Тамам се, со семка. И јас за декорација така ги ставам оти и јас не ги јадам оние без...не ми се вкусни. Ама на пица и други такви работи, глувциве ми се бунат нејќат цели,со семка.Само трикот од нет да го споделам, работава.
Pepermint,ubavi daski od drvo, za serviranje, ima vo Monozero,karsi soborna se naogja prodavnicata. https://m.facebook.com/MONOZER0
Лејди, ја разбирам шегата но, веќе ни на сон не би водела кампањи и анти-кампањи на темава. Само сакав да охрабрам уште некој член да учествува, без да се демотивира од било чии убави фотографии (во случајов твои, следен пат на пр. на Ана итн.) И при тоа, само парафразирав туѓи ставови, веќе напишани на темава. Што да правам кога, колку и да внимавам, музите не ми се наклонети и сВе погрешно сум разбрана?! Орхидеја, се заљубив во масичките од линкот. Ми реши една дилема.
Е, како не ми текна на Монозеро? А до каде стигнав ги испофалив откако ги открив на еден саем за мебел. Препреубави работи имаат. Малку се скапи, ама им се простува поради квалитетот и начинот на изработка. Сон ми е Монозеро. Ова од Грција ми е како утешна награда, иако не беше баш ефтино.
Состојки: 200 гр компири 1 квасец во прав 100мл масло 1 белка од јајце 1 лажичка сол мелен бибер 1 голема лажица ленено семе брашно по потреба (200-300 гр) Подготовка: Компирите ги лупиме, ги сецкаме на коцки па ги ставаме да се варат. Откако ќе се сварат ги дробиме со вилушка. Во издробените компири ги додаваме останатите состојки, на крај брашното. Замесуваме убаво тесто, кое го развлекуваме во дебелина околу 1цм. Од тестото сечиме форми во вид на стапчиња, кои ги редиме во плех во кој предходно сме ставиле хартија за печење. Стапчињата ги премачкуваме со жолчка од јајце и врз нив наросуваме сусам и црн кумин. Ги печеме 20-30 мин на 200 степени. За сосот употребив 1 лажичка мајонез, 1 лажичка сенф и сусам
As i promised Spoiler Подготовка : Користев овчо сирење и млечен намаз, убаво ги измешав дур не добив глатка смеса, и ги формирав топчиња кои ги прпелкав во буковска пипер, сусам и магдонос. Наместо чечкалица употребив гризини simple as that. Сакав нешто благо да направам, ама немав многу време за експериментирање.
Мини корпици со три фила Тесто: 200ml млеко 1филџан масло 1јајце 1лажичка сол 1 пресен квасец Брашно по потреба Квасецот се остава да стаса со 1л шеќер,1л брашно и малку вода. Од квасецот и останатите состојки се меси средно меко тесто и се остава да стаса. Одкако ќе стаса, се растегнува кора дебела околу 5 mm и со чаша се сечат кругови од тестото кои се ставаат во претходно намачкани со маргарин метални корпици или друг облик на калапи. Фил од пилешко 300г. пилешко месо( батак или гради) се вари со зачини. Свареното месо се сецка на парчиња, се додава 200г.сецкан кашкавал, 100г. сецкани маринирани шампињони, малку кечап, 2лажици павлака, оригано. Од филот се става во секоја корпица и се пече. Само овие корпици се печат заедно со филот. Останатите, се обликуваат во намрсени калапчиња, над тестото се става малку кујнска хартија и неколку зрна грав или ориз да не се подига многу тестото. Фил со авокадо 1 авокадо, се блендира со малку сок од лимон. Потоа се додава крем сирење 150- 200г, малку сецкан босилек, црн пипер.Се меша сето и се полнат корпите. Од горе се става чаден лосос. Фил со павлака 1краставица се сече на поситни коцки, се додава дробено или рендано сирење, неколку парчиња сувомеснато( може и без него), сецкани ореви, 2лажици мајонез, сецкан магдонос и павлака да се измеша сето тоа. Со овој фил се полнат третите корпици и се украсува со маслинка. Кај мене се задолжителни за секоја прослава. Погодни се зошто првите можат и да се замрзнат со филот, а останатите празни, па по потреба да се полнат со било каков фил или салата. Толку од мене
Ај и јас да не останам покусо. Канапеи (или залчиња) со малиџано Наредив: Леб сечен на кругови Кулен Малиџано салата Краставичка Намаз од сирење со зачини Маслинка (овие ко на Лејди, подобро ќе беше половинка од тие зелените со пиперка)
Синоќа со дечко ми гледавме филм и си подготвивме мала закуска: во тава ставаме еден ред тортиља чипс, кашкавал, па лути мексикански пиперчиња, халапењос, мексикански сос и ставаме во релна да се стопи кашкавалот. Кога ќе се стопи и ставаме уште еден ред чипс и кашкавал и пак во релна. Кога го вадиме ставаме Домат, кромид , авокадо и магдоносот стојат еден час со сок од лимон пред да го правиме начосов.
Море што сте вие итрици, сите на крај а? Инаку, се шириме кон светот, почнаа да крадат слики од нас, на популарноста и нема крај http://www.woman-onthe-top.net/p/torta-sharlota/
Edvaj cekam gosti da mi dojdat,da ukradam od vashive recepti...Alal da vi e na site.Tolku kreativni i veshti zeni .
E шо само ние ли да крадеме за да се правиме убај тука. Вака веќе е подруго, полесно е кога знаеш дека процесот наречен кражба на слики е реверзибилен. И од тука и за тука.