш
@PrettyDramaQueen, зошто сама се елиминираш од старт? Сликите на Лејди (и рецептот) се прекрасни но, не еднаш во темава е напишано дека повеќето членови преферираат да гласаат рецепт, а не фотографија. Сакам да кажам, секој има шанси за победа. Засукај ракави, има уште време. Ја чекаме и @Dgirlll со рецепт на темава.
Лејди, јаки ти се овие, прво што ми текна кога ги видов - Коунхед фамилијата Баш вчера или завчера гледав некој филм на мртв,со марсовци во вестерн па затоа сега сé ме асоцира на тоа. Преубава фотка. Цела инспирација има во нив. хах Туку поскоро сакав да пишам (Едно тргнам да зборам,десето испадне) дека пред некое време разбрав како да им ги вадам семките на маслинките полесно,особено кога правам пици и слично,место да ги сецкам околу семката. Ја налегнуваш на даска, со рамниот дел од ножот ја покриваш и натискаш со раката со сета сила - да се згмечи тро. Одма полесно се вади. Сето месо се дели од семката. Ќе ги пробам крекерите. Ме потсети рецептот на оние колачиња со слатко и ореви внатре и извалкани во шеќер. Баба ми ги правеше..и тие се такво некое тесто со вино и масло. Ќе почекам јас пред да одлучам за кого ќе гласам. Прити Драма, засукај таму ракави и дај нешто и ти
@zhap4e хахаха, леле, коунхедс. Ќе си умрам со тебе. Абе се' за естетика. Вака убаво изгледаат, на што би личеле згмечени? Башка, морам да победам овој пат. Ако не, либево ќе ми ги набоде сите чачкалици по мене, зашто го терав во најжешкото само по тоа да излегува. А @do-re-mi ми ги поткопува шансите со анти-кампања. Мала шала, да се врати шмекот на натпреваров. Секогаш има голема конкуренција, јаки рецепти и убави фотки. Ама пред се', рецепти. Јас веќе најавив што би спремала. Некогаш сум за комплицирано, некогаш за поедноставно. А колку ќе биде бендисано - ќе каже крајот.
Навивам за Бриџетка, би и за Лејди, ама кашкавал и сирење заедно комбинација ич не ги можам. Или едно, или друго
@Lady Phoenix odamna ja demnam daskava tvoja. Kupena e ili DIY ? Go otekov maz mi denes da ja prouci I da mi napravi.
Даскава е релативно мала. Купена е од Грција, од маслиново дрво е. Ама верувам дека некој повешт би можел да си направи и сам.