Повторно и повторно, ги разгледав сите фотки и ги прочитав сите рецепти Браво за сите готвачки оваа недела Правењето ЕКЛЕРИ е мајсторија, па затоа сите имате гооолема 10-ка Но, имам само еден глас... Според мене, прави еклери се прават со фил од брашно и жолчки Гласано за @♡BuBaLe♡
Плус, само Бубале си ја напиша чесно финтата - да се остават во исклучена рерна после печењето. Инаку спласнуваат и омекнуваат. Покрај ВалДим, ама таа не стави еклери па не се важи. Ова го ценам и затоа гласав, бидејќи една другарка ги фрли неколку пати пред да ја добие точната рецепта - толку мала а голема разлика. ... Не ги читав рецептите на сите, ако и некој друг го напишал тој детаљ се извинувам.
Ајде бре, ја мислам досега ги вртат жабјите батаци, а они уште плетат @zhap4e Ар ју реди? Дали ја смисли веќе новата тема?
Не сум. До 13ти,ехе. Може ќе ги пишманат луѓето. Не се знае се бидува. Туку, кај се видело жаба да готви Сумљиво,доста сумљиво велам јас.
За малку ќе го испуштев гласањето. Гласав за Кукла, бидејќи и ветив уште откако и ги видов еклерите, не знаев дека и останатите ќе направите исто толку убави еклери. Простете што се сомневав во вас. Некако и поубаво што и ветив на Кукла, оти ќе не можев да се одлучам помеѓу ДГрл и Жапче. Како и да е. Честитки Жапче! ♡ Се надевам следната тема нема пак да е со благи работи, па ќе можам и јас да се приклучам.
Кремаста салата, оти нели, зимо е..може сега павлаки и мајонези, пилав/рижото или тава (каква било, турлитава,селска тава итн.)? Што би вие по да зготвите, дами и господо? Да прашам со време,ако се деси промена во победник, не ќе важи Упс, темите прво да видам. 1. Пици 2. Ориз 3. Чоколадо 4. Тестенини 5. Бомбици 6. Месо 7. Салати 8. Ладни сендвичи 9. Македонска традиционална кујна 10. Чоколаден мус 11. Посна трпеза 12. Компири 13. Палачинки 14. Ситни колачи 15. Тиквици 16. Јајца 17. Мафини 18. Овошен десерт 19. Шпагети 20. Оброк во тегла 21. Сладолед 22. Пиперки 23. Риба 24. Чизкејк 25. Домати 26. Слатко - солено јадење 27. Закуски 28. Супи/чорби 29. Мелено 30. Еклер
@zhap4e честитки, кажувај нова тема. Се договоривме до среда да биде гласањето, а и така разликата е доста голема, па може да се оди со нова тема.
Кремаста салата ко така. Било која од салатите што ги мезите за посебни или непосебни пригоди кои содржат дресинг павлака и/или мајонез и останато.
Честитки @zhap4e , иако со тешко срце, морам да признаам дека некој ме победил во еклери Два пати неделно правам, а твојава рецепта ја сместив во фолдер - то ду деновиве ќе се бори за место и во тефтерот! Новава тема
Фала ти Бубале. Твоиве си се класика. Лапни - голтни. Превкусно изгледаа. Како и на останатите Друго би било ако имавме и пробување во темава. Сите резултати може ќе беа инакви Кујзнае.
Честитки @zhap4e Браво за новата тема Има ли повкусно нешто од ситно сецкани деликатеси споени со убав прелив Мислам дека оваа недела ке отворам нов фолдер во компјутерот... Кремасти салати на Феминките! Знам дека ке изненадите со прекрасни нови рецепти...
Aј да направам сефте и во оваа тема Едноставна пилешка салата која често ја правам: Spoiler: Рецепт 1кгр пилешки стек 1 тегла сечкани печурки 5-6 кисели краставички 4 мали павлаки 3 лажици мајонез 2-3 лажици сенф бибер, сол