Леле,сега и мене ми е мака што избрзав со тоа сликите, место да ги чепнев сетинс. Смотла. Какопадане. Мајкоооо. Јас немам поима за кого ќе гласам. Знам само дека се би кркнала од тука. @Mama25 да се јави на рецепција. Мислам нејзина беше тортата што и ја украле Бугаришчана, клети.
Женски, значи браво.За секаква пофалба. Не постои кулинарски предизвик на кој не можете да одговорите. А особено има добри одговори во 5 за 12 шо би се рекло, оние џокер у покер. Едвај чекам гласање и нова тема, па може и јас некое учество да земам. Ја уствари се правам, ама многу се фалам по фб со направеното, па и тука ако ставам ептен ќе ме препознаат, а особено ако победам па и на насловна ќе ме стават со специјалитетот ..затоа ме нема . Аплауз за сите вас и висока оценка 10.
Пица залачиња со црно брашно Spoiler: Рецепт Рецептот е отприлика за 48-60 залачиња Тесто: - 500 гр мешавина црно брашно за леб - 1-1 1/2 кафено лажиче сув квасец - 1 кафено лажиче сол - 1 кафено лажиче шеќер - 1-2 супени лажици зејтин - 230-250 мл вода Се замесува меко тесто. Убаво се премесува. Јас го удирам 50 пати од маса. Се мачка со зејтин, се става во најлонска кеса и се остава минимум 4 часа да отстои во фрижидер (кога се брзам го оставам и помалку ) Калапите за мафини се намрсуваат со путер. Се зема парче тесто со големина на орев, малку се расплескува во вид на круг и се става на дното на калапот. Се става фил за пица по желба. Моите се со пелат на дното, по едно кругче моцарела, оригано и на половината ставив и по едно парченце шунка и по 2-3 резниња свежи печурки. Решетката се става најдолу во рерната. Рерната се уклучува на најјако што имате. Штом се загрее рерната, залачињата се печат 7-10 мин (малку да испари и водата од печурките).
ТацИ, @tace73 , тебе ќе те гласам. Толку, крај. Сега би ги лапнала. Не се мислам за никој и ништо веќе.
Гласав за @xGrapefruitx. Ме освои со хумусот. Едноставно, а превкусно. Сериозна конкуренција има овој пат. Анел прекрасни се мини корпициве. Рецептот обавезно ќе го пробам. А и на Жапче компирите изгледаат превкусно.
Како што си кажав на почетокот, мојот глас отиде кај @Lady Phoenix , а @anel ми докажа дека ништо не се знае се до последниот момент бидејќи навистина овде има цело купче женски кои кријат огромни вештини во кујната
А, бе, камерата ме бојкотира. Мутна ја, мутни слики. Тањир сија, компир мутен а, најубав на свет. Утре пак тоа ќе се јаде Друго не е битно. Туку,чекам сама да се оправи Еве,денови минаа и уште немам видено што и е. Ќе дојде ред и за друго јадење..и него ќе го сликнам мутно и ќе ја пцујам Не можам јас со такви детаљи, тривијалности. Да зготвам и да се изеде што побрзо е пракса... и да ги изманијачам сликите на сите тука,да се исполигавам. @anel и @Babushka од мене имаат доживотен глас вас не ве гласам. Другиве...плус тие што сме со мутни слики а супер рецепти, ми изгледаат вкусни, ме мамат А сите ме мамат сепак, Таци.
Навистина сите рецепти се преубави, жално е што само за еден може да се гласа, ама затоа пак сите може да се пробаат! А компирите ќе биднат богами за ручек, а не за закуска
Мислам дека ВЕЌЕ имаме неприкосновен победник. @anel убедливо води. Сепак, иако немам пракса да кажувам за кого сум гласала, овој пат јавно кажувам дека мојот глас отиде кај @marama зашто обожавам таков тип на грицки. Може некоја следна тема да биде италијанска, мексиканска или некаква кујна, па да ставиме некој рецепт прилагоден за наши услови. Нејзиново со начосот беше мексиканско, а мене ми се допаѓа тоа.