Па, да ставам утре анкета, да биде како што беше предложено погоре, пон, вторник и среда да се гласа, па другите денови да се готви. И така сите слики скоро за викендот се ставаат. Може?
Рецепт Spoiler За еклерите: Половина шолја (125 мл.) млеко Половина шолја (125 мл.) вода 6 лажици путер 1 лажица шеќер малку сол 1 шолја (250мл) брашно 5 жолчки На средна температура загрејте го млекото, водата, путерот, шеќерот и солта. Штом путерот се растопи, додадете го брашното и мешајте да се соедини смесата. Тргнете го настрана и разбијте ја со миксер а потоа, додавајте ги жолчките една по една и продолжете да мискирате. Потоа стандардно, на намачкан плех со шприц, печете ги на 220-250 степени 10-15 минути, потоа намалете на 170-200 степени и допечете ги уште +/-20 минути. Штом се готови извадете ги и направете ги пресеците,внимателно да не се распукаат. Крем карамел излегуваат некои си 2 ипол шолји, повеќе одошто е потребно за еклериве, па може да ја намалите или евентуално за друго да си го искористите..до два дена ување во ладилник, инаку, според упатството од нет цц. (за следен пат, јас би користела помалку шеќер, бидејќи вака ми се чини преблаго..ама јас и речиси и не јадам благо веќе, па се ми е преблаго..глувциве не се бунеа нешто многу) 1 шолја шеќер 1/4 шолја вода 2 ш. млеко 1/3 ш. густин (немав, па користев брашно) 4 жолчи (јас искористив 4те белки од тестото за еклерите наместо плус јајца да кршам и плус една жолчка, а од остатокот белки, направив шлаг) 1 л. путер ванилин шеќер. по мој избор,додадов и малку нес кафе. Шеќерот и водата нека зворијат на средна температура, дур не добијат руменеста боја некои си десетина минути... тргнете настрана и додадете го млекото, и повторно вратете на оган да зоврие и се соедини. На страна измешајте 4 лажици шеќер, густнот/брашното и додадете ги во тоа јајцата...миксирајте да се соединат. Додавајте по малку од шербетот и миксајте.... додадете ја смесата во тенџерето со шербетот и мешајте да се соедини.Вратете на оган за некои 3-4 минути, додадете путерот и ванилата...штом е готово оставете го да се излади, покријте и ставете го во ладилник да се олади. Користете миксер ако ви е направен на грутчиња..можете и пред да го користите да го измиксате. Во него јас додадов и малку нес кафе. Јас чекав да се олади пред да го ставам на еклерите, така што прво карамелот го имав направено вчера, готово...потоа еклерите. Секој еклер е премачкан со карамел, врз него лешници... врз еклерите растопено со малку млеко и путер чоколадо, врз нив обичен шлаг направен..без многу устручавање со шприцови, оти искрена да бидам,ме мрзеше...шлагот е направен од преостанатите белки, ванилин шеќер и миксано е врз пареа. Врз нив ради декорација ставен по некој лешник,искршено и изрендано чоколадо за готвење и толку.
Сакам стандардни еклери. Внатре фил, надвор многу глазура од чоколадо. Кај нас во слаткарите тоа важи за еклер. Се друго е некоја крофна. Гласав за @Dgirlll , оти имаат најмногу чоколада одозгора.
Добро, еклери, профитероли, да им оставиме тоа на Французите. Сепак е истата слатка, само различна форма и глазура.
За мене тоа е еклер. Се друго принцес крофна. Не го сакам вкусот на фил и тесто. Си сакам чоколадо бре.
На мене, искрено, сите ми се допаднаа. Сакам еклери и класичниот изглед толку ме потсеќа на дома. Но, овој пат, во име на посебноста на темата гласав за @zhap4e. Баш лајк за идејата, бидејќи успеа од еден шаблонски рецепт, да направи десерт што се издојува по изгледот. Со лешниците и целиот изглед одозгора, несиметрично распоредени ми изгледа како дело на скапа француска слаткара! Well done!
Избегнувам да кажувам за кого гласам, ама овој пат ќе кажам дека ме освоија жабешките еклери. Баш ме интересира следна тема која ќе биде.