Ни супа ни чорба јадам ама ако треба некогаш да правам би ја пробала на @Lady Phoenix лесно и вкусно ми изгледа па затоа овојпат гласав за нејзиниот специјалитет
@marama ме освои во секој поглед. А и морав да прокоментирам дека фотогрфијата со доза на мала есенска креација и е одлична за текот на овој период. Храната и вкусот не се сомневам дека не се примамливи кога се работи за една чиста и многу корисна состојка како што е морковот. Би јадела и би ја направила супава, ми мами, тавчето, бојата, таа декорација, дрвената масичка.. како од некоја идила донесено, целиот тој шмек на бои е неверојатен. Браво марамке.
Меѓу ординари и емка се одлѕчив за првата. Убави се и другите фотографии ама овие два вкуса се за мене супа.
Ајде тогаш гледам Марамава се прчи пред мене а Лејдито навреме ја ликвидирав, трчка пустата ама далеку е
Знаев ... Знаев дека темава ке ни донесе нови рецепти кои ке ги испробаме деновиве Браво девојки за сите прекрасни супи и чорби @marama прекрасно ... Обожавам моркови!!! Рецептот оди во фолдер „НАПРАВИ“!!!
Аааа Кукло ова вака не иде и јас се трудев ама мојата слика беше понеубава, еве и доказ вие мислите на прстен или не??
Марама, јас мислам до сега клекна ти допрва прашуваш. Шо ти е моме. Пред едно двесте слики ваши од готвење ќе го оженев.
Јас гласав за Марама. Не сум некој голем обожавател на супите и чорбите, а на Марамка ми изгледа како ново, интересно да се проба. А јас сакам да пробувам нови работи и затоа дека е ново гласав за нејзе.
Инспирирана од денешниот ручек по дома наредната тема нека биде - Мелено месо. Па да видиме и либето како ќе се покаже
Сакаш да кажеш ќофтиња. Или ќебапи. Една десетка со кромид. Имам еден рецепт за ќофтиња интересен па може да се пробам ко за прв пат у темава.
ШПАГЕТИ СО ЌОФТЕНЦА Spoiler: Рецепт Тестенината ја вариме по упатство. За 4 порции потребно е 300гр. мелено месо, сол, бибер,вегета, малку кромид, лебни трошки, јајце, масло, босилек или друг зачин по вкус, малку сенф, малку кечап. Се меша смесата со меленото месо, се обликуваат ќофтиња и се пржат кратко на загреано масло. Во сад мешаме томатело, додаваме по вкус сол, шеќер, вегета, сенф, масло, вода, босилек, мешаме и го додаваме во садот на оган кај ќофтенцата, кратко да се повари. На крај сосот со ќофтенца го додаваме на тестенината. Пријатен апетит!