Со телефон е сликано, мислам дека е 8 мегапиксели не повеќе. Значи се договоривме да не се гласа за мене, славата почна да ми удира во глава, притисоци, стресови. Сакам на раат, мирно, тивко, да си поставам слика и само да учествувам. Deal?
Ух. Преубаво,превкусно звучи.Мора сега човек твојот врз тој на Бриџит да го стави...мхм,мхм. Се исклучувам. Ми се јаде. На диета сум.Да си легнам.
Нека се вика пролетен сендвич - кашкавал, сланина, варено јајце, марула, ротквица, младо кромитче, копар. И неколку капки тобаско.
Значи @Peppermint и @Bridget ќе си се менуваат на првата позиција. Така ми изгледа, освен ако дојде @Serafima кога гласачкото тело ќе почне да плаче за трета опција.
Ајде, имате уште два дена да ни ги замрсите сметките. И мене ми е неразбирлива слабата активност на темава. Мене ми е баш релаксација, онака по напорна недела. Го спремам вечерва сендвичот, а моиве ме зезаат ко за дрвосеча бил, огромен. И така, сама си го спремив, си го сликав, си го објавив, и на крај сама си го изедов.
Добро е, мрдна малку темава, инаку готова бев 2-3 нови профили да правам на форумот и директ тука со сендвичи. Очигледна ќе бев нели?
Кога веќе се нудиш со лажни профили да се појавуваш, а имаш сендвичи, дај прави ми ја сликата и јас да учествувам.Еве никој нема да знае, само јас и ти. пС: Мојов да биде поубав
Предлагам анкета да нема ти да бидеш победник(дека твојот сендвич најубав) и да се обидеш со друга тема можеби оваа ептен ти била промашена
Не слушајте ја демек не сака гласови,ако не сакаше ќе беше многу едноставно. Крашник со маргарин и посебна,и нормално без бјути ефекти,ќе ја заборавевме до сега. Ги обожавам офф топиците на темава. Но не колку и пласираното јадење. Мртва гладна сум.
Еве ме, си го исполнувам ветеното. Малку сиромашен сендвич со пита лепче. Spoiler: Како се правеше :)
Не Бриџитче... не е за твој инат. Само не знам како се погоди сега, денес баш правев сендвичиња и се присетив на темата. И кога ја постирав сликичкава, па и коментарите кога ги читнав... видов колку е часот . Туку.... гледај колку сум принципиелна. Порано еднаш ми кажа многу, многу да не ставам слики тука и гледај како те слушам. Абракадабра мила.... и за мене носете еден од вашите. Моиве сите се изедоа . Поточно еден нека ми носи Бриџитчето, нејзиниот некако го намеркав.