Here we are! Црвена крем салата. Потребни состојки: - 500 грама ситни макарони - 3 јајца - пола тегла цвекло - околу 15 зелени маслинки со пиперче - околу 15 црни благи маслинки со семка - две - три лажици павлака - една лажица мајонез - сол и мелен црн бибер Подготовка: Се ставаат макароните и јајцата да се варат. Во меѓувреме се сецкаат маслинките и цвеклото. Откако ќе се сварат јајцата и тие се сечкаат ситно на коцкички. Потоа се додаваат сварените макарони, павлаката и мајонезот, зачините и сето тоа се меша.
Ептен ми ја погоди темава. Се мислев која салата да ја направам. Знам еден куп вакви рецепти. Додуша сите се на некој начин слични, само што треба да точно да ги погодиш состојките. За пробување доаѓај одма, додека е тазе.
@Ketchup Абе срно не ми е мене верно 500 гр. макарони плус додатоци а само 3-4 лажици мајонез и павлака И цвекло баш од тегла не волим, ама ај ќе ти турам лајк
Редена салата (во литературата позната како Мимоза салата) Количините на состојките се индивиуални во зависност од садот во кој ја припремате салатата. Јас употребив 200 г. варен компир, 3 варени моркови, 200 г. шунка, 200 г. кашкавал, две варени јајца, две кесички мајонез и 400 грама кисела павлака. Во подлабок сад се реди рендан компир, морков и слој мајонез. Потоа слој рендана шунка, рендан кашкавал и слој павлака. Слоевите се повторуваат додека не се потрошат продуктите. Слоевите ги зачинував со ситно сецкан свеж копар, кој даде свежина на салатата. Се украсува со рендани варени јајца. Се разбира можни се и други комбинации на продукти по желба. И нешто што требаше да личи на мимоза Spoiler
@Peppermint одлична салата, меѓу омилените ми е. Ќе правев друго, ама испаднаа некои ситни макарони гратис, па да искоритам ситуација. Ќе се натпреварувам со мистер Кечо Кесичка макарони од најситните се вари во вода со сол. Откако ќе се сварат макароните убаво се цедат и се оставаат да се оладат. Во процесот на ладење можно е да се залепат но внимателно со мешање се раздвојуваат да не се раскршат. Се сецка на коцки 350-400 грама салама, јас користев мисиркина шунка. Исто така се сецкаат уште десетина кисели краставички на ситни коцки. Се додава 350 грама дробено сирење и произволна количина тостиран сусам. За пикантна варијанта како што направив јас, се додаваат уште 2 поголеми феферонки. На крајот цела смеса се спојува со две големи лажици мајонез и голема кантичка павлака. Додадов и мелен шарен бибер, некогаш ставам и кари, овој пат се решив за друг вкус. За декорацијата користев пиперче во масло со урда и магдонос. Убаво би одело и со копар заради краставичките. И не сакајќи решив што ќе јадам за ручек денес На здравје.
Ruska. Klasika. Resiv ovde da ja stavam,ima konkurencija i toa jaka i ne se nadam mnogu,ama dojdov vodata da ja zamatam samo Sunka,kaskaval,kiseli krastavicki,varen morkov,varenkompir,grasok od konzerva i majonez. Produktite se seckaat na kocki i se svrzuvaat so majonez. Kolicinata e po zelba. Mojata izgleda vaka
Може ли и јас да упаднам во темава, мада не знам дали ова може да се смета за салата, ама има зелечук има овошје, значи салата е Топла крем салата со макарони, пилешко и авокадо. Состојки: Макарони 3 пилешки копани(мали) 1 поголемо авокадо 500 гр павлака магданос, калинка и зачини по желба (ама со калинката има врв вкус) ворчестер сос и соја сос. Се варат макароните и се тргаат настрана да се оладат. Се дели месото од копанот и се попржува на путер. Во него се става зачини, јас ставив кари, вегета и црн пипер и се додава лажица ворчестер сос и лажица соја сос и се упржува убаво. Се додаваат макароните во тавата и малку се остава да се спојат вкусови и се трга од оган. Кога ќе се олади малце се става павлака и убаво се меша. Одозгора се става сецкано авокадо, кое предходно е потопено со сок од лимон и сол и одозгоре се посипува магданос и калинки.Малку егзотична ама многу вкусна. Ако не е соодветен рецептов нема да се лутам ако ме испадите, ама како за прв пат што ми е, немојте.
Ако се прашувам јас... За другите не знам. Јака ти е комбинацијава со калинка Преубави салати! едит: Бабушка гледам е тука се надевам утре и салата ќе видам
@zhap4e Жапче,де мор строј ги малку, какво е тоа само слики поставување, нели треба и да ги пробаме овие работи Спешалке, drooling, drooling indeed
Да е до мене ќе имавме збиранка во некоја кујна од рестораниве и лајвстрим поставено за неприсутните од процесот на готвење.. другите со автобуси ќе ве зберевме во казани,да има за сите
@Summerlover Самерке, овие салаткиве таман како за шведска маса, како за слава... онака од малце поголеми размери, еден куп гости да се собереме