Ја сечеме марулата,сечиме леб на коцки и го попрскуваме со масло заедно со рендано лукче и го потпечуваме да биде крцкаво.Го пржиме и стекот и сето тоа го редиме во чинија едно по едно.Му додадов и свежа краставица и маслинки.За преливот две лажици павлака,две мајонез и една сенф и малку цеден лимон и масло.Се надевам разбирливо напишав
Пилешки ролат со сос од домат и кисела павлака ( 1 поголем и 3 мали) 1 тиквичка 1 Пилешки гради сечени на танки ленти (се продаваат) 50 гр Крем чиз (филаделфија) 1 Мало црвено пиперче (ако е луто уште подобро) За сосот: Домати (1 поголем или 2 помали) Кисела павлака 125гр Подготовка на пилешкото: Тиквичката се сече на долги ленти и се потпржува за да омекнат и полесно да се завиткуваат. Полешкото се подмачкува со крем чиз па лентите тиквички и се витка како ролат. Се печат од 15 до 20 мин на 180° откако ке се испечат се потпржуваат во тавче за да заруменат. Пиперчето се сече на ленти и се потпржува (или било каков друг зеленчук по желба) Преостанатата тиквичка исто се потпржува. За сосот: Во мало по длабоко тавче се става еден домат (поголем или два шомали) на среден оган со малку вода се вари додека водата не испари и доматот не стане кешест. Се додава киселата павлака и се меша да се соедини. Се трга од оган и се прецадува за да се тргнат лупките од доматот и семето за да биде сосот без лупки. Се става се во танјир и наздравје
Јуфки со кокошка Spoiler: Рецепт За 4 лица: - 500 гр домашни јуфки - 1 кромид (големина по желба) - Кокошка од околу 1 кг - Сол, зејтин, зачини Кокошката се вари сосе кожата. Кога е готова се прецедува водата. Кромидот ситно се сецка, се запржува малку да се застакли и се додава во водата во која се вареше кокошката. Се додава сол по желба и се става водата да зоврие. Во зовриената вода се додаваат јуфките и се оставаат само 2-3 мин колку да се „заварат“. Се истураат во тавче 28-30. Водата треба малку да ги покрива. Се печат во рерна на 200-220 Ц додека да испари водата и малку да заруменат одозгора, со повремено превртување. Превртувањето треба да оди од долу - горе, значи со лажица се зафаќаат јуфки и се вртат тие што биле долу, да дојдат горе, не треба да се мешаат за да не се распаднат. Кокошката може да се пече заедно со јуфките, ама јас ја печам посебно, посолена со сув зачин. Ако немате домашни јуфки, и ако знаете дека јуфките што ќе ги користите бргу се варат, прескокнете го делот со „заварувањето“. Ваквите јуфки можете да ги потпечете суви во загреана рерна, само малку горните леко да поруменат, па да ја додадете директно во тавчето водата со кромидот и солта. Постапката натаму е иста. Пријатно!
Не верувам дека ќе стигнам да направам од полнетото пилешко викендов, па еве ми ги копанчињата од вчера. Spoiler: Рецепт Се ставаат свежи или одмрзнати копанчиња во вок тава, се посолуваат, забиберуваат, се става кари и малку чили и се преливаат со маслиново масло. Се оставаат околу 30 минути да впијат од зачините и се додаваат две мали лажичиња маргарин или путер и се уклучуваат на шпорет. Се поклопуваат со капак и се оставаат да се направат. Се превртуваат еднаш откако ќе подомекнат да добијат од двете страни боја. И воала. Ги јадев со царска салата.
Jas vecerva gotvam I pilesko I ribesko. Ako ne te ostavaat Refke, da ti pratam ja slika od moevo pa taka ucestvuvaj, a
Ахаха ее не можеме сите да тактизираме јас на пример ако чекам викенд нема да можам ахах. Ајде чекаме да видиме
Како за прв пат во темава нема да тактизирам пилешко на мој начин е мексиканско бурито, сите што го пробале до сега се воодушевени, а подготовката воопшто не е комплицирана (како за мајка на мало дете многу важен момент ми е тоа) Рецепт за две особи: околу 250 гр тенки пилешки стекчиња се варат 30 мин. Пола кромид, црвена и зелена пиперка и пченка од конзерва се пропржуваат и се додава исецкан стекот на мали парчиња, се динстаат заедно 15мин. Од зачини се става сол, бибер и малку чили. Се полнат посебно четири тортиљи (купечки) во секоја тортиља се става на средина околу 3 лажици од смесата и се затвара како плико. Во тавче за печење се редат со преклопот од долната страна, на 200 степени се печат околу 15 мин, 5 мин пред да бидат готови им се става изрендан кашкавал наросен со сусам и зачини( во оригиналниот рецепт чедар сирење ). Јас ги гарнирав со рендано цвркло, сенф и балсамико крема.
Пилешка тава -100гр пилешко -50гр сланина -1 јајце -1голема лажица павлака -мало шолја млеко -зачини по вкус -кашкавал по вкус (да го покрие тавчето) Ги сецкаме сланината и пилешкото на коцки. Го попржуваме прво пилешкото да порумени со зачини по желба, после сланината. Ги ставаме во тавчето. Правиме прелив од јајцето, павлаката и млекото. Го полеваме месото и одозгора го рендаме кашкавалот. Ставаме да се пече 20мин колку да се растопи кашкавалот. За подобар вкус најдобро е пред подготовка пилешкото да стои кратко во маринада од сенф и мајонез. Фурнаринките се од готово пица тесто со вегета, црвен пипер и лук во прав. Spoiler: Бонус фотка
Супер тема Јас обожавам пилешко, го јадам приготвено на секаков начин, со секакви сосови, комбинации, гарнири... И знам дека овојпат ќе ми биде тешко да се одлучам за кого да гласам, зашто веќе се лигавам низ темава Ама на крај мислам дека ќе го одберам оној рецепт што ќе сакам следен да го направам Од мене ништо комплицирано - нешто што обично го правам кога нема ручек дома, зашто е брзо и лесно. Пилешкото си се динстува додека јас се средувам и раскомотувам после работа, па за пола саат е готово Најмногу сакам да го комбинирам со кари сос, јас обично купувам готов. Пилешкото го сецкам на парчиња и го преливам со сосот. Овојпат го искомбинирав со патлиџан (и задолжително лепче со сончоглед ), ама убав е и со варен зеленчук, пример морков или брокула. Spoiler: БОНУС ФОТКА
Едноставно а вкусно немам зборови Копанчина печени во рерна со сол, црн пипер, вегета, масло, вода и пиво Шмекот што им го дава пивото е неопишлив Spoiler: Пред печење
Освен што обожавам пилешко со кари, ти се воодушевувам на способноста толку едноставно, а толку убаво да ја презентираш храната и да го склопиш концептот на фотографијата. П.с- позајми ми ја масата за некоја слика за инстаграм
Тенкс @Avery Повели на ручек, има уште А за масата - сè што ти треба е постара маса што нема да ја жалиш и жица за миење садови - намерно е гребена
Те чекав во натпреваров, особено пилешково...оти се ги меркам твоите во Инстаграмо со пиФце Преубави рецепти
Па само копанчиња и плешка печам со пифЦе. Друго немаТ Напрај и ти соС пиФце и пофали се колку е вкусно
Пилешко во сос од кикирики и кари Потребни состојки - 2 пилешки стека - 1 лажица рузмарин, сол, бибер и маслиново масло за сосост - 30 гр. путер - 2 лажици путер од кикирики - 1 лажица кари - 1 лажица брашно - шолја млеко - 1 рака печени солени кикирики - сол Како прилог ставив компири , претходно испечени во рерна а зачинети со сол, бибер и црвен пипер. Подготовка : Пилешкиот стек се сече на коцки. Се зачинува со сол, бибер, рузмарин и малку маслиново масло. Се пржи на средно-јака темпретатура . За подготовката на сосот, во мало тенџере на тивок оган се става путерот да се растопи. Потоа се додаваат 2 лажици путер од кикирики, 1 лажица кари и се меша се додека смесата не почне да врие. После се додава 1 лажица брашно и се продолжува да се меша. На крај се додаваат кикирките ( претходни исецкани ) , шолјата млеко и солта. Продолжува да се меша се додека смесата не се соедини убаво и не се згусне. Во чинија се сервираат компирите а врз нив пилешкото месо прелиено со сосот од кикирики и кари.
Do koga mozam da stavam? Pravam nesto..pa dali za 2-3 casa ke stasam... (Mislis kojznae sto pravam..ama da go zbogatam natprevarot.)
Мислам дека, едни од најубавите (и поинакви од стандардното) до сега рецепти се во оваа тема. Преубаво.