Добро позната руска салата Состојки: 250 гр. шунка,250 гр. моркови,250 гр. компир,4 кисели краставички, 200 гр. грашок, 3 јајца, мајонез, павлака, сол и бибер. Компирите, грашокот и морковите се варат. Потоа компирите, морковот, шунката, киселите краставички и јајцата се сецкаат на ситени коцкички, се зачинуваат со сол и бибер, се додава мајонезот и павлаката и се меша.
Алондра, преубаво. Редактирај го мислењето и стави го рецептот,оти такви се правилата. Макар што знаеме што се има, изброј ги состојките и како е подготвено.
И оваа недела само ќе ве поздравам, салатата реши да не оди на натпревар, а што вкусна беше со пилешко и сусам потпечен Она малку што остана ќе го ставам во ФИ, оти тука не иде, само ќе се брукам Следната тема че ве моља да ми ја погодите. Благодарам
Не те бива ако не кажеш да одат у ф.и да ти лајкнат. ПС : готова е салатата да ти се растече, хаха ..
Така си умислуваш само (уствари не).. Така е да потврдувам .. После ќе ти го турам јас Лајко ај само не плаЧи. Види горе ПС - от.
Од чија салатка се исплаши? признај Истата ли? иди.па.победи.го.тоа. Нешто не ми оди со тоа да не пишувам офтопици, а?!
Кремаста салатка... Јадење што сиииите дома го обожавааат Никогаш не ми се случило да ми остане и да го фрлам Често правам кремасти салати... Руска, пилешка, телешка, француска, бела, со тестенини... Сецкана, рендана... Руска салата Оваа салата на сите Ви е позната... Но, секој ја прави различно Најубаво ја прави свеки... Да, да свеки Шунка, кашкавал, кисели краставички, варени компир,морков, грашак и јајца... Во исти количини!!! Ииии многу трпение и вештина се да се исецка на мали квадратчиња 2х2мм Се зачинува со сол, бибер и сенф и се поврзува со мајонез... Најдобро Томи!!! Spoiler: СВЕКИ Кога правам Руска салата за „повод“ секогаш сецкањето и го препуштам на свеки!!! Толку прецизно ги сецка состојките на исти ситни квадратчиња, што сите се воодушевени!!! И верувајте, ситно исецканата Руска салата е мнооогу повкусна од „покрупно“ сецканата Уште една фотка... Овој пат, за натпреварот, сама сецкав 300гр шунка, 300 гр кашкавал, 5 варени јајца, по 300гр варен компир, морков и грашак, 5-6 кисели краставички, 2-3 лажици сенф, сол и бибер по вкус и мајонез за се убаво да се соедини...
Само на мене ли ми помина низ глава дека во спојлерот на Вал Дим ќе ги видам рацете од свеќи нејзина како умешно сецка? Епа насловот вика СВЕЌИ. На сета фалба, оти па и да не ја видиме женичката.
Следниот пат кога ке сецка ке ја сликам, да си знаете И не е фалба Која снашка ја фали свеки, ако не е вистина?!! Ма, и вистина да е, ке си скрие и нема да им каже на другаЧките ... ЖЕНИ Ама, јас сум таква снашка, си кажувам кога нешто вреди да се пофали
Да ја сликнеш, па и ние ќе ја фалиме, што да не. Е сега, на пробано повеќе има сила човек да фали. Друго си е со полн стомак, па и некое кифле, уффф.
Zabeeeee, cestitkiii eklerkeee.. aii super nova tema. Ok, se vo red no, zs re burekot ne mi e na naslovananaaa aaa??? Ili go izel nekoj? E pa nazdravje ^.^
Ruska e ruska Sekoj den bi mozela da ja jadam. Ke treba da razmislam za kogo ke glasam P.S.Ama bez jajca i kaskaval
Салата со павлака и сусам Состав: рендана краставица, рендана салама, малку потпечен сусам, изварка и павлака.
Благодарение на натпреварот и на желбата на ќерка ми (уште пред две недели), си имавме супер доручек. Оваа салата кога првпат му ја направив, сопругот толку ја бендиса, што сега само тој ја подготвува и во нашето семејство е позната како „Салатата на тато“: Француска салата Spoiler Мала доза: - 300 гр пилешки гради - 150-200 гр свежа краставица - 50 гр сецкани ореви - 150-200 гр сирење - 400-500 гр павлака Градите и краставицата се сечкаат на коцки, сирењето се ренда, оревите се сецкаат на машинче или рачно или се толчат. Се замешува со павлаката. Некои ја стискаат краставицата за да и ја извадат водата, ама мене тогаш ми ја губи свежината. Затоа јас ја оставам да стои само половина час пред послужување, за да не пушти многу вода „Глувчето“ малку си касна од лепчето!!!