Гига плескавица а ла Ординари Spoiler: рецепт Мелено месо,јајце,кромид,презла,зачини.Се пече.Кога е готово се става кашкавал да се растопи.
Полнет модар патлиџан: -Рецепт: Ние полневме еден модар патлиџан, се сече на пола, се длаби средишниот дел, а модриот патлиџан го премачкуваме со зејтин, бибер, сол, лук во прав и го ставаме на грил тава. Во тавче морков и кромид на тивко се пропржува, се додава мелено месо и се појачува температурата. Посолуваме, бибер, црвен пипер и додаваме ситно сецкан кулен на коцки. При крај додаваме ситно сецкана зелена и црвена пиперка и шери домати. Кога е готова смесата го полниме патлиџанот и го печеме во загреана релна 10 минути.
Spoiler: рецепт За седум раженчиња употребив околу 300 г мелено месо. Се додава едно јајце, ситно сецкан кромид, зачини и лебни трошки. Смесата убаво измешана се остава 30 минути во фрижидер. Потоа се прават топчиња во големина на орев. Се сецка зеленчикот (тиквици, домати, пиперки, кромид) на парчиња. На стапчиња за раженчиња се боцкаат топчињата месо и зеленчукот. Се разбира можни се различни комбинации. Раженчињата се печат на грил тава на тивко, додека не се потпечат убаво од сите стани.
Кoј ќе се рaзбуди вo 7 вo неделa, oвa ќе му е зa пoјaдoк. И oвoјпaт кoлку дa ме имa, шпaгети сo (да речеме) бoлoњезе сoс. Се зaпржувa крoмид пa се дoдaвa меленo месo. Кoгa ќе испржи месoтo се дoдaвa дoмaтен сoс и зaчини пo вкус. Се мешa сo претхoднo свaрените шпaгети
И јас имам шпагети со болоњезе сос. Се варат шпагетите со сол и путер. Се пржи месото со кромид, морков, сол, кари, куркума, оригано и путер. Се додава томателото на крај.
Бокаче, имаш програма на гугл или плеј стор зависи од каде се вклучуваш. Симни фото ресајзер и намали ја фотографијата без сечење. Се надевам ме разбра.
Да си ме почекате до приквечер не знам дали е време за анкета. Ама, колку да се учествува. Слабо бамбургери Да закачам и јас нешто. Обично. Ако има време и до утре,утре уште пофино би ми било да е.
Оооо, овде уште нема гласање? Чек и јас едни полнети пиперки ќе ставам. Едни со мелено и ориз 2-3 само со месо. Рецепт: Идеш по пиперки и некој домат. Забораваш кромид и се враќаш да докупиш. Кило мелено месо запржуваш со сол и црвен пипер. За тоа време миеш пиперки и неколку наполнив само со месо, во остатокот ставив филџан ориз. Допржив уште некоја минута. Ги ставив доматите одозгора налеав малку вода и оставив да се вари
Обично пита лепче, купечко,домашно..какво год имате. Запржете мелено со кромид, зачини, малку домати и пиперки. Додадете малку кашкавал. Кој сака луто, нека стави чили семки... Бел сос со лук да разбие монотонија... и толку. Spoiler
Ама се развика, чиниш вратата ја затворија и запечатија глеј да не е поубаво од моето.Оти за моето се изнамачив повеќе со блутуто оти нејќеа да си се препознаат со телефонот,мајку им нивна. Секоја недела нешто ново работава изникнува треба да се откажам ја од оваа работа.Многу енергија ми одзема и нерви ми се кинат,непотребно за три ,четири гласа.
Еве мееееееее Wi-fi Бурек со мелено месо Рецепт - се од око Зависи колав бурек правите па отприлика толку и месо. Ако ви остане се става во фрижидер за длабоко замрзнување па се користи и за друга намена, а ако не ви стаса довршете со рендан компир или сирење Месото го запржив со мноогу кромид, пошто многу е повкусно а и го сакам кромидот во меленото месо. Се зачинува по желба. Јас користев сол, вегета, ѓумбир во прав, мелен црн бибер и секако масло За тестото користев брашно, сол и топла вода. Го поделив на не многу малечки колачиња и ги отсукував, прилично колку еден тањир па и помалечки. Се премачкуваат со масло и се ставаат малку да отстојат, зависи од брашното колку време да стојат, дали 5-6 минути или па помалку. Секоја кора се растегнува на крпа, кората што потенка тоа подобро и се става од месото, малку се попрскува со масло и со помош на крпата се врти во ролад па правец во тепсија обложена со масло. Пред печење уште еднаш се попрскува со масло и се пече додека не порумени. (жими рецептов) Се служи со јогурт. Добар апетит ^.^ Spoiler: Гратис На крај, напијте се филџан, топло, црно,македонско / турско/ експресо кафе. Наздравје @zhap4e Жабе, не ми крекај ногу ногу зш се убив со мајка ми буреков со мелено месо да е, се запнала таа со сирење па со сирење