Се согласувам со @zhap4e Со анел и Бабушка нема утка Овој пат и јас гласав за Таци... оти пицата е во прашање.
Се смеам јас со Даст, дека за мутниот мој компир пишала Од личен што е и камерата ја дефокусирал Ќе си го ољуштиш и ќе си го направиш на чипс. Шо да му правиш и ќе викнеш патем. Другари за што се ако не за да поделат мака. Пивото од мене едит: идејата на Лејди ми е
@zhap4e па дека личен, него го гласав. Туку една идеja даде @Lady Phoenix , jас имам друга. Крофни Актуелно е тоа апаратчето за крофни, па би можело интересни крофни да излезат. Ова само како предлог
Ствар на вкусови е. Јас секогаш гласам за нешто што ми звучи вкусно, што би го јадела. Не гласам за изгледот на јадењето и квалитетот на сликата. Гласав за Анел.
Чекај сваќе, да не е рано за прчење, празникот треба да се истера, кај му е крајот ехеееее..... Да не останеме ружани-нецеливани, како во приказната за зајакот и желката Кој @galapce ? Сами си се најдовме, јас си побарав сваќа, Орхидеја се понуди. Ако имало уште нешто не знам, не сум редовна во читањето, признавам Туку од жабата имам доживотен глас. Да ми се внесе заедно со никот во сите идни анкети, а не само да ме фали, а не гласа за мене
Уфффф... Добро е стасав на време!!! Три дена не ѕирнав на Фемина Мислев дека завршило гласањето... @anel и сите останати што не почестивте со прекрасни закуски
@anel честитки драга. Заслужена победа си е заслужена несомнено е тоа. Се гледа дека си вистинска домаќинка и те бидува во кујна, дал за готвење дал за естетика и декорирање. Пред се креативна душа си многу. Видовме многу од тебе и ае надевам дека во идкнина уште повеќе ќе гледаме твои креации. Среќна победа.
Благодарам на сите за гласовите и за убавите зборови Да не се расплинувам во победнички говори , новата тема нема да биде ништо комплицирано и тешко. Вадете тенџериња и гответе Супи/чорби Се разбира домашни, не инстант Кој има нешто против нека каже сега или нека молчи засекогаш Spoiler: Теми 1. Пици 2. Ориз 3. Чоколадо 4. Тестенини 5. Бомбици 6. Месо 7. Салати 8. Ладни сендвичи 9. Македонска традиционална кујна 10. Чоколаден мус 11. Посна трпеза 12. Компири 13. Палачинки 14. Ситни колачи 15. Тиквици 16. Јајца 17. Мафини 18. Овошен десерт 19. Шпагети 20. Оброк во тегла 21. Сладолед 22. Пиперки 23. Риба 24. Чизкејк 25. Домати 26. Слатко - солено јадење 27. Закуски 28. Супи/чорби
Тамам е времето за супи и чорби. А за мене,како стареам, секој ден е добар ден за супа или чорба. Ајде,да ви ги видам манџите
Честитки за победата @anel Темата СУПИ / ЧОРБИ е дел од секојдневието на секоја домаќинка... Однапред се радувам на новите рецепти кои што ке ни ги донесе неделниов „натпревар“
Честитки за @anel како и секогаш достојна на предизвикот Ми се допаѓа темава многу, ептен сакам супи и чорби. Денес скроз случајно ми се погоди ручекот па еден скромен кам бек и од мене со Домашна супа од свежи шампињони : ))) За волја на вистината досега немав направено ниту еднаш домашна супа од печурки, иако обожавам и печурки и супа и иако се канам сто години да земам да направам. Решителност на нивоУ! Денес едно првенче и ми се допадна па ќе го споделам. Потребно е: -Едно пакетче свежи шампињони, јас користев вакви, не знам која грамажа се Spoiler: Шампињони но може и со други кои ги имате на располагање. - 1 средна главица кромид - 1 средна китка магдонос - 1 ипол лажичка сушена мајчина душица (уште поубаво со свежа) - 3 до 4 ливчиња ловоров лист - 1 лажица ворчестер сос (опционо) - 2 л бистра растителна супа ( може и од коцка, јас таква користев зошто немав намирници, но сигурно е поубава со домашна) - 250 мл крем за готвење/ хопла - малку масло за готвење - вегета - шарен мелен бибер ( или обичен) Се сецка на многу ситно кромидот и се става да се запржи во едно поголемо тенџере на малку масло. Кромидот се пржи на средна температура околу 5-6 минути, а за тоа време се сецкаат свежите шампињнои кои претходно се мијат или се бришат со влажна крпа за да се отстранат нечистотиите и земјата. Кромидот кога ќе се испржи се трга настрана, а во истото масло продолжувате да ги пржите печурките. Кога ќе почнат да испуштаат вода се додава повторно назад кромидот, мајчината душичка, листовите ловор и ворчестер сосот. Во меѓувреме на друга рингла се подготвува растителната супа. Доколку се припрема домашна супа, треба да ви е преходно спремна и да ја одржувате на млака температура. Кога ќе провријат печурките се додава ситно сецканиот магдонос, се остава да се прокрчка 1-2 минути и се додава растителната супа. Пред да се додаде супата може да се извади ловоровиот лист или да се остави до крајот на готвењето. Откако ќе проврие се додава 250 мл крем за готвење и во зависнот од тоа дали ќе користите солен или неутрален го дотерувате понатаму вкусот со сол/вегета и мелен шарен бибер. Се остава убаво да проврие заедно со кремот и малку да добие густина, но не повеќе од 10 мин. Во меѓувреме се потпекува леб и се служи заедно со подготвената супа. Ете толку. Верувам дека ќе и направам некоја модификација нареден пат, иако и вака многу ми се допадна. Кремаста и богата, совршена за ладниов период што престои. Некои велат дека уште поубава е да се јаде другиот ден, но јас немам такво трпение Ако некој проба нека потврди или негира : ))