Утре мислам, Амбрела, Ама, стави си ти до вечерва за секој случај Рецепт Spoiler Крем салата со компир, јаболки, шунка и кашкавал. Иначе ми фали во салатава нешто јаткасто,ко ореви можда.. ок е. Ништо посебна. Јаболките се исечени на тенки кришки. Поубаво така за да се чувствуваат. Компирот е сварен на тркалца. Кашкавалот е исечен на тенки ленти. Шунката на коцки. Дресингот е од сенф,малку лимон и павлака. Требаше и мајонез да пробам ама, многу ќе ми дојде калории. Доста е. Ми фали нешто плус дефинитивно. Вчера пробав само јаболки со кашкавал,шунка и истиот дресинг и по ме бендиса отколку со плус компири. Исто и вчера се мислев за јатките дека ќе треба во неа ама,ме мрзеше. Да се учествува,нали
За оваа салата за една порција потребни се 3 варени компири, две варени јајца, ситно сецкана шунка, сирење, кашкавал и кесичка мајонез. Варените компири и варените јајца се лупат па се рендаат, потоа се додава сецкана шунка, се ренда сирење и кашкавал, се промешуваат сите состојки, се додава малку сол и една лажичка од мајонезот, се промешува колку да се спојат состојките и одозгора повторно мајонез се става. Може по желба да се стави и краставички ситно сецкани. Брзо , лесно и вкусно.
Да не речете му ја намачкав главата на мм, дека се омажив и во кујна не влегов Нешто брзинско сликана под прозорец. Сварив мисиркино, компир, морков, грашок, исецкав кисели краставички и кашкавал. Додадов печени семки од сончоглед, сенф, сол и бибер. Сврзав смесата со кајмак.
Количината е во зависност од тоа за колку лица правите. Макароните се варат, се оставаат да се оладат. Свежа краставица се сечи на половина, со лажиче се чисти од семките и на тенки месечинки се сецка. Дресингот е од мајонез, павлака, свеж копар, сол и црн бибер. Јас немав свеж па заменив со сушен копар. Кога ќе се оладат макароните, му се додава сецканата краставица и дресингот, и пожелно е половина час да одстои пред да се послужи.
Хелоу. Денес се правеше палачинки, а мене од нутриционист забрането ми е чоколадни да ги јадам па морав солена смеса да смислувам. Па да прашам одговорни на темава дали ќе се важи крем салата во палачинки? Оти круната ќе ми падне ако ја ставам сликата а отпосле ми речат да ја тргнам. Благодарам
Ок тогаш, штом сите се согласувате еве Смесата е од рендано сирење, сецкана шунка, краставички свежи, малку павлака, сусам и ајвар. Количински по сопствена желба.
Салата со тарана Spoiler: Рецепт Варена тарана К. Краставички Шунка Павлака Мајонез Подготовка: Тараната се вари и се остава да се излади малку. Се сечкаат ситно к. краставички и шунка. Ги додаваме во изладената тарана и додаваме мајонез и павлака по потреба, се меша убаво и се сервира. Состојките ќе ги ставите според вашите потреби. П.С. Во оригиналниот рецепт оди и кашкавал ама ние не сме љубители на истиот па не ставив.
Кремаста овошна салата без црвено 1 портокал 1 кива 1 банана 1/2 јаболко 10 зрна грозје Павлака кој колку сака. Се сечка се на ситно се меша во еден сад . Во чашата се редат ред овошје ред павлака. Се става чоколаден прелив по желба и добар апетит Лесно и вкусно и одвај стасав да ги ставам уфф. .. "УСПЕАВ"
Spoiler: Рецепт 4чаши вода (200мл) 1чаша ориз 2 лажици вегета Се вари се заедно.. Откако ќе се свари се трга од оган да се олади. На страна се рендаат.. 350грама салама 4-5 кисели краставички Се додаваат во садот со оризот заедно со 2 павлаки и 2 лажици мајонез (може и без него) Се меша и се јаде Кинеска салата
Тим @Giovanna Омилена ми е таа со макарончињата, а никогаш ја немам пробано во лута варијанта. Ми даде идеја.
Се мислев меѓу @Alondra и @tace73, класика. Се одлучив за пилешката зашто баш таква ми се јаде во моментов. @tace73