Да се пријави @danichap на рецепција со нејзината фамозна супа од тиквЕ! Да се вклучи малку, што е ова, недговорност! Јас планирам да направам супа од домати, ама прво малку да ми се смири стомаков. Вчера имав непријатности. Предобра тема!!!!
Крем супа од компир со кашкавал, праз, сланина и кулен. Се пропржува кромидот со малку праз, кулен и сланина. Се додаваат ситно сецкани, излупени компири. Сето заедно се пропржува како за манџа. Една мала лажица крем супа од печурки, исто и пилешка (од кесичката,несварена) се запржува се налева вода и се остава да крчка. Кога ќе е сварен компирот, се меша брашно малку со неколку лажици од течноста во која се вари..можете и да го запржите ко запршка, заедно со малку млеко, павлака за готвење може и не мора..и со млеко само е доволно... јас претпочитам вака.. се додава во смесата заедно со кашкавалот и се меша да се згусне. Смесата може да ја испасирате, а и не мора...ако мешате со маталка, комприот убаво сварен, ќе почне да се рони. Од горе во чинијата ставете малку свеж праз, кашкавал/сирење,кој што сака..испржена сланина и кулен и сркајте. Spoiler
@An-na мило ми е што баш моjов рецепт те инспирирал. Уште помило ми е што ти се допаднала супата и на здравjе нека ти е
Дечки, до кога може да се учествува на оваа тема? Денес/утре планирам вака нешто лесен ручек, па да прашам за сигурно дали е се уште во тек и до кога.
Кaшaтa (крем супa) е нaпрaвенa, сликнaтa aмa сликa верoјaтнo утре oти тешкo дoпирaм дo лaп тoп вo пoследнo време. Oвoј месец ми истекувa стaрaтa претплaтa пa ќе земaм нoв телефoн сo пoдoбрa кaмерa, ќе видите виеееее....
Spoiler: рецепт Супа - 1 батак со карабатак - 1 морков - 15тина шпагети - 1 готова кокошкина супа - вегета, бибер, магданос, зејтин - Се вари батакот во тенџере со вода, откако ќе се развари се двои месото и се цепка на ситни парчиња, водата се процедува и се враќа во тенџерето заедно со месото, се додава претходно издробениот морков на тенки крукчиња, малку вегета, бибер, магданос и зејтин, се остава да зоврие па се додоваат шпагетите претходно кршени по отприлика 1-1,5см, се остава да се сварат шпагетите, потоа се додава готовата супа се вари уште 2-3мин и се поклопува со капак да отстои 5мин. Добар апетит - не ми се верува каков рецепт сврзав
@emkaemka Реткo кoментирaм зa кoе е убaвo кoе пoубaвo, зa кoе ќе глaсaм и сличнo oти и не ми се дoпaѓaaт тaкви кoментaри, aмa твoјaтa супa ме врaти вo детствoтo и зaтoa мoјoт глaс ќе oди зa тебе. Вo еден здив, ете Плус целoтнa сликa е
Крем супа од праз, компир и морков Spoiler: Рецепт 1 праз 4 моркови 5 компири ( средна големина ) зачин по желба ( јас користам сол, бибер и куркума ) 3 супени лажици маслиново масло 100гр сушен зелечук Празот се сече на парчиња со големина од 1цм, компирот се сечка на ситни парченца, а морковот се ренда и заедно со сушениот зеленчук и маслиновото масло се варат во 1 литар вода. Кога зеленчукот ќе се свари, се трга од оган и со рачен миксер се пасира додека се добие хомогена густа смеса без цели парченца зеленчук, се зачинува по желба и исто така се додава уште малку вода додека се добие посакуваната густина. Колку вода ќе додадете тоа зависи од вас. Откако ќе додадете вода се остава дополнително да се вари уште 10 минути. По желба се сервира со кисела павлака или кисело млеко.
Добро жени, еве попуштам.....и готова може, ако сакате и од оние детски со букви, само ставете нешто @Bridget и твојата ја чекаме
Сликата не ја бендисувам ама од тел ја ставам па ограничена сум со ефекти ама ај колку да учествувам. Рецептот (како и обично) препрост. Во тенџере со литар вода отприлика се вари на ситни коцки сечен компир и грашок. Во тава се запржува малку кромид, лук и пилешко. Пилешкото се вади на страна за да послужи подоцна за декорација, а останатото се става во тенџерето. Кога ќе се свари се додава малку павлака за готвење, се блендира со рачен блендер и...толку. На крај кисела павлака за декорација и малку свежина. Чорбичка излезе, не беше лоша.
Чорба од домати Потребно: · 3-4 домати · половина пиперка · половина кромитче (мало, потпечено на рингла) · 2-3 гранчиња целер · ориз · тестенини · 1 лажиче брашно (опционално) · магдонос Се ставаат да се варат доматите, пиперката, кромидот и целерот во еден литар вода. Кога ќе се сварат, доматите се лупат, заедно со пиперката и се пасираат, а другите зеленчуци се фрлаат. Смесата се враќа во водата во која се вареше зеленчукот. На тавче на страна се запржува мало лажиче брашно (на маслиново масло) како за запршка (А и не мора, зашто ќе се добие на густина од оризот и тестенините.) Се става во супата. Се сецка магдонос по желба (јас сакам повеќе), се зачинува со хималајска сол и бибер. Се додава една лажичка ориз и се вари додека се згусне и не испари малку од течноста. На крајот се ставаат и малку тестенини (домашни за супа ставив јас). Доброто е што се јаде и ладна, па е погодна за летно време. Ако ставите малку повеќе ориз и тестенини - се добива ужинка. Во комбинација со препечено лепче... Мххх. Добар апетит! Spoiler: Бонус фотки
Де ма Лејди виде дека лажица ставив па ајде одма и ти Па уште чорба било пиши зимница за во манџа, бар во тегле да ја ставеше @Lady Phoenix
Де мор, Емке, па како ќе го сркаме ова ако не со лажица? Ете, не турив во ист тањир ко твојот. Само замерки да се наоѓале. И земи пробај ја, па после за зимници збори. Види ја, каква е. Цццц.