Океј..се вратив дома, гледам дека никој не умрел ама најшарениот мафин татко ми го изел Па така останав со полушарена слика Ама ајде, за трудот додека го измесам фонданот признајте дека најмермерно шарен фондан имам Раце ми отпаднаа..ако планира некој да го купува ОК е ама 30 мин го месев Spoiler: фондан(т) Spoiler: рецепт
Декорацијава ми е детално осмислена и внимателно изведена тоа што не изгледа така на сликата не е мој проблем Ај, барем шаренКо е Салата од марула, краставици, домат, пиперка, кромид, сирење, пченка, морков, црвен грав, плус поховани пирошки.
Jas pak kako matac na voda se javuvam Salatava e taze,zelena,obicna no so ljubov napravena. Poklon e od nekogo za nekogo po nekoj povod.
Шарена кус-кус салата, вообичаено на мени за доручек. Сооднос 1:1 кус-кус и врела вода , се попарува и се остава некоја минута да омекне кус-кусот. Во меѓувреме се додава сол и бибер и се промешува неколку пати за да се распореди убаво водата и зрната да набабрат. Откако ќе набабри кус-кусот се додава еден домат исецкан на ситни коцки, 3 кисели краставички и една лута везена пиперка. На страна се прави лесен сос од малку мајонез, јогурт и кари и се полива смесата од горе. Декорација со малку марула и мојот апсолутен хит за есенва - пикантни пиперчиња во масло со урда.
Палачинки во форма на срце декорирани со киви и јагоди. Палачинките се прелиени со мед и малку путер од кикирики. Смесата за палачинките е направена од 1 јајце, 2 банани и еден филџан овесни снегулки.
Nothing special, колку да учествувам. Рецепт нема употребено е: лубеница, малинки, банана и боровинки.
Рецепт: Пржено јајце на око ставено во лепиња, пржено јајце со праз, пржени кобасички, сирење, маслинки, домати и краставичка
Роденденска чоколадна торта со шарена декорација Декорирана е со бони топ и m&m чоколадни бонбони, чоколадни стапчиња од Кам и чоколадни јајца. Внатре е чоколадна торта. Spoiler: Рецепт Фил I - 300гр млеко,100гр какао и 200гр шеќер се варат околу 7мин. Тесто- 7 белки, 150гр шеќер се матат и се додава 1 пециво и 5големи лажици брашно или пак 150гр мелени ореви и 1лаж брашно. Значи тоа е по желба. Фил II - 7 жолчки , 250гр шеќер во прав се мати со 1 маргарин и се мешаат со првиот фил кој треба да е оладен.
Така падна некој договор, анкетата во понеделник оди, се гласа до среда, за од среда се готви..викенд да фаќаме оти сите тогаш постираат главно. По...фиксно да ни е. Што,кога.